
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Во Младинскиот културен центар во Скопје вечерва во 20 часот рок групата „Културно-уметнички работници“ ќе одбележи 25 годиби активна работа. Јубилејот ќе биде одбележан и со публикување на новата плоча со наслов „25 Мај“ – концертен албум со „бест оф“ материјал на бендот, снимен во живо на 25 мај 2021 година во киното „Фросина“ во МКЦ. Тон-снимател на албумот е Ненад Трифуновски Трипе, миксот и мастерингот се на Дени Крстев од студиото „1060“, ...
Овие 25 години значат многу за еден мал, но мошне значаен фестивал кој го става актерот во самиот центар. Ова е фестивал којшто докажа дека монодрамата како театарска форма е мошне значајна за актерот – вели Маја Андоновска-Илијевски, директорка на Центарот за култура Под мотото „Славење на уметничката слобода“ вечерва во 19.30 часот со музичката манифестација „Глумците пеат“, ќе биде отворен 25. Фестивал на монодрама во Битола. Фестивалот ќе ...
Одбивајќи да бидат замолчени од закани и мито, се соочуваат со опасна мрежа од политика, интриги, корупција и секс-скандали Во општество полно со корупција, уредникот-ветеран Бодан и амбициозната млада новинарка Софија, независно еден од друг, откриваат скандалозно видео. Одбивајќи да бидат замолчени од закани и мито, се соочуваат со опасна мрежа од политика, интриги, корупција и секс-скандали. Филмот навлегува во темниот, груб свет на моќта и ...
Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“ е во потрага по шестата генерација „Докуникулци“ на возраст од 14 до 18 години, кои сакаат да бидат дел од едногодишната работилница за креативен документарен филм. – Бараме млади, храбри и креативни луѓе кои сакаат да се изразат слободно и спремни да се впуштат во незаборавна авантура. Дванаесетмината величествени од сите вас, ќе бидат поделени во групи со по еден ментор, а на крајот секоја ...
Изложбата „Херојското доба на Хистрите“ на авторот проф. д-р Мартина Блечир Кавур ќе биде отворена денеска во 14 часот во Археолошкиот музеј на Македонија во Скопје. Изложбата се реализира во соработка со Археолошкиот музеј на Истра во Пула и ќе биде отворена до 1 септември. Изложбата ја претставува приказната за Хистрите кои живееле на истоимениот полуостров во текот на целиот прв милениум пред н.е. и преку нивната материјална култура може да ...
„Фрагментирана интроспекција“ е насловот на изложбата на скулптури од Слободан Милошески која вечерва во 19.30 часот ќе биде отворена во изложбениот салон на Музејот во Неготино. Тој ќе се престави со 14 скулптури од галериски формат, создадени во инокс во последните две години. Изложбата ќе биде отворена до 1 јуни. – „Фрагментирана интроспекција“ е технички умешна и концептуално богата изложбена поставка која ја истражува сложената врска помеѓу ...
Во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб вечерва во 20 часот ќе биде отворена самостојната изложба на уметникот Синиша Новески. Под наслов „Мистерија и индивидуализам“, тој ќе се претстави со 12 скулптури. На отворањето ќе се обратат проф. д-р Милаим Фетаи, вонреден амбасадор на нашата земја во Хрватска, Наталија Поповска, директорката на КИЦ во Загреб, проф. д-р. Дита Старова Ќерими, директорка на Националната галерија и Маја ...
Ретроспективна изложба на Драган Верговски-Алпи, советник козерватор, современик на Борко Лазески и Димитар Кондовски ќе биде отворена вечерва во 20 часот, во Чифте амам во Старата скопска чаршија. Верговски во своето творештво вклучува повеќе „изми“, односно различни уметнички правци од модерната и постмодерната ликовна уметност и нивно еклектично поврзување, при што не се држи строго до одреден правец туку интегрира повеќе од нив во изведбата ...
Работа може многу лесно да се најде, тргнувајќи од фабриките, лабораториите, образовните институции, велат студенти од Институтот за физика при ПМФ Едниот студира астрономија и астрофизика, другиот применета физика, а третиот медицинска физика. И ова се само дел од насоките што може да се изберат на Институтот на физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Давид, Павел и Адам доаѓаат од различни делови на Македонија и имаат различни ...
„Среќна сум што две години после снимањето и учествата на меѓународни фестивали конечно може да го споделиме филмот со македонската публика“, рече режисерката Елеонора Венинова на македонската премиера на краткиот филм „Прошетка“ што се одржа во преполна сала во новоотвореното кино „Киноверзум“ во Кисела Вода. Низ емотивни излагања по проекцијата, членовите од екипата зборуваа за текот на снимањето и за предизвиците на снимање на филм во еден ...
Илустрациите од реномираните турски автори Гизем Ѓозде Учар, Серхат Албамја и Мурат Калкаван и од нашата илустраторка Наташа Андонова кои беа изложени на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“ е поместена во трговскиот центар „Рамстор“ во центарот на Скопје. Посетителите на „Рамстор“ ќе можат уживаат во прекрасните илустрации и да се запознаат со работата на уметниците. – Преселувањето на изложбата во Рамстор мол ќе ...
„Боцкаме на кирилица“ е првиот настан што го организира редакцијата на Трн.мк вечерва во 20 часот во „Бруталиск“ во Скопје. – Многумина нè прашаа зошто не организираме друштвени настани? Не одговоривме никому ништо, туку седнавме, мислевме и еве го одговорот. Дојдете и „боцнете“ од кириличното мени – велат од Трн. Ќе настапат: Јовица Михајловски со кириличен поздрав, Џијан Емин со музичка подлога и диџејски сет, Ивана Павлаковиќ и Несрин Таир со ...
Изложбата „Монодиоптрија“ на фотографот Диоген Хаџи-Коста Милевски ќе биде отворена вечерва во 19.30 часот во фоајето на Центарот за култура во Битола. Станува збор за визуелно патување и ретроспектива на најмоќните моменти од Интернационалниот фестивал на монодрама во периодот 2019 – 2023 година. Изложбата се состои од 30 фотографии кои ги визуелизираат емоциите и суштината на ликовите толкувани од 25 актери, во монодрамите одиграни на сцените ...
Музички спектакл ќе се одржи вечерва во 20 часот на платото пред Универзитетот „Св. Кирил и Меродиј“ во Скопје. Платото ќе се трансформира во музичка сцена по повод настаните околу Денот на Европа, оносно концертот што го организира Јуроп хаус насловен „Мајска сесија – Дојди да се преслушаме“. Концертот ќе биде незаборавно патување низ времето, каде што старите македонски хитови ќе добијат свежо и модерно руво, и тоа преку изведбите на ...
Новите студенти на насоката џез и популарна музика во новата академска година ќе имаат можност да учат од квалитетна програма што ги следи европските и светските теркови, од причина што голем дел од наставниот кадар го има стекнато своето образование на најеминентните школи во Европа. Практично, студентите го добиваат истото знаење што се добива на европските музички универзитети, останувајќи во својата држава, вели Кирил Туфекчиевски, ...
На Средно Водно денеска во 11 часот ќе падне првата клапа од снимањето на македонскиот долгометражен филм со работен наслов „Касапско оро“, во режија на Срѓан Јанаќијевиќ. Станува збор за политички трилер со примеси на црна комедија во продукција на „Ново македонско видео“. Главните улоги ги играат актерите Никола Ристановски и Дарја Ризова. Идејата за филмот е на Срѓан Јанаќијевиќ, сценариото е на Сашо Кокаланов и Дејан Дуковски, а главен ...
Во галеријара „Драгутин Аврамовски-Гуте“ на Факултет за ликовни уметности во Сули ан во Старата скопска чаршија, вечерва во 19.30 часот ќе биде отворена 37. изложба „Студентска графика – Драгутин Аврамовски-Гуте“. На отворањето ќе биде доделена наградата за најуспешно графичко дело реализирано во академската 2023/2024 година, а воедно ќе биде промовиран новоуредениот галериски простор. Ќе учествуваат студенти од сите студиски години од прв и ...
Со наградата „Роман на годината“ сѐ повеќе ги препознава и признава писмата на авторките и тоа ја прави најдемократска родова книжевна награда во Македонија, рече Лидија Димковска, на синоќешното врачување на наградата во Драмскиот театар, за нејзиниот роман „Единствен матичен број“. Романот е во издание на „Три“ и е 25ти добитник на оваа награда. Наградата „Роман на годината“ првпат е доделена во 1999 од весникот „Утрински весник“, а од 2017 до ...
Најмасовниот ревијален настан на тркала „Вози право, вози здраво“ во организација на Стопанска банка ќе се одржи по осми пат на 2 јуни (недела) од 11 часот. Центарот на Скопје повторно ќе биде преплавен со најразлични видови превозни средства кои не ја загадуваат животната средина и нудат алтернативни опции за превоз низ градските улици, со што се поттикнуваат здрави животни навики и начин на ќе се живот. Стартот на трката е од „Порта ...
Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје денеска во 12 часот ќе биде промовирана книгата „Дни, години“ од Димитар Башевски, издание на „Слово“. За делото тој ја доби наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга за 2023 година на Струшките вечери на поезијата. Градската библиотека во Скопје со децении традиционално го претставува добитникот на престижната награда за најдобро домашна поетска книга меѓу две изданија на СВП. ...
Петнаесет млади поети на возраст од 16 до 25 години се избрани да читаат на „Отскочна даска #3“, преднастан на четвртиот „Скопскиот поетски фестивал“. На конкурсот пристигнаа 41 пријава, а интерната жири-комисија, составена од членови на управниот одбор и на организацискиот одбор на фестивалот, го направи изборот. Наедно, УО на фестивалот изрази задоволство од бројот на примените пријави, како и од квалитетот на песните и талентот на ...
Претставата на Велешкиот театар „Вечера за глупаци“ од Францис Вебер во режија на Ненад Витанов синоќа го отвори 61. издание на Драмскиот аматерски фестивал во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани. Настапија Фаик Мефаилоски, Жарко Спасовски, Сандра Танчева, Талија Настова, Благојчо Стојанов, Кире Ацевски и Јордан Витанов. До сабота (25 мај) ќе бидат изведени 16 претстави. Денеска на репертоарот се „Валентајн, не благодарам“, на „Прва ...
Во аулата на Ректоратот на Универзитетот „Св, Кирил и Методиј“ во Скопје, во рамките на патрониот ден 24 Мај и одбележувањето на 75 годишнината од постоењето на Универзитетот беа доделени наградите на најдобро дипломираните студенти за учебната 2022/2023 година. Наградите на најдобрите студенти им ги врачи ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова. На свеченоста покрај наградените студенти и членовите на нивните потесни семејства, ...
Шестмина предавачи ќе учествуваат на првата Конференција за психолози и психотерапевти што ја организира Македонската асоцијација на психолози и психотерапевти, денеска во 4.20 часот во „Јавна соба“ во Скопје. По краткото обраќање на претседателката на асоцијацијата, Дора Попова Узуновски излагање ќе има Ана Чочова-Анастасовска на тема „Аутизам и екранизам карактеристики, сличности и разлики“. Нина Блажевска ќе зборува за предизвиците со кои се ...
Во библиотеката на гимназијата се одржа креативната работилница по пишување поезија и други литературни творби на која учествуваа 30 талентирани ученици од шест скопски средни училишта Во програмата за 4 година по предметот Македонски јазик и литература, творештвото на Анте Поповски се работи со патриотската лирика и тоа најчесто со „Вардар“ и „Македонија“, за жал на само еден наставен час. Колку малку простор за да се објасни сè што има ...
Новата хибридна инклузивна сликовница на кирилско писмо и на Брајова азбука во издание на „Арс Ламина“, „Шарени ириси“, ќе биде промовирана вечерва во 19 часот, во „Литература.мк“ во Дајмонд мол“. Промоцијата ќе се одржи во рамките на првото издание на „Видик“ – новиот фестивал за литература и општа култура. Ова издание на „Арс Ламина“ е со текст на Јована Матевска Атанасова и акварелни илустрации на Симонида Филипова Китановска, кои длабоко и ...
Во малиот салон на галеријата „Ко-Ра“ во Скопје утревечер 20 часот ќе биде отворена изложбата „Македонска мисла“ на м-р Славица Танеска. Самостојната изложба „Македонска мисла“ на која се претставени 20-ина дела, го афирмира македонскиот јазик и кирилското писмо преку народни поговорки. Во денешното време има многу парчиња облека со написи на неа, но редок е случајот тоа да е со кирилично писмо и на македонски јазик, вели авторката. -Преку овие ...
Со доделување на наградите за најдобра илустрација, најдобар текст и најдобра сликовница во целина вчера во Младинскиот културен центар во Скопје беше затворено 6. издание на Меѓународен фестивал на литература и илустрација за деца „Литера“. Наградата за најдобра илустрација „Си беше еднаш… Најубавите бајки на сите времиња“ илустрација Наталија Лукомска, адаптација на текст Оливера Ќорвезироска, издание на „Арс ламина“. Лукомска ќе има своја ...
Во Драмскиот театар во Скопје, утревечер во 19.30 часот на Лидија Димковска ќе ù биде врачена наградата „Роман на годината“ за 2023 година. Наградат ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, а Димковска ја доби за романот „Единствен матичен број“, издание на „Три“. Наградата се состои од плакета, оригинална статуетка (изработка на академскиот скулптор Сашо Саздовски) и паричен износ од 150.000 ...
Со доделување на наградите за најдобра илустрација, најдобар текст и најдобра сликовница во целина вчера во Младинскиот културен центар во Скопје беше затворено 6. издание на Меѓународен фестивал на литература и илустрација за деца „Литера“. Наградата за најдобра илустрација „Си беше еднаш… Најубавите бајки на сите времиња“ илустрација Наталија Лукомска, адаптација на текст Оливера Ќорвезироска, издание на „Арс ламина“. Лукомска ќе има своја ...