
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Младата индиска режисерка Пајал Кападиа беше наградена со Гран при за нејзиниот прв долгометражен игран филм, „Сè што замислуваме како светлина“ во Кан годинава. Ние го прикажавме нејзиниот студентски филм „Попладневни облаци“ во нашата натпреварувачка селекција во 2019 година, и токму него го гледавме и со младите во Битола на нашиот филмски караван – вели Дејан Здравков, селектор на краткометражната програма на фестивалот Редок по замисла и во ...
Во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, вечерва во 20 часот театарот „Војдан Чернодрински“ премиерно ќе ја изведе претставата „Бура“ од Вилијам Шекспир, во режија на Џон Блондел. Драматург е Лидија Митоска-Ѓорѓиевска, сценографијата, костимите, светлото и автор на плакатот е Благој Мицевски, а музиката е на Томе Темелкоски. Играат: Игор Трпчески, Ангела Наумоска, Даниела Иваноска, Наташа Ачански, Димитар Ѓорѓиевски, Александар ...
На овој начин научната мисла од областа на хемијата и хемиската технологија од Македонија, а преку неа и култура и идентитет, се промовира секаде во светот, вели проф. д-р Зоран Здравковски Пред педесет години, во едно многу поинакво општество од денешново, Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија го формираше Македонското списание за хемија и хемиско инженерство (MJCCE). Создадено како платформа за презентирање на научните сознанија, ...
Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со свечен научен собир утре на пладне во амфитеатарот при Институтот ќе ги одбележи годишнините од раѓањето на Гане Тодоровски (95 години) и на Петре М. Андреевски (90 години). Со поздравна реч, собирот ќе го отвори директорката на Институтот, проф. д-р Наташа Аврамовска. За научната дејност на Гане Тодоровски ќе говори проф. д-р Валентина Миронска-Христовска, ...
Фестивал посветен на мјузикли за деца и млади ќе се одржи утре и задутре во киното „Фросина“ при Младинскиот културен центар во Скопје. Фестивалот го организира Детскиот културен центар „Карпош“. Изведбите почнуваат во 19 часот. Фестивалот почнува утревечер со „Приказната за генијалната Матилда“, изведена на македонски јазик од талентираните членови на Студиото за детски и младински мјзикли „Бродвеј јуниор“ од Скопје. Фановите на Матилда нема да ...
Сандра Грибовска-Илиевска за неколку улоги во претставата „Брод за кукли“ во режија на Кокан Младеновиќ, а продукција на Народниот театар Битола, ја доби наградата за најдобра млада актерка, на 69. театарскиот фестивал „Стеријино позорје“, што се одржа во Нови Сад. Наградата го носи името на легендарната актерка Даринка Дара Чалениќ. „Стеријино позорје“ е еден од најзначајните театарски фестивали во регионот, каде битолскиот театар учествува по ...
Kомеморација за естрадниот и спортски менаџер Велибор Џаровски-Џаро ќе се одржи денеска напладне во Домот на култура во скопската населба Ѓорче Петров. Настанот симболично се организира на 40-тиот ден од смртта на Џаровски и токму на местото каде што ги организирал првите концерти и игранки. Ќе зборуваат неколку македонски музички ѕвезди и пријатели на Џаро со кои соработувал и се дружел во текот на менаџерската кариера во која организираше ...
Битолчани се подготвуваат за втората детска трка „Мини трчај бе“. Закажана е за 9 јуни во Градскиот парк во Битола под слоганот „Мали чекори за големи соништа“. Организаторот, познат по големата градска трка „Трчај бе“ која секој септември се случува во Битола, со иницијативата за детската трка сака да ги поттикне децата да ја прифатат физичката активност, да си поставуваат лични цели и да сонуваат за големи успеси. Огромниот одзив, со три пати ...
Во Офицерскиот дом во Битола вечерва во 20 часот ќе биде отворена изложба на дела од Тони Соколовски, насловена како „Ретроспектива на 3Д слики и 3Д изработки“. Тој ќе се претстави со фотографија/слика, најчесто дигитална, во која додава дополнителна димензија. Користи различни материјали: отпаден стиропор/стиродур, актилни бои, органски лепила. Соколовски (1968, Битола), со сликарство и 3Д техника во сликарството се занимава скоро една ...
До 14 јуни е продолжен е рокот на конкурсот за поетската награда „Млада Струга“ 2024, одлучи Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата. На повикот може да се пријават младите автори дебитанти. Од годинава, наградата ја доделува СВП во соработка со Јуроп хаус Струга и со поддршка на Делегацијата на Европската Унија во земјава. Наградата „Mлада Струга“ се доделува за најдобра необјавена поетска збирка од млад автор-дебитант. Авторот не смее ...
„Умен поткаст“ е место за инспиративни луѓе и муабети. За оние поединци кои прават разлика во општеството, а не секогаш добиваат шанса за зборуваат за суштинските теми. Ентузијазмот и желбата да зборуваме за теми што и нам ни недостигаат во етерот, ги спои тимовите на Umno.mk и 101 Podcast Studio во овој проект на кој соработуваат: Зоотроп Студио, ФлатФорм Филм и Поп Фото Мк. Наша гостинка во првата епизода е Ангела Стојановска, актерка со ...
Во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје вечерва во 19 часот ќе бидат промовирани донациите на лични фондови на Анте Поповски и на Матеја Матевски. Благодарение на соработката со семејствата Поповски и Матевски, музејот ги збогатува фондовите со подарени материјали за еминентните претставници на втората генерација македонски книжевници чии дела оставија силен печат врз општествената и културната сцена во вто рата половина на ...
„Преосмислување на урбаните простори: проект за јавни тоалети во Скопје“ е насловен проектот на Озбек Ајваз кој вечерва во 20 часот ќе биде отвиорен во КСП „Центар-Јадро“. Тој че се претстави со слики и описи за скулптурите поставени на повеќе јавни локации во Скопје придружени со документација од целиот процес на реализираните акции. – Скулптурите беа создадени за да се подигне свеста и да се информираат граѓаните за секојдневната опасност од ...
Книгата „Филм и филмска писменост“ од авторката Даниела Станковска-Плачковска ќе биде промовирана вечерва во 19 часот во Кинотеката. За делото ќе зборуваат Мими Ѓоргоска-Илиевска и Владимир Стојчевски. Ова дело содржи анализи и студии во кои се опфатени пристапите и активностите на европско ниво во областа на филмското образование /писменост за период од 2011 до 2021 год., а се дава краток преглед за односот на филмот и медиумот, филмската ...
Aлбумот „Нудист“ на „Пијан славеј“ ќе биде промовиран утре во 13 часот во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје. Албумот е издание на SJF Records, а промоцијата е во рамките на 23. издание на „Оффест“ што ќе се одржи од 6 до 9 јуни, Вториот студиски проект на „Пијан славеј“ (Бранислав Николов – вокал и мини електрично пијано, Пеце Трајковски – гитара и синтисајзер, Гоце Јованоски – бас и Славчо Јовев – тапани) се состои од 4 композиции, во вкупно ...
Учениците од средните училишта од Куманово се запознаваа со техниките на пишување и начинот на кој настанува едно книжевно дело во рамките на работилницата по креативно пишување што вчера се одржа во рамките на Фестивалот на прозата. Работилницаа ја водеа Јорданка Белева од Бугарија и Живко Грозданоски од Македонија. Авторите со нивното искуство направија и прикажаа неколку вежби во кои интерактивно се вклучија присутните млади од работилницата ...
Зошто сме дојдени на ова дереџе? Причините се многу, од капиталистичкиот поглед на сопствениците на медиумите и нивната кусогледост во поглед на „исплатливоста“ да се има редакција за култура, а камоли посебни новинари кои би се занимавале само со книжевност и книжевна критика, вели Наташа Атанасова Ќе почнам ин медиас рес, со тоа што сите го знаеме: „Критиката во македонија е во критична состојба“. За право на вистината, не е така со сите ...
Писателот Живко Гроданоски е нов претседател на Друштвото на писателите на Македонија. Тој денеска беше избран на редовно изборно Собрание. Беа избрани и новите раководни органи, а беа усвоени и измени и дополнувања во Статутот на Друштвото. За членови на Управниот одбор се избрани: Зоран Анчевски, Виолета Танчева-Златева, Марина Мијаковска, Сузана В. Спасовска, Бранко Цветкоски и Димитар Пандев. Избран е и Суд на честа, кој го сочинуваат: ...
Група млади ентузијасти од Крива Паланка се приклучија на иницијативата за зачувување на живото културно наследство преку проектот на Центарот за култура за изучување на традиционални инструменти Младите имаат интерес за изучување на кавалот, гајдата, тапанот, тамбурата и други народни инструменти, а своите вештини ги презентираат преку настапите на фолкорните друштва во кои членувуваат и на други манифестации во земјата и странство. Група млади ...
Задолжителниот испит по македонски, албански и турски јазик од државата матура се полага денес низ средните училишта во Македонија. 14.838 кандидати се пријавени за испитот по македонски јазик и литература, 10.093 за албански јазик и литература, 4189 – за турски јазик и литература. Годинава државната матура наместо во училници ќе се полага во големи простории во училиштата – холовите, училишните спортски сали или во друга голема училишна ...
Министерството за култура го објави конкурсот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“. Со наградата се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност. Наградата се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани. Конкурсот е ...
Поетскиот фестивал Струшки вечери на поезијата го објави конкурсот за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија. Книгата треба да е објавена на македонски јазик од 1 јуни 2023 до 31 мај 2024 година. – Наградата „Браќа Миладиновци“ се доделува за поетска книга напишана и објавена на македонски јазик (во книжен или електронски облик). На конкурсот може да биде пријавена и книга објавена ...
16 поети од седум земји гостуваа синоќа на отворањето на 4. Скопски поетски фестивал во киното „Фросина“ во Скопје. Пред многубројната публика настапија 16 поети од 7 земји. Програмата беше отворена со „Сонцето денес не изгреа“ ‒ театарски танцов перформанс на актерите Енџи Николоска и Бојан Лазаров по мотиви од поезијата на учесниците. Преходно, на преднастанот „Диптих“ #3 беа претставени преведените поетски книги на Танос Гогос од Грција и ...
Александар Маџаровски-Читачот е наш гостин во четвртата епизода на „Умен поткаст“. Дипломиран професор по филозофија, страствен читател од дете, Читалот во последните четири години е во благодорна мисија да промовира добра литература, не да критикува, но да ги истакнува делата што, според него, заслужуваат внимание од читателите. Проследете ја целата епизода в понеделник (3 јуни) во 9 часот на јутјуб-каналот на „Умен поткаст“. Сподели ...
Фестивалот за јапонска култура „Сакура фестивал“ ќе се одржи утре во текот на целиот ден во Младинскиот културен центар. Фестивалот е заедничка прослава на културата инспирирана од Јапонија и по повод 30-годишнината на македонско-јапонските дипломатски односи, ќе биде официјално отворен утре во 11 часот во МКЦ, а ќе се обратат амбасадорот на Јапонија, Оцука Казука. На концертот амбасадорот Казука ќе одржи и мал концерт на класична гитара. ...
Во Кинотеката на Македонија вечерва во 21.30 часот концерт ќе одржи познатиот лејтист Јозеф ван Висем. Од почетокот на кариерата, Ван Висем си постави цел да ги донесе звуците на единствената барокна лејта до пошироката публика, во што целосно успеа. Победник е на филмскиот фестивал во Кан за саундтракот за вампирската драма Only Lovers Left Alive. Ван Висем соработувал со Џим Џармуш, Џејмс Блекшо, Зола Хесус и многу повеќе неверојатни фигури од ...
Студентите од Факултетот за драмски уметности од денеска до 2 јуни го организираат филмскиот викенд „Хaj-фај“. Во 13 часот на ФДУ ќе биде организирано симулација на филмски сет наменет за средношколци. Станува збор за нова меѓународна филмска платформа направена од студенти за студенти. Истата ќе служи како отскочна даска за промоција на студенти од филмски катедри при нивното прогресирање кон професионалци. Програмата за овој прв настан е ...
Вкупно 11 талентирани средношколци ќе претстават Македонија на меѓународните олимпјади по математика и физика што ќе се одржат во јули во Англија и во Иран. Младите математичари Дамјан Давков, Алексиј Тасиќ, Никола Цветаноски, Леонид Тодороски, Бранко Јангеловски и најмладиот меѓу нив, Ивано Божиновски ја сочинуваат екипата за Меѓународната олимпијата по математика (ИМО2024) која ќе се одржи на Универзитетот во Бат, Англија од 11 до 22 јули. Во ...
Гости од Бугарија, Србија, Црна Гора и од Македонија ќе учествуваат на третото издание на Фестивалот на прозата што вечерва во 20 часот ќе започне во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово. Трибини, дебати, работилници ќе се реализираат на дводневната манифестација. Гости на првата вечер ќе бидат: Бојан Кривокапиќ од Србија, Петар Денчев од Бугарија, Фросина Пармаковска и Хана Корнети од Македонија и Никола Николиќ од Црна Гора. ...
Премалку луѓе и театарџии се борат за своите театри. Постарите не го предаваат својот скоро изгасен факел на помладите. Политичките партии пикаат луѓе на работни места во театри, луѓе кои и самите немаат купено карта за претстава во животот. Се надевам дека ова ќе се промени во иднина – вели актерот од Кумановскиот театар, Марко Трајковиќ Тој е театарски оптимист. Актерот Марко Трајковиќ со својата посебна харизма и талент дава посебен печат на ...