Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
„На местото на конфискувана парцела, која била наменета за резиденцијално домување, предвидуваме пренамена и изградба на дом за стари лица. Плацовите на Водно конечно ќе добијат намена за обичните граѓани, а не за луксузни апартмани”, порача градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски на продолжението на 9. Седница, образложувајќи го нацрт планот за Градска четврт Ј 05-Барутана. Со ова, како што посочува Герасимовски, нацрт планот не ...
Попладнево околу 16:30 часот изби шумски пожар во атарот на с. Бајково, општина Ново Село, на падините на планината Огражден. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, информира дека поради зголемена опасност од ширење на пожарот и опасност по црквата Св. Петар и Павле, во секој момент ќе полетаат два ер-трактори на ДЗС кои ќе помогнат на струмичките пожарникари и на доброволците од ДПД Рис. Во гасењето на пожарот е ...
Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе ...
Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски денеска истакна дека и тој е дел од тоа мнозинство што поддржува дека и платите на обвинителите треба да бидат соодветни на нивниот статус и на нивните обврски и должности. -Ако ја гледаме суштината на работата и суштината на проблемот, како држава, што го имаме, за мене барем, како судија, нема дилема. И јас сум дел од тоа мнозинство што поддржува дека „да“ и платите на обвинителите треба ...
Популарниот литвански јутјубер Шај повторно го привлече вниманието на своите милиони следбеници, овојпат со видео посветено на Северна Македонија. Во видеото со наслов „Лудо патување низ Северна Македонија“, тој ги прикажува највпечатливите моменти од својата авантура низ Скопје, но од перспектива што ретко кој има можност да ја види. Во речиси час и половина долгата снимка, авторот ја истражува македонската престолнина преку урбани авантури ...
Бугарската национална телевизија (BNT) објави дека Софија и Бургас се во потесен избор за домаќини на Евровизија во 2027 година. Со ова се елиминираат Пловдив и Варна, кои, исто така, се натпреваруваа за домаќини на популарниот музички натпревар. Одлуката е донесена по евалуација на кандидатурите на четирите града. Градовите беа оценети според голем број критериуми, вклучувајќи инфраструктура на местото на одржување, пристапност, транспортни ...
Главниот извршен директор на „Нафтогас“, Сергеј Корецки, треба да стане нов украински премиер, потврдија за „Киев Индепендент“ два извори, висок украински функционер и лице запознаено со ситуацијата. Очекуваното назначување следува откако премиерката Јулија Свириденко потврди на 12 јули дека се повлекува од функцијата по најавата на претседателот Володимир Зеленски за реконструкција на владата. Според изворите, Зеленски го предложил Корецки ...
Синдикатот на вработените во државниот сектор (АДЕДИ) и студентите организирани од нивните здруженија денеска во Атина одржаа протест за да го изразат незадоволството за уставните измени што го предложи грчката Влада, а се однесуваат на евалуација на државните службеници и на отворање приватни универзитети, јави дописничката на МИА од Атина. „Образованието не е предмет на трговија“; „Не за приватните универзитети“; „Дипломи со заслуга, а не ...
Работата во австриските супермаркети станува се попривлечна поради високите примања и можностите за напредување. Вработените во трговските синџири како Billa, Spar, Eurospar, Interspar, Hofer и Lidl не се задолжени само за работа на каса, туку секојдневно извршуваат различни задачи – од прием и распоредување на стока, преку услуга на купувачите, до управување со продажните објекти. Според важечкиот колективен договор, продавачите без завршено ...
На денешната седница за разгледување на амандманите на Предлог-ребалансот на Буџетот, парламентарното мнозинство ги одби двата амандмани на пратеничката група на Левица со кои се бараше обезбедување дополнителни средства за воспоставување кризни центри за жртви на сексуално насилство, како и за изградба на шелтер-центри и советувалишта за жртви на семејно насилство. Образложувајќи го амандманот со кој Левица предложи 30 милиони денари за ...
ЖРСМ Инфраструктура информира дека по завршените градежни работи на пругата Скопје – Битола – Жабени, во делот од станица Бакарно Гумно до товариште „Никола Карев“, од утре, 15 јули 2026 година, ќе почнат да сообраќаат патничките возови на релација Скопје – Битола и Битола – Скопје. На релација Скопје – Битола ќе сообраќааат возовите: 641 (07.06) на 15.7.2026 година и 645 (20.05) на 15.7.2026 година, додека на релација Битола – Скопје: 644 ...
Педесет и четиригодишен државјанин на Македонија е уапсен во Хрватска под сомнение дека се обидел да убие 48-годишен државјанин на Србија за време на инцидент што се случил на брод закотвен во Медулин, во близина на Пула. Според соопштението на Полициската управа Истарска, нападот се случил на 13 јули околу 2:30 часот по полноќ, кога меѓу двајцата мажи избувнал конфликт додека престојувале на пловилото. Истрагата покажала дека 54-годишниот ...
Во Министерството за култура и туризам денеска беше извршено официјалното примопредавање на министерската функција, при што Седат Сулејмани и формално ја презеде должноста министер за култура и туризам. При примопредавањето, новиот министер му се заблагодари на својот претходник Зоран Љутков за досегашниот ангажман и придонес во раководењето со ресорот, посакувајќи успешна соработка и континуитет во процесите што се од значење за културата и ...
Од денес официјално стапуваат во сила новите правила за управување со електрични тротинети, предвидени со измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Една од главните промени е старосна граница. Со електричен тротинет отсега ќе може да управува само лице кое наполнило 18 години. Досега тоа беше дозволено за лица постари од 14 години. Законот воведува и нови ограничувања на брзината. На велосипедските патеки и ленти, ...
Давид Санчез, братот на шпанскиот премиер Педро Санчез, денеска беше прогласен за виновен за административен прекршок и непотизам и му беше забрането да извршува јавна функција девет години поради неговото назначување на висока позиција во културниот сектор во 2017 година од страна на покраинската влада на Бадахоз. Давид Санчез е обвинет дека имал корист од назначување прилагодено за него поради неговите семејни врски со премиерот, кој го ...
Владата на последната седница ја усвои Стратегијата за борба против измами и заштита на финансиските интереси на ЕУ во земјава за период 2026-2030 година. Стратегијата е подготвена согласно преземените обврски во однос на Националната програма за усвојување на правото на ЕУ (НПАА) во рамки на Поглавјето 32 – Финансиска контрола, кое опфаќа: јавна внатрешна финансиска контрола, надворешна ревизија, заштита на финансиските интереси на ЕУ и ...
Еден од најпрепознатливите историски објекти во центарот на Скопје – хотелот „Бристол“, официјално доби нов сопственик. Според податоците од Агенцијата за катастар на недвижности, АД „Македонијатурист“ го продаде култниот хотел на компанијата ГМ Проперти, додека вредноста на трансакцијата засега не е јавно објавена. Се очекува информацијата за износот на купопродажбата да биде соопштена во наредниот период преку Македонската берза. Продажбата ...
Агент на американската Агенција за имиграциска контрола (ICE) застрелал маж, за кого организациите за човекови права тврдат дека бил 26-годишен државјанин на Колумбија. Случајот дополнително го зголеми незадоволството во јавноста кон Агенцијата задолжена за спроведување на строгата имиграциска политика на претседателот Доналд Трамп. Инцидентот во кој бил убиен имигрантот се случил во Бидефорд, град со околу 22 илјади жители во североисточната ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево на 13.07.2026 поднесе кривична пријава против С.С.(61) од Делчево, поранешен директор на ЈКП „Брегалница“- Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,„злоупотреба на службената положба и овластување“, по член 353 ст.1 во врска со член 45 ст.1 од КЗ. С.С. како службено лице – директор на ЈКП „Брегалница“- Делчево ја злоупотребил службената положба и ...
Педесет и осумгодишен македонски државјанин е обвинет во Хрватска дека бил дел од организирана криминална група која преку телефонски измами успеала да извлече вкупно 41.400 евра од шест граѓани на Загреб. Според хрватскиот портал „Индекс.хр“, обвинението го поднело Државното обвинителство на Република Хрватска (ДОРХ), кое го товари за повеќе кривични дела измама. Според обвинителството, измамничката шема се реализирала во текот на јуни и ...
Жител на село Седларево при сеча на дрва во дебарското село Горно Мелничани се здобил со тешки повреди, од кои подоцна починал. Вчера во 14:20 часот во ОВР Дебар е пријавено дека во атарот на дебарското село Горно Мелничани, М.Л.(28) од с.Седларево, се здобил со повреди при сеча на дрва, информира МВР. Тој со возило на Итната медицинска помош бил пренесен до болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, но на пат кон болницата им подлегнал на повредите, ...
Десетици илјади навивачи ја пречекаа норвешката фудбалска репрезентација синоќа во Осло, одбележувајќи го најуспешниот настап на земјата во историјата на мундијалските турнири. Норвешка на тековното Светско првенство прв пат во својата историја дојде до четвртфиналето во кое на драматичен начин загуби од Англија по продолженија. Според полицијата, околу 100.000 навивачи се собрале изминатата ноќ во центарот на престолнината да ги пречекаат ...
Основниот кривичен суд Скопје денеска ја објави пресудата во предметот против поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Татјана Димитровска, изрекувајќи ѝ единствена условна казна затвор од една година за кривичните дела оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат. Судот ја прогласи Димитровска за виновна за оддавање службена тајна, за што ѝ утврди казна затвор од осум месеци, како и за ...
Соопштение за јавност на ДУИ: Демократската унија за интеграција најостро го осудува продолжувањето на политичкото заробување на Македонската радио-телевизија од страна на коалицијата ВМРО-ВЛЕН, процес што го уништува јавниот, професионалниот и мултиетничкиот карактер на оваа институција. Скандалот кулминираше вчера со именувањето на заменик-генерален директор, лице кое не ги исполнува законските услови и критериумите утврдени во јавниот ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција посочи дека новото покачување на цените на горивата ќе предизвика дополнителен бран на поскапувања, потенцирајќи дека Владата нема капацитет, ниту е способна да се справи со растот на цените и проблемите со кои се соочуваат граѓаните. „Од оваа Влада, граѓаните може да очекуваат само една нова нула. Ниту план, ниту визија, ниту стратегија како да ги решат секојдневните, сè ...
Основното јавно обвинителство Скопје отвори истражна постапка против 30-годишен скопјанец, кој е осомничен дека го убил својот татко по семејна расправија. Против него е донесена Наредба за спроведување истрага поради основано сомнение дека сторил кривично дело „Убиство“ согласно член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. Според информациите од Обвинителството, трагичниот настан се случил на 12 јули во семејниот дом, каде претходно ...
Со силна динамика продолжуваат градежните работи на довршувањето на булеварот „Борис Трајковски”, еден од најзначајните инфраструктурни проекти во Скопје, кој повеќе од три децении беше симбол на нереализирани ветувања, застој и секојдневни сообраќајни проблеми, објави на Фејсбук градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. „Работите се одвиваат согласно предвидената динамика, а по нивното завршување, повеќе од 100.000 жители ќе добијат ...
Во Министерството за социјална политика, демографија и млади денеска беше извршено примопредавање на министерската функција, при што Ѓоко Велковски ја презеде должноста министер од досегашниот министер Фатмир Лимани. Со преземањето на функцијата се обезбедува институционален континуитет во работењето на Министерството и во спроведувањето на политиките и реформските процеси во областа на социјалната политика, демографијата и младите. ...
На 13.07.2026 во 13:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Х.(60) и И.Х.(27), двајцата од село во општина Студеничани, скопско, по претходна пријава дека околу 12:40 часот во Старата скопска чаршија, А.Х. репетирал огнено оружје кон 36-годишен маж и неговото семејство од скопско, им упатил закани и се обидел да ги нападне. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок. На ...
Основниот Кривичен суд Скопје го ослободи од обвинение поранешниот премиер Никола Груевски за случајот “Талир 2”, за пречекорување на службени овластувања и противправно финансирање на изградбата на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ Судијката Даниела Алексовска, во објава на пресудата изјави дека за овој случај треба да се имаат предвид измените на КЗ од 2023, а со кои настапи и измена на обвинението. -Иако беа направени измени на обвинението ...