Иако на Балканот главно во изминатите денови има пеколни температури, сепак, во Словенија температурите паднаа толку ниско што придонесе и за снег во јули. Снег заврна на надморска височина од 2.200 метри, објави Словенечката агенција за животна средина (АRSO). Снимките од метеоролошките камери на Кредарица и Канин јасно го покажуваат првиот јулски снег, а на највисоката метеоролошка станица на Кредарица во 10 часот наутро се измерени 0 °C. ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Охрид беше домаќин на својот албански колега, министерот за надворешни работи на Албанија, Игли Хасани. Во фокус на средбата беше унапредувањето на добрососедските односи и продлабочувањето на соработката меѓу двете земји во сите области од заемен интерес, со акцент на прашања од економската сфера – трговската размена, инвестициските можности и инфраструктурните ...

Четири лица загинаа, а 26 се повредени во пожар што ја зафати главната зграда на компанијата „Телеком Египет“ во центарот на Каиро, соопштија египетските власти. Според синдикатот на компанијата, сите жртви биле вработени во Телеком Египет, објави агенцијата АП. Портпаролот на Министерството за здравство, Хосам Абдел Гафар, изјави за агенцијата дека меѓу повредите има и случаи на задушување од чад и дека сите повредени се хоспитализирани, додека ...

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, утрово рече дека пожарникарите пронашле палети, кои биле запалени и фрлени во смреки, и дека тоа е доказ дека некој сака да го реактивира пожарот. „Во врска со пожарот покрај патот кој води кон ГП Блаце, пожарникарите при гаснење пронајдоа палети претходно најверојатно полиени со бензин, и фрлени во смреки, некој утрово се обидуваше да го реактивира пожарот во Блаце кој е под ...

Волонтерите на Црвениот крст и денес се активно ангажирани на терен, обезбедувајќи поддршка во справувањето со пожарот кој беснее во регионот. Со несебична посветеност, тие учествуваат во логистичка поддршка и асистенција на службите за заштита и спасување. „Нашите базени се ставени на располагање за полнење со вода на хеликоптерите, што значително го забрзува процесот на гасење и овозможува навремена интервенција во најпогодените подрачја. ...

На бродот на Јадролинија, „Петар Хекторовиќ“, кој бил закотвен во сплитското пристаниште, му се скинале јажињата и удрил во два брода во близина. Како што пренесува 24 часа, сè се случило за неколку минути. Еден брод почнал да тоне по ударот. Тракетот најверојатно се откачил поради силното невреме кое го зафати тој регион. „Седев во камион на фериботското пристаниште, Хекторовиќ беше закотвен пред мене, ја свртев главата две минути, а кога ...

Во понеделник, американскиот претседател Доналд Трамп објави царини за увоз од Србија од 35 проценти и од Босна и Херцеговина од 30 проценти. Станува збор за одложените реципрочни царински давачки што беа објавени во април. Новите царински давачки за Србија, како и за голем број други земји, стапуваат на сила на 1 август. Трамп го информирал претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и лидерите на други земји, во писмо дека САД ќе воведат ...

Министерството за здравство информира дека синоќа во кругот на Клиничката болница „Др. Трифун Пановски“ – Битола, изби пожар како резултат на запалена сува трева. Пожарот веднаш беше пријавен во Центарот за управување со кризи и противпожарната станица, по што надлежните служби навремено и ефикасно интервенираа и го локализираа во најкраток можен рок. Од Болницата се преземени сите неопходни мерки за заштита и следење на ситуацијата. Нема ...

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизијата на усогласеност на Министерството за здравство за 2023 година, при што за утврдените состојби, неправилности и неусогласености издадено е неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи, како и за усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставени политики. Со ревизијата утврдени се слабости во финансиското управување, ...

Вкупно 32 пожари имаше на територијата на цела Македонија, од кои седум се и натаму активни, 1 локализиран, 1 под контрола и изгаснати 23. Пожарот во Чучер Сандево и натаму е активен, а од утрово се дејствува на него од воздух, согласно најавите на ЦУК и на Дирекцијата за заштита и спасување. АКТИВНИ ПОЖАРИ (7): ЛОКАЛИЗИРАН ПОЖАР (1): Општина Делчево – градска депонија ПОЖАР ПОД КОНТРОЛА (1): Општина Македонски Брод – с. Самаково (лесно запалив ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во вторникот дека САД ќе испратат повеќе оружје во Украина, првенствено одбранбено, за да ѝ помогнат на земјата разурната од војна да се одбрани од руските напади. Одлуката на Вашингтон да ги запре некои испораки на оружје за Киев ги поттикна стравувањата дека овој потег ќе ја ограничи способноста на Украина да се брани од руските воздушни напади и да напредува на бојното поле, а воедно ќе предизвика ...

На островот Флорес во Индонезија, вулканот Левотоби Лаки-лаки повторно еруптираше, исфрлајќи огромен облак од пепел во висина од 18 километри. Ерупцијата, која започна во понеделник наутро, предизвика нова рунда евакуации, бидејќи локалните власти ја прошируваат зоната на забрана. Воведено е највисоко ниво на тревога, објави Би-Би-Си . Засега нема информации за жртви, но повеќе од 4.000 луѓе веќе ги напуштиле своите домови. Според локалната ...

Овен Работа: Ве очекува ден исполнет со важни задачи. Ќе бидете мотивирани брзо да ги решавате работите, но надворешните фактори ќе ве забават. Не двоумете се да се обратите на доверлива личност за совет. Љубов: Ќе бидете поотворени од вообичаено, што може да доведе до подлабока врска, но и до конфликти ако не сте тактични. Здравје: Стресот може да ви предизвика проблеми со варењето. Бик Работа: Ќе имате можност да се истакнете преку практични и ...

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 33 до 41 степен. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ...

Вечерва (07.07.2025) полициски службеници од СВР Скопје на територија на Ѓорче Петров го лишија од слобода Д. Н. (57) од Скопје поради основи на сомнение дека околу 21.40 часот подметнал пожар односно запалил сува трева во тревникот на ул. “Стево Црвенковски” во Ѓорче Петров. Д.Н. бил забележан од граѓанин, кој пријави во СВР Скопје, а полициски службеници веднаш преземаа мерки и активности и сторителот е лишен од слобода. По документирање на ...

На територијата на државата регистрирани се вкупно 30 пожари на отворен простор, од кои активни се 10 пожари, изгаснати 19, а локализиран еден пожар. Активни пожари (10): Опш. Прилеп: с. Бешиште (приземен во мешана шума) Опш. Македонски Брод 1: с. Црешнево (деградирана дабова шума и грмушки) Опш. Чашка: под Солунска Глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина Дупка (само чад во карпест дел, без активен пламен) Опш. Чучер Сандево: ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денес објави дека најмалку седум земји ќе бидат погодени со високи, унифицирани царини за извоз во САД од 1 август, откако објави серија писма упатени до нивните лидери. Според објавите на социјалната мрежа Truth Social, новиот царински режим вклучува царина од 25% за стоки од Јапонија, Јужна Кореја, Малезија и Казахстан, 30% царинска давачка за увоз од Република Јужна Африка, 40% царина за Лаос и Мјанмар. ...

Во текот на денешниот ден, на терен интервенираа сите расположливи сили и средства — општински служби, физички и правни лица, како и екипи од БППЗ, ДЗС, МВР и ЦУК. Сите капацитети се ангажирани, но условите на теренот се исклучително тешки. Голема е вознемиреноста кај населението, бидејќи чадот се проширува низ целата општина и селата Чучер, Мирковци, Глуво, Бразда, сè до Бутел. Истовремено, регистриран е и нов пожар во атарот на село Кучевиште, ...

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторил кривични дела – Одземање моторно возило по член 242 став 1, како и – Тешка кражба по член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 3 јули, од паркинг просторот на ПОЦ во непосредна близина на Зелен пазар на улицата „11-ти Октомври“ во Скопје, одзел туѓо моторно возило марка “Фолксваген голф 3”. Тој го искористил ...

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека поради ширењето на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Стенковец-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце. Министерството за внатрешни работи во координација со другите надлежни институции презема мерки за гасење на пожарот. Апелираме до граѓаните да не тргнуваат кон ГП Блаце до гасењето на пожарот и нормализирање на ...

Авион на швајцарската авиокомпанија „Свис“, кој летал од Белград до Цирих, денес извршил итно слетување во Фридрихсхафен, Германија, поради чад во задниот дел од кабината. Според соопштението објавено на веб-страницата на швајцарската авиокомпанија, станува збор за Ербас А220-300 и лет LX1413. Во согласност со стандардните процедури во вакви ситуации, соопшти компанијата, екипажот одлучил да се пренасочи кон најблискиот соодветен аеродром и ...

Роман Старовоит, кој до пред неколку часа ја извршувал функцијата министер за транспорт на Русија, е пронајден мртов, јавуваат руските медиуми. Според новинаската агенција РИА Новости, Старовоит бил пронајден мртов денеска, а во близина било пронајдено и огнено оружје. Пред само неколку часа Владимир Путин го смени од функцијата, а Кремљ не даде официјално соопштение за причината на смената. Отказот следува откако настана хаос во рускиот ...

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 13 часот и 35 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Валандово, 123 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9. Според досегашните податоци со кои располага ...

Веќе една година, во одделот за ортопедија на Клиничката болница во Тетово не се извршени никакви операции. Ова не се должи на недостаток на медицински персонал, туку на недостаток на основни материјали потребни за ортопедска операција. Раководителот на одделот за ортопедија, Артон Незири, вели дека се подготвени да вршат операции, но поради на материјали, хируршки интервенции не се извршени околу една година. „Се чини дека поминуваме низ период ...

Инфлацијата никако да се смири. Во првото полугодие од годинава, значи јануари – јуни споредено со истиот период лани таа изнесува 3,8 отсто. Ако се спореди јуни годинава, со истиот месец лани, порастот е 4,5 насто. Но, освен порастот на вкупната инфлација, посебно загрижувачки е растот на цените на храната и безалкохолните пијалаци, како и на земјоделските производи. За само еден месец, значи ако се спореди јуни со мај оваа година, храната ...

Иако е на чело на Министерството за здравство само еден месец, министерот Азир Алиу зборуваше за годишнината од работата на овој ресор. Алиу рече дека овој месец бил доволен за да се постават темелите за систематски пристап базиран на податоци. Тој најави дека ставил во функција електронска алатка за пријавување неправилности, преку која досега реагирале 39 граѓани. Првичните податоци, како што рече, покажуваат дека најчесто пријавуваните случаи ...

Во неделата наутро беше промовирани воена опрема, пренаменета во противпожарни возила, но веќе напладне ги пречека и првата реална интервенција. Во неделата околу 14 часот беше пријавен голем пожар на ридовите кај Блаце. Екипите на пожарникари се бореа цела ноќ, но и денес продолжува горењето на планините. „Напладне во понеделник температурата достигна околу 37 степени Целзиусови, а сѐ уште има активни жаришта во планините кај Блаце, и покрај ...

На 06.07.2025 во 18.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека кај мост на река Лепенец, во близина на Железничка станица Ѓорче Петров настанал пожар на сува трева, кој се проширил и зафатил неколку помошни простории и штали во кои имало домашни животни. Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а во една од помошните простории било пронајдено изгорено човечко тело, како и изгорени тела од добиток. Се преземаат мерки за ...

Викендов (05/06.07), полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ при регионалниот центар „Запад“, како и инспектори од Капетанија на пристаништата Охрид, реализираа засилени акциски мерки согласно Законот за внатрешна пловидба. Притоа, во водите на Охридското езеро, кај 13 пловни објекти и 13 лица констатирани се 22 прекршоци од Законот за внатрешна пловидба, при што: три лица се затекнати при управување ...

Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука за малопродажните цени на нафтените деривати, според која бензините поевтинуваат, додека дизелот бележи мало поскапување. ЕУРОСУПЕР БС-95 поевтинува за 1,50 денари и ќе се продава по 74,00 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 исто така по евтинува за 1,50 денари, и ќе изнесува 76,00 денари за литар. Од друга страна пак, се покачува цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), која се зголемува за 0,50 денари, ...

weather icon

Скопје

36ᴼ / 36ᴼ
3.09
23%
1014
weather icon

Белград

33ᴼ / 30ᴼ
4.63
33%
1019
weather icon

Загреб

32ᴼ / 30ᴼ
3.6
41%
1022
weather icon

Софија

35ᴼ / 34ᴼ
2.57
23%
1015
weather icon

Сараево

38ᴼ / 38ᴼ
2.85
14%
1014
weather icon

Љубљана

30ᴼ / 28ᴼ
6.17
50%
1022
weather icon

Атина

36ᴼ / 33ᴼ
10.29
25%
1011
weather icon

Тирана

39ᴼ / 39ᴼ
1.54
13%
1012
weather icon

Подгорица

39ᴼ / 39ᴼ
4.12
17%
1012
weather icon

Букурешт

35ᴼ / 32ᴼ
7.2
37%
1018
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 29ᴼ
3.09
38%
1022
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 31ᴼ
9.77
35%
1015
Currency

61.5

Currency

52.8334

Currency

71.0408

Currency

34.4801

Currency

38.4145

Currency

65.3538

Currency

7.35687

Currency

0.66541

Currency

0.35742

Currency

0.52499

Currency

1.29923

Currency

0.60326