Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Собранието денеска ќе ја одржи 115.седница, на чиј дневен ред е и Предлог одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба заради можност за настанување на пореметување на снабдување со нафта и нафтени деривати на територијата на Република Северна Македонија Владата на седницата одржана на 17 јули ја донесе одлуката за изменување на одлуката за одобрување продолжување на рокот за ...
Соопштение за јавност на ВЛЕН: ВЛЕН со загриженост ја следи состојбата во Гостивар, по зголемувањето на бројот на граѓани кои побараа медицинска помош и по прогласувањето на епидемија. Во овие моменти, најважно е да се заштити здравјето на граѓаните, да се обезбеди безбедна вода за пиење и јавноста навремено и точно да биде информирана за секој понатамошен развој. Ние не останавме со скрстени раце. Преку државните институции, на граѓаните на ...
Соопштение за јавност на СДСМ: Епидемијата на гастроентеритис во Гостивар не избувна преку ноќ. Таа се развиваше со денови пред очите на надлежните институции. Она што започна со поединечни случаи, брзо прерасна во стотици заболени дневно, со речиси 2.000 жители кои побараа лекарска помош поради симптоми поврзани со загадена вода за пиење. Институциите уште во раната фаза имале информации и сомнежи за небезбедноста на водата и за ...
Соопштение за јавност на ДУИ: Во само еден ден, Град Скопје двапати отворено ја прекрши законската обврска за употреба на албанскиот јазик. Скопје е двојазичен град и неговите институции имаат јасна законска обврска албанскиот јазик да го користат во официјалната комуникација. Пред очите на јавноста, и покрај реакциите на граѓаните, Град Скопје продолжи да го игнорира законот, албанскиот јазик и албанската заедница, покажувајќи целосно ...
АМСМ информира дека на граничните премини „Богородица“ и „Дојран“ се бележи зголемена фреквенција на возила. Времето на чекање за излез од државата е околу 40 минути, додека пак на преминот „Табановце“ времето на чекање за влез во државата е околу 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ укажува дека на грчката страна од премините времето на чекање постојано ...
Трагично заврши потрагата по тројцата патници кои од саботата вечер се водеа како исчезнати. Нивното возило е пронајдено превртено во близина на границата со Косово, а во него биле пронајдени телата на сите тројца патници. Според информациите на Алсат, станува збор за автомобил „мерцедес“ со германски регистарски таблички, кој излетал од патот под засега неразјаснети околности. Животот го загубиле Ејуп Тернава, Џенет Тернава и Фатмире Шабани. ...
Шпанската фудбалска репрезентација е нов светски шампион, откако по продолженија ја совлада Аргентина со 1:0 во големото финале на Светското првенство. Херој на „црвената фурија“ беше Феран Торес, кој го постигна единствениот гол во 106. минута и ѝ ја донесе втората светска титула на својата селекција. Финалниот натпревар започна претпазливо од двете страни. Ниту Шпанија, ниту Аргентина не сакаа да ризикуваат во воведните минути, па повеќе ...
Фудбалот одамна не е само спорт, туку и индустрија вредна милијарди евра. Вредноста на националните тимови денес најдобро го покажува квалитетот на играчкиот кадар, потенцијалот на младите ѕвезди и силата на домашните и европските првенства во кои настапуваат репрезентативците. Според најновите проценки на специјализираниот портал Transfermarkt, највредна фудбалска репрезентација во светот е Франција, чиј состав се проценува на неверојатни ...
Трендот на новопријавени случаи со стомачни тегоби во Гостивар не опаѓа, а дневно се регистрираат меѓу 250 и 300 нови пациенти, изјави министерот за здравство Сашко Клековски. Според него, бројот на заболени останува висок и во последните 24 часа, додека резултатите од анализите на водата се очекуваат утре. „Вчера имаше околу 100 прегледи на Детското одделение и 160 на Инфективното одделение. Денеска бројката е слична на Детското одделение, а ...
Соопштение за јавност на СДСМ: ВМРО-ОКГ обвинува дека проблемот со Охрид на УНЕСКО листата на загрозено наследство постои 35 години и дека за две години не можат да го решат. Сега бараат уште 6 години. Ова е класичен пример на неспособност и лицемерие. ВМРО-ОКГ со децении ја управуваше Македонија, вклучително и Охрид. Само во времето на Никола Груевски, 10 години, потрошија над 1 милијарда евра за споменици во Скопје, додека за заштита на ...
Агенцијата за храна и ветеринарство на 17.07.2026 година издеде забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека истата е загадена и небезбедна за употреба. Поради времената забрана за употреба на водата за пиење од градскиот водовод во Гостивар, на граѓаните им се препорачува да ги почитуваат следните мерки до добивање на официјално известување дека водата повторно е безбедна за употреба. ...
На 18.07.2026 во 21:35 часот во СВР Скопје 36-годишен маж пријави дека на 18.07.2026 околу 18:00 часот, на подрачјето на Центар бил физички нападнат од неговата 35-годишна поранешна сопруга. Исто така, на 19.07.2026 во 02:00 часот 35-годишна жена пријави дека била физички нападната од нејзиниот 36-годишен поранешен сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 18.07.2026 во 21:35 часот во СВР Скопје 36-годишен маж пријави ...
На 18.07.2026 во 21:30 часот во СВР Куманово, 72- годишна жена од Куманово пријави дека во нивниот дом, била физички нападната од нејзината 13- годишна внука. Исто така, според пријавеното, малолетничката и упатувала и закани со остар предмет на пријавителката и на други членови од семејството Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР На 18.07.2026 во 21:30 часот во СВР Куманово, 72- годишна жена од Куманово пријави ...
Меѓународниот аеродром и пристаништето во јужниот јордански град Акаба се евакуирани поради „конкретна и веродостојна закана“, соопшти Американската амбасада во Аман. „Им советуваме на сите Американци да се воздржат од патување до аеродромот или пристаништето. Продолжете да ги следите сите безбедносни директиви од јорданските власти“, соопшти Амбасадата, без да даде дополнителни детали. Јорданските власти сè уште не издале соопштение во ...
Ферибот со 116 патници и членови на екипажот потона во текот на ноќта крај брегот на Гвајана. Досега се пронајдени и спасени само осум лица – соопшти министерот за јавни работи на земјата, Хуан Едгил. „Околу 15:15 часот по локално време вчера попладне фериботот ’Барима‘ (MV Barima) исплови од Џорџтаун со 116 патници и со членовите на екипажот кон Порт Кајтума во западниот дел на Гвајана. Во 23:01 часот беше примен повик за помош од бродот. ...
Најмалку 11 лица, меѓу кои брачен пар и три од нивните деца, загинаа во новите израелски напади врз Појасот Газа, и покрај примирјето меѓу Израел и Хамас што стапи во сила во октомври 2025 година, соопшти Службата за цивилна одбрана во енклавата. Петчленото семејство загинало вчера кога при воздушен напад бил погоден стан во северозападниот дел на градот Газа, соопшти службата, која работи под управа на палестинското движење Хамас. – ...
Првите пријави до ИЈЗ се доставени утрово, до денес се пријавени вкупно 140 заболени лица на пријава за заразна болест кои делумно се анкетирани, а дел се анкетираат во моментот од страна на епидемиолози од Гостивар и ИЈЗ. Се забележува пораст на стапката на заболени лица преку АЛЕРТ системот и надминување на трешхолдот на неделно ниво за територијата на Гостивар. Ова го истакна денеска за ситуацијата во Гостивар, д-р Драган Кочински, ...
ФИФА ќе објави рекордни приходи од 15 милијарди долари за Светското првенство во 2026 година, информира „Гардијан“. На 18 јули, претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, ги информирал националните асоцијации дека приходите од Светското првенство значително ги надминале очекувањата. Организацијата првично проектирала приходи од 11 милијарди долари. Се забележува дека значителен дел од приходите доаѓаат од продажба на билети и пакети за ...
До вторник во земјава ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност, а во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи, на одделни места можно е невреме со појава на град. Промена на временските услови се очекува од среда, кога поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен ...
Денеска сме меѓу граѓаните на Гостивар. Ситуацијата е сериозна, над 1.500 граѓани се со симптоми, најмалку уште 5.000 граѓани кои не се јавиле на лекар. Околу 30% од населението е загрозено. Ова е сериозна здравствена ситуација која бара брза и одговорна реакција од институциите. Епидемиолозите, алармираат дека треба да се прогласи епидемија. Општинските организации на СДСМ од целиот регион се мобилизирани, се ставаме на располагање на ...
Европската Унија во 2024 година имала 15,7 професионални судии на 100 000 луѓе, што е намалување во споредба со 17,7 во 2014 година. Македонија, според податоците на Евростат, во 2024 година имала 20,1 судии на 100 илјади жители. И кај нас, исто како во ЕУ, бројот на професионални судии има тренд на намалување, и е намален за повеќе од четири споредено со 2019 кога имало 24,3 судии на 100 илјади жители. Меѓу земјите на ЕУ, Хрватска и ...
Силното невреме проследено со обилни дождови и со бурен ветер, кое вчера зафати делови од Словенија, предизвика значителна материјална штета, а до утрово регистрирани се 33 интервенции само на подрачјето на Крањ. Обилните врнежи поплави куќи и подруми на станбени згради, додека силниот ветер оштети покриви и урна голем број дрвја. Во текот на доцните вечерни часови невремето се премести кон Горно Посочје, откако над Италија се формирал ...
Министерството за здравство ја информира јавноста дека надлежните здравствени институции продолжуваат со интензивно следење и истражување на зголемениот број лица со симптоми на гастроентероколит на подрачјето на Гостивар. Во периодот од 18 јули во 08:00 часот до 19 јули во 08:00 часот, во Општата болница во Гостивар се регистрирани: – 204 прегледи на Инфективното одделение, при што три лица се хоспитализирани; – 140 прегледи на ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, заедно со градоначалникот на Општина Крушево, Нико Чонески, денеска го промовираше новиот Центар за услуги во Крушево. Станува збор за шеснаесеттиот Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој на граѓаните им се овозможува полесен пристап до електронските услуги и непосредна поддршка при нивното користење. Со отворањето на Центарот, дигиталната ...
Соопштение на Левица: Извештајот на Европската комисија за владеењето на правото претставува директна пресуда за моделот на владеење што го практикува ДПМНЕ. Наместо институции што го штитат јавниот интерес, Комисијата опишува држава во која корупцијата продолжува да навлегува и во секторите од кои зависат животот и здравјето на граѓаните. Здравството, јавните набавки и распределбата на јавните средства остануваат меѓу најризичните области, ...
На 18.07.2026 во 21:12 часот, на регионален пат кај струшкото село Калишта, лишен од слобода е Н.Б.(45) од Струга, кој претходно, управувајќи возило „тојота” со струшки регистарски ознаки, предизвикал сообраќајна незгода. При извршен увид, полициските службеници кај него констатирале 2,56 промили алкохол во крвта. По налог на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична ...
Прес конференција на СДСМ, Рената Младеновска – членка на Извршниот одбор Се’ е поскапено, цените се веќе до плафон. Граѓаните прескапо плаќаат за неспособноста на владата на Мицкоски. Новото покачување на цените на дизелот ќе донесат и нов бран поскапувања на храната и другите услуги. Наместо да преземе пакет од системски мерки Мицкоски се излезе повторно со нова најава – не за целосен пакет мерки туку само за некакво намалување на акцизите. ...
Иран извезол околу 70 милиони барели нафта, во вредност од пет до шест милијарди американски долари, за време на привременото олеснување на американските санкции, објави угледниот економски весник „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на најновите податоци на невладината организација „Обединети против нуклеарен Иран“. Според анализата на оваа организација, во периодот од средината на јуни до средината на јули годинава околу 20 ирански танкери ...
Прес конференција на СДСМ, Александар Наумоски – член на Извршниот одбор „Чувствата” на премиерот Христијан Мицкоски ги поклопија правото, Уставот и правната држава. Најновиот извештај на Европската комисија за владеењето на правото ја разоткрива суровата вистина за Македонија под власта на ВМРО-ОКГ: нема реформи, корупцијата е широко распространета, а судството и обвинителството се изложени на политички притисоци. Брисел директно алармира ...
Прес конференција на СДСМ, Асен Шајн претседател на ОО СДСМ Охрид Градоначалникот Кирил Пецаков и централната власт на ВМРО-ОКГ, директно го доведоа Охрид пред впишување на Листата на светско наследство во опасност. Ова повеќе не е предупредување, туку официјална нацрт-одлука на УНЕСКО. Документот на Комитетот е јасна потврда за целосниот институционален неуспех. Експертите нотираат нула напредок на терен и нула отстранети дивоградби во ...