
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



До 22 јуни е отворен повикот за студенти заинтересирани да учествуваат на образовниот симпозиум што го организира Бордот на европски студенти по технологија (БЕСТ Скопје). Симпозиумот е организиран од студентите за студентите и има едукативен, научен и културен карактер. Главна тема е „Одговорно инженерство“, со наслов How to train your responsible engineer и ќе се одржува од 7 до 15 јули во Техничко-технолошкиот кампус во Скопје. – Повикот е ...
Во моментот во тек се уписите за учебната 2024/25 година. Интересот за завршување на средното образование во САБА се зголемува од година в година Работата во мали групи е најголемата предност на малите образовни институции, а една он нив е приватното средно улилиште САБА. Оваа ориказна почнала пред 16 години во Скопје, а само една година подоцна се отвора и почнува со работа САБА Битола. Оваа учебна година тие го слават 15-годишниот јубилеј. – ...
Филмот „Чуварите на формулата“ од Србија, во режија на Драган Бјелогрлиќ е прогласен за најдобар филм на Фестивалот на Југоисточна Европа SEE FF. За најдобри актери беа прогласени Алексис Маненти и Радивоје Раша Буквиќ – актерите од истиот филм, а доби награда и за најдобро сценарио (Вук Ршумовиќ, Огњен Свиличиќ, Драган Бјелогрлиќ), За најдобра актерка беше прогласена Даница Чурчиќ од црногорскиот филм „Сирин“. Фестивалот на Југоисточна Европа, ...
Претставата „Сите прекрасни нешта“, според Данкан Мекмилан, а по текст на Ана Ристоска Трпеноска, ќе има премиера вечерва во 20 часот во театарот „Ацо Шопов“ во Штип. Претставата е во режија на Нела Витошевиќ. Сценографијата е на Васил Христов, костимографијата – на Моника Гачева, а изборот на музиката – на Нела Витошевиќ. За видеодизајнот се погрижи Горан Трајков, а дизајнот на плакат е на Дамјан Момировски. Улогите ги толкуваат: Ефтим Трајчов ...
Претставата „Ало! Ало!“ во режија на Синиша Евтимов на Театар „Комедија“ ќе биде изведена вечерва во 20 часот на сцената на Центар за култура „Марко Цепенков“. Огромен интерес владее кај прилепската публика за претставата, која беше распродадена една недела пред да започне фестивалот. Улогите ги толкуваат: Атанас Атанасовски, Жаклина Петровска, Валентин Костадиновски, Асен Алберто, Сергеј Димоски, Тони Денковски, Виктор Арсов, Јаков Спасов, ...
Крајот на оваа учебна година означува посебна пресвртница за Центарот за германски јазик, познат и како „ЦГЈ Илиеви“. Во чест на јубилејот, 25 години од основањето тие организираа незаборавен настан во пациото на Заводот и музеј од Битола, инспириран од неодамна завршениот Интернационален фестивал на монодрамата. Учениците од „ЦГЈ Илиеви“ ја презедоа одговорноста за настанот низ еден демократски и слободен процес, носејќи сами одлуки како сакаат ...
Десетина средношколци и основци учествуваат на работилницата за едукација на млади новинари од областа на драмската дејност што ја спроведува Умно.мк во соработка со Македoнскиот татарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Работилниците ги држат Весна Ивановска-Илиевска и Сребра Ѓорѓијевска, новинарки, уреднички и основачки на платформата за уметноста, наука и образование Умно.мк. Тие им ги пренесуваат своите долгогодишни искуства на младите што се ...
Во чест на 90-годишнината од раѓањето на Петре М. Андреевски утревечер во 19 часот во Паркот на книгите на „Матица ексклузив“ во Скопје ќе се одржи промоција на книгата „Македонска љубовна лирика“. Делото го приредија Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновски од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. На настанот, стихови ќе интерпретира актерот Роберт Вељановски, а во рамките на музичката ...
Конференцијата „Чувари на мудроста“ ќе се одржи утре во 10 часот во Младинскиот културен центар во Скопје. Настанот го организира Халкбанк, а ќе ги собере на едно место луѓето кои со своето знаење, искуство и успех ги мотивираат идните генерации. Конференцијата ќе понуди бесплатни корисни совети од успешните за сите студенти, млади професионалци и претприемачи на кои им е потребна мотивација, инспирација и црпење искуство од луѓето кои оставиле ...
Народниот театар од Битола ќе учествува на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ вечерва во 19.30 часот на сцената на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Претставата е во режија на Ќендрим Ријани и е дел од официјалната програма на фестивалот. Улогите ги толкуваат: Соња Ошавкова, Валентина Грамосли, Елена Моше, Илина Чоревска, Викторија Степановска – Јанкуловска, Маја Андоновска – Илијевски, Марија Стефановска, Сандра ...
Благодарен сум што сум дел од оваа „приказна“. Токму затоа, ќе прочитам дел од она што е есенцијата од намерата за основањето на фондацијата. Дел е од она што Горан ни го пренесуваше и ни го раскажуваше. Велеше: Сите живи суштества се раѓаат со инстинктот на преживувањето. Пајаците за да реживеат имаат совршен вроден инстинкт за ткаење мрежи. Луѓето за да преживеат имаат совршен вроден инстинкт за ткаење приказни, за тоа кои се, што се, од каде ...
Приказната за „Овде, во близина, живее едно девојче“ зборува со исто чувство насекаде, каде што имав директен контакт со младите читатели – вели словенечкиот илустратор Петер Шкерл, кој на 14 јуни ќе гостува во Скопје На повеќе локации низ Скопје од 12 до 15 јуни издавачката куќа „Чудна шума“ ќе го реализира „YES FESTIVAL, Млади европски приказни, млади креативни луѓе“. Богатата програма на активности, промоции, средби со автори е примамлива за ...
Во кафе-галеријата „Концепт 37“ вечерва во 18 часот ќе биде отворена изложба и ќе биде промовиран проектот „Нишки како воздишки“. Специјални гости се Чие Нагашима и Атсуши Кобајаши – лектори по јапонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Тие ќе изведат чајна церемонија. Проектот „Нишки како воздишки“ е посветен на дел од јапонската култура и е реализиран по избор на учесниците – ученици од шесто, осмо и деветто одделение во ...
Во во кафе-галеријата „Концепт 37“ вечерва во 18 часот ќе биде отворена изложба и ќе биде промовиран проектот „Нишки како воздишки“. Специјални гости се Чие Нагашима и Атсуши Кобајаши – лектори по јапонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Тие ќе изведат чајна церемонија. Проектот „Нишки како воздишки“ е посветен на дел од јапонската култура и е реализиран по избор на учесниците – ученици од шесто, осмо и деветто одделение ...
Која е разликата помеѓу екранизам и аутизам? Колку е зачестена оваа појава кај нас, што да преземат родителите чии деца се зависни од екрани? Како да се спречат последиците? Ова се само дел од прашањата на кои се осврнува Љубица Димовска, специјален едукатор и рехабилитатор. Таа е гостинка во третата епизода на „Умен поткаст“. – Според светски статистики 85 отсто од децата имаат уреден развој, а 15 отсто се со развојни отстапувања или ...
Проектот „Цртај, слушај и чувствувај на македонски јазик!“ на младата уметница Јана Борбала Панзов завчра беше промовиран во Будимпешта. Во ремките на манифестацијата „Цртај на македонски јазик“ што веќе неколку години ја организира Министерството за култура, Јана илустрираше неколку македонски народни песни (Македонско девојче, Јано мори, севдалино, Зајко Кокорајко, Благуно дејче, мори Пожаранче, Билјана платно белеше). Илустрации содржат ...
Во „Јавна соба“ во Скопје денеска од 11 до 15 часот ќе се оддржи третиот базар, досега најголем, на кој ќе бидат изложени облека, книги, играчки и други прозиводи „од втора рака“, како и рачно изработени накит и аксесоари. – Ќе доживеете едно сосема поинакво пазарење, во забавна, опуштена и пријателска атмосфера. Има голема можност да се најде нешто уникатно што го нема во регуларните трговски центри – велат организаторите. На базарот ќе има 35 ...
Филозофија како слободен изборен предмет ќе може да изберат учениците од 4, 5 и 6 одделение од идната учебна година. За разлика од задолжителниот предмет Филозофија за 4 година средно образование, предметот за основно образование не претставува изучување на историјата на филозофијата или анализа на апстрактни филозофски идеи. Од Филозофското друштво на Македонија велат дека низ конкретни примери, низ приказни, мисловни експерименти и друштвени ...
„Кој го уби Едгар Алан По“ е најновиот роман на писателот Владо Јаневски, во издание на издавачката куќа „Или-или”, што ќе биде промовиран на 10 јуни во 20 часот во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје. Самиот наслов на романот доволно интригира и фрла сенка врз смртта на еден од главните претставници на американскиот романтизам и предвесник на симболизмот По; дали тој починал од природна смрт или можеби е убиен, нешто што и ден денес е ...
Фестивалот за класичен балет и модерен танц ќе се одржи утревечер и на 8 јуни во Македонскиот народен театар, а во организација на Детскиот културен центар – Карпош. Овој фестивал е единствен од ваков тип кај нас, кој е референтна точка за сите вљубеници во балетската уметност и современиот танц, вели директорката д-р Билјана Лалчевска Серафимовска. Наградата за животно дело оваа година ќе и’ биде доделена на професорката Елисавета Кушовска, а ...
Проектот „Пејзажно искуство“ со кој уметниците Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска преклани ја претставија Македонија на 59. Биенале на уметност во Венеција, вечерва во 20 часот ќе биде претставен пред новосадската публика. Мултимедијалниот проект ќе биде поставен во Музејот на современата уметност на Војводина во Нови Сад и ќе биде отворена за јавноста цел месец. Куратори на проектот се Ана Франговска и Сања Којиќ-Младенов, а комесар е ...
Поетот Митко Гогов со своја поезија е застапен во две американски тематски антологии. Станува збор за проекти на американската издавачка куќа Inner Child Press World healing“ и Being Human во кои се застапени познати автори од сите континентни. Вилијам С. Питерс е координатор и уредник на овие изданија. Преводот на поезијата на Гогов го направи Никола Ѓелинчески. Исто така неодамна во новиот број на реномираното списание за поезија „Poetix“ во ...
По синоќешното експлозивно отворање на 23. издание на OFFest со импресивниот настап на „султанот на сахарскиот блуз“ Бомбино, како и на ѕвездите на јужноафриканскиот психоделичен транс BCUC (Bantu Continua Uhuru Consciousness), Фестивалот на музика на светот продолжува натаму. Втората вечер во 20 часот во Националната опера и балет е резервирана за вкусниот микс од меланезиски, индиски, африкански влијанија и европски фолк со елементи на ...
Голем интерес владее за влезниците за речиси сите 11 претстави што се селектирани на програмата на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, што ќе биде отворен вечерва. Редици прилепчани од првиот ден кога беа пуштени влезниците во продажба, покажаа голем интерес за својот фестивал и можноста да ја видат најновата продукција. Поголемиот дел од претставите од програмата на 58. издание се продадени пред да започне фестивалот, што покажува колкав е ...
Со поетскиот митинг на кој учествуваа 17-мина македонските и бугарските поети синоќа во Македонскиот културен центар во Софија заврши 15. „Македонска книжевна визита во Софија“. Целта на овие средби е афирмација на македонската литература во Бугарија и продлабочување на македонско-бугарските книжевни и културни врски. Своите поетски стихови си ги споделија: Влада Урошевиќ, Маја Панајотова, Бранко Цветкоски, Димитар Христов, Јулијана ...
Промената е најискрената потрага по сопствениот креативен потенцијал. Промената е и првата победа во битката со конформизмот, старите навики, инертните или наследени ситуации. Промената е во секој од нас, ние сме промената! Педесет и осум пати во овие педесет и девет години овде во Прилеп почнувал фестивал кој влијаел, влијае и ќе влијае на сите нас. Вечерва по педесет и осми пат почнуваме да го славиме театарот, уметноста која спојува во себе ...
Слушајте го овој албум и потоа веднаш заборавете го! Доколку остане премногу долго со вас, нема добро да си поминете… Пишува: Вангел Ноневски Новиот албум на „Светлост“ го преслушав 4-5 пати пред да ја посведочам неговата концертна промоција во МСУ, во средата на 5 јуни. Првичниот впечаток, со кој планирав да ја започнам оваа рецензија, осврт или што и да е, ми беше следниов: „Со овој албум ,Светлост’ го искристализираа својот стил кој го ...
Многу активности, промоции, презентации, претстави ќе бидат дел од програмата посветена на Горан Стефановски што ќе се реализира денеска во текот на цел ден во рамките на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“. Горан Стефановски годинава е Автор во фокус на фестивалот. Почнувајќи од 10 часот во киното „Мис Стон“, ќе биде изведена претставата „Јане Задрогаз“, а во неа играат учесниците на едукативните работилници во рамките на програмата „Чернодрински за ...
Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“ отвори повик за автори со креативни документарни проекти за учество на Форумот „МакеКоПроДокс2024“.Форумот пречекува претставници од регионалните филмски центри, професионалци за документарен филм и 10 проекти кои се во различни фази на продукција. Шестото издание на форумот ќе се одржи ма 15. издание на „Македокс“ од 19 до 21 август во Скопје. Може да аплизираат продуценти/автори на ...
Отворен е конкурсот за наградата за најдобар превод на македонски јазик „Драги“. Наградата е воспоставена за да се направи вреднување на преведувачката продукција во Македонија, како и да се истакне вредноста и важноста на преведувањето за нашиот културен простор. За наградата може да се учествува со книги објавени во периодот меѓу 1 јули 2023 година и 30 јуни 2024 година. Објавените книги мора да бидат преведени од оригинален јазик, а може да ...