
Скопје
26ᴼ /
26ᴼ



Францускиот институт во Скопје и „Танц фест“, по повод отворањето на прославата на 50 години постоење на Францускиот институт во Скопје и затворањето на јубиленото 20. издание на „Танц фест“, го организираат гостувањето на француската театарска група „Кафиг“ со танцовиот перформанс „Мозаик“, в петок, 17 мај во 20 часот, во Македонскиот народен театар. Кореограф на претставата е Мурад Мерзуки, еден од најзначајните кореографи со светско реноме ...
За да бидеш голем уметник треба да те проџвака историјата, да помине еден, два века. Така може да се види дали си голем уметник, рече на вчерашната прес-конференција Мирослав Масин во пресрет на ретроспективната изложба „Подобро на гранка отколку заглавен во лифт“ која вечерва во 20 часот ќе биде отворена во Даут-пашиниот амам во Скопје. Тој ќе се претстави со 150 дела, 141 слика и цртежи и 9 објекти. Куратор на изложбата е Маја ...
Интерарт културниот центар во соработка со 11 партнери од поширокиот регион го започна проектот Moving Balkans како платформа за современ танц, која има за цел да ги обедини и поврзе младите танцови сили од Балканот. Овој проект е поддржан од Европската унија преку програмата „Креативна Европа“ и во него се обединети центри што се бават со танц, и тоа Артлинк фондација од Софија, која е и носител на проектот; Студентскиот културен центар од Нови ...
На платото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на 22 мај во 20 часот ќе се одржи концертот „Мајска сесија – Дојди да се преслушаме“. На ова автентично музичко патување низ историјата на домашната рок и поп-антологија, старите познати рефрени ќе бидат изведени од актуелните изведувачи „Фанк шуи“, „Пијан Славеј“, Дина Јашари, диџеј Гоце и ЛД Пистолеро, Sethsat со Марија Каева и „Ретро кабаре“, кои ќе свират свои аранжмани на песните, ...
Книгата за деца „Нови бајки од Македонија“, во издание на „Арс Ламина“ и Движењето за поддршка на креативноста „Иво Лауренчиќ – „Браво сине!“ беше промовирана вчера во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ во Скопје. Станува збор за збирка од 24 современи авторски бајки, чиј авторски израз се темели на традицијата за раскажување, а стилот и визуелниот изглед на бајките им се приближува на младите читатели, со што се придонесува за ...
Од мал ме интересираше што е ветер или зошто на некои делови има шума и вегетација, а други простори пак немаат. Огромен интерес имав за настанокот на годишните времиња и движењето на Земјата околу Сонцето, ротацијата на месечината и нејзиното влијание врз плимата и осеката како и вселената. Бидејќи географијата го проучува и опишува просторот во кој човекот живее, сите природно-економски активности можат картографски да се прикажат, за подобро ...
Во рамките на меѓународниот фестивал „Мајски оперски вечери“ утревечер во 20 часот ќе биде изведен безвременскиот класичен балет „Заспаната убавица“ преточен во музиката на Петар Илич Чајковски. Диригент на претставата е гостинот од Египет, Најер Нагуи, главен диригент на оркестарот на операта во Каиро, кореограф е Виктор Јаременко (Украина), асистент-кореограф е Тетјана Белецка од Украина, сценограф и костимограф е Миодраг Табачки од Србија, ...
Изложби, работилници, средби со автори, промоции на сликовници се дел од содржините што шестото издание на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација ЛИТЕРА 2024 ќе ги понуди од 15 до 18 мај во Младинскиот културен центар во Скопје, беше истакнато на денешната средба со новинарите по повод отворањето на фестивалот „Литера“. Повеќе од 150 илустрации на гостите илустратори од Турција, Гизем Ѓозде Учар, Серхат Албамја и Мурат Калкаван, ...
Демирхисарското село Смилево викендов повторно ќе заживее, впрочем како што веќе неколкупати се освежи со убава енергија, музика, муабет и врева. Новата национална установа, Манифестација „Смилевски конгрес“ на 17 и 18 мај го реализираат првиот комплексен настан – главната програма. На двете фестивалски вечери им претходат и други активности, како изработка на ленд арт инсталација која имала функција на сценографија на која ќе се изведуваат ...
Во етеричниот простор на уметничкото изразување, каде што обичното му отстапува место на извонредното, танцот се појавува како трансцендентен јазик на емоциите, на движење што зборува за самата суштина на човекот. Таква беше гала вечерта на 30 април во МНТ, додека се креваше завесата на една спектакуларна вечер на ТАНЦ ФЕСТ. Како блескава ода на движењето, протече таа ноќ посветена на размислување за две децении танцова уметност. Ова е еден од ...
„Подобро на гранка отколку заглавен во лифт“ е насловот на изложбата на Мирослав Масин која задутре (15 мај) во 20 часот ќе биде отворена во Даут-пашиниот амам во Скопје. Куратор на изложбата е Маја Чанкуловска-Михајловска, виш кустос во Националната галерија. За комплексното творештво на Мирослав Масин, таа вели дека наметнатите ограничувања и норми, пред сè општествени трансформации и насилни мерки на прилагодување и експериментална ...
„Статуафест – Прекинати врски/Broken relationship“ ќе се одржи од 16 до 18 мај на улица Македонија со почеток од 18.30 часот. Долж улица Македонија ќе бидат поставени десет различни приказни во кои улични живи статуи ќе одиграат актови кои симболизираат прекинати врски. Проектот го реализира „Театроск“ од Скопје. Дизајнот на плакат е на Златко Митрески. – Убавината е толку силна што не можеш да ја искажеш со зборови. И токму заради тоа срцето те ...
Мојата прва книжевна љубов беше „Нарнија“. Штотуку научив да читам и ги најдов „Летописите на Нарнија“ во библиотеката на татко ми – вели турската авторка, која ќе биде гостинка на Фестивалот „Литера“, што ќе започне на 15 мај во Младинскиот културен центар. Повеќето луѓе мислеа дека образовните книги или училишните книги, како што се учењето како да се четкаат забите итн, се литература за деца. Или имаше бесмислени цензури (имаме уште). Но, со ...
Величествено отворање на 52. Мајски оперски вечери сведочеше публиката во полниот салон на Националната опера и балет на 9 мај. Премиерата на „Трубадур“ – прва опера режирана од Иван Поповски – македонскиот режисер кој повеќе од 20 години повеќе од успешно ја гради својата кариера во Русија, беше полн погодок и им даде посебен свечен призвук на Вечерите. Првата реприза на „Трубадур“ е вечерва во 20 часот. Диригент е Иван Еминовиќ, сценографијата ...
Документарниот филм „Градина“ на режисерот Бојан Тантуровски ќе има светска премиера на 23 мај во Белград, на еден од најголемите фестивали за документарни филмови на Балканот, „Белдокс“. Филмот се снимаше во последните 5 години на периферијата на Скопје и ја следи приказната на група пензионери, урбани герила градинари, кои се принудени да ги напуштат градините на кои повеќе од 35 години одгледуваат разни земјоделски производи и им служи како ...
Светската мега-ѕвезда на вокалната џез музика, Курт Елинг, двоен добитник на награда „Греми“ во среда (15 мај) во 20 часот ќе одржи концерт во Македонскиот народен театар со Националниот џез оркестар. Диригент ќе биде Џијан Емин. Според „Вашингтон пост“, од средината на 1990-тите, ниту еден џез-пејач не бил толку смел, динамичен или интересен како Курт Елинг. „Би-би-си Артс“ пак оценува дека Елинг „ја турка напред уметноста на џез пеењето, ...
Етно-записи прераснати во сликарски бисери – стои во најавата на изложбата од синоќа отворена во Музеј Галерија Кавадарци на реномираниот автор Драги Хаџи Николов – Аџи. Широкиот репертоар од разни предмети на претставувањето (најчесто бакарни ѓуѓум, тепсија, тава или поте/чаша, месинган аван, сребрена пафта, дрвен бутињ и кондир за вино, ткајани черги, ќилими и др.) кои веќе одамна ја изгубиле својата функционалност и употребна смисла за ...
Новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“, во издание на „Арс Ламина“ и Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине!“, ќе биде промовирана в понеделник (13 мај) во 11 часот во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. На настанот ќе се обратат Ангелка Пеева-Лауренчиќ, член на Управниот одбор и основач на Движењето за креативност Иво Лауренчиќ – „Браво сине!“, Бранка Бугариска, директорка на издаваштво на „Арс Ламина“, ...
На Филозофскиот факултет во Скопје денеска во 10.30 часот ќе се одржи 51. републички натпревар по класични јазици за основци и средношколци од Македонија. Учениците ќе се натпреваруваат во две категории според степенот на изучување на јазикот и според струката: почетно ниво за гимназија и здравствена струка. Пријавени се 61 ученик од вкупно 16 училишта – 48 ученици од гимназиско образование и 13 ученици од здравствена струка. Натпреварите ...
Вардан Тозија со филмот „М“ ја освои главната награда за најдобра режија во интернационална конкуренција на најголемиот жанровски филмски фестивал во Јужна Америка, „Фантаспоа“ (Fantaspoa). Ова е 20. издание на фестивалот што се одржа во Порто Алегре, Бразил. Тој е единствениот фестивал од Јужна Америка што е дел од престижната Мелиес – Европска филмска федерација на фантастични филмови, организација која ги обединува најзначајните 22 жанровски ...
Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци” во Скопје утре во 17 часот ќе се одржи промоција на сликовницата „Другарко“, за која автор на текстот е Денис Јанкуловски–Космонаутко, а илустратор – Наташа Костовска. На промоцијата ќе настапат инклузивното танцово студио „Еурека“ и Марија Савеска и Дени Жерновска. Со авторот Јанкуловски и илустраторката Костовска за сликовницата ќе разговараат книжевната критичарка Александра Јуруковска и издавачот, ...
Се решив да го прикажеме тоа што е современо и актуелно, истовремено во корелација со европските театарски трендови, рече Ана Стојаноска Вкупно 11 претстави во продукција на националните театри и шест претстави во придружната програма се селектирани на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“, што ќе се одржи од 7 до 14 јуни во Прилеп. Уметничкиот директор на фестивалот, Ана Стојаноска денеска ја образложи својата селекција обединета во концептот „Ново ...
Деветмина уметници студенти ќе претстават свои дела на групната изложба „Четирите мајстори на модернизмот“ која вечерва во 20 часот ќе биде отворена Културно-информативниот центар во Скопје. Изложбата е во чест на основоположниците на Факултетот за ликовни уметности од Катедрата за сликарство, професорите Петар Мазев, Родољуб Анастасов, Димитар Кондовски и Душан Перчинков. Токму студентите од оваа катедра ќе ги претстават своите дела: Теодора ...
Објавен е конкурсот за поетската награда „Млада Струга“ 2024, за најдобра необјавена поетска збирка од млад автор-дебитант што го распиша фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ во соработка со Europe House Струга и со поддршка на Делегацијата на Европската Унија во нашата земја. Конкурсот ќе биде отвирен заклучно со 3 јуни 2024 година, кога сите пријави и необјавени поетски збирки треба да пристигнат на поштенската адреса на Струшките вечери ...
Во издание на издавачката куќа „Бегемот“ излезе заедничка книга со книжевно-теориски студии, осврти и есеи на Лидија Капушевска-Дракулевска и Владимир Мартиновски. Се работи за книга диптих, целосно посветена на творештвото на академик Влада Урошевиќ. Во освртот за книгата, писателот Владимир Јанковски нагласува: – Книгата на нашите еминентни книжевни теоретичари и историчари на книжевноста, проф. д-р Лидија Капушевска-Дракулевска и проф. д-р ...
Младите таленти од актерското студио „Прва проба“ утре ќе покажат што знаат на колажниот испит што ќе се одржи во 12.30 часот на сцената на скопската Железничка станица. Тие обработуваа материјал во прва година: говор, правоговор, техника на глас и на дишење, дејство без текст, брзозборки, импровизации, рецитирање поезија со актерска задача. Ментори се Маја Љутков и Ана Јовановска. Играат: Калина Ѓеорѓијевска, Катја Бешлиева, Бистра ...
Отворен ден организира денеска Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола. Настанот ќе се одржи во Охрид на Факултетот за туризам и угостителство, а почнува во 12 часот со панел дискусија на која своите искуства ќе ги раскажат успешни студенти од УКЛО. Следува изложбен дел – ден за кариера, а ќе заврши со коктел музичка забава. Во рамките на УКЛО функционираат повеќе единици – Економскиот факултет во Прилеп, Факултетот за биотехнички науки, ...
Гевгелиската библиотека „Гоце Делчев“ распиша награден конкурс за книжевни творби по повод 100 години од смртта на Франц Кафка (1883-1924), еден од највлијателните европски и светски писатели на 20. Делата, напишани на македонски јазик, може да бидат во вид на расказ или есеј, а секој автор може да учествува со една творба на слободна тема, инспирирана од книжевните дела и/или животот на Кафка. Максимална должина на секоја од испратените творби ...
Пет земји од регионот се вклучени во мрежата на филмски фестивали и организации Edu Cuts чија цел е едукација на млади таленти од областа на филмот. Мрежата е формирана во рамките на проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“, кој се спроведува со поддршка на Британскиот совет. Иницијатор на мрежата е „Планет-М“ од Скопје, организатор на Филмскиот фестивал „Џифони Македонија“, а партнери се: „Филм арт“ од Пожега, Србија (организатор на ...
Фестивалскиот оган од вечерва ќе гори во Националната опера и балет и ќе го осветлува патот на многу оперски уметници, но и на публиката на 52. Мајски оперски вечери. Величествената „Трубадур“ од Џузепе Верди ќе биде првата опера со која фестивалот во 20 часот ќе биде отворен. За прв пат, режисерот Иван Поповски постави опера во Македонија. Отворањето беше многу брзо распродадено, а првата реприза е задутревечер (сабота) во 20 часот. „Трубадур“ ...