
Скопје
25ᴼ /
25ᴼ



Една жена откатко бомба експлодирала во нејзините раце соопшти грчката полицијата. Станува збор 38-годишната жена која го носела експлозивниот механизам и најверојатно сакала да го постави до банката во 5 часот наутро каде ѝ се случила експлозијата. Од експлозијата се оштетени неколку излози и возила. Жената претходно им била позната на властите откако учествувала во неколку грабежи во минатото Според полицијата заполната е истрагата и се врши ...
Денес се одбележува Светскиот ден на слободата на медиумите кој беше прогласен од УНЕСКО во 1993 година.Овој ден е потсетник на фундаменталната важност на слободното, независно и професионално новинарство како цврста основа за едно демократско општество. Светскиот ден е потсетување за бројните закани со кои се соочуваат новинарите, започнувајќи од цензура и правен притисок, до насилство и затворање. Воедно значењето на овој ден ја нагласува ...
Со комеморативни собири денеска во главниот град на Србија се одбележува втората годишнина од масовното убиство во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“. На 3 мај 2023 година, ученик од тоа училиште со истрели од пиштол уби девет деца и еден училишен чувар, а рани и неколку други. Во 8.40 часот пред училиштето се одржa комеморативен собир. Во текот на целиот ден, граѓаните ќе можат да положат цвеќе и да палат свеќи во центарот на ...
И на денешното – десетто продолжение на конститутивната седница на Собранието на Косово, не беа избрани ниту претседателот, ниту потпретседателите на Собранието, бидејќи пратениците не прифатија формирање изборна комисија. Претседавајќи со седницата, пратеникот од Самоопределување, Авни Дехари, повторно побара од пратеничките групи предлог за комисија, што ќе го следи тајното гласање. Освен од Самоопределување, кандидати за членови на изборната ...
Во Австралија започнаа парламентарните избори, на кои, според анкетите, би можела да победи Лабуристичката партија на премиерот Ентони Албанезе. Од вкупно 18 милиони луѓе со право на глас, осум милиони веќе гласале за тоа кој ќе ги пополни сите 150 места во Долниот дом и 40 од 76-те места во Сенатот. На изборите, актуелниот премиер Ентони Албанезе и неговата централно-левичарска Лабуристичка партија се соочуваат со лидерот на опозициската ...
Работата и работните односи е област за која најчесто се пријавува дискриминација, но граѓаните биле дискриминирани и по други основи и области, покажа последниот извештај на Комисијата за заштита и спречување од дискриминација. Каде сè се крие дискриминација и нееднаквост? Зошто мислењата на Комисијата не се почитуваат при подготвување на закони? Кои институции ги игнорираат одлуките и препораките на Комисијата? Вечерва интервју со ...
Први мај помина, а информација за тоа кога ќе се сретнат Мицкоски и Таравари, засега сѐ уште нема. Најавена за по празникот, средбата помеѓу претседателот на Владата и министерот за здравство треба да го даде одговорот, дали Таравари ќе остане на „Илинденска бр. 2“ или неговото напуштање на Вреди ќе значи и излез од владината коалиција. Лидерите на Вреди, на својот поранешен коалициски партнер и претседател на крилото на Алијанса за Албанците, ...
Во зградата на МНР досега стигнале 21 пријава на конкурсот за нов македонски судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Меѓу кандидати има судии, обвинители, адвокати. Бројката на кандидати ја потврдија од куќата на дипломатијата, но не и имињата на кандидатите. Телма контактираше со дел од правниците за кои се шпекулираше во јавноста. Дел негираа дел потврдија дека ја пополниле кандидатурата. Обвинителката во скопско обвинителство ...
Новинарите во Македонија не работат во непријателска средина, но широко распространетите дезинформации и недостатокот на професионализам придонесуваат за намалување на довербата во медиумите. Дополнително, владините претставници покажуваат тенденција на лош и понижувачки став кон новинарите. Ова го констатираат „Репортери без граници“ во новиот извештај за Индексот на слободата на медиумите, според кој, ваквата состојба ги изложува независните ...
Дискреционите права на министрите се извор на дискриминација, вели претседателот на комисијата за спречување и заштита од дискриминација Лимко Бејзароски. Во вечерашната Топ Тема тој зборува и за тоа каква е состојбата со дискриминацијата според последниот извештај за конкретни предмети, а одговара и за тоа кои институциии ги игнорираат нивните препораки. Интервју со претседателот на Комисијата за заштита и спречување од дискриминација, гледајте ...
Приказни за добра ноќ се изјавите на министерот за транспорт и врски Александар Николоски дека е очигледно оти Софија не сака да ја изгради пругата до границата од бугарска страна, одговара бугарскиот министер за транспорт и врски Гроздан Караџов. Николоски претходно рече дека бугарската страна ги игнорира македонските барања за средба за договор за изградба на пругата и оти ги известиле европските институции за информациите дека Софија одлучила ...
Македонија – меѓу првите во Европа по неработни денови по глава на жител. Имаме празници за сè… освен за продуктивност. Уморни ли сте од работа или од премногу одмарање? Се слави, се одмара, па пак од почеток. Дали Македонија има премногу неработни денови или само премалку работа? Анкета: Треба ли втори мај да се врати како државен празник? Да / Не © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во ...
Во Појасот Газа, хуманитарните кујни се пред колапс – залихите на храна се при крај поради двомесечната израелска блокада. Организацијата Анера, која секојдневно храни околу 6.000 луѓе во Кхан Јунис, вели дека веќе немаат месо, свежи зеленчуци и тешко обезбедуваат основни продукти како ориз, леќа и масло. Блокадата ги спречува сите пратки на храна, гориво и лекови, а хуманитарните организации како ОН веќе ги исцрпија залихите. Израел ја ...
Забрзуваат подготовките за конклавата за избор на нов папа, со поставувањето на оџакот од Систинската капела, што ќе го означи изборот на наследникот на папата Франциск. Ватиканските пожарникари беа видени на покривот на Систинската капела како го инсталираат оџакот, клучен момент во подготовките за конклавата на седми мај. По секои два круга гласање во Систинската капела, гласачките ливчиња на кардиналите се горат во посебна печка за да се ...
Обединетите нации размислуваат за голема реформа што би ги обединила главните одделенија и би ги прераспределила ресурсите низ светот, покажува интерен меморандум подготвен од високи функционери задолжени за реформите во Светскта организација. Меморандумот доаѓа во време кога агенциите на ОН се справуваат со последиците од намалувањето на американската странска помош, што во голема мера ги ослабна хуманитарните агенции. Документот од шест ...
Русија објави дека спречила масовен украински напад со беспилотни летала врз Крим и неколку региони во јужниот и западниот дел од земјата. Според руското Министерство за одбрана, вкупно 121 украински дрон биле соборени – 89 над Крим, 23 над Црното Море, а останатите над Краснодар, Орјол, Брјанск, Белгород и Азовското Море. На социјалните мрежи се споделуваат информации за големи експлозии во Севастопол, Џанкој, Саки, Новофедоривка и Качи, ...
Европската комисија сака да воведе општа годишна инспекција за постари автомобили. Целта е да се зголеми безбедноста на патиштата, но конечна одлука сè уште не е донесена. Пред предлогот да стапи на сила, за него ќе треба да се согласат и Европскиот парламент и земјите-членки на Европската унија. Еден од предлозите се однесува на сопствениците на постари автомобили кои првпат биле регистрирани пред повеќе од десет години. Во Германија, такви се ...
Германската Федерална канцеларија за заштита на уставот ја означи целата крајнодесничарска партија Алтернатива за Германија како екстремистички субјект. Разузнавачите објавија дека одлуката била донесена по интензивна и сеопфатна анализа. Во партијата превладува концепцијата за народот заснована на етничка припадност и потекло, што не е компатибилно со слободниот демократски поредок. Нејзината цел е одредени групи на население да се исклучат од ...
Работат на отворено, не ретко изложени на повреди, но се уште немаат земено плати за март, а од вчера веќе немаат ни здравствено осигурување. Синдикалната организација на Зоолошката градина реагира поради неисплатените плати поради кои вработените во оваа установа под Град Скопје се ставени во неизвесна положба. Не се сигурни каде е проблемот со доцнењето на платите, но бараат надлежните да го решат. Од СОНК, чиј член е Синдикатот на Зоолошка ...
Редовните сообраќајни контроли во текот на вчерашниот ден на патиштата низ земјава, од вкупно 613 издадени платни налози дури 132 прекршоци се однесуваат за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол. Уште 114 учесници во сообраќајот учествувале во сообраќај без возачка дозвола, информираат од МВР. Од таму додаваат и дека за време на редовните контроли биле регистрирани и 115 прекршоци за непочитување на пропишаната брзина на движење. ...
Голема реконструкција во тим за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој го номинираше досегашниот советник за национална безбедност Мајк Валц за амбасадор во Обединетите нации. Трамп изјави дека државниот секретар Марко Рубио истовремено ќе служи и како вршител на должноста советник за национална безбедност, во исто време ја задржува својата улога во Стејт департментот, како шеф на американската дипломатија. „Исто ...
Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, изјави дека крајот на војната во Украина не е на повидок, иако двете страни сега јасно ги знаат условите една на друга за можна мировна спогодба… – Сега се е во рацете на Русите и Украинците. Тие знаат какви се условите за мир и на нив е да постигнат договор, рече Венс во интервју за „Фокс њуз“, додавајќи дека оваа брутална војна нема да заврши брзо. Во однос на претседателот Зеленски, Венс изрази критики ...
Пред 35 години, НАСА го лансираше вселенскиот телескоп Хабл во орбитата, воведувајќи револуционерна ера на космичко истражување. Сместен над атмосферата на планетата Земјата, Хабл има направено повеќе од 1,6 милиони набљудувања, откривајќи го универзумот со невидена јасност. За да ја одбележи оваа годишнина, НАСА објави серија нови слики, базирани на снимки од телескопот. Од планети во нашиот Сончев систем до региони каде што се формираат ѕвезди ...
Пред 35 години, НАСА го лансираше вселенскиот телескоп Хабл во орбитата, воведувајќи револуционерна ера на космичко истражување. Сместен над атмосферата на планетата Земјата, Хабл има направено повеќе од 1,6 милиони набљудувања, откривајќи го универзумот со невидена јасност. За да ја одбележи оваа годишнина, НАСА објави серија нови слики, базирани на снимки од телескопот. Од планети во нашиот Сончев систем до региони каде што се формираат ѕвезди ...
Од 3.900 филмови пријавени од сите континенти, „Неми филмови“ на Крсте Господиновски ќе се натпреварува со уште 70 филма за една од најзначајните награди во светот на анимацијата. Ова е првиот македонски филм по „Адам“ на Петар Глигоровски од 1977 година кој успева да биде вклучен во официјалната селекција на фестивалот. За овој успех, за авторските и комерцијалните анимирани филмови и за иднината на анимацијата во најновото издание на ...
Кардиналите на Католичката црква следната недела избираат нов Папа. Процесот е наречен конклава “под клуч“ каде што е потребно двотретинско мнозинство за да се избере нов папа кој ќе ја наследи позицијата по смртта на Папата Франциск. Изборот на новиот водач на Католичката црква се врши на тој начин што кардиналите се затвораат и заклучуваат во соба, со цел самостојно да одлучат, а знак дека е избран новиот папа ќе биде белиот чад кој ќе излезе ...
Израелски воени сили извршија напад во близина на претседателската палата во Дамаск, при што премиерот Бенјамин Нетанјаху порача дека акцијата е насочена кон заштита на друзиската заедница во Сирија, која е цел на напади по падот на режимот на Башар ал-Асад во декември. Ова е втор напад за неколку дена и доаѓа во време на меѓуверско насилство меѓу Друзите и Сунитите, особено во градот Џарамана, каде судирите започнаа по аудио-снимка со навреди ...
Македонија бележи пад од 6 места на Индексот за слобода на медиумите за 2025 година на Репортери без граници. За разлика од минатата година кога беше на 36 место, оваа година е на 42 позиција. Во кусото образложение пишиува дека „владините претставници имаат тенденција да имаат лош и понижувачки став кон новинарите“. „Иако новинарите не работат во непријателска средина, Широко распространетата дезинформација и недостатокот на професионализам ...
На меѓународниот ден на трудот, 1 Мај, Турција повторно беше сцена на жестоки судири меѓу демонстранти и полиција, особено во Истанбул. Според министерот за внатрешни работи, Али Јерликаја, уапсени се вкупно 409 лица, од кои дури 407 само во Истанбул. Протестите се одржаа во 78 провинции, со речиси 300.000 учесници. Главната цел на демонстрантите беше да стигнат до историскиот плоштад Таксим, каде протестите се забранети веќе неколку години. ...
Од денеска и официјално заврши владината мерка за ограничување на бруто-профитните маржи на основните производи, што беше во сила од 20 февруари. Со ова, трговците повторно имаат слобода да ги одредуваат цените на повеќе од 1.000 прехранбени и непрехранбени производи, меѓу кои се млекото, лебот, јајцата, брашното, јогуртот и маслото за јадење. Министерот за економија Бесар Дурмиши најави дека ќе следат теренски контроли од страна на Пазарниот ...