
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



Идејата беше во весникот да претставиме успешни приказни од училиштето и од нашата средина, вели наставничката по македонски јазик Милева Манчиќ-Пауновска Основците од скопското училиште „Вера Јоциќ“ неодамна го објавија првиот број на списанието „Мозиак“. Тие имаат редакција како вистински медиум. Предводени од својата наставничка по македонски јазик, Милена Манчиќ-Пауновска го „извадија“ првиот број на 36 страници, а покрај електронското ...
На летната сцена на Градскиот плоштад во Крива Паланка вечерва во 20 часот целовечерен концерт ќе одржи Сашко Митев и инструментална чалгиска група. Митев е вокалист и инструменталист, член на амсамблот „Танец“, а ќе настапи во придружба на Костадин Андоновски (виолина), Влатко Терзиски (кларинет), Тимко Чичаковски (канон) и Дамјан Зифовски (тарабука). Настанот е извонредна можност кривопаланчани да се запознаат и потсетат на вистинскиот дух на ...
Поетесата Славица Гаџова-Свидерска доби награда за песната „Картографија на себеси“ на 25. издание на поетскиот фестивал „Мелнички вечери на поезијата“ во Мелник, Бугарија. Фестивалот има долга традиција и секоја година ги собира поетите од регионот во живописниот Мелник. На фестивал своевремено биле наградувани и македонските поети Гане Тодоровски, Раде Силјан и Христо Петрески. Ова е втора поетска награда за Гаџова-Свидерска во Бугарија. ...
Здружението за истражување, заштита и промоција на културното наследство „Вулгус“ од Скопје вечерва во 20 часот во „Мала станица“ во Скопје ја организира изложбата Aeterna Nova (кованица од латинските термини „вечна“ и „нова“). Станува збор за мултимедијална изложба посветена на облековната култура на сите етнички заедници кои живеат во Македонија. Оваа изложба презентира нов начин на промовирање и претставување на начинот на облекување од ...
Со проекција на филмот „Да живее Запата!“ вечерва во 20 часот во Кинотеката во Скопје ќе почне одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на легендарниот холивудски глумец, Марлон Брандо. Три филма со Брандо ќе бидат прикажани во текот на неделава. Утревечер (18 јуни) ќе има проекција на „Квемада – островот во пламен“, а на 22 јуни ќе биде прикажан „Апалуса – Југозападно од Сонора“. Сите проекции почнуваат од 20 часот, а билет чини 150 ...
Самостојна изложба на слики на современиот академски визуелен уметник Зоран Арсовски-Бабата со наслов „Нови хоризонти“ ќе биде отворена на 20 јуни во 19.30 часот во Центарот за култура во Крива Паланка. Изложбата е во рамки на манифестацијата Крива Паланка – Град на културата за 2024 година. Ова е негова 16. самостојна изложба. Арсовски е роден 1980 година во Куманово. Дипломирал 2005 година на Националната ликовна академија во Софија, насока ...
Еден дипломиран хемичар има широк спектар на работни позиции кои му се нудат, без разлика за која од трите насоки ќе се определи, наставна, применета хемија или применета хемија- аналитичка биохемија, вели младата студентка Благица Јанева Хемијата е „виновна“ за речиси секоја промена околу вас. И секојдневното варење на утринско кафе претставува хемиска реакција. Еден дипломиран хемичар има широк спектар на работни позиции кои му се нудат, вели ...
Самостојна изложба на слики на современиот академски визуелен уметник Зоран Арсовски-Бабата со наслов „Нови хоризонти“ ќе биде отворена на 20 јуни во 19.30 часот во Центарот за култура во Крива Паланка. Изложбата е во рамки на манифестацијата Крива Паланка – Град на културата за 2024 година. Ова е негова 16. самостојна изложба. Арсовски е роден 1980 година во Куманово. Дипломирал 2005 година на Националната ликовна академија во Софија, насока ...
Шестото издание на филмската ревија „Златна рамка“ – Денови на македонскиот филм, во организација на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) ќе се одржи од 18 до 20 јуни во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар во Скопје. „Златна рамка“ претставува можност за публиката бесплатно да ги погледне македонските филмски остварувања што биле реализирани во текот на изминатата година, а биле поддржани од Агенцијата за филм. ...
Продолжена е ретроспективната изложба на дела од Мирослав Масин во Даут-пашиниот амам во Скопје, информира Националната галерија на Македонија. Поради големиот интерес од публиката, поставката „Подобро на гранка отколку заглавен во лифт“ ќе трае до 30 јуни. Куратор на изложбата е Маја Чанкуловска-Михајловска, виш кустос во Националната галерија. – Наметнатите ограничувања и норми, пред сè општествени трансформации и насилни мерки на ...
Владимир Костов, идеен креатор на фестивалот кој годинава се одржа по 10. пат зборува за истрајноста, за љубовта кон виолината што ја негуваат многу млади ученици и талентирани млади луѓе, но и за неговите почетоци во класичната музика Пишува: Љубица Ангелкова „Виолин фест“ е единствен проект во регионот од ваков вид. Со самото постоење досега, можам да кажам дека еден од ретките концерти воопшто што го задржува својот континуитет и раст. ...
Ретка можност да слушнете нешто за Далечниот Исток и јапонската култура од професорот Јамада Јуџи од Јапонија, кој утре и задутре ќе зборува на интересна тема и ќе се обиде да ги разјасни стереотипите за нинџите, онака како што тие се претставени на Запад. Предавањата се закажани за утре и задутре од 10 часот на Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Местата за утре се пополненети, а за второто ...
Ние возрасните често пати знаеме од децата да скриеме работи што може да ги натераат повеќе да не почитуваат или да ни веруваат. затоа искористете го секој момент да ја споделите сопствената благодарност – бидете добар пример… Пишува: Гоце Бумбароски, наставник во ООУ „Кочо Рацин“, Прилеп Благодарноста е повеќе од тоа да кажеш „благодарам“ или да кажеш дека се чувствуваш благодарен. Се работи за тоа да потенцираме на кого или за што сме ...
Украсување садови преку отпечаток од прстен во хеленистичкиот период е исклучително редок начин на украсување, кој се јавува само во развиените производни центри Садови со втиснати печати, фрагменти од големи керамички питоси, траги од украсени ѕидови со боен малтер, во вообичаената хроматика од македонските градови на југ пронајдоа кумановските археолози на локалитеттот Градиште во Младо Нагоричане, Кумановско. Ископувањата се одвиваа 4 недели ...
Една огромна работилница од 7 месеци, четири работилници тука, една изложба, 11 претстави во официјална конкуренција, пет во придружна, секојдневно учество на Скомрахите, Театроск, Разговори на тркалезна маса, промоции на книги, презентации, ден на Горан Стефановски, филм, музика и дружења… Вие драга публико, сте мојата лична победа, затоа вам јас ви се поклонувам! – рече Ана Стојаноска На Прилеп му треба театарска зграда! Да не дозволиме ...
Посетата на Билазора кај селото Кнежје, Светиниколско беше уникатна можност за учесниците на 2. Летна школа „Европско и балканско културно наследство“ да истражуваат на терен и да научат повеќе за древната историја и археологија на регионот. Вчера заврши школата што ја организираат Филозофските факултети од Скопје и од Белград. – На учесниците им беа доделени сертификати за успешно завршен курс, што ја потврдува нивната ангажираност и учество во ...
Традиционалната ликовна изложба „Самоуки 2024“ синоќа беше отворена во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово. Претставени се околу 40 дела во форма на слики, цртежи и скулптури изработени од 22 автори. – Целта и идејата на оваа изложба е претставување на кумановските неакадемски уметници пред пошироката јавност, но, воедно, и развивање на афинитети кон визуелните уметности, едукација и презентација на едно запоставено творештво ...
„Колега Стиков“ е нововостановената награда што ја распишаа „Наука за деца“, Фондацијата „Кантарот“ и семејството на познатиот спортски коментатор Александар Стиков. Под мотото „Добриот глас надалеку се слуша“ во име на славниот глас на Стиков, со оваа награда ќе се закити најдобриот млад презентер на научна содржина. Рокот за аплицирање е отворен од утре (15 јуни) до 15 јули на полноќ. – Ги повикуваме сите основци да нè восхитат со својот глас ...
Наградите ќе им бидат врачени вечерва на свечена церемонија во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во 19.30 часот, а во чест на наградените ќе настапат Добрила и Дориан дуо. Вечерва ќе биде соопштена и наградата од публика, што се воведе годинава, по пауза од повеќе години. Награда за уметничко остварување на претставата во целина освои „Црна дупка“ во режија на Љупчо Ѓоргиевски на театарот „Антон Панов“ од Струмица на 58. издание на ...
Конечно ги слушнаа нашите апели, но зошто чекаат да реагираат родители, наставници… Одамна се знае дека ќе биде топло, вели Пепи Стефановска, наставничка во школо во Карпош Основците на училиште, средношколците на распуст. Тешки услови за работа во неклиматизирани простории на многу високи температури, продолжена школска година, а непродолжени темини за наставниците да си ги завршат административниоте обврски и по завршувањето на наставата, еден ...
Во Ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Приелеп вечерва во 19 часот ќе биде отворена изложната „Испразнето гнездо“ од уметницата Марија Конеска. Проектот е рефлективно уметничко истражување на влијанието на емиграцијата врз Прилеп. Поттикнат е од специфичните политички и економски околности во Македонија кои доведоа до зголемено отселување. Уметницата се фокусира на родниот Прилеп каде емиграцијата е особено изразена. – ...
„Диво месо“ на Албанскиот театар, штипската „Лекција“ и „Натчовек“ на Драмски театар од Варна на претпоследниот ден на фестивалот Три претстави се на програмата на претпоследниот ден на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“ денеска. Албанскиот театар од Скопје во 17 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе ја изведе „Диво месо“ од Горан Стефановски, во режија на Мартин Кочовски. Улогите ги толкуваат: Бајруш Мјаку, Амернис Нокшиќи, Џевдет Јашари, ...
Во рамките на 58. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, денеска во 11 часот ќе се одржи промоција на книгата „Антигона“ од Славој Жижек во превод на Марио Стојаноски. За книгата ќе зборуваат режисерот Борис Василески, преведувачот Марио Стојаноски и актерката Ава Хусеини. Славој Жижек (1949) – словенечки филозоф и теоретичар на културата, најистакнат претставник на Љубљанската психоаналитичка школа. Еден од највлијателните мислители на ...
Во рамките на културната понуда на Град Скопје како Европска престолнина на културата 2028, во малиот салон на галеријата „КО-РА“ во Домот на културата „Кочо Рацин“ – Скопје, е отворена групна изложба со преку педесеттина дела. Оваа изложба е во рамките на проектот „Цртај на македонски јазик со глаголица“. „Цртаме на македонски јазик со глаголица“ кој е поддржан од Министерството за култура, Град Скопје и Домот на култура „Кочо Рацин “- Скопје. ...
Mонографијата „Антологијата на српската графика: 30 години српска графика на Триеналето за графика во Битола од 1994-2021 година“ и српското издание на романот „Кога ќе стивне прашината“ од Јасмина Атанасова беа промовирани во Белград и во Чачак. Белградскиот настан се случи во уметничкото одделение на Библиотеката на град Белград, каде Владо Ѓорески, уметничкиот директор на Меѓународното триенале за графика во Битола, ја претстави монографијата ...
Промоцијата на новиот изложбен простор во фаза реновирање (на бул. „Илинден“ бр. 63) ќе се одржи вечерва во 19 часот пред фонтаната „Лотус“ во Градскиот парк во Скопје Со изложба во руинираниот и сè уште нереновиран простор кој веќе една година го имаат во своја надлежност, членовите на Друштвото на ликовните уметници на Македонија ќе се обидат да ја анимираат јавноста и да го свртат вниманието кон важноста на овој објект. Промоцијата на новиот ...
Трибини, промоции, работилници се денеска на програмата на „Yes фестивал! Млади европски приказни, млади креативци“ штп с еодржува во Младинскиот културен центар. Во 16 часот ќе се одржи трибината под наслов „Различни и прекрасни: потребата за инклузивна книжевност за деца и млади“. Ќе учествуваат Билјана Црвенковска, Искра Димковска, Никола Гелевски и Денис Јанкуловски. Во 17 часот ќе се одржи „Работилница за (скоро) сите сетила“ инспирирана од ...
Би сакала да го одберам универзитетот кој ќе ме оспособи да направам живот за себе, а не само заработка , вели Леа Иако се двоуми помеѓу два реномирани универзитети на кои е примена, VU Amsterdam и King’s College во Лондон, Леа Кроневска, матурантка во меѓународното училиште „Нова“, е сигурна дека без разлика по која патека ќе тргне ќе добие одлични услови за развој и квалитетни академски програми. Вели дека за неа најважно е да има пристап до ...
Групна изложба на фотографии од концертите на Влатко Стефановски ќе биде отворена на 26 јуни во Мултимедијалниот центар „Мала станица“ во Скопје во рамките на 10. издание на фестивалот „Скопје синема сити“. Изложбата под наслов The Vlatko Stefanovski Experience ќе вклучи фотографии на Стефан Рајхл, Ангел Ситновски-Бојс, Огнен Ацевски и Немања Ѓорѓевиќ, како и артефакти и фотографии од архивите на музичкиот историчар Тошо Филиповски и Владимир ...
Три претстави во официјалната програма ќе бидат на програмата на шестиот ден на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Први во 17 часот на сценaта на театарот во Прилеп ќе гостува Театарот за деца и младинци од Скопје со младинската „Франкенштајн“, по мотиви од истоимениот роман „Франкенштајн“ од Мери Шели. Режијата е на Кокан Младеновиќ. Улогите ги толкуваат: Ангела Димитрова, Бојан Кирковски, Maтеа Јанковска Наташа ...