Пишува: Мирослав Трлин, дипломиран економист во пензија Секои неколку години во Македонија се менуваат влади, министри, директори, партиски слогани и политички ветувања. Секој нов политички циклус започнува со надеж дека конечно доаѓа време на правда, реформи, економски развој и подобар живот за граѓаните. Но кога ќе помине првичната еуфорија, граѓаните повторно се соочуваат со истите проблеми: ниски плати, партизација, корупција, иселување ...

На 16.07.2026 на место викано „Мрзенско поле”, во атар на село Мрзенци, гевгелиско, бил пронајден починат мигрант А.М.. Според пријавеното, околу 11:52 часот, мигранти од Пакистан преку мобилен телефон побарале помош, а по пристигнувањето на местото, полициските службеници затекнале тројца мигранти кои не поседувале лични документи, но кажале дека се од Пакистан и едно починато лице, за кое изјавиле дека е на возраст од 36 години и било ...

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) соопшти дека при редовните проверки утврдила неправилности поврзани со извршувањето на јавни функции и исполнувањето на законските обврски за поднесување изјави за имотна состојба и интереси. Од ДКСК информираат дека по последната проверка на електронскиот систем за поднесување изјави за имотна состојба и интереси било утврдено дека пет лица истовремено извршуваат по две функции. За сите ...

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) донесе времена забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради сомневање дека е загадена и небезбедна за граѓаните. Одлуката е донесена по спроведен вонреден инспекциски надзор во пречистителната станица за вода во селото Вруток, кој бил инициран по известување од Основното јавно обвинителство Гостивар, поплаки од граѓани и пријава од Министерството за внатрешни работи ...

На 17.07.2026 во 00:40 часот на улица „Хаџи Косте“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода С.Ќ.(23) од Велес, постапувајќи по претходна пријава и објавено видео на социјалните мрежи дека на игралиште во Велес управувал мотоцикл без регистарски ознаки. По преземени мерки и извршени проверки, констатирано е и дека мотоциклот го управувал пред да се стекне со право на управување. За настанот е известен јавен обвинител, ...

Мрежата за заштита од дискриминација најостро го осудува засилувањето на навредливиот и насилнички говор, како и насилството врз жените во политиката во Собранието. Во време кога јавноста речиси секојдневно сведочи на булинг, физичко насилство, понижување и суровост меѓу децата и младите, секој што ја користи собраниската говорница мора да биде свесен за тежината на својата функција. Пратениците, министрите и другите носители на јавни функции ...

Општина Центар континуирано работи на одржување на јавните површини, зеленилото и инфраструктурата за вода, со посебен фокус на летниот период. Од вкупно 11 јавни чешмички кои се под надлежност на општината, девет се целосно функционални, додека на преостанатите две се санираат дефекти. Во рамки на овие активности, се поставува нова чешмичка на улицата „Орце Николов”, која претходно не беше во функција поради дефект и беше исклучена поради ...

Помеѓу 150 и 1000 лица во Гостивар деновиве се пожалиле на цревни проблеми, дијареа и повраќање, со што се вклучи алармот за вонредна проверка на квалитетот на водата за пиење. Вчера околу 18:20 часот, инспектори од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар, постапувајќи по насоки на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар, презедоа итни мерки и активности на терен во село Вруток, поради сомневање за ...

Соопштение за јавност на СДСМ: Животниот стандард на граѓаните е целосно урнат за само две години владеење на ВМРО, нагласи членката на Извршниот одбор на СДСМ, Симона Цветановски. Според податоците од Управата за јавни приходи, најголем дел од работниците дури 50%, земаат плата меѓу 24.000 и 36.000 денари што е под просечната плата во државата. На прес-конференција, Цветановски посочи дека официјалните податоци на УЈП за 2025 година всушност ...

Пишува: Салим Кадри Керими, историчар – дипломат во пензија Во деновиве кога Република Албанија бележи значаен напредок на европскиот пат, со затворањето на три преговарачки поглавја со Европската Унија, Заводот за статистика на ЕУ (EUROSTAT) објави податоци што предупредуваат на еден сосема поинаков предизвик – драматичното иселување на албанските граѓани во изминатите 35 години. Имено, според најновите статистички податоци на EUROSTAT, кои ...

Трката за обезбедување бакар и други критични минерали во регионот станува сè поинтензивна. По Грција, која развива нови рударски капацитети, и Бугарија најавува стратешки проекти со амбиција да стане значаен снабдувач на Европската Унија со критични минерални суровини. Додека соседните земји го ставаат рударството високо на листата на економски приоритети, поттикнати од европските политики и променетите геополитички услови, Македонија сè ...

Владата на денешната седница ја донесе Одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба поради можност од нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати. Со донесената одлука, рокот на важење на кризната состојба се продолжува од 21 јули до 20 октомври, со што се обезбедува континуитет во институционалното постапување и навремено преземање на мерки доколку дојде до нарушувања во ...

Мажите во Северна Македонија поминуваат 18 пати помалку време од жените во извршување домашни обврски и грижа за семејството – податок што ја одбележа вчерашната тркалезна маса „Бескрајната смена: Репродуктивен труд, домашна работа и мајчинство”, одржана во Јуроп хаус Струга. Настанот беше дел од националниот караван „Носи ја промената” (Wear the Change), инициран од Делегацијата на Европската Унија, амбасадите на земјите членки на Европската ...

Соопштение за јавност на Левица: Ослободувањето на Никола Груевски во предметот „Талир 2″ и одбивањето на конфискацијата на Белата палата е далеку од чист правен исход. Тоа е логистички успешно завршена операција, чиј краен резултат беше познат уште пред да биде прочитан диспозитивот. Државниот јавен обвинител Ненад Савески, во еден од своите први потези на функцијата, ги повлече овластувањата на обвинителката која години наназад работеше на ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава до ОЈО Свети Николе против Д.П. (39) од Скопје за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ по чл. 383-б ст.1 од Кривичниот законик. Пријавената Д.П. во периодот од 18.11.2022 до 21.08.2024, во својство на одговорно лице-претседател на Комисијата за оценување на исполнетост на условите по однос на простор, опрема и кадар за одгледување на ...

Иран соопшти дека во петокот извршил нови напади врз американски цели на Блискиот Исток, вклучувајќи го и првиот директен напад во Сирија, по шестата ноќ по ред американски напади врз ирански воени објекти. Примирјето постигнато минатиот месец се претвори во секојдневни напади и контранапади, речиси целосно запирајќи го бродскиот сообраќај низ стратешки важниот Ормутски теснец и предизвикувајќи обновена загриженост кај инвеститорите за ...

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: Новиот реформски Изборен законик не се донесе затоа што СДС, Левица и ДУИ бараат алиби на следните избори да се претставуваат како жртви и оштетени партии. Овие три политички партии се здружија за да го блокираат еден од најважните закони од Реформската агенда, поради нивниот страв од изборен пораз, кој е сè поевидентен и поизвесен со оглед на нивните слаби рејтинзи и поддршка од граѓаните. И покрај тоа ...

На покана на државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера во Вашингтон учествуваше на министерска конференција посветена на заканите од подемот на политичкиот тероризам. На конференцијата, високи претставници од повеќе од шеесет држави разговараа за унапредување на меѓународната соработка и институционалната подготвеност за справување со ...

Свлечиште во округот Пенгшуј, во југозападна Кина, во петокот затрупа непознат број луѓе и урна неколку станбени згради во подножјето на еден рид, објавија државните медиуми, објави Ројтерс . Според информациите од државната телевизија CCTV, локален работник забележал дека камењата паѓаат околу 8:00 часот наутро и веднаш издал предупредување. Потоа властите наредиле евакуација на повеќе од 60 жители. Сепак, лизгањето на земјиштето започнало ...

Соопштение за јавност на ВЛЕН: Со денови ДУИ изнесува неосновани обвинувања против нас, обидувајќи се да нѐ етикетира со лажниот наратив за „српскиот свет”. Но, пропагандата исчезнува во моментот кога ќе се соочи со официјални документи. Официјалното соопштение на Претседателството на Србија, по средбата меѓу претседателот Александар Вучиќ и тогашниот министер за надворешни работи, сеопштиот губитник Бујар Османи, јасно покажува дека меѓу ...

Пишува: проф. д-р Иван Анастасовски Во секое демократско општество, парламентот не е само политичка институција во која се носат закони, туку и простор во кој се обликува политичката култура на една држава. Начинот на кој комуницираат пратениците, нивната способност да водат аргументирана дебата и подготвеноста да постигнат компромис претставуваат показател за демократската зрелост на политичкиот систем. Оттука, прашањето како да изградиме ...

Соопштение за јавност на СДСМ: Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова повторно се вклучи во дебатата за Изборниот законик, тврдејќи дека сегашниот модел ја дискриминира дијаспората. Меѓутоа, нејзините изјави отвораат многу повеќе прашања отколку што даваат одговори. Ако Претседателката е за техничка влада која би овозможила фер избори, зошто тогаш го потпиша указот за укинување на техничката влада? Ако навистина сакаше Техничка влада во ...

Територијата на Македонија се наоѓа под влијание на малку позасилен топлотен бран од југ, односно од Африка кој условува да имаме високи максимални дневни температури на воздухот. Токму поради ова целата територија на Македонија се наоѓа во жолта предупредувачка фаза. Сепак и покрај ова, екстремно високи температури на воздухот нема да имаме во Македонија, односно максималните дневни температури денес петок, 17 јули ќе се искачуваат во ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова смета дека воведувањето една изборна единица во Македонија е добро и праведно решение, бидејќи секој глас на граѓаните треба да има еднаква вредност, без оглед во кој дел од државата е даден. Во интервју за телевизија „Канал 5“, таа посочи дека иако овој изборен модел е релативно редок во светската практика, сепак може успешно да се примени и во земјава. „Иако е ретко решение и го има во мал број ...

Изработена е физибилити студија, се обезбедува локација и финансиски модел за проектот што ќе биде основа за владиниот облак, сајбер безбедноста и развојот на вештачката интелигенција. Во вечерашното интервју на Македонската телевизија, во емисијата „На прва“, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски најави дека Владата започнува со реализација на еден од најзначајните инфраструктурни проекти за дигиталната иднина на ...

Може ли одговорноста за пропаднатиот обид за измени на Изборниот законик да ѝ се припише на неодговорната и незрела опозиција“ како што тврди Премиерот? „Да не беше трагично, обвинувањето на премиерот за пропаднатиот обид за измени на Изборниот законик ќе беше смешно. Значи ова не е само невистина, ова е брутална, безобразна манипулација која ја потценува интелигенцијата на секој граѓанин! И најстрашното, најтешкото од сè е што целата оваа ...

Во Албанија стапи во сила законот за амнестија, со која се опфатени над 1.300 затвореници, од кои 466 лица, меѓу кои 11 жени и еден малолетник, ќе бидат веднаш ослободени од затвор, додека за 869 лица казната е намалена, вклучувајќи осум жени и осум малолетници. Според законот, мажите осудени со правосилна судска одлука до 3 години затвор, или каков било вид поблага казна, вклучувајќи парична казна или алтернативи на затвор, за казни изречени ...

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе обвиненија против вкупно шест лица за повеќе дејствија на продолжени кривични дела – Фалсификување исправа од член 378, Злоупотреба на лични податоци од член 149 и Компјутерска измама од член 251-б од Кривичниот законик. Против вкупно 33 лица е поднесен Предлог за издавање казнен налог до надлежен суд за кривично дело – Компјутерска измама од член 251-б став 1 во ...

Врховната рада на Украина го одобри предлогот на претседателот Володимир Зеленски за назначување на Сергиј Корецки за нов премиер на земјата. За неговото назначување гласаа 289 пратеници. Корецки станува четвртиот премиер за време на претседателскиот мандат на Зеленски, заменувајќи ја Јулија Свириденко, која на функцијата беше нешто помалку од една година. Новиот украински премиер има 48 години и е роден во Луцк. Тој е претприемач и менаџер ...

На 15.07.2026 во Тетово, полициски службеници го лишија од слобода К.В.(32) од Тетово поради основи на сомнение дека со закана со нож се обидел да изврши кривично дело „разбојништво”, истиот ден во 11:05 часот во казино во Тетово. Извршен е и претрес кај лицето, а по извршеното алкотестирање кај него е констатирано присуство на 2,49 промили алкохол во крвта. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, ќе биде поднесена ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
1.06
65%
1015
weather icon

Белград

19ᴼ / 18ᴼ
3.13
83%
1011
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
1.37
80%
1010
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
1.47
50%
1015
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
1.31
52%
1011
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
0.79
93%
1011
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
0.45
65%
1013
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
3.8
67%
1013
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
2.36
93%
1015
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 17ᴼ
1.34
69%
1011
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
3.13
60%
1007
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
2.39
100%
1014
Currency

61.575

Currency

54.1105

Currency

72.0558

Currency

37.7691

Currency

38.3694

Currency

66.1563

Currency

7.9902

Currency

0.69225

Currency

0.33143

Currency

0.52499

Currency

1.14296

Currency

0.56034

Сребро

1870.85

Иридиум

252383.36

Алуминиум

3.17

Платина

50958.93

Паладиум

39448.97

Кобалт

56.29

Родиум

263636.12

Рутениум

53852.50

Злато

130265.18

Цинк

0.00

Бакар

12.74

Калај

53.50