Дополнителни американски војници треба да пристигнат во ПОЛСКА во следните три месеци, додека Варшава и Вашингтон водат разговори за проширување на американското воено присуство, вклучително и можноста за воспоставување постојана американска база, објави во понеделник полскиот дневен весник „Дженик газета правда“ (DGP). Повикувајќи се на извори блиски до разговорите, весникот објави дека полските претставници разговараат за две одделни ...

Одлуката на ФИФА да го поништи црвениот картон и суспензијата од еден натпревар за американскиот репрезентативец Фоларин Балогун предизвика бурни реакции и отвори дебата за независноста на фудбалските институции за време на Светското првенство. Откако дисциплинските органи на ФИФА одлучија Балогун да има право на настап во осминафиналниот натпревар против Белгија, во јавноста се појавија прашања дали врз одлуката влијаеле политички притисоци. ...

Францускиот претседател Емануел Макрон пристигна во официјална посета на Дамаск, станувајќи првиот шеф на држава од Западна Европа што ја посетува Сирија по доаѓањето на новите власти на чело на земјата во 2024 година. Според француското претседателство, Макрон за време на посетата ќе ја истакне поддршката за „слободна и плуралистичка Сирија, која ги почитува сите свои заедници“ и ќе ја нагласи важноста земјата да придонесе за намалување на ...

КРАЛОТ Чарлс III се возеше во британски тенк за време на неговата прва посета на Кралскиот тенковски полк откако стана командант на полкот. Тој пристигна во Музејот на тенкови во Бовингтон, Дорсет, во оклопно возило „Ролс-Ројс“ од 1920 година, додека центарот одржуваше настан по повод Денот на семејството за роднините на полкот. Покојната кралица Елизабета II, исто така, се возеше во истото возило во музејот во 1997 година за да ја одбележи ...

Пред патувањето на американскиот претседател Доналд Трамп во Турција за самитот на НАТО, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во понеделник го повика Вашингтон да не ѝ продава напредно оружје на Анкара, особено авиони Ф-35. Во интервју за Фокс њуз, Нетанјаху ја нарече Турција „режим заразен со Муслиманското братство“, објави „Тајмс оф Израел“. Нетанјаху ја опиша Турција како „екстремистичко движење кое ја мрази Америка и вика „Смрт за ...

Општина Тетово информира дека во среда, на 15 јули 2026 година, ќе се спроведе втората просторна дезинсекција на територијата на градот, согласно Програмата за спроведување на мерките за дезинсекција, со цел заштита на јавното здравје. Од Општината соопштуваат дека активноста ќе ја реализира овластен оператор, според одобрениот оперативен план, а процесот ќе биде под надзор на овластени претставници на локалната самоуправа. Во пресрет на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти се прави значителен напредок кон завршување на војната во Украина, по телефонскиот разговор што го имал со рускиот претседател Владимир Путин. Говорејќи на настан во Белата куќа во Вашингтон, Трамп оцени дека преговорите се „многу поблиску до решение отколку што мислат луѓето“. „Претседателот Путин исто така сака војната да заврши. Верувајте ми кога ви велам. Разговорот беше добар. ...

Продолжи расправата за ребалансот на буџетот. Опозицијата критикува дека прекројувањето на државната каса е признание дека Владата потфрлила во планирањето и дека тоа ќе значи дополнително зголемување на јавниот долг и на дефицитот. Со ова ништо суштински и конкретно нема да се направи со цел подобрување на стандардот на граѓаните, велат опозиционерите. „За 2026 година се планира ново задолжување од над 120 милијарди денари, вклучувајќи ...

Околу 30 ученици во текот на минатиот и овој месец заминале да ја претставуваат Македонија на меѓународни научни олимпијади, при што сите трошоци за нивното учество се целосно покриени од државата, соопшти министерката за образование и наука Весна Јаневска. Според неа, Министерството за образование и наука и Владата втора година по ред обезбедуваат целосно финансирање на патувањата и котизациите за младите таленти, со што нивните семејства не ...

Меѓународниот аеродром „Катанија-Винченцо Белини“ на Сицилија и денеска е затворен поради вулканската активност на Етна, а летовите се пренасочуваат на аеродромот во Палермо. Авиокомпаниите организираат автобуски превоз за патниците. На аеродромот во Сицилија слетуваат и полетуваат авиони на „Рајанер“, „изиЏет“, „Визер“, КЛМ и „Луфтханза“. Етна вчера почна да исфрла пепел, а аеродромот „Катанија-Винченцо Белини“, што е лоциран 45 километри од ...

Министерот за животна средина, Мухамед Хоџа, соопшти дека продолжуваат инвестициите за подобрување на управувањето со отпадот и борбата против загадувањето на воздухот. Според него, веќе се обезбедени механизација и комунална опрема за општините, а паралелно се подготвуваат постапките за изградба на регионални центри за управување со отпад. „Веќе е обезбедена најважната опрема за општините – механизација и комунална опрема. Паралелно се ...

Нема најави за некаков евентуален договор меѓу пратеничките групи за новиот Изборен законик. Координаторите утре повторно ќе седнат на заедничка маса, во нов обид да постигнат договор и со тоа да го усвојат законското решение пред новиот рок што го постави Европската унија за постигнување уште еден чекор од Реформската агенда. Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите истакна дека тој е за гласање на ...

Потпишан е договорот за грант за финансирање на изградбата на автопатот Скопје–Блаце. Договорот го потпишаа директорот на Европската банка за обнова и развој, Фатих Туркменоглу и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски. Грантот изнесува 30,8 милиони евра, додека кредитот е 167,6 милиони евра. Трајановски најави дека градежните работи ќе започнат во август годинава, а изградбата ќе трае четири години. „Ова е ...

Седум области од јужна Франција се под црвена тревога поради многу висок ризик од шумски пожари, додека 41 области се под портокалова тревога. Пожарот проголтал најмалку 4600 хектари во Травил, и се шири многу брзо, а луѓето од 26 општини им е наредено да се евакуираат. Досега од областа се евакуирани над 10.000 луѓе. Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез ќе го ќе го посети оперативниот команден пункт и ќе се сретне со екипите ...

Португалија против Шпанија вечерва од 21:00 часот во можеби најинтересната 1/8 финална пресметка на Мундијалот во САД, Мексико и Канада. Двете селекции важеа за едни од фаворитите пред почетокот на ова Светско првенство, и за жал една од овие две селекции ќе мора да си замине предвреме. Португалија на патот кон 1/8 финалето ја елиминираше селекцијата на Хрватска со 2-1 во контроверзен натпревар, додека Шпанија со 3-0 ја победи Австрија. Може ...

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, изјави дека јавните финансии се стабилни и дека буџетските приходи се реализираат согласно планираното. Во првите шест месеци од 2026 година, приходите во Буџетот достигнале 169,9 милијарди денари, што е за 8,6 отсто повеќе во споредба со истиот период минатата година. Даночните приходи изнесувале 96,7 милијарди денари, при што е забележан раст на приходите од ДДВ, данокот на добивка и ...

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека очекува работите на изградбата на вториот дел од автопатот Скопјe-Блаце да започнат овој или следниот месец. Мицкоски рече дека овој проект со години бил само ветување, а сега се реализира. „Со години, овој автопат е симбол на неостварени ветувања. Речиси секоја влада предупредуваше за тоа. Секоја од нив ветуваше пред изборите дека таа ќе го изгради, а некои политички партии со години се удираа во ...

Цените на бензините од полноќ се зголемуваат. По еден денар бензините, додека дизелот поскапува за 2,5 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР 95 од утре ќе се продава по малопродажна цена од 85,5 денари по литар. ЕУРОСУПЕР 98+ од утре ќе се продава по цена од 87,5 денари по литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ ќе биде 82,5 денари по литар. Цената на екстралесното масло за домаќинство ќе биде 81,5 денари по литар, или поскапување за 2 денари. Цената на мазутот се ...

Двајца луѓе дека под сомнение дека го подметнале вчерашниот пожар кај Јужен Булевар се уапсени од страна на полицијата, пренесува СДК.МК. Од министерството за внатрешни работи за СДК соопштија дека се уапсени еден 34-годишник и еден 39-годишник од Скопје, поради поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Предизвикување општа опасност, во напуштен објект на булевар Македонија, при што еден пожарникар добил повреди, а две ...

Потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, реагираше на Фејсбук во врска со проектот за автопатот Скопје–Блаце, обвинувајќи за неоправдани одложувања во неговата реализација. „Две години ни велеа дека автопатот Скопје–Блаце бил блокиран затоа што се менувала трасата. Тоа беше оправдувањето со кое се образложуваше секое доцнење. Денес, со потпишувањето на договорот, јасно се гледа дека не е променет ниту еден милиметар од трасата на проектот што ...

Полицијата преведе маж поради основно сомневање дека предизвикал пожар во атарот на селото Длно Оризари, кој зафатил и викенд куќа, соопшти полицијата. „На 05.07.2026 во 15:20 часот во село Долно Оризари, велешко, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода А.О.(61) од Велес. Тој се сомничи дека околу 14:25 часот на место викано „Свилара“ во атар на село Долно Оризари, запалил сува трева во својот овоштарник и предизвикал пожар кој ...

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска се одржа надзорна расправа на тема „Нефункционална и недоследна примена на одредбите од Законот за употребата на македонскиот јазик“, на која беа изнесени спротивставени ставови од власта и опозицијата околу спроведувањето на законските решенија. Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, истакна дека спроведувањето на Законот е обврска на сите институции и дека неговата примена не ...

Во наредните четири години треба да биде завршена изградбата на автопатот Скопје–Блаце, долг околу 12 километри, проект кој се финансира со средства обезбедени преку Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), во форма на грант од 30,8 милиони евра и заем од 167,6 милиони евра. Станува збор за инфраструктурен проект што се реализира на исклучително тежок терен на падините на Скопска Црна Гора, при што трасата предвидува изградба на пет ...

Најновиот добитник на СУПЕР МИЛИОНЕР е Б.Р од Гостивар. Тој освои џекпот вреден 6.686.088 денари. Најпосакуваната ВЛТ добивка е освоена на видеолотариските терминали кај деловниот соработник Спортлајф на 16.06.2026 година во Гостивар. Среќната игра е Брнинг хот. Тимот на Видеолотарија Касинос Австрија му честита на добитникот. Во периодот од 22.06.2026 до 28.06.2026 година, Видеолотарија Касинос Австрија исплати вкупно 14.148.352 денари кон ...

На 05.07.2026 во 13:20 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода 16-годишник од Тетово, поради сомнение за сторени кривични дела „кражба“ и „тешки кражба“ во текот на минатиот месец во црквата во с.Брвеница и во две џамии во Тетово. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок. На 05.07.2026 во 13:20 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од ...

„Безбеден град“ е проект за кој долго се зборуваше, а ние го реализиравме. Денес тој претставува еден од најважните механизми за модернизација на полициското работење и заштита на животите на граѓаните, велат од МВР. „Резултатите веќе го потврдуваат тоа. Во периодот од февруари до јуни оваа година, бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди е намален за 40% – од 55 жртви во истиот период минатата година, на 34 оваа година. Од почетокот на ...

Хари Кејн даде сè од себе во драматичната победа на Англија од 3:2 над Мексико во неделата – дури и гласот. Кога главниот напаѓач на Англија зборуваше по натпреварот, јасно се забележа дека неговиот глас е рапав и дека тешко се изразуваше поради големите емоции од победата. „Ми исчезна гласот“, рече Кејн со смеа кога одговори на првото прашање, додека гласот му затрепери веднаш штом го спомена името на Џуд Белингем. THIS IS THE BEST INTERVIEW ...

Турските власти уапсиле повеќе од 100 лица кои учествувале во антинато-протести организирани завчера од Комунистичката партија на Турција (TKP), во пресрет на самитот на лидерите на НАТО, кој ќе се одржи утре и задутре во Анкара. Турција ќе биде домаќин во Анкара на лидерите на 32-те земји членки на НАТО, како и на официјални претставници од партнерските држави. Во очекување на самитот, властите ги зајакнале безбедносните мерки низ целиот ...

Во првите шест месеци од годината, односно во периодот јануари–јуни, вкупните приходи во Буџетот се реализирани во износ од 170 милијарди денари, што претставува раст од 8,6% во споредба со истиот период лани и реализација од над 45% од планираното, информира Министерството за финансии. Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, во своето експозе на собраниската комисиска расправа за ребалансот на Буџетот за 2026 година истакна ...

Времето кога Европа можеше да ѝ ја препушти својата одбрана и безбедност на Соединетите Американски Држави заврши, оценија генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во заеднички текст за магазинот The Economist. Тие признаваат дека Европа, во рамките на НАТО, долго време била премногу потпирана на воените капацитети на Вашингтон, но нагласуваат дека суровата реалност и ризиците на ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
1.54
35%
1017
weather icon

Белград

27ᴼ / 25ᴼ
3.13
49%
1021
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
2.75
39%
1023
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
3.41
27%
1018
weather icon

Сараево

33ᴼ / 33ᴼ
3.53
35%
1018
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 25ᴼ
1.5
43%
1024
weather icon

Атина

33ᴼ / 31ᴼ
7.6
34%
1013
weather icon

Тирана

35ᴼ / 34ᴼ
1.54
34%
1014
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
3.64
29%
1016
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
9.77
53%
1020
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
1.02
39%
1024
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 29ᴼ
6.08
100%
1016
Currency

61.5217

Currency

53.3095

Currency

71.9016

Currency

37.6328

Currency

38.2957

Currency

65.7252

Currency

7.903

Currency

0.64661

Currency

0.3348

Currency

0.52421

Currency

1.11625

Currency

0.55894

Сребро

2099.49

Рутениум

53852.50

Платина

56263.81

Калај

55.56

Цинк

0.00

Кобалт

56.29

Родиум

278907.73

Бакар

13.39

Иридиум

252383.36

Паладиум

43596.41

Алуминиум

3.36

Злато

141562.95