Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Управните служби при Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните навремено да ги подигнат своите готови лични документи. „Благодарение на реорганизацијата и зголемениот капацитет, управните служби моментално работат со максимална ажурност и ефикасност. Процесот е целосно оптимизиран и овозможува брзо и едноставно закажување на термините за фотографирање, минимално време за чекање пред шалтерите и експресно изготвување на ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денес оствари конструктивна средба со постојаниот координатор на Обединетите Нации, Рита Колумбиа, на која беа разгледани тековните и идните можности за соработка меѓу Град Скопје и Обединетите Нации. На средбата се разговараше за проектите што Град Скопје ги реализира со цел обезбедување рамномерен и одржлив развој на сите градски населби, со посебен акцент на подобрување на квалитетот на живот ...
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари протоколарна средба со амбасадорот на Австрија во РС Македонија, Мартин Памер. Средбата се одржа во духот на традиционално добрите и пријателски односи меѓу двете држави, со фокус на унапредување на институционалната соработка и поддршка на реформските процеси. Во центарот на разговорите беа реформите во јавната администрација, со посебен акцент на управувањето со квалитет во јавниот ...
Мексиканскиот писател Давид Тоскана го претстави својот најнов роман „Слепата армија“ – книга инспирирана од судбината на ослепените војници на бугарскиот цар Самоил по битката кај Клуч. Во разговор, преведуван од Милена Маринкова, авторот раскажа дека неговиот интерес за темата произлегува од занимавањето со средновековната историја и од средбата со бугарската литература, јавува Евроњуз Бугарија. „Го открив извонредниот роман на Димитар ...
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска изврши увид во градежните активности што се одвиваат на терен на овој значаен сообраќаен потег во Аеродром, кој за првпат добива целосна и темелна реконструкција. „Со проектот обновуваме делница во должина од 777 метри, со поставување на околу 6.000 м² нов асфалт, како и нови тротоари на површина од 1.500 м². Особено е важно што за првпат овде поставуваме и улично осветлување, со што ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одржа работна средба на која присуствуваа копретседателите на ВЛЕН, Билал Касами и Изет Меџити, на која се разговараше за темата со употребата на јазиците при полагање на правосудниот испит, соопшти владината прес-служба. На средбата, беше нагласено дека само преку заеднички, мудар и достоинствен пристап може да се дојде до решенија кои ќе значат напредок, меѓусебна доверба и заедничко чекорење кон ...
Шеснаесетгодишно момче нападнало врсник со тврд предмет во трговски центар во Аеродром. Според информациите на МВР, вчера 36-годишната М.Б. од Скопје пријавила дека претходниот ден околу 22:30 часот пред продажно место во трговски центар на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, нејзиниот 16-годишен син бил физички нападнат од друг 16-годишен малолетник, кој употребил тврд предмет, а потоа го нападнал и М.Д.(25) од Скопје, кој го бранел ...
Осумнаесетгодишна девојка пријавила дека била нападната со остар предмет пред дискотека во Скопје. Според информациите на МВР, вчера во 20:00 часот во СВР Скопје, 18-годишната Т.Р. од Скопје пријавила дека околу 03:00 часот пред дискотека на подрачјето на Карпош во Скопје била физички нападната од едно лице, кое употребило остар предмет и ѝ нанело повреда. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Осумнаесетгодишна девојка пријавила ...
Мајка на другарче турнала дете во игротека на подрачјето на Карпош, а родителите ја пријавиле во полиција. Според информациите од МВР, вчера во 22:30 часот во СВР Скопје, 31-годишата Г.П.Г. од Скопје пријавила дека околу 16:10 часот во игротека на подрачјето на Карпош, нејзиниот четиригодишен син бил турнат од В.Д. – мајка на негово другарче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Мајка на другарче турнала дете во игротека на ...
Пратеничката група на СДСМ поднесе Предлог на закон за дополнување на Законот за локалната самоуправа, со кој се предвидува општините преку одлуки на своите совети да можат да ги ослободат родителите и старателите на деца со попреченост и аутизам од плаќање надоместок за користење на јавен простор за паркирање. Пратеникот на СДСМ, Миле Талески, рече дека целта на законското решение е да се создаде „унифицирана законска можност за сите општини ...
Дваесет и двегодишен охриѓанец е тешко повреден откако рано утринава со своето возило излетал од коловозот во Охрид, управувајќи под дејство на алкохол. Како што информираат од Секторот за внатрешни работи Охрид, несреќата била пријавена утринава (18.05.2026 година) во 05:25 часот. Настанот се случил на улицата „7 Ноември“ кога патничко возило марка „цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од И.Р. (22) од Охрид, изгубило контрола ...
Четириесетгодишен скопјанец вчера во полиција пријавил дека неговата 16-годишна ќерка била ограбена и уценувана од група малолетници на подрачјето на општина Чаир. Според пријавеното, настанот се случил на 7 мај околу 08:00 часот наутро. Неколку малолетници со закана со остар предмет пресретнале 16-годишна тинејџерка и ѝ одзеле пари. Освен грабежот, ја уценувале и дека ќе мора повторно да им даде пари во текот на наредните денови. Од ...
СОС Детско село и Мото клуб „Вепар“ го одбележаа Меѓународниот ден на семејството со мото дефиле што испрати хумана порака за поддршка на децата и младите без родителска грижа. По повод 15 мај – Меѓународниот ден на семејството, СОС Детско село и Мото клуб „Вепар“ организираа мото дефиле низ Скопје, испраќајќи порака за важноста на семејството во развојот на секое дете. Дефилето започна од Градскиот парк, со учество на повеќе од 100 моторџии ...
Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за 2 односно за 2,5 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад. Од 19.5.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 87,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 89,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 92,00 (денари/литар) Масло за ...
На конференцијата за медиуми, тимот на АлоБушавко – телефонот за деца и млади при Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ извести за резултатите од работењето во 2025 година, наодите од годишниот извештај на СОС телефонот за деца и млади АлоБушавко 070 390 632, како и напредокот во рамките на релевантните (вон)проектни активности. Во 2025 година, телефонската линија за деца и млади Ало Бушавко продолжи да биде клучен ресурс за поддршка, ...
Никица Корубин Реториката, односно вештината на “доброто говорење” е темел на образованието уште од антиката и страта Атина. Тоа го става “јазикот” и “писмото” односно писменоста на самиот пиедестал на вештините што треба да ги поседува еден добар “граѓанин” за да може да се управува со државата, но и да се развива општеството. И тоа е основата на цивилизацијата севкупно, но особено на она што го нарекуваме “темел на западната култура”. Но, ...
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на собраниска седница апелираше дека е потребна посилна и посеопфатна медицинска поддршка за децата со попреченост и лицата со ретки болести, преку измени во Законот за здравствено осигурување. Таа посочи дека предложените измени предвидуваат воспоставување на посебна позитивна листа на лекови и суплементи, како и проширување и ревидирање на правото на ортопедски и индивидуални помагала. „Со предложените ...
Најчитаниот весник на континентот – германскиот Bild, денес објави 20 факти за Бугарија што ги импресионираат странците, пренесува Клуб Z. Бугарија го има најстарото име на држава во Европа. Името на државата се користи непрекинато од 679 година по Христа — ниту една друга земја на континентот не може да се пофали со такво нешто. Главниот град Софија (околу 1,2 милиони жители) е постар од Рим: има повеќе од 7000 години историја, додека Рим е ...
СДС повторно шири паника, манипулации и лажни катастрофични сценарија, истите оние кои 7 години ја уништуваа македонската економија, ја задолжија државата и ги оставија граѓаните со најниски плати и највисока инфлација, велат од ВМРО-ДПМНЕ, како реакцијта на соопштението на СДСМ. „Затоа токму СДС нема кредибилитет да зборува за економија. За време на нивното владеење РС Македонија беше понижена, економски ослабена и заробена во криминал, ...
Министерството за правда денес организираше стручна јавна расправа за Предлог-законот за конфискација на имот во граѓанска постапка, со учество на претставници на правосудните институции, судии, јавни обвинители, државни правобранители, професори, експерти и претставници на меѓународната заедница. Во своето обраќање, министерот за правда, Игор Филков истакна дека предложеното законско решение претставува значаен чекор во зајакнувањето на ...
Тандемот Коларевиќ и Абази се коалиција во обвинителството, како што се СДС и ДУИ во политиката, обвини Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Катерина Коларевиќ, моминско Маркова, ќерка на Павле Марков, државен правобранител избран од владата на СДС во 1998 година, и на Вера Маркова, уставен судија во 2004 година, избрана од коалицијата СДС и ДУИ. Фамилијарни кариери во обвинителството на услуга на СДС. За Абази и да не говориме, човек кој ...
Како кардиоваскуларни пациенти и директно засегнати од квалитетот, достапноста и навременоста на кардиоваскуларните услуги во државата, јавно предупредуваме дека последните најави за формирање комисија или стручно тело кое ќе одредува кој, каде и кога ќе се оперира, претставуваат сериозен чекор назад во заштитата на правата на пациентите, сметаат од „Здрава иднина“, Здружение за превенција од кардиоваскуларни заболувања. Според нив, ваквиот ...
Во пресрет на состанокот на министрите за финансии на групата Г7 во Париз, Германија предупреди за тешките економски последици што би биле предизвикани од војна во Иран и можната блокада на Ормускиот теснец. Германскиот вицеканцелар и министер за финансии Ларс Клингбаил изјави во пресрет на неговото патување во Париз дека војната е „сериозна закана за глобалната економија“ што предизвикува огромна штета на економскиот развој. Тој нагласи дека ...
Во рамките на 54.издание на престижниот меѓународен фестивал „Мајски оперски вечери“ на 20 мај со почеток во 20.00 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе операта „Мадам Батерфлај“ од Џакомо Пучини – едно од најемотивните и најизведуваните дела на светскиот оперски репертоар. Станува збор за музичка драма со силна човечка приказна, во која љубовта, надежта и предавството се испреплетуваат во трагична судбина. Диригент на ...
Македонија е шеста најсиромашна земја во Европа, објави „WorldAtlas“ додека Христијан Мицкоски секојдневно раскажува бајки за трета економија во Европа, обвинија од СДСМ. Од партијата велат дека реалноста е сосема поинаква и дека граѓаните секој ден ја чувствуваат вистината преку празните паричници, високите цени и се потешкиот живот. „Алармантно лоша е и состојбата со Буџетот, снемува пари. Се случува токму она на што СДСМ подолго време ...
Во денови кога Македонија е потресена од грозоморни случаи на убиства на жени, фемициди, кога расте насилството врз жените, а институциите потфрлаат во заштитата, повампирените ликови од времето на Груевски, меѓу кои и Миленко Неделковски и Сашо Тасевски, јавно шират навреди, понижувања и омраза кон жените, обвини Каја Шукова, претседателка на Форумот на жени на СДСМ. Таа побара оставка од Миленко Неделковски од функцијата извршен директор на ...
Доц. д-р Спас Ташев Од неколку различни извори во Северна Македонија станува јасно дека неодамна била одржана српско-македонска политичка средба, за која практично нема никакви информации во медиумите. Таквиот молк само дополнително го засилува впечатокот за полузатворениот и „конспиративен“ карактер на разговорите што биле водени. Од српска страна на средбата учествувале Милош Вучевиќ – претседател на Српската напредна странка (СНС) и ...
Во текот на изминатите два дена (16/17.05.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1026 издадени платни налози, 316 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, извести МВР. „Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило се 34 лицa, од кои девет за возење под дејство на ...
Бројот на егзекуции низ целиот свет го достигна највисокото ниво што го забележа Амнести Интернешнл од 1981 година, со 2.707 егзекутирани лица во 17 земји во 2025 година, соопшти групата за човекови права во својот последен годишен извештај за смртната казна. „Овој алармантен пораст на употребата на смртната казна е резултат на мала, изолирана група држави подготвени да извршуваат егзекуции по секоја цена, и покрај тековниот глобален тренд ...
ЈП Водовод и канализација – Скопје информира дека акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата за задоцнето плаќање е во тек. Акцијата за отплата на долговите на рати без камата е со определено времетраење, а рокот за искористување на оваа можност истекува на 05 јуни. „Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг за потрошена вода (тужен и редовен), да ја искористат можноста за плаќање на рати без пресметана ...