Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Неспособноста и аматеризмот на коалицијата на СДС, ДУИ и Арбен Таравари во Гостивар, кои го доведоа градот во колапс, излегоа на површина. Според информациите постои основано сомнение дека здравјето на граѓаните е директно загрозено, затоа што општинските власти поставиле пумпи во отпадни води за да се зголеми притисокот во водоводната мрежа. Во изминатите денови над 1000 гостиварски граѓани, меѓу кои и деца со симптоми на труење побарале ...
Основното јавно обвинителство Гостивар е во постојана координација со Институтот за јавно здравје, каде по наредба на јавен обвинител се вршат анализи и испитувања на квалитетот на примероците од водата од гостиварскиот водовод, а резултатите се очекува да бидат готови утре за да се утврди натамошниот тек на постапката, информираат од Обвинителството. -Според најавите, резултатите треба да бидат доставени до надлежното обвинителство утре, по ...
На 18.07.2026 во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишија од слобода С.Б.(21) и Е.А.(33), двајцата од Скопје, затоа што при извршен претрес од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје во нивните домови, по добиена судска наредба, биле пронајдени и одземени 58 кесички со бела прашкаста материја и дигитална вага. На ...
Институтот за јавно здравје, соопшти попладнево дека по добивање на барање од страна на Јавното обвинителство, веднаш е излезено на терен на посочените локации во Гостивар и земени се примероци за микробиолошки и физичко-хемиски анализи. По враќањето на екипата на ИЈЗ од терен, во раните утрински часови во четврток, веднаш се отпочна постапката за анализа на примероците. Институтот за јавно здравје истакнува дека е во постојана комуникација ...
За изминатите 24 часа до 8 часот утрово најмногу количини воден талог од 5 литри на метар квадратен (l/m2) се измерени во Берово, следат Куманово и Крива Паланка од 4 л/м2 и 1 л/м2/ во Виница и во Гевгелија. Како што соопштуваат од Управата за ходрометеоролошки работи, дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на Управта, а поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на ...
Социјалната мрежа Фејсбук повторно има технички проблеми. Голем број корисници ширум светот во моментов не можат да пристапат до десктоп-верзијата на платформата, а дел од нив имаат проблеми и со мобилната апликација. При обид да се најават на својот профил, на корисниците им се појавува пораката: „Профилот е привремено недостапен. Вашиот профил моментално не е достапен поради проблем со страницата. Очекуваме проблемот наскоро да биде решен. ...
Шпанија и Аргентина вечерва ќе играат во финалето на Светското првенство во фудбал во 2026 година. Натпреварот ќе се одржи на стадионот „МетЛајф“ во Ист Радерфорд, Њу Џерси, САД. Почетокот ќе биде во 21 часот по македонско време. Шпанија заврши прва во Групата Х со 7 бода. Во првото коло од групната фаза, тимот на Луис де ла Фуенте ремизираше 0:0 со Зелено’ртски Острови, потоа самоуверено ја победи Саудиска Арабија со 4:0 во второто коло, а ...
Соопштение на СДСМ: Град Скопје под ВМРО-ОКГ и градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ја започна кампањата за наводно „разубавување” на влезот во градот. Резултатот е срамен: коњот Букефал е насликан со пет нозе, воинот наликува на лик од цртан филм, а целата слика е генеричка и без никаква врска со реално Скопје. Ова не е прв пат ВМРО да го унаказува главниот град. Познато е дека токму ВМРО, преку проектот „Скопје 2014″, го обезличи градот со ...
Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија, д-р Дарко Костадиновски, денеска во Анкара оствари работна средба со претседателот на Уставниот суд на Република Турција, Кадир Озкаја. Во фокусот на средбата беа разговорите посветени на натамошното унапредување на билатералната соработка и размената на искуства во областа на уставното судство. На средбата беше потврдена заедничката определба за продлабочување на институционалните ...
Македонската музичка традиција во своето најавтентично издание синоќа беше претставена на сцената Долни Сарај, каде во рамките на фестивалот „Охридско лето“ настапија оперските уметници Ана и Игор Дурловски, придружувани од Оркестар „Ајга“, со концертот „Македонски љубовни песни“. Пред бројната публика беа изведени некои од најпознатите бисери на македонското музичко наследство во нови оркестарски аранжмани на Сони Петровски. Концертната ...
Соопштение на Демократски сојуз: Демократскиот сојуз, по повод најновиот Извештај на Европската Унија за состојбите во судството, оценува дека реформите во правосудниот систем мора да продолжат со засилено темпо, бидејќи независно, ефикасно и одговорно судство е клучен предуслов за владеење на правото и за напредокот на државата во процесот на европската интеграција. Демократскиот сојуз се залага за ограничување на мандатот на судиите и нивен ...
Скопскиот Кривичен суд за една година успеал дури за половина да го намали бројот на стари предмети што им заостанувале на судиите, покажува најновиот Извештај за работата на овој суд објавен во интерниот електронски билтен од 2 јули. Според објавените податоци, пред една година, на 30 јуни 2025 биле евидентирани 873 активни стари случаи во Судот. Заклучно со 30 јуни оваа година пак, вакви се 410 предмети што е намалување за 53 отсто. Како ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе има услови за локална појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне во делови од ...
Соопштение на СДСМ: Пораките од експертите се јасни – епидемија на гастроентеритис во Гостивар постои, без оглед дали официјално ќе биде прогласена или не. Со прогласување на епидемија се овозможува побрза и поефикасна координација на институциите и спроведување мерки за спречување на понатамошното ширење на заразата. Во Гостивар заболени се илјадници граѓани, а состојбата бара сериозна и одговорна реакција од надлежните институции. ...
Контроверзните инфлуенсери Ендру и Тристан Тејт вчера беа уапсени од страна на федералните власти во Мајами, соопшти Американската маршалска служба. Тие се уапсени откако британските власти објавија дека поднесуваат нови обвиненија против нив, јави Би-Би-Си. Портпаролот на службата Брејди Меккарон изјави дека судските документи и останатите материјали поврзани со случајот засега нема да бидат објавени во јавноста. Кралската служба за ...
Францускиот фудбалер Килијан Мбапе постигна два гола против Англија ноќва во натпреварот за третото место на Светското првенство 2026 и испиша историја на Светските првенства. Со 22 погодоци на мундијалите стана најдобар стрелец во историјата на ова натпреварување. Мбапе до рекордот стигна на 27-годишна возраст, а на актуелното Светско првенство постигна 10 голови. Воедно, стана првиот фудбалер по Герд Милер во 1970 година што постигнал ...
Соединетите Американски Држави вчера извршија нови воздушни напади врз цели во Иран, соопшти Централната команда на американските вооружени сили (ЦЕНТКОМ). Според соопштението, нападите имале цел веднаш да го казнат иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) по загинувањето на двајца американски војници во Јордан при ирански напад во петокот. Од ЦЕНТКОМ наведоа дека ударите биле насочени и кон дополнително намалување на ...
Англиската репрезентација ја победи Франција со 6:4 во спектакуларен натпревар за 3-то место на СП и го освои бронзениот медал. Англија водеше со 4:0 на полувреме, но Франција се врати на 4:3 и пропушти неколку чисти шанси за целосен пресврт. Херој на натпреварот беше Букајо Сака, кој постигна три гола за Англичаните. Освен него, стрелци беа и Деклан Рајс, Џуд Белингам и Езри Конса. Килијан Мбапе постигна два гола за Французите и стана ...
Двајца американски војници се убиени, а еден е исчезнат по иранските напади во Јордан, потврди Централната команда на САД (CENTCOM). Ова се првите американски воени жртви во конфликтот со Иран од март, а доаѓаат во време на зголемени тензии меѓу двете земји. Во објава на социјалните мрежи, ЦЕНТКОМ ги детализира инцидентот. „Двајца припадници на американската војска беа убиени во борба во Јордан на 17 јули, кога Централната команда и ...
Родителите на загинатите во трагедијата во дискотеката „Пулс“, заедно со граѓани на Кочани, денеска го одржаа 47. протестен „Марш за ангелите“, испраќајќи силни пораки дека борбата за правда нема да запре сè додека не се утврди одговорноста за трагедијата во која животот го загубија 63 лица, а 218 беа повредени. Маршот започна од Паркот на револуцијата, а учесниците поминаа покрај Општина Кочани, Државниот пазарен инспекторат, Државниот ...
Повременото повторно полнење на пластично шише не претставува сериозен ризик доколку шишето е чисто и не е изложено на високи температури. Сепак, пластичните шишиња за еднократна употреба не се дизајнирани за долгорочно користење, па со текот на времето може да се појават микропукнатини во кои се задржуваат бактерии. Експертите советуваат ваквите шишиња да не се оставаат во автомобил, на директно сонце или да се полнат со топли напитоци. ...
Шпанија се подготвува за третиот топлотен бран ова лето, кој ќе започне во вторник, а се очекува температурите да надминат 40 степени Целзиусови во поголемиот дел од земјата, соопшти шпанската метеоролошка агенција АЕМЕТ. Топлотниот бран ќе биде засилен од антициклон кој ќе го зароби сувиот воздух од Северна Африка над Шпанија неколку дена, зголемувајќи ги температурите на исклучително високи нивоа, соопшти АЕМЕТ. Се очекува топлотниот бран ...
Администрацијата на градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, ја разгледува можноста за издавање налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху доколку ја посети метрополата за Генералното собрание на Обединетите нации во септември, објавува „Њујорк тајмс“. Во интервју за подкастот „Интервјуто“ на авторитативното издание, Мамдани го изрази својот категоричен став, опишувајќи го израелскиот премиер како „воен злосторник“ кој е ...
Професорот и микробиолог д-р Никола Пановски алармира дека состојбата во Гостивар ги исполнува сите елементи на епидемија на гастроентеритис и ги повика надлежните епидемиолошки служби да реагираат. Според него, досега се регистрирани околу 1.500 лица со исти симптоми, додека најмалку уште 5.000 граѓани не побарале лекарска помош. Пановски посочува дека станува збор за масовно заболување кое зафатило значителен дел од населението во градот. ...
Хрватска може привремено да ја суспендира примената на Системот за влез/излез (EES) на Европската унија во случај на големи толпи на границите, објави денес Хрватската радиотелевизија (HRT). Во итни ситуации, кога се очекува чекање повеќе од 45 минути , граничната полиција може делумно да го суспендира процесот на внесување биометриски податоци, што значи дека на патниците не им се земаат отпечатоци од прсти и не им се прават фотографии на ...
Иранската влада соопшти дека рамковниот договор меѓу Иран и Соединетите Американски Држави повеќе не важи, јави иранската новинска агенција Fars. Заменик-министерот за надворешни работи Казем Харибабади изјави дека Иран го суспендирал договорот, обвинувајќи ги САД дека со своите потези ги прекршиле обврските преземени со документот. „Зафатени сме со одбрана на земјата“, изјави Харибабади во телевизиско интервју. Тој додаде дека, според ...
Соопштение за јавност на ВЛЕН: Опозициската ДУИ, во својата борба за враќање на власта, очигледно целосно го изгуби националниот компас. Вчера се пофалија дека го блокирале Законот за правична и соодветна застапеност – историско достигнување што го унапредува Охридскиот рамковен договор, а денес излегуваат и против патот Тетово–Призрен! Водена од очај и нихилизам, партијата на Али Ахмети веќе отворено се спротивставува на секое достигнување ...
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денес пречека делегација составена од претставници од политиката, бизнисот и меѓународните институции, предводена од д-р Дастин Плантхолт. Делегацијата престојува во регионот во рамки на иницијативите за економска соработка со Соединетите Американски Држави. За време на средбата, Меџити ги презентираше приоритетите и развојните проекти на Општина Чаир, со посебен акцент на локалното управување, ...
Финалето на Светското првенство помеѓу Шпанија и Аргентина стана најскапото во историјата на Светските првенства, при што просечната цена на билетите на пазарот за препродажба достигна околу 9.900 евра. Официјалните билети за натпреварот што ќе се игра во недела на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси повеќе не се достапни на веб-страницата на ФИФА, но билетите сè уште може да се најдат преку платформите за препродажба, објави RTVE . На еден од ...
Франција и Англија ќе се сретнат во Мајами во натпреварот за третото место на Светското првенство, барајќи утеха по болните порази во полуфиналето и шанса да го завршат турнирот со победа. Откако нивните соништа за светска титула останаа неостварени во последната фаза од големото финале, фудбалските гиганти Франција и Англија ќе се соочат на стадионот „Хард Рок“. Французите беа поразени со 2-0 од Шпанија во полуфиналето во натпревар каде што ...