Европските берзански индекси денеска главно бележат благо зголемување, цената на нафтата „брент“ се движи околу 72 долари за барел, додека фјучерсите на американските берзански индекси растат во пресрет на попладневното отворање на берзите во Соединетите Американски Држави. Според податоците од пазарите во 9:30 часот, цената на суровата нафта WTI се намали за 0,43 отсто и изнесува 68,492 долари за барел, додека цената на нафтата „брент“ се ...

Жителите на неколку скопски населби денеска ќе се соочат со привремени прекини во снабдувањето со електрична енергија поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, информира Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК), повикувајќи се на известување од ЕВН Македонија. Во општина Аеродром, од 08:00 до 15:00 часот без струја ќе останат корисниците на улицата „Тодор Чангов“. Во општина Гази Баба, прекин во снабдувањето со ...

Најмалку пет лица загинаа, а едно е повредено утрово во пожар што избувнал во станбена зграда во Џенгџоу, главниот град на кинеската покраина Хенан, соопшти локалната противпожарна и спасувачка служба. Во соопштението се наведува дека повреденото лице е во стабилна состојба откако му била укажана итна медицинска помош, како и дека пожарот е изгаснат, пренесува кинеската новинска агенција Синхуа. Се додава дека причината за избувнувањето на ...

Овен Денот ви носи многу енергија и желба за нови предизвици. На работното место ќе имате можност да покажете иницијатива, а тоа нема да остане незабележано. Во љубовта, искрен разговор ќе помогне да се расчистат недоразбирањата. Бик Фокусирајте се на финансиските прашања и избегнувајте непланирани трошоци. Некој близок ќе побара ваш совет. Вечерта е погодна за одмор и време поминато со семејството. Близнаци Комуникацијата ќе биде вашата ...

Сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе ...

Норвешка приреди една од најголемите сензации на Светското првенство, совладувајќи го Бразил со 2:1 во осминафиналето и обезбедувајќи историски пласман меѓу осумте најдобри репрезентации. Херој на „викинзите“ беше Ерлинг Халанд, кој го скрши отпорот на „кариоките“ со два гола во самиот финиш. Напаѓачот погоди во 79. минута, а потоа во 90. минута уште еднаш ја затресе мрежата на Бразил за водство од 2:0. Бразил успеа само да го ублажи поразот ...

Во Градската општа болница „8 Септември“ за првпат во Македонија е применета иновативната метода „CoroFlow“, современ медицински систем кој овозможува попрецизна дијагностика на одредени срцеви заболувања. Од Министерството за здравство информираат дека методата е воведена од тимот за интервентна кардиологија при болницата и претставува значаен исчекор во унапредувањето на кардиолошката дијагностика во земјава. „CoroFlow“ е софистициран ...

Новак Ѓоковиќ испиша нова страница во историјата на Вимблдон. Со победата во осминафиналето против рускиот тенисер Роман Сафјулин, тој ја постигна својата 106-та победа на терените на Ол Ингланд Клубот и со тоа го надмина претходниот рекордер Роџер Федерер. Во натпревар што траеше четири сета, Ѓоковиќ победи со 7:6(6), 6:3, 3:6, 6:3 и го обезбеди своето 17-то четвртфинале на Вимблдон во потрагата по својата 25-та титула на Гренд Слем. Иако на ...

Претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Калибаф, кој ги водеше преговорите со Вашингтон, рече дека спроведувањето на меморандумот за разбирање со Соединетите Американски Држави е тешко, но можно, нагласувајќи дека дипломатијата мора да ги зачува постигнатите резултати на терен. Калибаф ги даде овие забелешки за време на состанокот со Мохамед Дарвиш, шеф на советот на раководството на Хамас, на маргините на церемонијата за збогум ...

Фудбалската репрезентација на Мексико беше принудена да ги врати луксузните часовници што ѝ ги подари американскиот јутјубер СтивВилДуИт (SteveWillDoIt), објави Би-би-си. Креаторот на содржини, чие вистинско име е Стивен Делеонардис, изјави дека потрошил околу еден милион американски долари (747 илјади британски фунти) за да купи часовници „Ролекс“ за секој фудбалер и член на стручниот штаб на мексиканската репрезентација. Мексико, една од ...

Вечерва и по полноќ продолжуваат возбудувањата на Светското првенство 2026 со два атрактивни натпревари од осминафиналето, по кои ќе бидат познати уште двајца четвртфиналисти. Во првиот меч, кој започнува во 22:00 часот по македонско време, петкратниот светски шампион Бразил ќе се соочи со Норвешка. Бразилците важат за фаворити, но норвешката репрезентација, предводена од Ерлинг Халанд, досега покажа дека може да биде незгоден противник за ...

Португалските пожарникари успеаја да стават под контрола околу 80 проценти од големиот шумски пожар што опустоши најмалку 13.000 хектари за три дена, соопшти денеска Службата за цивилна заштита. – Станува збор за пожар од големи размери, бидејќи огнот се прошири 35 километри од местото на избувнување. Сè уште има неколку тешки места, но поголемиот дел од пожарот е локализиран, изјави офицерот на португалската Служба за цивилна заштита, Хозе ...

Само општина Тетово опфаќа 19 административни села, но ако се земе предвид целиот регион заедно со руралните општини, бројот достигнува околу 90 населени места. Парадоксот е во тоа што речиси во ниту едно од овие села нема именувани улици или куќни броеви. Овој недовршен систем се претвори во вистински кошмар, не само за жителите, туку и за државната и приватната пошта. Адвокатот Ќенан Рахмани предупредува дека правните последици за граѓаните ...

Голем пожар избувна попладнево во магацински или друг објект на Јужен булевар во скопската општина Кисела Вода, по што на терен веднаш беа испратени екипи на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека пожарникарите веќе интервенираат со цел локализирање и гаснење на огнената стихија. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека од запалениот ...

ЕТНА, еден од најактивните вулкани во јужна Италија, денес повторно исфрлаше пепел, а поради зголемената вулканска активност, дојдовниот воздушен сообраќај на меѓународниот аеродром „Винченцо Белини“ во Катанија беше привремено прекинат. Вулканската активност продолжи откако на 26 јуни на врвот на Етна се отвори пукнатина во кратерот Ворагине. Според локални извори, утринската ерупција во кратерот Ворагине беше проследена со интензивно ...

Втората група кинески медицински експерти за борба против епидемии пристигна во петокот во Киншаса, главниот град на Демократска Република Конго, со цел да ги поддржи напорите во борбата против вирусот ебола. Раководителот на тимот, Гу Жикианг, изјави дека експертите тесно ќе соработуваат со локалните здравствени власти, обезбедувајќи техничка поддршка во епидемиолошките истраги, лабораториските тестирања, лекувањето на пациентите, ...

Македонскиот тенисер Калин Ивановски триумфираше на годинашното издание на турнирот Macedonian Open во Скопје, откако во возбудливо финале го совлада Украинецот Владислав Орлов со 2-1 во сетови (6-1, 0-6, 6-2). До титулата Ивановски стигна по два часа и 30 минути игра, освојувајќи го првиот трофеј по јули 2023 година и испраќајќи силна порака дека успешно се враќа по повредата што го оддалечи од терените кон крајот на 2023 година. ...

По вчерашната средба во Собранието за усвојување на Изборниот законик, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека дел од политичките партии го блокираат неговото донесување. Тој рече дека на вчерашната средба во Собранието, ВМРО-ДПМНЕ јасно повторила дека гласањето на дијаспората е стратешка цел, но оцени дека некои политички партии излегле со радикализирани ставови кои, според него, не оставаат простор за договор. Сепак, Мицкоски додаде дека ...

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, информираше дека утре се очекува да биде потпишан договорот за изградба на автопатот Скопје–Блаце, инвестиција вредна над 200 милиони евра, која значително ќе ја подобри поврзаноста меѓу Скопје и Приштина. Според Меџити, овој проект претставува важен чекор за развојот на патната инфраструктура, зајакнувањето на економската соработка и олеснувањето на комуникацијата меѓу двете држави. „Патот ...

Голем пожар што избувна синоќа во близина на Солун предизвика евакуација на неколку населени места и сериозни материјални штети, додека противпожарните екипи и натаму се борат да спречат повторно разгорување на огнот. Пожарот избувнал околу 20:30 часот во клисура во планинскиот дел на општината Ореокастро, предградие на Солун, а поради силниот ветер брзо се проширил кон рамничарскиот дел, зафаќајќи претежно ниска вегетација и грмушки. Според ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Кавадарци изјави дека по вчерашната средба во Собранието за измените на Изборниот законик е сѐ помалку оптимист дека ќе биде постигнат политички договор. Според него, дел од политичките партии, свесни за можен пораз на следните парламентарни избори, се обидуваат да го блокираат процесот. Одговарајќи на новинарски прашања по поставувањето камен-темелник за изградба на нов објект во рамки на Спортскиот ...

Македонскиот вицешампион Шкендија продолжува со засилувањата во пресрет на настапот во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА. Само неколку дена пред првиот европски натпревар, тетовскиот клуб го официјализираше враќањето на играчот од средниот ред Флорент Рамадани. Дваесетипетгодишниот фудбалер повторно го облекува дресот на својот матичен клуб, откако изминатите шест месеци настапуваше за косовскиот шампион Дрита, со кој ја освои ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на дводневната посета на Државата Катар, денеска оствари средба со претседателот на Владата и министер за надворешни работи, шеикот Мохамед бин Абдулрахман бин Џасим Ал Тани. Во разговорите со претседателот на Владата беше потврдено одличното ниво на билатералните односи и беше реафирмирана заедничката определба за нивно понатамошно унапредување. Посебен акцент ...

На 04.07.2026 во 21:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.Ќ.(34) од Скопје, по претходна пријава дека истиот ден во временскиот период од 17:00 до 20:00 часот, од пред објект на подрачјето на Центар одзел електричен тротинет, сопственост на Б.Р.(38) од Скопје. Електричниот тротинет е вратен на сопственикот, а по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок. На 04.07.2026 во 21:00 ...

На 04.07.2026 во 15:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.Б.(21) од Скопје. Истиот ден во 13:20 часот, жена од Скопје пријави дека на 03.07.2026 на подрачјето на Шуто Оризари, С.Б. се обидел да изврши обљуба врз нејзината 16-годишна ќерка, а пред шест месеци, пријавениот извршил обљуба врз малолетничката, а негов пријател снимал со мобилен телефон. По целосно документирање на случајот, ќе следува ...

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје официјално го започна работењето со новиот состав на Универзитетскиот сенат, кој ќе има мандат во периодот од 1 јули 2026 до 1 јули 2029 година. Новиот состав на Сенатот е конституиран по седницата одржана на 23 јуни 2026 година, со што започна функционирањето на највисокото академско тело на Универзитетот во новиот мандатен период. Од УКИМ информираат дека Универзитетскиот сенат ќе ги извршува ...

На 04.07.2026 во 22:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Ф.С.(32) од Куманово, по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава. На 04.07.2026 во 23:00 часот, полициски службеници од ПС Тетово го лишиja од слобода В.С. (62) од Тетово, постапувајќи по пријава од ...

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во изминатите две години е воспоставен поефикасен систем за издавање лични документи, со редовно закажување термини и навремена изработка на пасоши, лични карти и возачки дозволи. Од Министерството наведуваат дека, покрај подобрувањето на административните процедури, инвестирале и во подобрување на условите за граѓаните. Во тој период е реконструирано Одделението за управни работи во зградата на ...

Македонската карате репрезентација оствари извонреден успех на ЕТКФ Европскиот куп за деца, што се одржа вчера во „Овергас Арена“ во Софија, Бугарија, освојувајќи вкупно 58 медали и прво место во генералниот пласман. Како што информира Македонската традиционална карате федерација (МТКФ), македонските натпреварувачи освоија 17 златни, 14 сребрени и 27 бронзени медали, со што се пласираа на врвот меѓу учесниците на турнирот. Второто место во ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 18 возачи поради „безобѕирно управување возило“. Од нив, 11 управувале возило без возачка дозвола (пет во Скопје, три во Гостивар и по едно лице во Тетово, Кичево и Прилеп). Под дејство на алкохол возеле шест лица (по едно во Скопје, Кочани, Пробиштип, Велес, Радовиш и тетовско), а едно лице во Кочани возело иако имало активна забрана ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
1.54
35%
1017
weather icon

Белград

27ᴼ / 25ᴼ
3.13
49%
1021
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
2.75
39%
1023
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
3.41
27%
1018
weather icon

Сараево

33ᴼ / 33ᴼ
3.53
35%
1018
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 25ᴼ
1.5
43%
1024
weather icon

Атина

33ᴼ / 31ᴼ
7.6
34%
1013
weather icon

Тирана

35ᴼ / 34ᴼ
1.54
34%
1014
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
3.64
29%
1016
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
9.77
53%
1020
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
1.02
39%
1024
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 29ᴼ
6.08
100%
1016
Currency

61.5217

Currency

53.3095

Currency

71.9016

Currency

37.6328

Currency

38.2957

Currency

65.7252

Currency

7.903

Currency

0.64661

Currency

0.3348

Currency

0.52421

Currency

1.11625

Currency

0.55894

Цинк

0.00

Калај

55.56

Сребро

2099.49

Злато

141562.95

Рутениум

53852.50

Алуминиум

3.36

Платина

56263.81

Бакар

13.39

Паладиум

43596.41

Родиум

278907.73

Кобалт

56.29

Иридиум

252383.36