
Скопје
33ᴼ /
33ᴼ



Петнаесетмина дипломци, најуспешни студенти на македонските факултети што негуваат инженерски дисциплини, го примија признанието „Инженерски прстен“ во четвртокот на церемонија што се одржа на платото пред црквата „Свети Климент и Пантелејмон“ – Плаошник во Охрид. Признанијата им ги врачи претседателката Гордана Сиљановска Давкова. „Инженерски прстен“ се доделува по 21. пат, а годинашни добитници се 15 најуспешни дипломирани студенти од ...
Саранда Мехмеди и Иван Антоновски се првите добитници на стипендијата „Ацо Шопов“, што фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ одлучи да ја доделува на студенти од втор и трет циклус, по минатогодишното одбележување на 100 години од раѓањето на македонскиот класик. Кандидатите се избрани едногласно од страна на стручното жири на фондацијата, чии членови се: проф. д-р Лидија Капушевска-Дракулевска (УКИМ), проф. д-р Луси Караниколова-Чочоровска (УГД ...
Големa е придобивката од едносменското работење. Првото е за децата наутро да учат, а второ, се покажало во поразвиените земји дека подолгиот престој на децата во училиште дава подобри резултати во образованието. Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, при посетата на Општина Охрид. – Кога велиме едносменски, тоа значи учениците да бидат на училиште осум часа, но, тоа не значи дека тие ќе учат постојано осум ...
Пред полното гледалиште во паркот на Младинскиит културен центар, со македонската премиера на филмот „Ефтеркланг: Македониум бенд“ во режија на Андреас Јонсен и во продукција на МКЦ, Rosforth и Rumraket и концертот на „Ефтеркланг: Македониум“ синоќа беше отворен 23. Меѓународниот фестивал на европски филм „Синедејс“. Музичкиот документарен филм кој се снимаше во текот на април 2023 претставува музичко патешествие на групата „Ефтеркланг“ во ...
На неколку локации во Преспа викендов започнува уште едно издание на “Мeet Prespa“ („Запознајте ја Преспа“), фестивал кој настана од иницијативата да ги поврзе луѓето од сите три страни на езерото, со добра музика, локална храна и дружење. Фестивалот ќе започне вечерва во 20 часот во селото Брајчино со музичка програма на која ќе настапат Марија Каева, Виолета Качакова, Александар Гавровски и Добрила и Дориан Дуо. Оваа музичка вечер е посветена ...
23. издание на Фестивалот на европскиот филм „Синедејс“ беше отворено синоќа со македонската премиера на филмот „Ефтеркланк Македониум“ и со концерт во чест на филмот. Полн беше паркот на МКЦ со филмофили и почитувачи на овој фестивал. Фестивалот за прогласен го отвори министерот за култура Зоран Љутков. На програмата на вториот ден денеска се дури шест филма. Независниот македонски краток филм „Мавера“ во режија на Батухан Ибрахими, ќе ја има ...
Светскиот виолинист Џулијан Рахлин ќе го отвори најголемиот фестивал во земјава, „Охридско лето“ вечерва во 21 часот на Античкиот театар. Тој ќе настапи заедно со оркестарот на Македонската филхармонија. За маестро Рахлин критиката вели дека е еден од највозбудливите и најпочитуваните виолинисти, уметник кој ја маѓепсува публиката низ целиот свет со неговиот исклучително богат звук, беспрекорна изведба и маестрална интерпретација. Филхармонијата ...
Некои семејства размислуваат да подигнат кредит, сė уште бараат начин за учеството на нивното дете на олимпијадата во Иран – вели Ружица Андроникова, мајка на олимпиецот Јан Стојановски, едно од златните деца на Македонија што со години наназад освојува медали на светски натпревари Вкупно 138.400 денари ќе плати овој месец семејство на Јан Стојановски, еден од најталентираните македонски ученици, за да ја претстави Македонија на двете ...
Изложбата на Гордана Вренцоска, насловена „Геометриски медитации“ ќе биде отворена вечерва во 19 часот во Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница. Изложбата е во рамките на програмата на настани за Павловден на Општина Виница. Гордана Вренцоска се истакнува како исклучителен деец, интердисциплинарен уметник, дизајнер и професор. Нејзиниот истражувачки дух и маестралното претворање на резултатите од истражувањата во уметничките дела е она што ...
Поради топлото време Владата донесе препораки за ослободување од работа на неколку категории граѓани и забрана за физичка активност на отворено. Од работни обврски се ослободуваат бремените жени и лица на возраст над 60 години во период од 12 јули до 18 јули. Во истиот период, работодавачите да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење градежни и други ...
До 31 август ќе трае јавната консултација за подобрување на квалитетот на основното образование, соопшти Министерството за образование и наука. Секој граѓанин може да учествува со свои сугестии и предлог решенија за евентуални промени во нацрт-наставните програми за седмо, осмо и деветто одделение кои се веќе изработени од стручни тимови, составени од советници од Бирото за развој на образованието, универзитетски професори и наставници од ...
Полуматурантката Јана Кепеска ја освои првата награда, а Антонија Атанасова, ученичка во прва година во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, ја освои втората награда, на престижниот балетски натпревар „Миа Чорак Славенска“ што се одржа во Загреб. Атанасова доби и стипендија за едногодишно школување на Intrlochen Centre of the Arts во САД. Двете ученички се во класата на проф. Дафина Данилоска – Кочевска. Матурантката Ева Десоска доби награда да ...
Како студент на молекуларна биологија со генетика, практичната настава, односно вежбите кои ни се задолжителен дел од студиумот на нашиот смер и се одвиваат во лаборатории ја нудат една од најважните основи за стекнување нови рутини и знаења кои се на многу високо ниво – вели апсолвентката Деница Ангеловска од Скопје За секој љубител на биологијата и општо на природата, Институтот за биологија е вистинското место во кое припаѓа. Нашиот институт ...
Сè уште нема решение за талентираните ученици по природни науки кои ја претставуваат Македонија на светските олимпијади. Вкупно 28 ученици и 12 ментори ќе треба сами да ги платат авионските билети за да учествуваат на олимпијадите по биологија, математика, хемија и физика во Астана во Казахстан, Бат во Англија, Хонг Конг во Кина, Ријад во Саудиска Арабија, Исфахан во Иран и Кутаиси во Грузија. Со години тие се враќаат со медали освоени за ...
Манифестацијата „Антево слово“ на која ќе бидат врачени истоимените награди, ќе се одржи вечерва во 19 часот во Центарот за култура во општина Ѓорче Петров во Скопје. Овие награди се дел од меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“ за најдобра поетска творба во чест на великанот на македонската поезија Анте Поповски. На свеченото доделување ќе присуствува Геро Ла Векија, а оваа година ќе се доделат наградите и за добитниците од ...
Џез составот Next to Silence вечерва во 22 часот ќе одржи концерт во клубот „Џез ин“ во Охрид. Најава за концертот е музичкото видео за композицијата Tsunami, снимен на археолошкиот локалитет Плоча-Миќов Град на Охридското Езеро, во соработка на музичката група со Заводот и музеј од Охрид и Центарот за истражување на предисторијата. Автор на видеото е Христијан Талевски, а звукот е снимен од Ивица Јанкуловски. Концертот е дел од настаните со ...
Филмот „Дали си маж“ во режија на Ѓорче Ставрески ја освои главната награда од жирито за најдобар филм на Dieciminuti Film Festival (Филмски фестивал 10 минути) што се одржа од 1 до 6 јули во градот Чечано во Италија. Ова не е прво меѓународно признание за филмот на Ставрески. Во минатите два месеци беше награден исто така на два фестивали во Италија, посветени на на кратките филмови. Главната улога во„Дали си маж“ ја игра деветгодишниот Данило ...
Самостојна изложба на Доротеј Нешовски „Ноќна шума“ ќе биде отворена вечерва во 20 часот во Магазата во Битола. Куратор на изложбата е Дарко Алексовски, визуелен уметник. Координатор на проектот кустос за современа уметност е Сандра Котевска. „Ноќна шума“ е продолжување на истражувачките методи на Нешовски, долгорочно посветени на трансформативниот потенцијал на неколку едонставни формални елементи и материјали со кои работи во различни формати: ...
На тераста на хотелот „Аполонија“ во Гевгелија, вечерва во 20.30 часот ќе биде отворена 20. Ликовна колонија „Аполонија“. Ова е значаен јубилеј за ликовната колонија, велат организаторите. Со свои дела ќе се претстават уметниците: Ниче Василев, Гоце Божурски, Драги Хаџи-Николов, Мирјана Крстева –Массетти, Бојан Савиќ, Ѓорѓе Станиќ, Иван Кузмановски, Ифигенија Васдари, Зивер Каплан, како и гостинката Оливера Аџиќ и фотографот и добар пријател на ...
Беше разгледувана можноста за брза интервенција и финансиска помош на здруженијата за да може да го остварат учеството на меѓународните олимпијади Со новиот закон за средно образование ќе се најдат системски решенија за финансирање на учеството на олимпијади, добија ветување друштвата од полето на природно-математичките науки кои вчера се сретнаа со државниот секретар за образование во Министерството за образование и наука, Елена Ивановска. ...
Изложба и претстава за деца вечерва се на програмата на манифестацијата Скопско лето. Вп Музејот на град Скопје во 20.30 часот ќе биде отворена изложбата „Модерна традиција“ од Филип Фидановски. Гости на изложбата се Маријана Костојчиноска-Узунчева и кураторот на изложбата Јасминка Намичева. Изложбата „Модерна традиција“ претставува спој на традиционалната грнчарија, која е автентична за македонската традиција, и нејзиното трансформирање во ...
Збирката „Драми“ на Ана Ристоска Трпеноска неодамна излезе под наслов „Драми“, а во издание на „Перун Артис“ од Битола. Драмскиот ракопис на Ана Ристоска Трпеноска во голема мера потсетува на промислување на Мартин Кримп, драматичар што заврти нова страница во британската драматургија. Таа е остра, неприкосновена, опскурна и ситничава во своите реплики, егзактна и сурова, но од друга страна е филозофски прибрана, длабока и неселективна. Во ...
Македонската премиера на филмот „Ефтеркланг: Македониум бенд“ во режија на Андреас Јонсен закажана за отворањето на 23. „Синедејс“ на 11 јули е целосно распродадена, известија од Младинскиот културен центар. Освен проекција на филмот, што е во продукција на МКЦ, Rosforth и Rumraket, ќе следува и концерт на „Ефтеркланг: Македониум бенд”. Музичкиот документарен филм кој се снимаше во текот на април 2023 претставува музичко патешествие на групата ...
Делириум во Сплит, Еуфорија во Шибеник, НЏО и Рамбо го разбудија Вис се само дел од насловите кои ги објавија хрватските медиуми за време на турнејата на Националниот џез оркестар, кој го нарекоа и „најлудиот оркестар на Балканот“. Рекордно продадени концерти, изблици на еуфорија, громогласни аплаузи, бројни осврти и написи во хрватските медиуми ја означија првата официјална интернационална турнеја на Националниот џез оркестар кој настапи со ...
Самостојна изложба на Мелихат Тузун од Турција која гостува во Македонија во рамките на интернационална Ликовна колонија која здружува уметници од повеќе земји, ќе биде отворена вечерва во 19.30 часот во галеријата „КО-РА“ во Скопје. Гостувањето е во рамките на меѓународната соработка, на иницијатива на академик, проф д-р Фехим Хусковиќ. Мелихат Тузун е професорка и декан на Универзитетот „Тракија” во Турција на Факултетот за убавите уметности, ...
Само со структурна и трајна соработка во борбата против нелегалната трговија со културни добра се спречуваат криминалните активности не само врз културното наследство туку и врз идентитетите на заедниците и државите во целина, рече Синиша Шешум од Регионалното биро на УНЕСКО за наука и култура во Европа на отворањето на настанот посветен на борбата против недозволената трговија со културното наследство во Западен Балкан што се одржува во Скопје. ...
Фотографијата како медиум за уметничка експресија низ годините го менува својот примат, но она што останува константно е нејзината моќ да сведочи за просторот и времето во кое е создадена. Проектот „Фотоколонија Пелагонија“ кој го реализира Центарот за европски развој и интеграција од Битола е замислен токму по линиите на таа премиса. Проектот се реализира со финансиска поддршка од Министерството за култура во рамки на програмата за визуелни ...
Покрај знаењето што го стекнавме во текот на школувањето, голем придонес во градењето на личноста што сум денес имаа многуте проекти преку кои стекнав огромни искуства. По скоро една година помината во Словенија, јасно гледам колку запознавањето луѓе од различни земји и култури и разговарањето на различни светски теми, ми помага во наставата, а и во секојдневниот живот – вели Иван Георгиев Студирам архитектура на Факултетот за градежништво, ...
Филипа Сара Попова за необјавената стихозбирка „Скршен терариум“ ја доби наградата „Млада Струга“ што ја доделува фестивалот Струшки вечери на поезијата и Јуроп хаус Струга. За наградата одлучуваше жирито во состав: Славе Ѓорѓо Димоски, претседател и членовите Виолета Танчева-Златева и Андреј Ал-Асади. Во образложението на одлуката пишува дека авторката е извонредно надарена поетеса, полна со луцидни рефлексии и сензации за животот, времето и ...
Можеби сега студентите не можат да ја видат поволноста што им се овозможува. Меѓутоа, како ќе навлегуваат во процесот, така ќе им се откриваат и можностите – вели проф. д-р Јасмина Буневска Талевска, проректор за студентски работи на УКЛО Универзитетот ,,Св. Климент Охридски“ – Битола е првиот државен универзитет во земјава кој донесе Правилник за вреднување на воннаставните активности на студентите на Универзитетот. Со Правилникот се утврдуваат ...