Фудбалскиот свет повторно е во жалост. По шокантната смрт на Диого Жота и неговиот брат, нова трагедија го потресе европскиот фудбал. Младиот напаѓач Ксавери Јежевски (17), член на тимот до 17 години на Легија Варшава и полската репрезентација, беше тешко повреден во сообраќајна несреќа во која почина неговата постара сестра. Сообраќајна несреќа во близина на Плок: Возило удри во дрво Несреќата се случила во близина на градот Плок, кога ...

Центарот за управување со кризи информира дека на територија на Македонија има три активни пожари. Се работи за пожари во: Општина Прилеп – село Бешиште каде има пожар во приземна квалитетна мешана шума. Општина Македонски Брод – село Црешнево, месност Церо Поле – пожар во деградирана дабова шума и грмушки. Општина Чашка – под Солунска Глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина Дупка – шумски пожар, моментално нема активен пламен, ...

Илон Маск, милијардер и до неодамна близок сојузник на американскиот претседател Доналд Трамп, во саботата објави дека ја основал „Американската партија“. „Со маргина од 2 спрема 1 сакате нова политичка партија и ќе ја имате! Денес Американската партија е основана за да ви ја врати слободата“, напиша тој на X. Тој потроши стотици милиони за кампањата на Трамп Објавата на Маск доаѓа откако претседателот Доналд Трамп го потпиша својот ...

Министерството за дигитална трансформација овозможува услови сите граѓани да користат една е-маил адреса и една лозинка за регистрација на различните системи во државата, на лесен, брз и ефикасен начин. Оваа можност досега ја искористиле над 246 илјади граѓани во повеќе институции. Граѓанинот може да се регистрира на Системот за единствена најава (СЕН) доколку е полнолетен граѓанин на Македонија, или има регулиран престој согласно важечките ...

Овен Љубов: Ќе добиете внимание од личност која ви се допаѓа долго време. Бидете храбри. Работа: Ве очекува неочекувана деловна понуда – размислете пред да кажете „да“. Здравје: Можни главоболки – хидрирајте се и избегнувајте стрес. Бик Љубов: Партнерот може да биде емоционално затворен. Дајте му простор. Работа: Денес не е поволен ден за финансиски инвестиции. Почекајте. Здравје: Внимавајте на исхраната – избегнувајте мрсна храна. Близнаци ...

Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло, попладне со мала до умерена нестабилна облачност. Ќе дува слаб до ...

Пожарот што денеска избувна во магацин со хемикалии во фабриката за муниција и оружје „Сувенир“ во населбата Самоков, е брзо локализиран и целосно изгаснат. Од Регионалниот центар за управување со кризи информираат дека во ниту еден момент немало опасност од ширење на огнот кон останатите објекти на фабриката. На терен интервенираа противпожарните екипи од Македонски Брод, кои со брза реакција спречија поголема материјална штета и потенцијална ...

Пожарот што денеска избувна во „Сувенир“ во населбата Самоков, е брзо локализиран и целосно изгаснат. Од Регионалниот центар за управување со кризи информираат дека во ниту еден момент немало опасност од ширење на огнот кон останатите објекти на фабриката. На терен интервенираа противпожарните екипи од Македонски Брод, кои со брза реакција спречија поголема материјална штета. Пожарот е ставен под контрола, а електричната енергија во фабриката ...

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа успешно изгаснат, без да постои опасност од ширење кон фабричките објекти или загрозување на безбедноста. „Во ниту еден момент немаше опасност од ширење на пожарот кон објектите на нашата фабрика во Самоков, ниту пак беше загрозена ...

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе царини од 17% за прехранбени и земјоделски производи од Европа за време на разговорите во Вашингтон оваа недела, објави „Гардијан“. Ваквите царини би погодиле сè, од белгиско чоколадо до путер „Кериголд“ од Ирска и маслиново масло од Италија, Шпанија и Франција – производи кои добро се продаваат во САД. Како што првично објави „Фајненшл тајмс“, извори потврдија дека европскиот ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека последниот разговор што го имал со американскиот претседател Доналд Трамп бил најдобриот и најпродуктивниот досега. „Што се однесува до разговорот со претседателот на Соединетите Американски Држави, кој се одржа претходниот ден, тоа беше веројатно најдобриот разговор што го имавме во текот на целиот овој период, најпродуктивниот“, рече Зеленски. Тој додаде дека со Трамп разговарал за ...

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди презеде соодветни мерки и го расчисти случајот. Од извршените проверки, ОВККИПС констатираше дека на 05.07.2025 во 12.00 часот сменоводителот на БПС Прилеп В.И. го упатил полицискиот службеник А.К., ...

Писателот Цане Андреевски почина денеска во 95-тата година од животот во Скопје. Андреевски е роден во Кратово во 1930 година. Таму завршил основно училиште, а потоа во Скопје завршил учителска школа, и дипломирал на Филозофски факултет. Учествувал во уредување на списанија за деца и на весникот „Млад Борец“. Најголемиот дел од својот работен век беше во Радио Скопје, како уредник на Културната редакција. Тој е добитник на наградата „Кочо Рацин“ ...

Состојба со пожарите за 05.07.2025 до 18:30 часот На 05.07.2025 година до 18:30часот, на територијата на државата се евидентирани вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои: Активни се 5 пожари: Опш. Прилеп, с. Бешиште – приземен пожар во квалитетна мешана шума Опш. Македонски Брод, с. Црешнево, м.в. Церо Поле – пожар во деградирана дабова шума и грмушки Опш. Чашка – шумски пожар под Солунска Глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и ...

Ова е Шерифедин Адили, 72-годишник од градот Тетово. Од основно училиште работи како сарач – занает што се занимава со обработка на кожа за изработка на опрема за животни, особено за коњи. Шерифедин раскажува како ја започнал оваа работа и како се променил занаетот низ годините. „Од дете, трето или четврто одделение, бев чирак тука, потоа отидов војник, кога се вратив мајсторот ја продаде работилницата и замина во Турција, а јас имав една нива ...

Градежни работи на автопатот Кичево–Охрид предизвикуваат револт кај жителите на околните села. Жителите кои живеат во близина на делот каде што се изведуваат работите се жалат дека им се блокирани пристапите до нивните домови, а никој не им објаснил дали ќе добијат пристап до своите куќи. Во Подмолје, жителите велат дека сега се приморани да прават цел круг низ селото за да излезат на главниот пат. „Помина една жена тука и не знаеше каде да оди. ...

Поранешни пратеници на Демократската партија на Албанците, Беким Фазлиу, Мерале Ферати, Орхан Ибрахими и други, ја основаа Граѓанската иницијатива „Арберија“. Беким Фазлиу, еден од иницијаторите, изјави дека ова движење не е партија, туку нешто повеќе од политичка партија. „Ова не е политичка партија, тоа е многу повеќе од политичка партија. Ова е организирање на граѓаните, на Албанците, што е свест на Албанците и произлегува како потреба од ...

Американскиот претседател Доналд Трамп го опиша неодамнешниот телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски како „добар“ и „стратешки важен“. „Имавме добар разговор. Разговаравме за различни работи. И имавме многу добар разговор. Мислам дека беше многу, многу стратешки разговор“, им рече Трамп на новинарите во претседателскиот авион, објави денес Укринформ. Трамп додаде дека САД ќе продолжат да ја поддржуваат Украина. „Им ...

Ако возите автомобил под дејство на алкохол или додавате гас и летате низ улиците или направите тежок сообраќаен прекршок, покрај што ќе заработите казна, ќе ви биде одземено и возилото. Од јануари идната година треба да профункционира системот „Безбеден град“. Министерот Тошковски на денешниот отчет за сработеното во изминатата година, рече дека неопходни се измени во шест до седум закони и отпочната е постапката за секој од нив. „Граѓаните ...

На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП пријавил кривично дело – „измама“ по чл. 247 ст.4 од Кривичниот законик на РСМ против лицето Д.И. (54) од село Трубарево, скопско. Имено, според пријавителот во период од 2022 до 2025 година пријавениот со намера за себе да прибави противправна имотна корист, со лажно прикажување на факти ги довел и ги држел во заблуда пријавителот и неговата сопруга М.Д. прикажувајќи се самиот себе како лице ...

Земјотрес со интензитет од 3,8 степени според Рихтеровата скала се случи денес во Мраморното Море покрај брегот на Силиври, во близина на Истанбул, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Земјотресот се случил во 14:24 часот по локално време, на длабочина од 12 километри, соопшти EMSC. Епицентарот на земјотресот бил на 36 километри јужно од Силиври и 47 километри југозападно од населбата Бујукчекмеџе, на западната периферија ...

Гитаристот на „Блек Сабат“, Тони Ајоми, вели дека прошталниот концерт на групата во родниот град е целосно поразличен од се што досега го правеле. На денешниот десетчасовен музички спектакл на стадионот „Вила парк“ во Бирмингем, оригиналната постава Ози Озборн, Томи Ајоми, Гизер Батлер и Бил Ворд ќе свири заедно за првпат по 20 години. „Многу сме нервозни, но подготовките поминаа добро. Луѓе доаѓаат од цел свет и не можам да го апсорбирам тоа“, ...

СДСМ со реакција за денешниот отчет на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Од таму велат дека отчетот е далеку од реалната состојба во државата, и дека претставува „обид за бегасе од вистината“. „Вистината е дека за една година Македонија е далеку од држава во која владее ред, правда и одговорност, како што сака да прикаже Тошковски. За една година, безбедноста на граѓаните е сериозно загрозена – Македонија гори од насилство, убиства ...

Состојба со пожарите на 05.07.2025 до 13.00 часот На територијата на државата се евидентирани вкупно 8 пожари на отворен простор, од кои: Активни се 4 пожари: Општина Прилеп, с. Бешиште – приземен пожар во квалитетна мешана шума Општина Македонски Брод, с. Црешнево, м.в. Церо Поле – пожар во деградирана дабова шума и грмушки Општина Чашка – шумски пожар под Солунска Глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина Дупка (моментално нема ...

На 04.07.2025 година во 23,25 часот на крстосницата на булеварот „Партизански одреди“ со улицата “Лондонска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Рено каптур“ управувано до Д.И. (20) од Скопје и патничко возило марка „Ауди А-5“ управувано од Е.С. (20) исто така од Скопје. Во несреќата со телесни повреди се здобиле Е.С. како и неговите двајца сопатници А.И. (26) и Е.Б. (21) а констатирани во Комплекс клиники „Мајка ...

По претходно превземени оперативни активности, вчера (04.07.) полициски службеници од СВР Скопје врз основа на Судски наредби за претрес на дом и други простории извршија претреси кај две лица. Притоа при претресот кај лицето Н.Ј. (26) од Скопје во стан во Ѓорче Петров беа пронајдени и одземени една дигитална вага со остатоци од материја, една зипер кесичка со семки од растение, една полиетиленска кесичка со бела прашкаста материја, една тегла ...

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски преку својот профил на социјалните мрежи се обрати до граѓаните по однос на проблемот со недостатокот на вода за пиење. Како што пишува Стефковски, населените места Црешево, Смилковци, Маџари, Железара, Автокоманда и Ченто се оставени без вода за пиење поради недостаток на колични на вода. Во услови на екстермно високи температури, ваквата состојба е не само недозволива, туку и срамна. Ги ...

Панче Тошковски, министерот за внатрешни работи денеска на прес-конференција посветена на сработеното во досегашниот мандат потенцираше дека со преземањето на министерството затекнале нефукционален систем, институција без јасна организација, без услови за работа со изгубена доверба кај граѓаните и нагласи дека таква слика на тага и немоќ не смее никогаш повеќе да се види. „Бандите дивееја, а државните институции молчеа. Пасоши се чекаа со ...

Најмалку 24 лица загинаа во ненадејни поплави во централен Тексас, соопштија властите во оваа американска сојузна држава. Поплавите придонесоа за брзо сголемување на реката Гвадалупе. Покрај 24 загинати, за исчезнати се водат 20 девојчиња кои биле во летен камп во близина на реката. Вицегувернерот на Тексас, Ден Патрик рече дека во тек е потрага по нив. Според Патрик, нивото на реката Гвадалупе во текот на изминатата ноќ се искачило за осум ...

Патниците на летот на „Рајанер“ беа принудени буквално да скокнат од авионот откако избувна пожар непосредно пред полетувањето . Осумнаесет од нив се здобија со полесни повреди. Пожарот избувнал кратко по полноќ на аеродромот во Мајорка, а не е познато која била дестинацијата на авионот. Четири амбулантни возила и пожарникари веднаш биле испратени на местото на настанот. Драматичната снимка ги прикажува преплашените патници покажува како ...

weather icon

Скопје

36ᴼ / 36ᴼ
3.09
23%
1014
weather icon

Белград

33ᴼ / 30ᴼ
4.63
33%
1019
weather icon

Загреб

32ᴼ / 30ᴼ
3.6
41%
1022
weather icon

Софија

35ᴼ / 34ᴼ
2.57
23%
1015
weather icon

Сараево

38ᴼ / 38ᴼ
2.85
14%
1014
weather icon

Љубљана

30ᴼ / 28ᴼ
6.17
50%
1022
weather icon

Атина

36ᴼ / 33ᴼ
10.29
25%
1011
weather icon

Тирана

39ᴼ / 39ᴼ
1.54
13%
1012
weather icon

Подгорица

39ᴼ / 39ᴼ
4.12
17%
1012
weather icon

Букурешт

35ᴼ / 32ᴼ
7.2
37%
1018
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 29ᴼ
3.09
38%
1022
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 31ᴼ
9.77
35%
1015
Currency

61.5

Currency

52.8334

Currency

71.0408

Currency

34.4801

Currency

38.4145

Currency

65.3538

Currency

7.35687

Currency

0.66541

Currency

0.35742

Currency

0.52499

Currency

1.29923

Currency

0.60326