Американскиот претседател го објави ова на социјалната мрежа Truth Social во време кога високи функционери од САД, Украина и советниците за национална безбедност на Франција, Велика Британија и Германија разговараат за нацрт-планот на САД за завршување на војната во Украина во Женева. „Украинските функционери не покажаа никаква благодарност за нашите напори, а Европа продолжува да купува нафта од Русија“, напиша тој со големи букви на својата ...

Израелските воздухопловни сили извршија воздушен напад врз јужен Бејрут во петокот, што е прв таков напад врз либанската престолнина по неколку месеци. Целта, според израелските власти, била втората највисока личност на Хезболах. Канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху потврди дека „Израелските одбранбени сили нападнале во срцето на Бејрут, таргетирајќи го началникот на штабот на Хезболах, кој ги водеше напорите за изградба и ...

Границите на Украина не можат да се менуваат со сила, нејзината војска не може да се намали и да се остави ранлива на напади, а Европската Унија мора да игра централна улога во мировниот договор за Украина, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Изјавата на фон дер Лајен доаѓа во време кога високи претставници од САД, Украина и советниците за национална безбедност на Франција, Велика Британија и Германија водат ...

Планот е да има две пруги на релација Север-Југ. Сегашната пруга ќе се користи и ќе се исправат кривини на места каде е возможно за да се забрза сообраќајот, а втората ќе се гради колку што е можно поблизу до сегашната за што веќе се работи на испитување, вели директорот на ЈП Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски во неделното интервју за Радио Слободна Европа. “ Нашиот план има две компоненти. Првата е да ја задржиме постоечката пруга но ...

Фотоапаратот на покојниот папа Франциск беше продаден на аукција во Виена во саботата за 6,5 милиони евра, по неочекувана војна на лицитации. Фотоапаратот Leica M-A ја надмина очекуваната вредност за стократно, според портпаролот на 47-то издание на аукцијата Leitz Photographica. Во согласност со желбите на поранешниот поглавар на Католичката црква, кој почина во април оваа година, парите ќе бидат насочени кон хуманитарни цели. Аукциската куќа, ...

Ужасна трагедија го погоди еден од најголемите и најстарите европски патувачки циркуси. 26-годишен каскадер беше убиен за време на каскадерска претстава од страна на тројца мотоциклисти во преполна сала во Неапол, а очевидци ја опишаа сцената како целосен ужас откако ентузијазмот на публиката за миг се претвори во шок. Несреќата се случи во петокот вечерта додека тројцата каскадери изведуваа тешка каскадерска претстава со мотоцикл во голема ...

Портпаролката на Владата, Марија Митева денеска на прес конференција истакна дека доделени биле вкупно 33.682 ваучери за студенти. „Дозволете најнапред да истакнам дека ова е мојата прва прес-конференција како портпарол на Владата, и искрено сум горда што денес можам да потврдам дека една од најзначајните мерки за младите, мерката за ваучери за електронски уреди за студентите се реализира одлично и согласно сите предвидени динамики. Според ...

Гласачките места низ цела Словенија се отворија во 7 часот наутро. Денес, околу 1,7 милиони лица со право на глас ќе можат да одлучат дали ќе стапи на сила Законот за асистирано доброволно прекинување на животот, кој беше усвоен од Народното собрание кон средината на јули. Право на достоинствена смрт: Што предвидува законот? Законот би му дал на возрасен пациент, способен за донесување независни одлуки, право доброволно да го прекине својот ...

Состојбата со обилните врнежи низ државата е стабилизирана. Во Ресен, Битола и Демир Хисар повеќе нема излевање на реките, а нивото на водата е значително намалено и во опаѓање. Одронот на патот Битола – Кичево кај с. Железнец е целосно расчистен. Во Охрид, по навлегувањето вода во подруми и дворови, сите надлежни служби интервенираа и каналите се расчистуваат; водостоите се во благо опаѓање. Во Скопје, Штип, Велес, Неготино, Кавадарци, Свети ...

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, бидејќи постои основано сомнение дека тој на 19 ноември, со употреба на сила и спротивно на јасно изразената волја на една оштетена ја принудил на сексуален однос. Жртвата, со која претходно биле во подолга врска која таа ја прекинала, ја ...

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), спречија увоз на 20.500 килограми замрзнат компир – помфрит, со поминат рок на употреба (23.05.2025 година). Компирот, увоз од Холандија, бил наменет за продажба на македонскиот пазар. Забранетите количини замрзнат компир, во присуство на инсепктори за храна од Агенцијата, нештетно се уништени во петокот на депонијата Дрисла, врз основа на изречената мерка забрана за увоз и ...

Утрово најстудено е во Лазарополе со измерени 0 степени. Следуваат: 1 степен во Крушево, Маврови Анови, 4 во Охрид, Претор, Прилеп, 5 во Битола, Куманово, 6 во Крива Паланка, Тетово, Берово, 7 во Скопје-Петровец, Скопје–Зајчев Рид, Виница, 8 во Штип, Велес, Кавадарци, Демир Капија, 9 во Гевгелија, 10 во Струмица. Денеска променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, во југоисточните делови со услови за појава на грмежи. На повисоките ...

Овен Денешниот ден носи нов бран на мотивација. Се отвораат можности за побрз напредок на работа. Во љубовта – бидете отворени за разговор, вашиот партнер сака искреност. Здравјето е добро, но избегнувајте ненадејни движења. Бик Емоциите може да бидат зголемени денес. Доаѓа стабилизација на финансиски план. Љубовната ситуација бара трпение и топла комуникација. Посветете се на одмор и квалитетна исхрана. Близнаци Комуникацијата ви оди добро ...

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. На повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени. Во Скопје, променливо облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а ...

Колумбија соопшти дека запленила најголема количина кокаин во последните 10 години. Запленети се 14 тони дрога во Бонавентура, главното пристаниште во Тихиот Океан на југозападот од земјата. Официјалните лица изјавија дека тим од кучиња трагачи помогнале во откривањето на голема количина скриена дрога , објави CBS News. Оваа заплена во земјата, која е најголем производител на кокаин во светот, доаѓа во време кога Белата куќа воведе финансиски ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот сегашен мировен план за Украина не е конечен. Одговарајќи на прашање од новинарите пред Белата куќа дали планот од 28 точки е неговата последна понуда, Трамп беше јасен. „Не, ни приближно“, рече тој. „Сакаме да постигнеме мир, тоа требаше да се случи одамна. Војната на Украина со Русија никогаш не требаше да се случи. Да бев претседател, тоа никогаш немаше да се случи. Се обидуваме да ...

Најмалку едно лице загина во Албанија во поплавите предизвикани од обилните дождови што паѓаат во изминатите неколку дена, соопшти денес албанската полиција. Полицијата објави дека тело на жена (76) е пронајдено откако нивото на водата се повлекло во поплавената југоисточна општина Девол. Поплавите предизвикаа најголема штета во руралните региони на југот на Албанија, а во селото Душар 30 семејства беа отсечени, бидејќи патиштата беа непроодни ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека војната меѓу Русија и Украина ја довела Европа до „историска пресвртница“, нагласувајќи дека американскиот претседател Доналд Трамп „не се откажал од својата намера да донесе мир во Украина“. Орбан рече дека Европа е сега на крстопат. „Можеме да се вратиме од овој ќорсокак и конечно да се обединиме зад мировната иницијатива на претседателот Трамп, вклучувајќи ги и бирократите од Брисел. Ова би барало ...

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека преместувањето на главниот град на Иран од Техеран станало неизбежно, наведувајќи ги пренатрупаноста и ограничените водни ресурси. Зборувајќи на состанок во Казвин оваа недела, Пезешкијан тврдеше дека Техеран не може да издржи понатамошна изградба или раст на населението. Тој истакна дека префрлањето вода од Персискиот Залив би било исклучително скапо, објаснувајќи дека иако Иран немал доволно ...

Познатиот пејач Александар Вуксановиќ или познат како Аца Лукас, е приведен во Кавадарци, и изречена му е прекршочна пријава. Исто така контролата во угостителскиот објект констатирала прекршоци. „На 22.11.2025 во 00:10 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го приведоа А.В. (57) од Република Србија. При вршење на акциска контрола во угостителски објекти на подрачје на Кавадарци, од страна на полициски службеници од ОВР Кавадарци, ...

Според известувањата од сите регионални центри за управување со кризи (РЦУК), состојбата со водостоите на реките на територијата на Република Северна Македонија е стабилна: • Во Куманово, Липково и Старо Нагоричане нема излевање на реките. Реката Пчиња бележи намалување на нивото. • Во Крива Паланка, Ранковце и Кратово нема поплавени куќи, а водостојот на Кратовска и Крива река е зголемен, но под контрола. • Во Охрид се регистрирани поплавени ...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се обрати на денешната трибина на тема „Локални и глобални предизвици од младинско значење“, организирана од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и младината на Меѓународната Демократска Унија (IYDU) во хотел Хилтон каде истакна дека младите се сржта на партиите и иднината, и даде силна поддршка за младите. „Некои од пораките што ги слушнав денес од оваа дебата се нешто што е многу, многу важно, и ...

Во саботата, околу 11:45 часот, на булеварот „Арсениe Чарнојевиќ“ број 93, e пронајдено е неидентификувано машко лице без знаци на живот, со видлива повреда на главата. Очевидци тврдат дека слушнале истрели. Вработената во продавницата слушнала истрел, а едно лице рекло дека видел маж како лежи во близина на зградата со видливи повреди на главата. Не е познато кој е сторителот, а полицијата веднаш била покрената акција „Вихрод 3“ на територијата ...

Поранешниот екстремно десничарски бразилски претседател Жаир Болсонаро беше уапсен денес во неговата вила во главниот град Бразилија, соопшти полицијата. Во соопштението се наведува дека е спроведена потерница за Жаир Болсонаро, одобрена од Врховниот федерален суд. Бразилските медиуми објавија дека тој бил однесен во федерална полициска база, седум милји од претседателската палата, објавува „Гардијан“. Поддржувачите на Жаир Болсонаро планираа да ...

Денеска и утре наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на грмежи. Во недела поради продор на постудена воздушна маса на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминат од врнежи во снег. Во понеделник и вторник утринските температури значително ќе опаднат. Нови врнежи се очекуваат од средината на следната седмица. Во Скопје денеска и утре во делови од котлината ќе бидат поројни и пообилни со ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше на дводневниот „Форум за слобода“, меѓународен политички настан во организација на Унијата на млади сили во Северна Македонија и глобалната мрежа на центар-десни и конзервативни политички подмладоци. Настанот, обедини учесници, млади лидери од повеќе од 45 земји, со фокус на политичките, економските и стратешките предизвици пред младите генерации во Европа и ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го честиташе 22 Ноември – Денот на албанската азбука. „Со особена почит ви го честитам 22 Ноември Денот на албанската азбука, празник којшто претставува силен симбол на просветителскиот напор, културната зрелост и историскиот опит на албанскиот народ. Пред 117 години унифицираната азбука го започна своето патување од Конгресот во Битола, како најважен комуникациски код на еден народ, за денес да се ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска се обрати на свечена владина седница организирана по повод Денот на Албанската азбука. Мицкоски кажа дека денешниот ден носи силна историска и културна симболика. „Денес сме собрани за да го одбележиме Денот на албанската азбука. Ден поврзан со градот Битола и со еден од најзначајните моменти во модерната албанска историја – Конгресот во 1908 година. Тогаш, во Битола, град што прераснат во центар на напредни ...

Поради покачените водостои на реките по неколкудневните врнежи од дожд и опасноста од нивно излевање, но и заради излевањето на реките во неколку региони во земјава, со цел навремено преземање превентивни активности за намалување на ризиците од појава на заразни болести кои се пренесуваат преку храната или водата за пиење и за заштита на животните, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до населението да води сметка за безбеднсота на ...

Во пристаништето во Лос Анџелес денес е прогласена вонредна состојба поради голем пожар на товарен брод што складира опасни материјали, објавија локалните власти. Повеќе од 100 пожарникари беа распоредени за гаснење на пожарот , но според локалните власти, нема жртви или повредени, објави „Лос Анџелес Тајмс“. Пожарот бил пријавен во 18:38 часот по локално време под палубите на контејнерскиот брод „1 Хенри Хадсон“, долг 330 метри, а експлозија се ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
100%
1020
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
2.06
94%
1020
weather icon

Загреб

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
88%
1020
weather icon

Софија

5ᴼ / 3ᴼ
1.35
66%
1019
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
0.59
94%
1021
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
2.06
93%
1019
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
2.24
81%
1016
weather icon

Тирана

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
81%
1015
weather icon

Подгорица

2ᴼ / 2ᴼ
2.06
93%
1017
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
90%
1020
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
1.54
95%
1021
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
0.0
93%
1017
Currency

61.55

Currency

52.5597

Currency

70.2651

Currency

34.8418

Currency

38.1047

Currency

66.0411

Currency

7.46486

Currency

0.65312

Currency

0.33374

Currency

0.52442

Currency

1.22957

Currency

0.58675

Сребро

2159.30

Бакар

11.02

Платина

64478.87

Алуминиум

2.95

Иридиум

145787.60

Рутениум

29192.88

Калај

43.93

Злато

139515.92

Паладиум

54591.97

Кобалт

58.42

Родиум

258813.51

Цинк

3.04