
Скопје
33ᴼ /
33ᴼ



Зошто сме дојдени на ова дереџе? Причините се многу, од капиталистичкиот поглед на сопствениците на медиумите и нивната кусогледост во поглед на „исплатливоста“ да се има редакција за култура, а камоли посебни новинари кои би се занимавале само со книжевност и книжевна критика, вели Наташа Атанасова Ќе почнам ин медиас рес, со тоа што сите го знаеме: „Критиката во македонија е во критична состојба“. За право на вистината, не е така со сите ...
Писателот Живко Гроданоски е нов претседател на Друштвото на писателите на Македонија. Тој денеска беше избран на редовно изборно Собрание. Беа избрани и новите раководни органи, а беа усвоени и измени и дополнувања во Статутот на Друштвото. За членови на Управниот одбор се избрани: Зоран Анчевски, Виолета Танчева-Златева, Марина Мијаковска, Сузана В. Спасовска, Бранко Цветкоски и Димитар Пандев. Избран е и Суд на честа, кој го сочинуваат: ...
Група млади ентузијасти од Крива Паланка се приклучија на иницијативата за зачувување на живото културно наследство преку проектот на Центарот за култура за изучување на традиционални инструменти Младите имаат интерес за изучување на кавалот, гајдата, тапанот, тамбурата и други народни инструменти, а своите вештини ги презентираат преку настапите на фолкорните друштва во кои членувуваат и на други манифестации во земјата и странство. Група млади ...
Задолжителниот испит по македонски, албански и турски јазик од државата матура се полага денес низ средните училишта во Македонија. 14.838 кандидати се пријавени за испитот по македонски јазик и литература, 10.093 за албански јазик и литература, 4189 – за турски јазик и литература. Годинава државната матура наместо во училници ќе се полага во големи простории во училиштата – холовите, училишните спортски сали или во друга голема училишна ...
Министерството за култура го објави конкурсот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“. Со наградата се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност. Наградата се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани. Конкурсот е ...
Поетскиот фестивал Струшки вечери на поезијата го објави конкурсот за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија. Книгата треба да е објавена на македонски јазик од 1 јуни 2023 до 31 мај 2024 година. – Наградата „Браќа Миладиновци“ се доделува за поетска книга напишана и објавена на македонски јазик (во книжен или електронски облик). На конкурсот може да биде пријавена и книга објавена ...
16 поети од седум земји гостуваа синоќа на отворањето на 4. Скопски поетски фестивал во киното „Фросина“ во Скопје. Пред многубројната публика настапија 16 поети од 7 земји. Програмата беше отворена со „Сонцето денес не изгреа“ ‒ театарски танцов перформанс на актерите Енџи Николоска и Бојан Лазаров по мотиви од поезијата на учесниците. Преходно, на преднастанот „Диптих“ #3 беа претставени преведените поетски книги на Танос Гогос од Грција и ...
Александар Маџаровски-Читачот е наш гостин во четвртата епизода на „Умен поткаст“. Дипломиран професор по филозофија, страствен читател од дете, Читалот во последните четири години е во благодорна мисија да промовира добра литература, не да критикува, но да ги истакнува делата што, според него, заслужуваат внимание од читателите. Проследете ја целата епизода в понеделник (3 јуни) во 9 часот на јутјуб-каналот на „Умен поткаст“. Сподели ...
Фестивалот за јапонска култура „Сакура фестивал“ ќе се одржи утре во текот на целиот ден во Младинскиот културен центар. Фестивалот е заедничка прослава на културата инспирирана од Јапонија и по повод 30-годишнината на македонско-јапонските дипломатски односи, ќе биде официјално отворен утре во 11 часот во МКЦ, а ќе се обратат амбасадорот на Јапонија, Оцука Казука. На концертот амбасадорот Казука ќе одржи и мал концерт на класична гитара. ...
Во Кинотеката на Македонија вечерва во 21.30 часот концерт ќе одржи познатиот лејтист Јозеф ван Висем. Од почетокот на кариерата, Ван Висем си постави цел да ги донесе звуците на единствената барокна лејта до пошироката публика, во што целосно успеа. Победник е на филмскиот фестивал во Кан за саундтракот за вампирската драма Only Lovers Left Alive. Ван Висем соработувал со Џим Џармуш, Џејмс Блекшо, Зола Хесус и многу повеќе неверојатни фигури од ...
Студентите од Факултетот за драмски уметности од денеска до 2 јуни го организираат филмскиот викенд „Хaj-фај“. Во 13 часот на ФДУ ќе биде организирано симулација на филмски сет наменет за средношколци. Станува збор за нова меѓународна филмска платформа направена од студенти за студенти. Истата ќе служи како отскочна даска за промоција на студенти од филмски катедри при нивното прогресирање кон професионалци. Програмата за овој прв настан е ...
Вкупно 11 талентирани средношколци ќе претстават Македонија на меѓународните олимпјади по математика и физика што ќе се одржат во јули во Англија и во Иран. Младите математичари Дамјан Давков, Алексиј Тасиќ, Никола Цветаноски, Леонид Тодороски, Бранко Јангеловски и најмладиот меѓу нив, Ивано Божиновски ја сочинуваат екипата за Меѓународната олимпијата по математика (ИМО2024) која ќе се одржи на Универзитетот во Бат, Англија од 11 до 22 јули. Во ...
Гости од Бугарија, Србија, Црна Гора и од Македонија ќе учествуваат на третото издание на Фестивалот на прозата што вечерва во 20 часот ќе започне во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово. Трибини, дебати, работилници ќе се реализираат на дводневната манифестација. Гости на првата вечер ќе бидат: Бојан Кривокапиќ од Србија, Петар Денчев од Бугарија, Фросина Пармаковска и Хана Корнети од Македонија и Никола Николиќ од Црна Гора. ...
Премалку луѓе и театарџии се борат за своите театри. Постарите не го предаваат својот скоро изгасен факел на помладите. Политичките партии пикаат луѓе на работни места во театри, луѓе кои и самите немаат купено карта за претстава во животот. Се надевам дека ова ќе се промени во иднина – вели актерот од Кумановскиот театар, Марко Трајковиќ Тој е театарски оптимист. Актерот Марко Трајковиќ со својата посебна харизма и талент дава посебен печат на ...
Во Градскиот музеј во Крива Паланка вечерва во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Бесконечност“ (Infinity) од реномираната македонска уметница Ирена Паскали. Таа ќе се претстави со мултимедијален проект – инсталација во простор, видео и фотографија. Куратор на изложбата е Ѓорѓи Костовски, историчар на уметност. Ирена Паскали живее и работи во Келн, Германија. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, а магистрирала на ...
„Симфонија на ѕвездите“ е насловен големиот музички спектакл со кој на 3 јули ќе биде отворено 16. издание на Битолското културно лето „Битфест“. Отворањето е во соработка со Камерниот оркестар на Битола ⋮IWConnect. Програмскиот дел ќе започне со содржини за најмладите, односно мини олимпијада, настап на диџеј и главните ѕвезди на вечерта. – Ова е само најава на тоа што ќе следува – културно лето во кое покрај „Битфест“ ќе се одржат и ...
Хорот на скопското основно училиште „Кочо Рацин“ освои прво место светскиот куп во фолклор, фестивалотб „Соправиста“ во Лидо ди Јесоло, Венеција, Италија. На натпреварот учествуваа околу 500 наппреварувачи од 12 земји. Предметната наставнилка по музичко образование, Наташа Митрова, заедно со 7 ученици од училишниот хор изведоа македонски песни обработени за хорска изведба. – Неверојатно е чувството да се слушне името на својата татковина, ...
Издавачката куќа „Арс Ламина“ го заокружува проектот „Порта Европа“ со завршна изложба насловена „Поглед кон Порта Европа“, што ќе кулминира со финален промотивен настан вечерва во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Скопје сити мол“. Организаторот ќе се осврне на две и полгодишното посветено работење на развивањето на книжевната едиција „Порта Европа“, што го придружуваа многубројни активности: поддршка на млади и дизајнери во подем ...
Со спотот на „Леб и сол“ за Скопје, што Столе Попов го режирал и кој сè уште важи за еден од најуспешните спотови кај нас, денеска во Кинотеката беше отворена свеченоста на која му беше врачена наградата „Златен објектив“ на режисерот добитник на ова важно признание. Филмската критичарка Илинденка Петрушева на доделувањето разговараше со Попов, кој изрази благодарност за признанието од Кинотеката. Попов се присети на своите филмови, вклучувајќи ...
Книгата „Ако се осмелиш…(Р)еволуција на жената” од Билјана Велковска ќе биде промовирана на 2 јуни (недела) на пладне во „Бифе Тафталиџе“. За делото ќе зборува Татјана Димовска-Атанасова, а 50 отсто од средствата од продажбата ќе бидат донирани во хуманитарни цели на Здружението на граѓани за помош на бездомници и социјално загрозени лица „Љубезност“. „Ако се осмелиш…(Р)еволуција на жената” е прва стихозбирка на Билјана Велковска чија цел е да ...
Умно.мк во соработка со Europe House Скопје ја креира рубриката „Надреден знак“ во која интелектуалци од одредена област пишуваат колумна на теми што нè засегаат Пишува: Драган Б. Костиќ, радионовинар и диџеј Како и сè друго во светот, и музиката има свои циклични патишта и движејќи се по нив, се менува со општествените, културните, политичките, геополитичките состојби во дадени периоди. Особено со напредокот на технологијата што силно влијае ...
Поети од Норвешка, Ирска, Словенија, Грција, Хрватска, Србија, како и 20-ина од Македонија, ќе учествуваат на 4. Скопски поетски фестивал, што ќе започне вечерва и до 1 јуни ќе се одржува на неколку локации низ Скопје. „Отскочна даска“ е настанот кој вечерва во 20 часот во кафе-книжарницата ќе го најави фестивалот, а ќе се состои од поетско читање на млади поети на возраст од 16 до 25 години. Официјалното отворање е закажано за утревечер во ...
Петмина кандидати се во игра за нов претседател на Друштвото на писателите на Македонја: Живко Грозданоски, Весна Дамчевска Илиевска, Јордан Ѓорчев, Мирче Нешовски и Југослав Петровски. Редовното изборно Собрание на ДПМ е закажано за 1 јуни во 11 часот, кога писателите треба да изберат нов Статут, како и Претседател, Управен одбор и Суд на честа. Според Статутот, за Претседател ќе биде избран оној кандидат што ќе добие најголем број гласови од ...
Човек бунтовник, кој што уживаше во класичната музика, кој што го преведе Пруст, беше првото перо во југословенското кривично право, кој прв почна да го критикува членот 133 – вербалниот деликт и човек кој не стана декан и не стана сенатор – рече претседателката Гордана Сиљановска Давкова на конференцијата „Разговори со Ѓорѓи Марјановиќ“ Нам ни требаат лидери во секоја пора од општествениот живот кои ќе ја уживаат почитта на јавноста, луѓе со ...
Во Центарот за култура во Крива Паланка, вечерва во 19 часот, ќе биде промовирана стихозбирката „Моето алтер его“ од поетесата Елеонора Николовска. Станува збор за збирка од 47 лирски песни со посебно изразена живост, преку кои Николовска порачува: „Никој нема совршен живот, но сите имаме совршени моменти“. Рецензентка на збирката е Силвана Крстовска, а промоторка Ирена Белешковска. Стихови ќе чита поетесата Емилија Колевска, а ќе настапи ...
Бреинстер веќе втора година се вбројува во топ-500 најуспешни компании во земјава врз основа на вкупната нето-добивка, овојпат за 2023 година. Како едукативно-технолошка компанија со #1 образование што вработува, ова признание е само потврда за извонредната работа на компанијата во текот на претходната година и служи како доказ за нејзината силна позиција на пазарот помеѓу најголемите компании кај нас. Со над 2136 вработени студенти со помош на ...
Кинотеката воведува уште едно признание, „Специјален златен објектив“ наменето за луѓето кои професионално се занимаваат со филмска архивистика и кинотечна дејност. Прв добитник е Киро Велков, долгогодишен филмски техничар, киноапаратер и филмски архивист Во Кинотеката на Македонија утре на пладне ќе се одржи свеченото доделување на „Златниот објектив“ на доајенот на филмската уметност Столе Стојан Попов. Ова признание Попов го добива за својот ...
Во светот на емоциите, секоја боја има своја приказна. Додека некои од нив се светли, топли и радосни, други се длабоки, темни и ладни. Но има една боја, особено важна и моќна, која го разигрува срцето и испишува насмевка на твоето лице – среќата! Среќата е емоцијата на месец мај, дел од општествено-одговорниот проект на „Халкбанк“, „Емоцијата има своја боја“. Целта на овој проект е поттикнување на емоционалниот развој на децата преку серија ...
Две балетски вечери на современ танц и една вечер на класичен танц се дел од 2. издание на Фестивалот за класичен и современ танц Credеnce Dance Festival што ќе се одржи од 1 до 5 јуни во Националната опера и балет. Фестивалот е профилиран како платформа за презентација на искуствата и знаењата, а го организира , а го организира Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. На програмата се современи дела кои ...
Бугарскиот писател Петар Денчев во три градови ви Македонија ќе го претстави преводот на своето дело „Малиот бог на земјотресот“ на македонски јазик. Турнејата ќе почне вечерва во 19.30 часот во Јуроп хаус во Струмица. Модератор на настанот е Далибор Плечиќ. Утре (29 мај) Денчев ќе гостува во Скопје во книжарницата „Антолог“ во Центар од 19 часот. Настанот ќе го модерира Пепи Стамков, а освен авторот, ќе се обрати и преведувачот Душко Крстевски. ...