Скопје
32ᴼ /
32ᴼ
Македонската карате репрезентација оствари извонреден успех на ЕТКФ Европскиот куп за деца, што се одржа вчера во „Овергас Арена“ во Софија, Бугарија, освојувајќи вкупно 58 медали и прво место во генералниот пласман. Како што информира Македонската традиционална карате федерација (МТКФ), македонските натпреварувачи освоија 17 златни, 14 сребрени и 27 бронзени медали, со што се пласираа на врвот меѓу учесниците на турнирот. Второто место во ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 18 возачи поради „безобѕирно управување возило“. Од нив, 11 управувале возило без возачка дозвола (пет во Скопје, три во Гостивар и по едно лице во Тетово, Кичево и Прилеп). Под дејство на алкохол возеле шест лица (по едно во Скопје, Кочани, Пробиштип, Велес, Радовиш и тетовско), а едно лице во Кочани возело иако имало активна забрана ...
На 04.07.2026 во 12:50 часот во СВР Скопје од Итната медицинска помош Скопје е пријавено дека во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба, починал М.Ц.(24) од Скопје, кој, според пријавеното, имал здравствени проблеми. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција. На 04.07.2026 во 12:50 часот во СВР Скопје од Итната медицинска помош Скопје е пријавено дека ...
На 04/05.07.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.С.(37), Ј.Е.(29), В.Н.(23) и А.П.Ч.(41), сите од Скопје, како и Е.Б.(40) од с.Долно Количани, скопско, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста и грутчеста материја и марихуана. На 04.07.2026 во 19:45 часот во Стар Дојран, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија го лишија од слобода С.Н..(43) од Струга, затоа ...
Премиерот Христијан Мицкоски очекува од полноќ да има ново зголемување на цените на горивата, при што, според неговите проценки, дизелот би можел да поскапи за околу 2 до 2,5 денари по литар, а бензините за околу еден денар. „Очекувам да имаме зголемување од околу 2 до 2,5 денари за литар за дизел горивото и околу денар за бензините. Но, да почекаме утре Регулаторната комисија да ги каже последните бројки“, изјави Мицкоски. Тој појасни дека ...
На 04.07.2026 во 22:45 часот, во СВР Охрид е пријавено дека А.Ј.(49) од Охрид, починал во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Тој, според пријавеното, претходно бил донесен со тешки телесни повреди, со кои се здобил при пад од кров на куќа, која ја градел на сопствена парцела лоцирана во близина на стариот пат Охрид-Струга. Полициски службеници извршија увид на местото на настанот. На 04.07.2026 во 22:45 часот, во СВР Охрид е пријавено дека ...
На ден 05.07.2026 година, до 13:00 часот, на територијата на државата се регистрирани вкупно 9 пожари на отворен простор, од кои 2 се активни, 1 пожар е под контрола, а 6 пожари се изгаснати. Активни пожари (2): Општина Старо Нагоричане – над ресторанот „Баба Цана“ (ниска вегетација, стрниште). Општина Свети Николе – помеѓу с. Црнилиште и с. Сарамзалино, покрај патот Велес–Штип (ниска вегетација, сува трева и лозје). Пожар под контрола (1): ...
Светското првенство стигна до осминафиналната фаза во која ќе ја нема селекцијата на Германија, кога секогаш се вбројува меѓу фаворитите за висок пласман. Изненадување беше елиминацијата на четирикратниот светски првак од Парагвај во 1/16 финалето. Така смета и тренерот Александар Васоски, нашиот соговорник кој го анализира досегашниот тек на Мундијалот. Во својата играчка кариера Васоски играше токму во Германија, го познава нивниот ...
Унгарскиот премиер Петер Маѓар предложи ограничување на мандатот на пратениците на најмногу 12 години, како дел од пакетот уставни реформи што ги најави неговата влада. Предлогот доаѓа откако парламентот усвои уставен амандман со кој мандатот на премиерот се ограничува на два четиригодишни мандати, со што се оневозможува поранешниот премиер Виктор Орбан повторно да се врати на власт. Ограничувањето ќе важи и за актуелниот премиер Петер Маѓар. ...
Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар, по претходно добиени оперативни сознанија и обезбедена наредба од Основен суд Гостивар, вчера извршиле претрес во објект на С.Б. (63) во с. Здуње, Гостиварско, информираат од МВР. „При претресот, во дворот е пронајдена кеса со околу 116 грама хашиш. С.Б. е лишен од слобода и по целосно ...
Министерот за информации и телекомуникации на Србија, Борис Братина, како специјален пратеник на Владата на Србија, присуствуваше на церемонијата на простување од врховниот лидер на Исламската Република Иран, ајатолахот Али Хамнеи, се наведува во соопштението објавено на официјалниот профил на министерот на Инстаграм. Во соопштението се наведува дека министерот Братина се потпишал во книгата на жалост и, во име на Владата и народот на Србија, ...
Златан Ибрахимовиќ го коментираше тензичниот натпревар меѓу Франција и Парагвај во осминафиналето на Светското првенство 2026, оценувајќи ја смиреноста и зрелоста што ја покажа француската репрезентација по дуел исполнет со жестоки пресметки и голема нервоза на теренот. Во изјава за Fox Sports, Ибрахимовиќ призна дека атмосферата на натпреварот била таква што тешко би успеал да се контролира доколку бил дел од него. „Да играв вечерва, ќе ...
Вчера попладнето и вечерта, полицајци од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спровеле акциска контрола на подрачјето на Штип, со цел санкционирање на возачи на мопеди, мотоцикли, четирицикли и електрични тротинети кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи – соопштија од МВР. „При контролата изречени се вкупно 55 мерки за сторени сообраќајни прекршоци и кривични дела. Од ...
Предложените измени во Изборниот законик, меѓу кои и оние за гласањето на дијаспората и понатаму се главна тема за препукување меѓу владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Во вчерашното и денешното соопштение, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ја обвинува СДСМ за блокадата на измените, тврдејќи дека опозициската партија се плаши од гласовите на дијаспората, бидејќи знаат дека нема да ги гласаат. „Стравот на Венко Заев и СДС е едноставен, тие знаат ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп одржа свечен говор по повод 250-годишнината од усвојувањето на Декларацијата за независност, испраќајќи порака дека САД влегуваат во нов период на национална сила, економски развој и глобално лидерство. Во обраќањето пред илјадници граѓани во Националниот парк во Вашингтон, тој ја величеше американската историја, им оддаде признание на воените ветерани и основачите на државата и порача дека „најдобрите ...
Овен: Утрешниот ден носи динамика и брзи одлуки. Можно е нова понуда на работа или разговор што ќе ви отвори нова насока. Бик: Фокусирајте се на финансии. Можно е мало подобрување на буџетот, но избегнувајте непотребни трошоци. Близнаци: Ден за комуникација и средби. Ќе добиете важни информации кои ќе ви помогнат во следниот период. Рак: Емоциите ќе бидат засилени. Посветете повеќе внимание на семејството и домашната атмосфера. Лав: Добар ден ...
Познатиот новинар Фабрицио Романо објави еден емотивен момент што се случи меѓу капитенот на Аргентина, Лео Меси и голманот на Зеленортските острови, Хосимар Хозе Евора Диаз попознат како Возиња, по шеснаесетфиналниот дуел меѓу двете селекции на Мундијалот. „По натпреварот му пријдов на Меси… Тој ме прегрна и ми рече: „Ти си одличен, твојот народ треба да биде горд на тебе.“ Тоа беше неверојатен момент за мене“, рекол Возиња. „Да слушнеш ...
Ова лето, Приштина ќе биде домаќин на една од најбогатите музички програми досега на Sunny Hill Festival, со меѓународни ѕвезди, светски познати диџеи, како и домашни изведувачи и нови музички имиња кои ја обликуваат локалната сцена. Овогодишното издание, кое ќе се одржи на 31 јули, 1 и 2 август во Sunny Hill Festival Park во Приштина, ги донесува Katy Perry, Lewis Capaldi и Martin Garrix како главни ѕвезди на Sunny Hill Stage, на кој ќе ...
И покрај тоа што поголем дел од пожарите што денеска избувнаа на повеќе локации низ државата се локализирани или изгаснати, пожарникарите и надлежните служби и натаму се борат со огнот кај селото Белица во Општина Македонски Брод, додека во текот на денот интервенции имаше и во Штип, каде што избувна нов пожар на ридот Исар. Според пресекот на состојбата што го објави Центарот за управување со кризи (ЦУК) во 18 часот, во текот на денот биле ...
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повторно упати остри критики кон израелската Влада, оценувајќи дека таа е „зависна од војната“ и обвинувајќи ја дека ги поттикнува тензиите на Блискиот Исток и ги поткопува дипломатските напори за намалување на конфликтите. „Од наша страна, ги поддржавме и продолжуваме да ги поддржуваме сите чекори што ќе придонесат за намалување на тензиите во нашиот регион и за решавање на проблемите преку ...
Албанскиот премиер Еди Рама во интервју за германската јавна телевизија „ЗДФ“ говореше за проектот во Звернец, протестите и политичката ситуација во земјата. Тој оцени дека проектот во Звернец претставува инвестиција вредна повеќе од четири милијарди евра и дека Албанија не може едноставно да каже „не“ на таква можност. Во однос на протестите, Рама нагласи дека постојат „две страни на медалјата“ – од една страна се обичните граѓани кои имаат ...
Изградбата на „брзата железница“ на Коридорот 10 се очекува да започне со поставување камен-темелник кон крајот на оваа година или на почетокот на следната, најави премиерот Христијан Мицкоски. Тој посочи дека студијата за изводливост е завршена, проектот е во фаза на ревизија, а финансирањето веќе е обезбедено и наскоро ќе биде јавно објавено. Мицкоски додаде дека не очекува никакви пречки поради промените во британската Влада. „Не очекувам ...
Седницата за избор на нови министри во рамки на реконструкцијата на Владата е закажана да се одржи во понеделник, на 13 јули. Во Собранието се очекува да бидат избрани неколку нови министри и да се направат промени меѓу постојните ресори. Процесот на реконструкција на Владата опозициската СДСМ го оценува како театар, без реални промени во структурата на власта, каде, според нив, продолжува истиот модел на владеење поврзан со бизнис интереси и ...
Црната статистика на меѓуврсничко насилство во главниот град секојдневно се зголемува, откако два одделни инциденти со употреба на ладно оружје ја вознемирија јавноста. Во текот на изминатиот период, две малолетни момчиња на возраст од 12 и 15 години се здобиле со повреди од нож по напади извршени од нивни врсници. Помладото, 12-годишно момче, било нападнато во населбата Шуто Оризари, а поради сериозноста на повредите веднаш било пренесено и ...
Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека, покрај електронското гласање, дијаспората може да гласа и по пошта, нагласувајќи дека ваквата пракса се применува во многу земји во Европа и во светот. Според него, целта е да се овозможи што поголемо учество на иселениците во изборниот процес. Коментирајќи ги противењата на СДСМ и Левица за електронското гласање, Мицкоски истакна дека Владата е подготвена да прифати секое решение што овие партии ќе ...
На прашањето дали постои можност за предвремени парламентарни избори, имајќи предвид дека последните анкети ја ставаат ВМРО-ДПМНЕ во предност, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека како власт имаат цел да издржат цел четиригодишен мандат, но дека доколку се појави потреба, како партија се подготвени за избори. „Ние целиме на целосен мандат, односно четири години. Сега, ако постојат политички сили и мнозинство во Парламентот, ВМРО-ДПМНЕ е ...
Два случаи на Западнонилска треска се потврдени во лабораториите на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, соопшти директорот на клиниката, Фадил Цана. Двајцата пациенти се хоспитализирани, под постојан медицински надзор и се третираат според современи медицински препораки. „Нивната здравствена состојба внимателно се следи“, изјави Цана. Западнонилската треска е вирусно заболување кое се пренесува преку убод од ...
Советниците од ДУИ во Општина Чаир побараа итно распишување јавен повик за евидентирање и обештетување на штетите предизвикани од обилните врнежи од дожд. Тие бараат Комисијата за проценка на штети веднаш да започне со работа на терен и граѓаните да бидат обештетени без одложување. ДУИ, исто така, бара институционална одговорност за, како што велат, настанатата состојба, отворајќи прашања за недостигот на инфраструктура за заштита од поплави. ...
Апелациониот суд во Скопје ја потврди затворската казна од 12 години за Стојанче Јовановски, откако ја одби како неоснована неговата жалба на првостепената пресуда донесена од Основниот кривичен суд. Од Судот соопштија дека по разгледување на предметот не биле утврдени основи за измена на пресудата, поради што одлуката останува во сила. Јовановски беше осуден за кривичните дела телесна повреда, загрозување на сигурноста и наведување и ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода четворица возачи поради безобѕирно управување возило. Од нив, двајца возачи (по еден во скопско и тетовско) управувале возило без возачка дозвола, а двајца возачи (по еден во Скопје и Гостивар) возеле под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници ...