Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
Комисијата за финансирање и буџет во Собранието ја продолжи расправата по амандманите за изменување и дополнување на Буџетот за 2026 година. Во текот на првиот ден беа разгледани десетици предлози со кои се бараат дополнителни средства за Министерството за односи меѓу заедниците, зголемување на платите за вработените во Министерството за одбрана и припадниците на Армијата, како и дополнителни средства за општините и изградба на воени објекти. ...
Полицијата го расчисти случајот со насилството врз 12-годишно девојче во парк во општина Аеродром во Скопје, што се случи на 30 јуни. Според соопштението на МВР, против четири малолетни лица и пет родители се поднесени кривични пријави за различни кривични дела. Две малолетни девојчиња се товарат за кривичното дело „насилство“, додека едно малолетно лице за поттикнување и неовластено снимање, откако дел од присутните го снимале настанот со ...
Премиерот Христијан Мицкоски, денеска во Владата имаше средба со еврокомесарката за проширување, Марта Кос. По средбата искажа благодарност до ЕУ за поддршката која ја добива земјата во реализација на проектите. „Денешната средба и посета претставува можност за отворен, искрен и суштински разговор за нашата европската перспектива, за реформите што ги спроведуваме и за потребата процесот на проширување да остане доследен на принципите врз кои ...
Министерството за внатрешни работи информираше дека во текот на вчерашниот ден било пријавено дека кај Катлановска Бања бил пронајден машки труп. Телото веднаш било предадено на обдукција. „На 07.07.2026 во 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека кај Катлановска Бања, во реката Пчиња бил пронајден машки труп. По насоки од јавен обвинител, телото на починатиот е предадено во судска медицина за обдукција и се преземаат мерки за утврдување на ...
СДСМ го обвини ВМРО-ДПМНЕ дека не се стреми кон реформи во Изборниот законик, туку кон „изборна кражба“ и манипулација со околу 200 илјади гласови од дијаспората. Опозициската партија рече дека реформската агенда се користи како алиби и дека ќе го заштитат гласот на граѓаните од злоупотреба и манипулација. „Ја укина техничката влада на сила и без консензус. Откако моделот за електронско гласање на дијаспората не помина, тој се обиде да ...
Претседателката на ЛДП и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова, е избрана за потпретседателка на Парламентарното собрание (ПС) на ОБСЕ, информираа од ЛДП. На 33-тата годишна сесија на ПС на ОБСЕ во Хаг, Холандија, кандидатурата на Зајкова доби силна поддршка од парламентарните делегации на 57 земји од Европа, Северна Америка и Централна Азија. Овој успех има специфична тежина бидејќи е извојуван преку директна конкуренција и ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денес дека повеќе не сака да соработува со Шпанија, нарекувајќи ја „ужасен партнер“ во НАТО. „Не сакаме повеќе да тргуваме со Шпанија. Шпанија е ужасен партнер во НАТО. Тие не придонесуваат, не плаќаат. Не сакам повеќе да имам никаква врска со Шпанија“, рече Трамп на маргините од самитот на НАТО во турската престолнина Анкара на заедничкото обраќање со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. ...
Цените на нафтата пораснаа за речиси три проценти откако САД започнаа нови напади врз Иран, по објавата дека Техеран нападнал три брода во Ормутскиот теснец. Цената на суровата нафта од типот Брент, која се смета за меѓународен стандард, утрово се зголеми за 2,6 проценти, достигнувајќи 76,09 долари за барел , додека американската сурова нафта исто така се зголеми за 2,6 проценти, на 72,25 долари за барел, објавија американските медиуми. ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на денешниот НАТО Самит во Анкара, испрати порака дека најсилна Европа е онаа која живее во мир и демократија заснована на принципи и вредности. „Денеска ни треба повеќе кантијанизам отколку макејаливизам. Денеска би сакала дека мотото „посилна европа, посилно НАТО“, во моите мисли е дека проширена „Обединета Европа е посилна Европа“, но најсилна Европа е Европа што живее во мир и демократија ...
Товарен авион со пет члена на екипажот исчезна покрај брегот на Карачи, град во Пакистан. Започната е голема операција за пребарување. Боингот 737, кој летал кон Карачи од Шарџа во Обединетите Арапски Емирати, брзо се спуштил и го изгубил контактот со контролорите на летот во 21:21 часот по локално време во вторник, соопшти Пакистанската управа за цивилно воздухопловство. Авионот пријавил проблем со навигацискиот систем неколку минути пред ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Меморандумот за разбирање со Иран е завршен по серијата напади низ регионот. Тој рече дека американската војска многу силно нападнала ирански цели. Најновите коментари на американскиот претседател дојдоа откако Корпусот на Исламската револуционерна гарда соопшти дека започнала напади врз американски воени цели низ Бахреин и Кувајт како одговор на американските напади врз Иран, пишува CNN . ...
Со победата на пенали над Колумбија, репрезентацијата на Швајцарија е последниот патник во 1/4 финалето на Светското фудбалско првенство во САД, Канада и Мексико. Швајцарците и Колумбијците одиграа без голови по 120 минути, а во пенал серијата Швајцарците беа поуспешни и славеа со 4-3, со што во следната фаза ќе играат против Аргентина. Аргентинците претходно во драматичен пресврт со 3-2 го совладаа тимот на Египет. Во другите четвртфинални ...
Судијката Даниела Димовска е избрана за претседател на Основниот кривичен суд во Скопје на денешната седница на Судскиот совет. Одлуката е донесена по постапка спроведена преку јавен оглас, на која пријави поднесоа двајца кандидати – Даниела Димовска, судија и в.д. претседател на Основниот кривичен суд во Скопје, и Ивица Стефановски, судија во истиот суд. Претседателот на Комисијата за селекција, Ивица Николовски, информираше дека обете ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес од самитот на НАТО во Анкара изјави дека новите американски напади врз Иран биле „апсолутно неопходни“, оценувајќи дека Вашингтон морал решително да реагира по, како што рече, кршењето на прекинот на огнот од страна на Иран. „Кога имате прекин на огнот, а Иран во суштина го прекршува, мислам дека е апсолутно неопходно САД силно да реагираат“, рече Руте пред почетокот на самитот во Анкара, ...
Дел од жителите на улица 8 во село Горно Соње, во местото познато како Коштан, денес ќе бидат без струја, од 08:30 до 15:00 часот . Додека од 09:00 до 11:00 часот , дел од потрошувачите на булеварот Македонско-косовска бригада, во близина на бензинската пумпа Бутел, исто така ќе бидат без струја, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Скопјe . Од 09:00 до 12:00 часот , без струја ќе останат и дел од жителите на улица 4 во ...
Најновиот милионер во Македонија е Гоцев Столе од Радовиш. Тој освои МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ вреден 1.739.712 денари. Најчесто уплаќам спортска прогноза. Тоа го правев и сега за време на СП во фудбал, кога и одлучив да си ја пробам среќата на ВЛТ. Во првиот момент кога се случи, кога го слушнав сигналот, не знаев што се случува. Мислев дека се случи некоја грешка. Вработената ми објасни дека освоив МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ. И во тие мигови, никако не можев да ...
Завршена е реконструкција на железничката обиколница Скопје, пругата од Драчево до Илинден со што се овозможува пренасочување на товарните возови надвор од Скопје. Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и диркторот на ЈП Железница Инфраструктура Синиша Ивановски, направија увид до реконструираната пруга каде се изврши и тест возење. По оваа делница ќе се одвива исклучиво товарниот железнички сообраќај, ...
Америка изврши насилни напади врз Иран синоќа по нападот врз неколку танкери во Хормуз. Иран тврди дека одговорил утрово со напади врз американски воени цели во регионот. Во потег што може сериозно да го загрози договорот за прекин на огнот, Вашингтон вчера го отповика клучниот исклучок што му дозволуваше на Иран да продава нафта на меѓународниот пазар. По таа објава, цените на нафтата се зголемија за повеќе од три проценти. Во исто време, ...
Овен Денот ви носи нова енергија и желба за акција. На работното место ќе успеете да решите проблем што долго ве оптоварувал. Во љубовта, искрен разговор ќе ги расчисти недоразбирањата. Бик Фокусирајте се на финансиските обврски и избегнувајте непотребни трошоци. Можно е да добиете интересна деловна понуда. Вечерта е идеална за одмор и време со семејството. Близнаци Комуникацијата ќе биде вашата најсилна страна. Ќе оставите добар впечаток на ...
Променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој попладне наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има ...
Ринго Стар денес се смета за еден од највлијателните тапанари во историјата на рок музиката. Ринго Стар, легендарниот тапанар на Битлси, е роден како Ричард Старки Џуниор на 7 јули 1940 година во Ливерпул. Тој пораснал во семејство на пекари, но неговото детство воопшто не било лесно. Неговите родители се развеле кога имал три години, по што неговата мајка Елси се преомажила за Хари Грејвс, кој го охрабрил да се заинтересира за музика, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денес го повтори своето барање САД да ја преземат контролата врз Гренланд. „САД треба да го контролираат, а не Данска“, изјави Трамп пред новинарите за време на средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Анкара, каде што учествува на самитот на НАТО. Трамп рече дека полуавтономниот остров, кој е под администрација на Данска, е важен за САД, дека е опкружен со кинески и руски бродови и дека ...
Лидерката на француската крајна десница, Марин Ле Пен, потврди дека ќе се кандидира на претседателските избори следната година, и покрај тоа што е осудена на една година електронско следење за измама. За 57-годишната политичарка, која три пати се кандидираше за претседател на Франција, ова ќе биде нејзина четврта претседателска трка, но под невидени околности. Иако ѝ беше наредено да носи електронско следење, Ле Пен тврди дека поради ...
САД ја повлекуваат лиценцата што дозволуваше продажба на иранска нафта, изјави во вторник американски функционер, нагласувајќи дека дејствијата на Иран во Ормутскиот теснец се „целосно неприфатливи“ и дека ќе се соочи со последици по нападите врз танкери во стратешкиот воден пат. Овој потег доаѓа откако три танкери беа погодени од ракети во последните денови, соопшти британската поморска агенција UKMTO. Иран сè уште не ја коментираше веста и ...
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предвидува дека економијата на Македонија до 2031 година ќе бележи стабилен просечен раст од 3% годишно. Со оваа стапка, земјата се позиционира како седма најбрзорастечка економија на европскиот континент, пренесува Еуроњуз. Според деталната анализа на ММФ, помалите европски економии – вклучувајќи ја и шестката од Западен Балкан (Македонија, Косово, Србија, Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина) – во ...
Аргентина приреди вистинска фудбалска драма и со спектакуларен пресврт го совлада Египет со 3:2, обезбедувајќи место во четвртфиналето на Светското првенство. „Гаучосите“ до 79. минута губеа со 2:0, но за само 14 минути успеаја да постигнат три гола и да направат еден од најголемите камбеци на турнирот. Египет шокантно поведе уште во 15. минута преку Јасер Ибрахим, а предноста ја зголеми Зико во 67. минута по брза контра, оставајќи ја ...
Инфлацијата во Македонија продолжува да се движи под нивото на повеќето земји од регионот, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Во јуни, во споредба со мај, трошоците на живот се намалени за 0,5 проценти, додека цените на мало бележат пад од 0,8 проценти. Најголемо месечно намалување е регистрирано кај транспортот, каде трошоците се пониски за 1,6 проценти, како и кај храната и безалкохолните пијалаци, каде е ...
Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) Џани Инфантино се огласи денеска преку социјалните мрежи, но наместо одговор на контроверзите што се појавија на Светското првенство во последните денови, изнесе комплименти за организацијата на турнирот и судиите. „Светското првенство донесе неверојатен успех, а голем дел од заслугата за тоа му припаѓа на нашиот одличен судиски тим. На првенството судат најдобрите судии во светот, ...
Европскиот парламент во вторник започна постапка за проверка против партијата Европа на суверени нации (ESN), во која членуваат германската Алтернатива за Германија (AfD) и разни други крајно десничарски политички сили од цела Европа. Гласањето му наложува на Управата за европски политички партии и европски политички фондации (APPF) да ја испита усогласеноста на ESN со вредностите на ЕУ, што на крајот би можело да доведе до повлекување на ...
Директорот на ЦУК, г-дин Мухамед Али истакна дека наскоро граѓаните ќе ја имаат на располагање апликацијата „Where Are You“, која ќе овозможи: • Прецизно испраќање на локацијата од местото на настанот; • Испраќање фотографии од местото на настанот; • Испраќање видеа од местото на настанот; • Директна видео-комуникација со Оперативниот Центар во итни ситуации. Дополнително, ќе биде достапна и функцијата „Silent Call“, која ќе им овозможи на ...