Хамас објави дека постигнал договор со Израел за истовремено ослободување на повеќе од 600 палестински затвореници и враќање на телата на четворица израелски заложници. Решението е ослободување на палестинските затвореници истовремено со телата на израелските заложници убиени во првата фаза од прекинот на огнот, соопшти исламистичката милитантна група. Хамас соопшти дека неговата делегација, предводена од шефот на групата Калил Ал-Хаја, ја ...

Mr. Greg Chachoff is a long-time member of the Macedonian Patriotic Organization and president of the MPO “Freedom” chapter in Columbus, Ohio. His family has been involved with the MPO for generations and he has been a direct witness and participant in the history of the organization for decades. His memories and personal impressions are an exceptional source of information about the development and processes in this remarkable organization of ...

Во рамки на теренските посети по општините „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа, Златко Перински заедно со неговиот заменик, Ерџан Селими, попладнево одржаа средба со граѓаните, претставници на невладиниот и бизнис секторот од општина Чаир. Дискутираа на повеќе теми, разменија мислења, предлози и идеи за зголемување на сообраќајната безбедност, подобрување на степенот на јавната хигиена, а разговараа како да се надминат и ...

Ние сме усогласени со надворешната политика на ЕУ, вели премиерот Христијан Мицкоски. Мицкоски попладнево рече дека потегот во Обединетите нации не значи дека Македонија не била усогласена со надворешната политика на Европската унија, бидејќи резолуцијата не била таква. Тој вели дека единствената резолуција, која како обврзувачка поминала во Советот за безбедност, е таа на САД, каде Македонија е ко-спонзор. – Ние застанавме со нашиот сатратешки ...

На 19.02.2025 беше отворена канцеларијата на бугарското здружение „Балкански мост“ од Битола. На настанот беа присутни членови, пријатели и поддржувачи на организацијата, како и претставници од Амбасадата и Генералниот конзулат на Р. Бугарија во Република Северна Македонија. Свеченоста ја отвори претседателот на здружението Љупчо Јошевски, кој упати порака дека треба да ги оставиме предрасудите, да учиме повеќе едни за други и да ја согледаме ...

Копијата на оргиналната скулптура на ,,Незнајниот македонски комита” повторно се наоѓа во Благоевград. Скулптурата е откупена од галеријата во Шумен од страна на општина Благоевград, јавува БГНЕС. Споменикот на ,,Незнајниот македонски комита “ е изграден пред 92 години и е срушен во 1947 година од комунистите. Скулптурата, дело на уметникот Кирил Шиваров беше претставена денеска во Регионалниот историски музеј во Благоевград. Споменикот е ...

На автопатот „Патот на Арбр” (Руга е Арбрит) кој се протега од граничниот премин „Блато” кај Дебар до Тирана нема да се наплаќа патарина, објави албанскиот премиер Еди Рама, во директна комуникација со граѓаните на неговиот поткаст, „Очи во очи” на Фејсбук. – Иако е дел од јавно-приватно партнерство (ЈПП), патарина нема да ја плаќаат ниту албанските граѓани, ниту странците, во време на мојот мандат. Овој пат е финансиран со албански средства. ...

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денес оствари работна средба со пакистанскиот амбасадор со седиште во Софија, чија надлежност ја покрива и Македонија, Н.Е. Модсар Чаудари. Оваа средба беше искористена за продолжување на разговорите за интензивирање на соработката во полето на безбедноста отпочнати за време на претходната средба со пакистанскиот министер за внатрешни работи, Сајед Мохсин Раза Накви. „Амбасадорот Чаудари уште ...

Владата на денешната седница го усвои предлогот за разрешување на јавниот обвинител Љупчо Коцевски, a истиот, по завршување на владините процедури, ќе биде доставен до Советот за јавни обвинители од каде согласно законските рокови Советот треба да испрати мислење во рок од 15 дена. Владата на 11 февруари 2025 година донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Коцевски кој беше избран на оваа позиција пред една ...

Министерката за финансии на Република Бугарија, Теменушка Петкова, и гувернерот на БНБ Димитар Радев, денеска потпишаа заедничко писмо со барање за вонреден извештај за конвергенција и го испратија до претседателката на ЕК , Урсула фон дер Лајен и до претседателката на ЕЦБ Кристин Лагард, јавува БГНЕС. Писмото е подготвено и испратено врз база на одлука на бугарскиот Парламент. Претстои ЕЦБ и ЕК да направат оценка. Одлуката ќе биде разгледана во ...

Трошоците за обнова на украинската економија по завршувањето на војната се проценуваат на 524 милијарди долари, објавија денеска Светската банка, Обединетите нации, Европската комисија и владата во Киев. Најтешко погодени сектори се домувањето, транспортот, енергетиката, трговијата и образованието, пишува Ројтерс. Украинската влада, со поддршка од донатори, одвои речиси 7,4 милијарди долари за приоритетни потреби оваа година, но сè уште ѝ ...

Скандалозно и истовремено комично е што Мицкоски за „пет минути“ ги проверил доказите кои СДСМ ги достави за Изет Меџити. Повеќе од јасно е дека тој го штити Меџити и се прави слеп на докази кои се јасно потврдени од институциите на државата, реагира СДСМ откако Владата претходно соопшти дека наводите се неточни. Според СДСМ, со ова јасно се потврдува дека Мицкоски е заложник на Изет Меџити и неговите политики. „Прво криеше дека Меџити има ...

Владата ги провери и затоа ги отфрла шпекулациите и неточните наводи изнесени од СДСМ и ДУИ во врска со работата на Министерството за животна средина и просторно планирање, се вели во владиното соопштение откако претходно денеска СДСМ им достави документи на премиерот Христијан Мицкоски и на Владата за скандалот со Меџити. „Инспекцискиот надзор спроведен од Управниот инспекторат се однесува на аспекти на архивското работење и не утврдил ...

Потрагата по авионот на „Малезија ерлајнс“, кој исчезна со 239 луѓе во 2014 година, продолжи по речиси 11 години . Патничкиот авион исчезна на несреќниот лет MH370 на 8 март 2014 година, додека летал од главниот град на Малезија Куала Лумпур за Пекинг. Исчезнувањето на Боинг 777 без трага претставува една од најголемите мистерии во историјата на авијацијата. Денес, 11 години подоцна, компанијата „Оушн Инфинити“ започна нова потрага во Индискиот ...

Украинскиот парламент усвои резолуција со која се потврдува легитимноста на Володимир Зеленски како претседател, а во исто време ја отфрла можноста за одржување избори до крајот на војната. Ова се случува по изјавите на американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин, кои сугерираа дека владеењето на Зеленски е нелегитимно бидејќи не се одржани избори во Украина. Украинската Рада ја усвои резолуцијата на втор обид, откако вчера ...

Зеќирија Ибрахими, лидерот на Алтернатива, зборувајќи за последните политички теми кои се дискутираат во јавноста истакна дека е обврска да се промени прeамбулата на Уставот со цел да се отклучи патот кон ЕУ. Во овој контекст, како што рече, треба да се промени и пежоративниот термин „20“ за албанскиот јазик. „Се согласувам дека државниот грб не го отсликува најдобро идентитетот на нашата нова држава, но доколку сме подготвени да разговараме на ...

СДСМ оди по паметот на ДУИ, синхронизирани се. Не може административна работа или архивска работа да се прикаже како голем скандал, реагира првиот вицепремиер, Изет Меџити по обвинувањата на Социјалдемокртскиот сојуз дека работел незаконски, лично потпишувајќи ги сите предмети, без законска основа и без почитување на процедурата за административно постапување. Меџити рече дека првин се зборувало за одземање на ингеренции од Министерството за ...

Facebook статус на Љупчо Ѓоргиевски Репресијата против Македонските Бугари не престанува! Државата повторно прибегнува кон заплашување, кон фабрикување кривични пријави и монтирани случаи, само за да нѐ замолчи, да нѐ избрише, да нѐ натера да се откажеме од сопствениот идентитет. На 27 февруари 2025 година, сум повикан во Основното јавно обвинителство во Битола како ОСОМНИЧЕН за наводно ширење на расистички и ксенофобичен материјал. Тоа е уште ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, честитајќи ѝ го Денот на независноста на Естонија, предупреди дека земјите со поголемо население од руско потекло би можеле да станат следна цел на Москва. Како што наведува, најопасниот момент се случува кога источноевропските земји имаат население со „руски корени“ – не затоа што тие луѓе претставуваат закана, туку затоа што Кремљ би можел да ја искористи нивната безбедност како изговор за инвазија. ...

Германскиот министер за надворешни работи Јорг Кукис денеска изјави дека Русија нема да биде повторно примена во групата Г7, и покрај тоа што американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би сакал Русија да се врати во Г7. „Г7 јасно ја осуди агресивната војна на Русија, особено на третата годишнина од бруталниот напад на Русија“, рече Кукис во интервју за Ројтерс. Според него, предлогот на Трамп за враќање на Русија во Г7 нема да биде ...

Извршната агенција за Бугарите во странство организира online кампања за светска промоција на празникот Баба Марта, јавуваат од ИАБЧ. Ги покануваме сите Бугари ширум светот во 12:00 часот (по локално време) на 1 март, каде и да се наоѓаат – да прикачат фотографии, видеа или колажи со мартинки со #BabaMarta. Споделете фотографија со вашата мартинка со #BabaMarta и промовирајте ги бугарските празници и обичаи во странство, повикуваат од ИАБЧ ...

„Изјавата на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, дека 1,2 милиони евра собрани од даноците на граѓаните на Чаир не се знае каде се потрошени, претставува огромен скандал и бара итна и транспарентна истрага“, велат од ДУИ. „Обвинувањето дека толку голема сума јавни средства нема јасна намена укажува на сериозна злоупотреба на народните пари и скандалозно лошо управување од страна на општинската администрација. Граѓаните на Чаир ...

Утрово најстудено било на Попова Шапка каде што се измерени -2 степени, -1 било во Битола и Берово, 0 во Крива Паланка, Тетово, Крушево, Лазарополе и Маврови Анови, 1 во Демир Капија и Виница, 2 во Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Велес, Штип, Кавадарци и Струмица, 3 во Скопје-Петровец, Претор и Гевгелија, 4 во Охрид. Висината на снежната покривка утрово во 7 часот изнесувала 30 сантиметри на Попова Шапка, 3 во Маврови Анови и 2 во Берово. Времето ...

СДСМ преку писмено соопштение извести дека денеска во 11 часот, во Владата на Република Северна Македонија ќе му достави документи на премиерот Христијан Мицкоски за скандалот со Меџити. „СДСМ чувствува одговорност да реагира веднаш откако премиерот Мицкоски јавно повика да му се достават докази за сомнежите дека постои корупција и неправилности во работата“, велат од партијата. Од таму најавија и изјава пред зградата на Владата пред да ги ...

Како што истакнуваат од владејачката партија, СДС и Венко Филипче немаат идеја, креативност, визија ниту пак стратегија како за сопствената партија така и за државата. Според ВМРО-ДПМНЕ, безидејноста на СДС и Филипче е до тој степен што се свртена кон политиките на Левица. „СДС и Венко Филипче не се оградуваат од ставовите на нивниот гласноговорник Сашо Ордановски. СДС и Филипче не се оградуваат од апологетот Ордановски кој смета дека Трамп е ...

Во 14 часот денеска ќе се одржи online-претставување на два универзитети од Бугарија, јавува Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје. Настанот ќе се одржи на следниот линк: http://meet.google.com/abh-powz-esa Вишата школа за осигурување и финансии – Софија и Медицинскиот универзитет – Плевен ќе ги презентираат условите за аплицирање и ќе одговорат на вашите прашања. Дополнително, ќе ве информираме за претстојната средба со претставници ...

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денес, на барање на директорот на Секретаријатот на енергетската заедница, Лорковски одржа билатерална средба на која се дискутираше за повеќе прашања, како што се Законот за климатска акција, измените на законот за животна средина, директивата за еколошка одговорност, како и за националниот план за редукција на емисии. Меџити информира дека ...

Со 2,7 милиони евра започнуваме модернизација на аеродромот Св.Апостол Павле во Охрид. Ќе градиме нова терминална зграда и ќе ги прошириме капацитетите за патниците и вработените, истакна на денешната пресконференција вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Како што најави, проектот ќе приднесе за подобрување на условите за патниците како и подобрување на работата на вработените на аеродромот. Севкупно ќе значи зголемување на ...

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), во рамките на своите надлежности, укажува дека актуелните најави за вработувања во јавната администрација од страна на одредени политички субјекти не смее да бидат предмет на договор на политички структури. Секое вработување мора да биде во согласност со законот, по мерит-систем и без никакви влијанија. Само на овој начин, велат од комисијата, почитувајќи ги законските регулативи, ќе ...

Минатата недела во НДК се одржа премиерата на документарниот филм „Милен“, посветен на новинарот Милен Цветков. Документарната приказна го опфаќа животот и професионалниот пат на еден од најбескомпромисните бугарски новинари. Филмот вклучува интервјуа со колеги, пријатели и роднини на Милен Цветков, како и архивски снимки од неговите емисии и интервјуа. Режисери и сценаристи на документарниот филм „Милен“ се Веселин Диманов и Димитар Стафидов. ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
2.57
64%
1018
weather icon

Белград

27ᴼ / 26ᴼ
5.14
56%
1017
weather icon

Загреб

27ᴼ / 27ᴼ
1.54
51%
1019
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
3.09
50%
1017
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
3.38
91%
1015
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 28ᴼ
2.57
54%
1019
weather icon

Атина

36ᴼ / 32ᴼ
6.69
27%
1010
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
4.12
58%
1014
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
3.6
48%
1014
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 30ᴼ
6.17
39%
1012
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 27ᴼ
6.17
46%
1017
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 28ᴼ
7.72
24%
1012
Currency

61.525

Currency

52.4744

Currency

72.1828

Currency

34.461

Currency

38.5764

Currency

65.7639

Currency

7.33487

Currency

0.66952

Currency

0.36453

Currency

0.52555

Currency

1.31868

Currency

0.6147

Алуминиум

2.58

Иридиум

142333.18

Кобалт

42.99

Никел

14957.50

Рутениум

21637.45

Калај

33.53

Сребро

1160.36

Злато

105265.95

Бакар

10.03

Паладиум

36169.59

Платина

43089.13

Родиум

175221.57

Цинк

2.74