Скопје
32ᴼ /
32ᴼ
Инженерскиот тим на ФЕРО ИНВЕСТ, ексклузивен партнер на WHES Energy Storage Systems за Македонија, присуствуваше на Intersolar Europe 2026 во Минхен – најголемиот европски саем за соларна енергија, батериски системи и паметни енергетски решенија. Во текот на саемот, инженерите на ФЕРО ИНВЕСТ беа присутни на штандот на WHES и им беа на располагање на потенцијалните инвеститори од Македонија за технички информации и консултации околу ...
Премиерот на Албанија, Еди Рама, денеска го прославува својот 62. роденден. По тој повод, преку објава на социјалните мрежи им се заблагодари на сите што му испратиле честитки, посочувајќи дека не е во можност да им одговори поединечно. „Ви благодарам за безбројните честитки за мојот роденден. Невозможно е да одговорам на секоја поединечно, затоа ви ја упатувам мојата благодарност овде, заедно со извинување што не можев да ви одговорам и ...
На 03.07.2026 околу 20:00 часот во водите на реката Вардар, во неготинско, пронајдено е телото на Ј.К. (66) од Неготино. На 03.07.2026 во 15:55 часот во ОВР Неготино, Ѓ.К.(42) од Неготино пријави дека се сомнева дека неговиот татко Ј.К.(66) од Неготино, кој заминал на риболов, паднал во реката Вардар, кај село Црвени Брегови, неготинско, затоа што бил недостапен, а кога тргнал да го бара дел од опремата за риболов пронашол во реката. Веднаш ...
Со вечерашниот натпревар во 19 часот меѓу Канада и Мароко започнува осминафиналната фаза на Светското првенство 2026. Вториот четвртфиналист ќе биде познат по дуелот меѓу Франција и Парагвај, кој се игра во 23 часот. Канада, една од трите земји-домаќини на Мундијалот, беше првата репрезентација што обезбеди пласман во осминафиналето. Во Лос Анџелес ја совлада Јужна Африка со 1:0, благодарение на голот на Стефен Еустакио во судиското ...
Урсула фон дер Лајен призна дека има технички проблеми со новиот систем за гранична контрола на аеродромите во ЕУ Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен призна дека новиот дигитален систем на ЕУ за контрола на границите (EES) се соочува со технички проблеми. „Работиме со земјите-членки за да ги решиме техничките проблеми“, изјави таа на прес-конференција во Ирска. Според аеродромите и авиокомпаниите, системот, кој бара ...
Изградбата на автопатот Охрид-Кичево влегува во својата завршна фаза и напредува со одлична динамика, напиша премиерот Христијан Мицкоски во објава на Фејсбук, споделувајќи видео од градежните активности на автопатот. „Денес гордо кажуваме дека решаваме еден по еден од наследените проблеми, најголемиот-свелечиштата и косините. Првата галерија од вкупно 14 -те е целосно завршена и асфалтирана, вистинско инженерско чудо, кое бара врвни градежни ...
Соединетите Американски Држави денес го одбележуваат Денот на независноста – 4 Јули, еден од најзначајните државни празници во земјата. Овогодишната прослава има посебно значење, бидејќи се одбележуваат 250 години од усвојувањето на Декларацијата за независност. На 4 јули 1776 година, тринаесетте британски колонии во Северна Америка ја прогласија својата независност од Велика Британија, поставувајќи ги темелите на создавањето на Соединетите ...
Власта и опозицијата со дијаметрално различни ставови во однос на успешноста на Реформската агенда и средствата од планот за раст. „Заедно со Албанија и Црна Гора, Македонија е препознаена како лидер во регионот според постигнатите резултати. Оценка на Европската комисија е јасен доказ дека државата се движи во правилна насока и дека реформите се препознаени од институцијата која единствено ги оценува нивниот квалитет и напредок. ...
Скопската полиција заплени поголема количина наркотици при претрес во стан во Скопје, каде што биле пронајдени 11,5 килограми марихуана, 400 грама кокаин, како и помали количества амфетамин, екстази, ЛСД, масло и смола од хашиш и халуциногени печурки. Како што соопшти МВР, претресот бил извршен по судска наредба во стан што го користеле М.Б. и Н.Ј., кои претходно биле лишени од слобода. „При претресот извршен по добиена судска наредба, ...
Од 10 до 27 јуни, анкетарите на агенцијата „Маркет Вижн“, по нарачка на MKD.mk, спровеле истражување на јавното мислење во Македонија, кое покажува дека владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер и понатаму имаат убедлива предност во довербата кај гласачите, со сооднос од над 3 спрема 1 со опозициската СДСМ. Според анкетата, лидерите на новата политичка коалиција ВЛЕН заеднички уживаат поголема доверба во споредба со лидерот на ...
Овен Денот носи можности за решавање на работни обврски кои подолго време ги одложувате. Во љубовта, искрен разговор ќе ги расчисти недоразбирањата. Внимавајте да не се преоптоварите физички. Бик Фокусирајте се на финансиските прашања и избегнувајте непланирани трошоци. Партнерот ќе има потреба од повеќе внимание, а слободните Бикови може да добијат интересна покана за средба. Близнаци Ќе бидете комуникативни и полни со идеи. Искористете го ...
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој наместа повремено ќе достигне удари од 60 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 32 степена. За ...
Штип попладнево беше зафатен од неколку пожари на различни локации, поради што противпожарните екипи интервенираа истовремено за да го спречат ширењето на огнот и поголеми материјални штети. Најновиот пожар избувна во индустриската зона, меѓу Штипска млекара и конфекцијата „Албатрос“, каде што гореше сува вегетација. Поради опасноста огнот да се прошири кон производствените објекти, вработените во конфекцијата беа превентивно евакуирани. Во ...
Лидерите на земјите-членки на НАТО, меѓу кои и американскиот претседател Доналд Трамп, на самитот што ќе се одржи на 7 и 8 јули во Анкара ќе ја потврдат „непоколебливата посветеност“ на принципот на колективна одбрана, предвиден со членот 5 од Вашингтонскиот договор, се наведува во нацрт-декларацијата што ја одобриле амбасадорите на Алијансата, а во која увид имала агенцијата „Ројтерс“. Во документот се истакнува дека напад врз една членка ќе ...
Познатиот турски стенд-ап комичар Дениз Ѓокташ е уапсен по одлука на суд во Истанбул, откако властите го обвинија за „поттикнување омраза и непријателство“, како и за навреда на претседателот Реџеп Таип Ердоган за време на стенд-ап настап објавен на Јутјуб. Ѓокташ бил приведен на главниот аеродром во Истанбул при враќањето од одмор. Потоа, судот му одредил мерка притвор по сослушувањето од страна на обвинителите, во врска со делови од ...
Осминафиналниот натпревар на Светското првенство меѓу Англија и Мексико, кој треба да се одигра во понеделник, најверојатно ќе биде поместен во поранешен термин поради најавите за екстремни временски услови, вклучувајќи силни грмотевици и обилни врнежи од дожд. ФИФА води разговори за промена на терминот, но конечна одлука сè уште не е донесена. Според предлогот, натпреварот на легендарниот стадион „Ацтека“ во Мексико Сити, наместо во 18:00 ...
Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека е поднесена кривична пријава против три лица од Скопје, осомничени дека нападнале 14-годишно дете. Според МВР, при нападот бил употребен тврд предмет, а со остар предмет на жртвата ѝ биле нанесени телесни повреди. Од Министерството информираат дека на местото на настанот бил пронајден ножот со кој било извршено кривичното дело, по што бил испратен на вештачење. „Поднесена е кривична ...
Американскиот технолошки гигант Гугл ја загуби долгогодишната правна битка против казната од 4,1 милијарда евра, изречена од Европската Унија поради прекршување на правилата за конкуренција поврзани со оперативниот систем Андроид. Судот на правдата на Европската Унија, највисоката судска инстанца на Унијата, ја отфрли жалбата на Гугл и неговата матична компанија Алфабет, оставајќи ја во сила одлуката со која се утврдува дека компанијата ја ...
Папата Лео ја нагласи важноста на традиционалното гостопримство на Соединетите Американски Држави кон мигрантите низ историјата во своето прво големо обраќање до неговата татковина денес, повикувајќи ги Американците во видео порака да продолжат да живеат според идеалите утврдени во Декларацијата за независност. Првиот американски папа, кој постојано ги критикуваше тврдокорните антиимигрантски политики на претседателот Доналд Трамп како ...
Пожарот во пробиштипскиот регион сè уште е активен, а сите противпожарни екипи и доброволци во моментов се ангажирани на потегот меѓу Пробиштип и селото Ратавица, каде што изгоре голема површина со сува трева и нискостеблеста вегетација. Златко Илиев од Доброволното противпожарно друштво Кочани информира дека на терен веќе три часа интервенираат четири возила од ДПД Кочани и ДПД Виница. Пожарот е делумно ставен под контрола, а со градежна ...
Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, и американскиот претседател Доналд Трамп денеска телефонски разговараа и се договорија да се сретнат во САД во блиска иднина, соопшти денеска кабинетот на Нетанјаху. Нетанјаху му ја честиташе на Трамп 250-годишнината од основањето на САД, истакнувајќи дека земјата „ја обезбедува слободата во светот“, како и дека Израел „многу ја цени тесната врска меѓу двете земји“, пренесува „Тајмс оф Израел“. ...
ДУИ реагираше на именувањето на Иван Стоилковиќ за министер за локална самоуправа, оценувајќи го како сигнал за ревидирање на Охридскиот рамковен договор и на територијалната поделба од 2004 година. Фатон Алити од опозициската партија предупреди дека секој обид да се допрат децентрализацијата, правичната застапеност и правата стекнати со Охридскиот договор ќе наиде на силен политички, институционален и граѓански отпор. „Неприфатливо е човекот ...
Премиерот Христијан Мицкоски очекува Македонија да биде позитивно оценета во јунскиот извештај за исполнувањето на реформската агенда и со тоа да биде вклучена во групата приоритетни земји за распределба на фондовите заедно со најнапредните кандидати. Тој истакна дека во таквата распределба нашата земја би можела да добие уште 100 милиони евра. „Ние до сега имаме нешто над 140 милиони и овие стотина ќе дојдеме до кај 240м, ако ги добиеме под ...
100 дрвја за 100 вработени – колку што брои компанијата. Ова е донацијата на компанијата за проектирање и градежништво „CeaCon“. Сопственичката Рина Шерифи вели дека иницијативата е покрената со цел да се придонесе кон раззеленување на Тетово и другите градови. Таа истакна дека дрвјата ќе бидат засадени во повеќе општини и упати апел до сите компании кои имаат можност да дадат свој придонес, за градовите да станат позелени. „Би им предложила ...
Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, повика на отворање на границите со цел да се зголеми соработката со земјите од регионот и да се зајакне економијата. Тој истакна дека во моментов недостасува платформа заснована на основни вредности, како што се борбата против корупцијата, забрзаната гасификација, поддршката на извозот и континуитетот во законската регулатива и одлуки. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, ...
Демократската унија за интеграција – Огранок Тетово, официјално поднесе барање до Општина Тетово за слободен пристап до информации од јавен карактер, со кое бара целосно објавување на службената кореспонденција. Според партијата, игнорирањето на барањата на Уставниот суд од страна на Општината и прикривањето на документацијата фрлаат сериозен сомнеж врз градоначалникот Билал Касами, од кого бараат итна одговорност. „Самиот Уставен суд ...
Општина Струга соопшти дека денеска е продадено службено возило за сума од 22.000 евра, а средствата ќе бидат искористени за намалување на јавниот долг на општината. Од локалната самоуправа наведуваат дека станува збор за возило кое, според нив, било симбол на прекумерниот луксуз на претходното општинско раководство. Според соопштението, продажбата е дел од политиката за намалување на трошоците и рационално управување со јавните финансии. ...
Цените на становите во Скопје продолжија да растат и во вториот квартал од 2026 година, покажуваат податоците на Народната банка. Индексот на цените на становите, кој се базира на огласените продажни цени, а не на реализираните трансакции, забележал квартален раст од 5,5%. На годишно ниво, цените на недвижностите се зголемени за 13,3%, но од Народната банка посочуваат дека растот покажува знаци на забавување. Во претходниот квартал годишната ...
Актуелниот светски првак Аргентина, вечерва на полноќ го стартува својот пат кон ново финале, со дуел против Зленортските острови. Аргентинците важат за огромен фаворит во дуелот со малата селекција, која дебитира на Мундијалите, и успеа да остане непоразена во првите три меча во групата. Се освен победа на Аргентина ќе биде неуспех, а голем успех за Зеленортските острови. Денешната програма почнува од 20:00 часот кога играат Австралија – ...
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска ги образложи предлог измените и дополнувањата на Буџетот за 202 година. Кочоска истакна дека со овие измени и дополнувања се потврдува заложбата на Министерството и Владата за економска стабилност, развој и одговорно управување со јавните финансии и воедно претставува продолжување на насоката што веќе дава резултати, а тоа се позитивните трендови во економијата. „Најважно и клучно ...