Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. ...
Истрагата за организиран транспорт на марихуана од Македонија во Србија се проширува. Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе нова наредба за спроведување истражна постапка против уште седум лица, кои се сомничат дека биле припадници на организирана криминална група вклучена во меѓународен транспорт и продажба на наркотична дрога. Според соопштението на ОЈО ГОКК, истрагата која се води од февруари ...
На бензинските станици вечерва е забележана зголемена фреквенција на возила, откако Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите, значително повисоки цени на бензините и дизелот. Пред новиот ценовник да почне да се применува, голем број возачи решија да ги наполнат резервоарите по досегашните цени. На повеќе локации поради зголемениот број автомобили се формираа редици, а возачите чекаат за да стигнат до бензинските пумпи. Причината ...
Македонија е подготвена за големо спортско претставување на меѓународната сцена. Денеска официјално беше претставена македонската делегација која од 21 август до 3 септември ќе настапува на Медитеранските игри во Таранто, Италија. Со вкупно 130 членови, од кои 90 спортисти, ова ќе биде најбројната македонска делегација во досегашните настапи на Медитеранските игри. Спортистите ќе се натпреваруваат во индивидуални и екипни дисциплини, а ...
СВР Скопје – Единица за насилен криминал поднесе кривична пријава против Е.М., Е.Р.(30), Ѓ.А., А.Р.(32) и еден малолетник, поради сомнение дека сториле кривично дело „насилство“ по член 396 став 3 од Кривичниот законик. Според информациите од МВР, инцидентот се случил на 16 август 2026 година, околу 01:15 часот, на подрачјето на скопската општина Аеродром. Најпрво настанала физичка пресметка помеѓу Н.Е.(36) и Е.М.(43), двајцата од Скопје. Во ...
Дваесетгодишниот Јован Костадинов од Виница, кој во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани спаси 21 човечки живот, е еден од 16-те добитници на престижната награда „Младинска храброст 2026“ (Young Courage Award). Меѓународното признание го доделува Академијата „Раул Валенберг“, во соработка со Шведскиот институт и шведските амбасади, а е наменето за млади луѓе на возраст од 13 до 20 години кои со храброст, морални вредности и ...
Македонија се враќа на евровизиската сцена. Земјава го потврди учеството на Изборот за песна на Евровизија 2027, кој во мај следната година ќе се одржи во бугарскиот крајбрежен град Бургас. Враќањето доаѓа по повеќегодишна пауза – последното македонско учество на Евровизија беше во 2022 година во Торино, кога земјава ја претставуваше Андреа со песната „Circles“. Бургас официјално беше избран за домаќин на Евровизија 2027, а натпреварот ќе се ...
СДСМ објави видео за кое тврди дека прикажува експлозија на бомба во дворот на М.Б., лице вработено во Министерството за внатрешни работи, за кое опозициската партија наведува дека е поврзано со кумот на премиерот Христијан Мицкоски. Од СДСМ јавно поставија повеќе прашања околу случајот и побараа одговор зошто, според нив, информациите за настанот досега не биле соопштени во јавноста. „Зошто се крие од јавноста? Која е позадината?“, ...
Пишува: Проф д-р ЈОВЕ КЕКЕНОВСКИ Морам да признаам дека сум фрапиран од леснотијата и брзината со која судските и извршните инстанции понекогаш пристапуваат кон извршувањето на правосилните судски одлуки, како самото постоење на извршна исправа да е доволно да ја затвори секоја понатамошна дилема. Особено загрижува впечатокот дека при таквото експресно постапување недоволно се води сметка за последиците што можат да настанат ако пресудата врз ...
Поранешниот министер за култура и туризам Зоран Љутков нема да се врати на актерската работа во својот матичен Драмски театар во Скопје, туку го продолжува ангажманот во државната администрација. Тој е назначен за национален координатор за култура во Владата. Информацијата денеска ја објавија повеќе медиуми, а името на Љутков веќе јавно се споменува во ова својство и во реакциите поврзани со „Струшките вечери на поезијата“. Љутков ја ...
Најмладиот хоспитализиран пациент со невроинвазивна форма на западнонилска треска во земјава има само 25 години. Тој се наоѓа во стабилна здравствена состојба и се лекува на Одделот за невроинфекции на Клиниката за инфективни болести. Во меѓувреме, шест пациенти се во критична состојба, а викендов е регистриран и трет смртен случај. Досега во земјава лабораториски се потврдени 35 случаи на западнонилска треска, додека за уште тројца суспектни ...
Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 11 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со возило“. Од нив, осум возачи управувале возило без возачка дозвола, од кои еден бил малолетник. Додека, тројца возачи управувале возило под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници ...
На 16.08.2026 во 05:56 часот во ОВР Ресен било пријавено дека околу 05:37 часот на ул.„Корчуланска” во Ресен, патничко возило „шевролет” со ресенски регистарски ознаки, управувано од 66-годишната Л.С. од с.Стење, ресенско, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле Л.С. и нејзината 71-годишна сопатничка Р.Д. од Ресен, констатирани во Клиничка болница Битола. Известен јавен обвинител, а увид бил извршен од увидна ...
Денес започна процесот на порибување на Охридското Езеро со охридска пастрмка. Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, заедно со претставници на Државниот инспекторат за земјоделство и ЈНУ Хидробиолошки завод Охрид, учествуваше во првата фаза од порибувањето на езерото. Согласно договорот помеѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и ЈНУ Хидробиолошки завод Охрид, во оваа фаза е ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Х.С.(34) од гостиварско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда”. На 31.07.2026 во семејниот дом, пријавениот физички ја нападнал неговата мајка, по што од нејзината чанта одзел пари и клучеви од возило. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Х.С.(34) од ...
На иницијатива на министерот за здравство Сашо Клековски, денеска е формирано координативно тело во кое, покрај институциите од здравствениот сектор, се вклучени и Агенцијата за храна и ветеринарство, претставници на Град Скопје, како и градоначалникот на една од засегнатите општини. Целта е да се обезбеди навремено, усогласено и ефикасно постапување на сите надлежни институции. – Ги ставаме на располагање сите институционални капацитети и ...
На 16.08.2026 околу 21:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат Скопје-Тетово, во атар на с.Ласкарци, скопско, патничко возило „бмв” со тетовски регистарски ознаки, управувано од Е.К.(23) од с.Палатица, тетовско, удрило во ограда и излетлао од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Е.К. и сопатниците М.С.(19) и 15-годишник, додека со телесни повреди се здобил соаптникот Е.К.(20), сите од с.Палатица, ...
Денеска пред платото на Министерството за одбрана и Генералштабот, по повод 18. Август – Денот на Армијата, се одржа свечен собир на припадниците на Армијата и вработените во одбраната, на кој се обратија министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски. Во пресрет на роденденот на македонската Армија, министерот Мисајловски упати благодарност до сите вработени и нагласи: „Вашиот труд, ...
Рокот од 60 дена што го поставија американскиот претседател Доналд Трамп и Иран во јуни за траен крај на војната и договор за нуклеарната програма на Иран истече. Наместо да постигнат напредок, Вашингтон и Техеран денес се подалеку од договор отколку кога беше потпишан привремениот договор во Версај, објавува Асошиејтед Прес . Преговорите во последните недели во голема мера се вртеа околу повторното отворање на Ормутскиот теснец и укинување ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,85% во однос на одлуката од 10.8.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување и тоа во просек: кај бензините за 8,983%, кај ...
Македонската економија влегува во период во кој странските инвестиции повеќе не се сведуваат само на отворање нови фабрики, туку сè повеќе се гледа и тренд на проширување на компаниите кои веќе работат во земјата. Тоа е важен показател за довербата на инвеститорите, но и за постепеното позиционирање на Македонија како производствена база за европските и глобалните пазари. Дел од инвестициите веќе влегуваат во производствена фаза. Во Битола ...
Расте бројот на заболени, но и починати во Македонија од вирусот Западен Нил. Министерот за здравство Сашо Клековски денеска на прес-конференција кажа дека во државата има три смртни случаи од западнонилска треска. Истовремено, бројот на заболени се искачи на 35 лица, а шест од нив се во критична состојба. „Овие шестмина кои се во критична состојба и се лекуваат во Одделот за интензивна нега се на возраст над 60, но кај инфицирани пациенти ...
Соопштение за јавност на ДУИ: Во уставниот поредок, определбата „македонски” се поврзува исклучиво со етничкиот идентитет на македонскиот народ, додека официјалното име е Армија на Република Северна Македонија. Таа им припаѓа на сите граѓани и на сите заедници што ја сочинуваат државата. Можеби Министерството, ненамерно, само ја опиша реалноста што ја создава оваа Влада. Албанците систематски се отстрануваат од високите позиции и од центрите ...
Прес конференција на Маја Борозан од СДСМ СДСМ со денови јавно бара владата на Мицкоски да објави официјален документ, анализа, резултат кој потврдува дека водата во Гостивар е безбедна за пиење. Прашањето е зошто се крие официјален документ за водата во Гостивар? Зошто не се објавува? Бадијала се повиците на Мицкоски кога не се објавува и се крие од луѓето. А знаеме криењето на резултати до каква катастрофа доведе. Од почетокот на кризата со ...
Документарниот филм „Добри луѓе” на Милчо Манчевски синоќа имаше светска премиера пред публика, која не можеше да ги скрие силните емоции. Филмот се прикажа во официјалната документарна конкуренција на 32. Сараевски филмски фестивал. После проекцијата во салата завладеа заглушувачка тишина, која траеше бесконечно – за потоа да биде разбиена со силен аплауз од емотивната публика. „Во оваа громогласна тишина се собра сета тага на Кочани што ја ...
Во врска со денешната прес-конференција на Сојузот на одгледувачи на овци и упатениот апел за преземање итни мерки против ширењето на сипаниците кај овците и козите, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја информира јавноста дека, во координација со Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), континуирано ја следи епидемиолошката состојба. Министерот Борче Серафимовски и директорот на АХВ Оливер Миланов се во постојана и ...
Соопштение за јавност на Левица: Само што власта ги истроши политичките поени од линеарните покачувања на пензиите, на маса стигна и сметката: повисока старосна граница за пензионирање, повисоки придонеси и промена на начинот на усогласување на пензиите. Тоа се параметрите што ММФ сега ги посочува како можни мерки за одржливост на македонскиот пензиски систем. ММФ може да препорачува, но ако утре работниците треба да работат повеќе години за ...
Соопштение за јавност на ВЛЕН: Во ДУИ веќе не можат да ја сокријат нервозата. Дури и луѓе од нивните редови јавно признаваат дека партијата функционира како политбиро. Тесен круг крои приказни, дели улоги и очајно се обидува да создаде впечаток дека сè е под контрола. Но работата одамна им е излезена од раце. Еднаш не сакаат ни името да му го спомнат, потоа велат дека против Артан Груби нема докази. Али Ахмети, пак, демек му кажал да одговара ...
Вчера во 15:40 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишиле до слобода Б.С.(67) од Битола. Од МВР информираат дека тој се сомничи дека околу 12:35 часот предизвикал пожар на улицата „4 Ноември“ во Битола, при што била зафатена сува трева и дрвени палети во неговото поранешно стовариште. Пожарот бил изгаснат од екипа на територијланта противпожарна екипа од Битола, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Битола и по целосно ...
Десет лица загинаа откако туристички автобус се преврте во планински регион на Рио де Жанеиро, Бразил, соопшти Федералната сообраќајна полиција. Несреќата се случила околу 4:30 часот наутро по локално време, додека возилото се спуштало по планина кон Рио де Жанеиро, јавува порталот „Гаучаж“. Автобусот, сопственост на компанијата „Estrela Guia Turismo“, сообраќал од Бело Хоризонте до Копакабана, во јужната зона на Рио де Жанеиро. Според ...