Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Повеќе Полјаци се противат на прифаќањето бегалци од Украина отколку што го поддржуваат, за прв пат од 2014 година, покажа ново истражување. Анкета спроведена од истражувачкиот институт CBOS, објавена во петок, покажа дека 52 проценти од испитаниците веруваат дека Полска не треба да прифаќа бегалци од деловите на Украина разурнати од војната, додека 42 проценти рекле дека земјата треба да продолжи да го прави тоа. Ова е прв пат противниците ...
Соопштение за јавност на Левица: Најновиот Извештај на Европската комисија за владеењето на правото претставува тешко обвинение против начинот на кој Мицкоски и ДПМНЕ управуваат со државата. Комисијата не опишува неколку изолирани слабости, туку систем во кој корупцијата останува широко распространета, високопрофилните предмети ретко завршуваат со правосилни пресуди, измените на Кривичниот законик го стеснуваат просторот за гонење, а ...
Соопштение за јавност на СДСМ: Христијан Мицкоски денеска најавува намалување на акцизите поради растот на цената на нафтата. Ова е уште еден пример како ВМРО-ОКГ реагира дури кога е веќе предоцна, а не кога проблемот може да се спречи. Месеци наназад СДСM повикуваа на конкретни мерки за заштита на граѓаните од поскапувањето на цените. Владата на Мицкоски или намерно одбиваше да реагира, или од незнаење и неспособност не преземаше ништо. ...
На 17.07.2026 во 22:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат за с. Требош, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.Г. (25) од с. Требош, кој возилото го управувал без возачка дозвола односно сторил кривично дело по член 297-а од КЗ и е лишен од слобода, и патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Т.С. (80) од с. ...
Руските сили извршија двоен напад врз локомотива и патнички вагони во регионот Запорожје. Според првичните информации објавени од министерот за обнова, инфраструктура и транспорт, Николај Калашников, во нападот нема повредени. Калашников изјави дека сите патници и персонал се безбедни благодарение на интервенцијата на групата за мониторинг и брзата реакција на железничкиот оператор. Министерот истакна дека Русија продолжува намерно да ја ...
На 16.07.2026 во 17:30 часот во СВР Скопје 20-годишна жена пријави дека околу 14:30 часот во продавница во трговски центар на подрачјето на Ѓорче Петров, додека пробувала облека во гардероба, забележала дека има човек качен на скала, кој ја гледал додека се пресоблекувала. Во врска со настанот во полициска станица бил извршен службен разговор со Љ.С.(43) од Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 16.07.2026 во 17:30 ...
Институтот за јавно здравје, по добивање на барање од страна на Јавното обвинителство, веднаш излезе на терен на посочените локации и зема примероци за микробиолошки и физичко-хемиски анализи. По враќањето на екипата на ИЈЗ од терен, во раните утрински часови во четврток, веднаш се отпочна постапката за анализа на примероците. Согласно известувањето од ЈЗУ Општа болница „Д-р Ферид Мурад“ – Гостивар за нагло зголемен број пациенти со ...
Соопштение за јавност на ЛДП: Либерално-демократската партија (ЛДП) најостро ги осудува заканите и повиците за насилство упатени кон новинарот на Канал 5, Александар Видиновски. Заканите кон новинари не се личен конфликт, туку директен напад врз слободата на медиумите и демократскиот поредок. Политичката комуникација мора да биде пример за достоинство и одговорност, затоа што кога носителите на јавни функции го нормализираат говорот на ...
Изјава за медиуми на Дритон Сулејмани од ВЛЕН: Почитувани граѓани, Почитувани претставници на медиумите, Откако беше обелоденет скандалот со канализацијата во Кичево, од ДУИ не слушнавме ниту еден збор. Три мандати по ред оваа партија ја имаше Општина Кичево во свои раце. Токму за време на нејзиното владеење, проектот вреден повеќе од девет милиони евра, финансиран со средства од Европската Унија, требаше да биде завршен во 2024 година. Како ...
Истрагата за причините за масовните стомачни тегоби кај жителите на Гостивар е во завршна фаза, а резултатите од проверките и анализите наскоро ќе бидат објавени, најави премиерот Христијан Мицкоски. При денешната посета на Општина Дебарца, Мицкоски изјави дека сите надлежни институции се вклучени во расчистување на случајот, при што се вршат детални проверки и анализи на земените мостри, вклучително и од водата. Тој посочи дека со случајот ...
На 17.07.2026 во 08:50 часот, во СВР Тетово е пријавено дека на крстосницата од ул. „Илинденска” со ул. „Благоја Тоска” во Тетово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел зафира” со тетовски регистарски ознаки, управувано од Џ.Н. (60) од Тетово, и електричен мопед, управуван од 15- годишник од Тетово. По незгодата, возачот на мопедот е пренесен во Клиничка болница Тетово, каде му се констатирани тешки телесни повреди. ...
Привршува реконструкцијата на Охридскиот аеродром и очекувам до крај на летото да го завршиме. Ќе добиеме еден нов аеродром, една нова, административна зграда, но и најважно нова терминална зграда, повеќе место за слетување и за полетување што ќе го зголеми капацитетот за нови авиолинии и за патници на аеродормот, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Алксандар Николоски, при денешната работна посета во Дебрца. ” ...
Прес конференција на СДСМ, Симона Цветановски – членка на Извршниот одбор Трета економија во Европа не е држава во која 73 % од работниците земаат плата под просечната. Трета економија не е држава во која половина од граѓаните преживуваат со плата од 24.000 до 36.000 денари. Податоците на УЈП за распределба на просечната плата во 2025 година ја разобличуваат владината пропаганда. УЈП ја потврди вистината што граѓаните секој ден ја чувствуваат ...
Пратеничката Славјанка Петровска побара целосно расветлување на случајот со масовното труење во Гостивар, откако, според официјалните информации, околу 1.200 граѓани, меѓу кои и деца, побарале медицинска помош. Петровска посочува дека од денешната објава на министерот за здравство дознала дека првите случаи биле регистрирани уште на 13 јули, а јавноста за тоа била информирана дури пет дена подоцна. „Пет дена, министре Клековски. Зошто пет ...
Управата за јавни приходи најостро го осудува физичкиот напад и попречувањето на службените лица при извршување на нивните законски овластувања за време на даночна контрола на локалитетот Куклица. „Ниту еден службеник не смее да биде изложен на насилство, закани или притисоци додека ја извршува својата законска должност. Нападот врз даночен контролор не е само напад врз вработените во Управата за јавни приходи, туку и напад врз владеењето на ...
Дваесет и петгодишен жител на тетовското село Требош е лишен од слобода откако управувал возило без возачка дозвола и предизвикал сообраќајна несреќа во која се повредени повеќе лица, меѓу кои и тригодишно дете. Според информациите од СВР Тетово, несреќата се случила на 17 јули околу 22 часот на регионалниот пат кон село Требош. Во судирот учествувале патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.Г. (25) од село ...
Министерот за здравство Сашо Клековски денеска ја посети Општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар, каде што се сретна со пациентите, здравствените работници и раководството на болницата, а потоа информираше за состојбата со големиот број граѓани кои изминативе денови побарале лекарска помош поради стомачни проблеми. Според Клековски, досега бројот на пациенти надминал 1.000 лица, а најголем број случаи се регистрирани во последните два ...
На 66-годишна возраст почина Нури Бајрами, поранешен член и заменик-претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), новинар и долгогодишен јавен деец од Гостивар. Бајрами беше избран за член на Антикорупциската комисија во февруари 2019 година, а на првата конститутивна седница беше избран и за заменик-претседател на Комисијата, функција што ја извршуваше во едногодишен мандат. До завршувањето на мандатот во 2024 година ...
Македонија викендов ќе биде зафатена од нов бран на високи температури, поради што целата територија на државата е ставена во жолта предупредувачка фаза. Во сабота и недела се очекува значително затоплување, а максималните дневни температури ќе се движат од 32 до 39 степени Целзиусови. Најтопло ќе биде во јужните и централните делови на земјата, додека во Скопје и околината температурата ќе достигне околу 38 степени. Метеоролозите најавуваат ...
Македонија денес се наоѓа пред избор кој ќе ја одреди нејзината економска иднина. Додека Европа забрзано инвестира во критичните минерали неопходни за зелената транзиција, а соседните држави отвораат нови рудници и привлекуваат милионски инвестиции, кај нас сè уште траат дебати кои премногу често се водат со емоции, а премалку со факти. Како локална иницијатива од струмичкиот регион, ние не гледаме на проектот „Иловица – Штука“ само како на ...
Полицијата во Гевгелија приведе 45-годишна жена од Богданци, осомничена за кражба на мобилен телефон од вработена во ЈЗУ „Општа болница“ Гевгелија. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, М.П. била лишена од слобода на 17 јули во 16:10 часот, откако било утврдено дека истиот ден, околу 10:00 часот, од просторија во болницата одзела мобилен телефон кој бил сопственост на вработена во здравствената установа. Во службен ...
Во ноќна акциска контрола спроведена во угостителски објекти на подрачјето на СВР Тетово, полициските службеници пронајдоа сомнителна бела прашкаста материја и ножеви, а приведоа четири лица. Контролата била реализирана во периодот од 23:30 часот на 17 јули до 02:00 часот на 18 јули. При преглед на задниот дел од еден угостителски објект во Тетово биле пронајдени две кесиња со бела прашкаста материја, за која ќе следуваат дополнителни ...
Министерот за здравство Сашо Клековски денеска во 11:30 часот ќе ја посети Општата болница во Гостивар, откако изминативе денови повеќе од 1.000 граѓани побарале лекарска помош поради симптоми како повраќање, дијареа, покачена телесна температура и стомачни тегоби. Од Министерството за здравство информираа дека по посетата е предвидено министерот да даде изјава за медиумите во врска со актуелната состојба, здравствената состојба на ...
Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала утринава ја погоди источна Турција, соопшти турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД). Потресот бил регистриран во 6:20 часот по локално време, а неговиот епицентар се наоѓал во округот Баталгази, во провинцијата Малатија, на длабочина од 15,59 километри. Земјотресот бил почувствуван и во соседните провинции Елазиг, Адијаман, Тунџели и Шанлиурфа, каде ...
Премиерот Христијан Мицкоски вечерва присуствуваше на Пиво Фест во Прилеп, каде што се сретна и разговараше со голем број граѓани во пријатна атмосфера исполнета со музика, традиција и позитивна енергија. За својата посета на најголемата летна манифестација во Прилеп, Мицкоски информираше преку објава на социјалните мрежи, посочувајќи дека претходно присуствувал и на одбележувањето на роденденот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во ...
Градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани, изјави дека во моментов не постои официјален медицински или лабораториски доказ дека пријавените стомачни тегоби кај граѓаните се предизвикани од водата од градскиот водовод. Тој посочи дека според редовните анализи што ги спроведува ЈП „Комуналец“, досега испитаните примероци покажале дека параметрите на водата биле во рамките на законски дозволените вредности. „По добиената пријава, Јавното ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска вети дека Германија ќе „ѝ подаде рака“ на Франција и ќе соработува со идниот претседател на земјата, без оглед на тоа кој ќе победи на изборите следната година, и покрај анкетите кои предвидуваат успех на кандидатката на крајната десница Марин ле Пен. – Германија секогаш ќе ѝ подаде рака на Франција за подлабока соработка заснована на доверба, без оглед на одлуките што ќе ги донесат гласачите во ...
Српскиот министер за надворешни работи Марко Ѓуриќ и американскиот државен секретар Марко Рубио денеска во Вашингтон ја отворија првата рунда од Стратешкиот дијалог меѓу Србија и САД, со што беше означен почетокот на ново поглавје во односите меѓу двете земји и воспоставена институционална рамка за нивно понатамошно стратешко поврзување, соопшти српското Министерство за надворешни работи. Во рамките на првата рунда од Стратешкиот дијалог, ...
Жаклин Хардинг, експерт за рано детство на Универзитетот Мидлсекс во Лондон, вели дека радоста е сложен биолошки феномен што им помага на децата да се справат со стресот. „Кога ги гледаме децата како се смеат, сме сведоци на развојот на нивниот мозок во акција, учење, поврзување и раст. Се чини дека надежта и хуморот не се само зачин на животот, туку и основа на рецептот за здрав живот“, рече таа. Смеата активира големи мозочни мрежи, ...
Соединетите Американски Држави денеска соопштија дека Стратешкиот дијалог со Косово ќе продолжи откако Приштина ќе ги исполни условите, вклучително и обврските преземени кон српската заедница, јави српската редакција на Радио Слободна Европа. – Остануваме посветени на зајакнувањето на заедничките интереси на САД и народот на Косово. Со задоволство ќе го започнеме Стратешкиот дијалог со Косово кога ќе бидат исполнети соодветните услови, ...