Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Ако сте на боледување, а всушност на одмор надвор од државата да може да ве пријави било кој, а не само работодавач. За воведување на ваков модел по примерот на Словенија размислува Министерството за здравство за спречување на злоупотреби со боледувањата. Словенија вовела режим на движење со кој се забранува за некој што е на боледување да работи на друга работа, како и забрана за излез од државата, а на утврдени злоупотреби враќање на ...
Во Грција е регистриран вкупно 21 случај на вирусот Западен Нил, од кои 14 се потврдени во текот на минатата седмица, согласно податоците од неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје. Кај 20 случаи има симптоми на централниот нервен систем (енцефалитис и/или менингитис и/или акутна блага парализа) и 13 од нив се хоспитализирани, а еден случај е со умерени или без симптоми поврзани со централниот нервен систем. Повеќето ...
Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе Обвинителен предлог со кој побара и определување мерка притвор за едно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, како и кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. При вршење семејно насилство, ноќта меѓу 18 и 19 јули, обвинетиот телесно ја повредил неговата ...
Гостиварци се револтирани за проблемот со загадување на водоводната мрежа во градот. Велат деновиве им е отежнат животот, бидејќи немаат вода за пиење, за готвење, за одржување на лична хигиена. По прогласената епидемија и вонредна состојба, во Општина Гостивар се доставува флаширана вода. Гостиварци имаат проблеми со притисокот на водата, но повозрасните жители не паметат проблем од ваков тип во градот. Гостиварци се револтирани за ...
На 23.07.2026 во 00:10 часот на ул.„Мајор Чеде Филиповски“ во Гостивар, полициски службеници ги лишиле од слобода Е.С.(18) од Гостивар. Тој без дозвола зел службено патничко возило „цитроен“ со гостиварски регистарски ознаки на Црвениот крст, каде бил волонтер, и со возилото удрил во повеќе паркирани возила. При контролата било утврдено дека го управувал возилото без да поседува возачка дозвола. Тој бил задржан во полициска станица и по ...
Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство во Гостиварско спроведоа 70 вонредни надзори во кафе барови, пицерии, пекарници, слаткарници, сендвичарници, ќебапчилници, производство и пакување на овошје и зеленчук и др оператори со храна. Акцент при контролите беше ставен на утврдување дали операторите од овој регион ја почитуваат донесената забрана на АХВ за употреба на водата од гостиварскиот водоснабдителен систем. Кај ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторил кривично дело „Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. „Осомничениот 30-годишник со нож се заканувал на двајца сопружници во чија фирма работел, барајќи да му ги исплатат последните неисплатени дневници. На 21 јули попладне, кога мажот и жената со нивниот автомобил излегувале од фирмата во селото Трубарево, осомничениот ...
Мајка од Гостивар останала без нејзиното десет месечно дете откако сопругот без нејзина согласност го однел во Швајцарија, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според МВР, на 22 јули во 08:10 часот во ОВР Гостивар, Ш.А. (21) пријавила дека по претходна расправија во семејниот дом, нејзиниот сопруг С.А. противправно и без нејзина согласност го одвел нивното 10-месечно дете во Швајцарија. За случајот се известени надлежните служби, како ...
Во моментов, и додека трае кризната состојба со епидемијата во Гостивар, најважно е да се почитуваат препораките и мерките на надлежните институции за да не се соочиме со појава на нови заболувања. Што се однесува до пациентите, тие се со лесна клиничка слика што е добро, вели доктор Кочински, но ситуацијата не треба да се релативизира. Секој пациент кој ќе пројави симптоми, веднаш да се јави на лекар за да се процени неговата состојба. „И ...
Да се почне со бавно „меко“ хиперхлорирање на водоводниот систем во Гостивар препорачале експертите во Управувачкиот комитет со кој раководи Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тој за Телма вели дека од денес ќе започне овој процес, но повеќе детали за како ќе се одвива ќе објават на прес конференција во Гостивар закажана за во 16.30 часот. Таквата постапка ќе се одвива континуирано се до крајот на неделата или почетокот на ...
Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе Обвинителен предлог со кој побара и определување мерка притвор за едно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, како и кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. При вршење семејно насилство, ноќта меѓу 18 и 19 јули, обвинетиот телесно ја повредил неговата ...
Во моментов, и додека трае кризната состојба со епидемијата во Гостивар, најважно е да се почитуваат препораките и мерките на надлежните институции за да не се соочиме со појава на нови заболувања. Што се однесува до пациентите, тие се со лесна клиничка слика што е добро, вели доктор Кочински, но ситуацијата не треба да се релативизира. Секој пациент кој ќе пројави симптоми, веднаш да се јави на лекар за да се процени неговата состојба. „И ...
Долгометражниот документарен филм „Добри луѓе“ на Милчо Манчевски ќе има светска премиера на Сараевскиот филмски фестивал на 16 август. „Добри луѓе“ ќе се натпреварува во Официјалната селекција за награди на фестивалот, кој е најреномиран во Југоисточна Европа. Манчевски со свои средства го финансираше овој филм во знак на почит кон жртвите и хероите од Кочани. „За деца, за внуци“, изјави тој. Манчевски и минимална документарна екипа го ...
Македонското знаме, конечно, поставено во кабинетот на Али Ахмети во Мала Речица по 24 години од формирање на Демократската унија за интеграција (ДУИ), пренесува порталот „Тетова сот“. Државното знаме, заедно со партиското на ДУИ, како и знамињата на Албанија и на ЕУ, можеше да се забележи во фотогалеријата на Фејсбук профилот на Ахмети од средбата со австрискиот амбасадор во Мала Речица. Во изјава за „Тетова сот“, Ахмети рече дека ...
Државниот завод за ревизија (ДЗР) утврди дека единиците на локалната самоуправа не ги користат целосно своите фискални капацитети, што резултирало со речиси три милијарди денари ненаплатени побарувања од даноци, такси и надоместоци во периодот од 2020 до 2024 година. Според ревизорскиот извештај, причините се слабости во регулативата, застарени методологии, нецелосни регистри, недоволни човечки ресурси и несоодветни софтверски решенија. ...
Управата за финансиска полиција (УФП) до Основното јавно обвинителство Струга поднесе кривична пријава против едно физичко лице, сопственик и управител на едно правно лице, како и против самото правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Даночно затајување“ од член 279 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија. „Првопријавениот С.З., во својство на сопственик и управител на второпријавениот правен ...
Европската Унија постигна сеопфатен договор за 21-от пакет санкции против Русија, соопштија дипломатски извори во Брисел. Последната пречка во преговорите се однесуваше на предложената забрана за испорака на руски гас за трети земји, пренесува „Политико“. Проблемот е решен со ограничен исклучок за договори кои се заклучени пред почетокот на војната во Украина, додека на оператерите во ЕУ ќе им биде забрането да склучуваат нови договори, ...
ВМРО-ДПМНЕ со обвинување дека СДСМ, ДУИ и Арбен Таравари имаат двојни аршини во случајот со градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани. Од владеачката партија посочуваат дека Лимани со изјавата дека не чувствува одговорност, предизвикал прашања за политичката и институционалната одговорност, но дека опозициските партии сè уште не побарале објаснување, ниту презеле став по случајот. Владеачката партија повика на целосно утврдување на фактите и ...
Полицијата започна со примена на новите правила за управување на електрични тротинети, а досега се изречени 12 парични казни. Измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата стапија во сила на 14 јули. Најголемата казна од 100 евра е изречена за користење мобилен телефон при управување со тротинет, додека три лица се казнети по 50 евра за возење без заштитен шлем. Девет казни од 80 евра се изречени за движење по површини каде ...
Министерот за здравство, Сашо Клековски ги нарече „слободни јавачи на епидемијата“ оние доктори кои објавуваат стручни мислења и совети за евентуални последици од консумирање на загадена вода преку социјалните мрежи. „Би замолил да нема слободни јавачи на епидемијата. Гледам и доктори кои не се, условно кажано, епидемиолози и инфектолози, даваат различни совети и мислења. Знам дека вакви состојби се популарни за кликови и собирање лајкови, но ...
„The Quiet Migration“ (Stille liv, 2023) е данска драма на режисерката Малене Чои, која ја следи приказната на 19-годишниот Карл – млад човек посвоен од Јужна Кореја, кој живее со своите посвоители на семејна фарма во данската провинција. Додека неговите родители очекуваат еден ден да ја преземе фармата и да ја продолжи семејната традиција, Карл сè повеќе чувствува дека не припаѓа таму. Раздвоен помеѓу животот што го познава и желбата да ги ...
Во 1947 година, норвешкиот истражувач Тор Хејердал решава да ја докаже својата смела теорија – дека Полинезија можела да биде населена од луѓе кои дошле од Јужна Америка. Со цел да го покаже тоа, тој со уште петмина другари тргнува на опасна експедиција преку Пацификот, пловејќи на рачно изработен брод од балсово дрво наречен „Kon-Tiki“, без модерна навигациска опрема. Филмот ја прикажува неверојатната борба на екипажот со невремиња, ајкули и ...
Филмот ја следи приказната за четири сосема различни сестри, кои мора да ги здружат силите кога киднапираниот пингвин Пол ќе заврши во нивниот дом. Едно опасно магионичарско дуо сака да го искористи животното за сопствена слава, но сестрите тргнуваат во авантура за да го спасат и да го вратат Пол во зоолошката градина. Филмот ја следи приказната за четири сосема различни сестри, кои мора да ги здружат силите кога киднапираниот пингвин Пол ...
Филмот ја следи приказната на поранешниот специјалец Рој Палвер, кој е заглавен во временски јазол и постојано го доживува истиот ден – денот кога брутално го убиваат. Секојпат кога ќе загине, денот почнува одново, а Рој постепено ги учи чекорите на своите непријатели и начинот на кој може да го преживее денот. Во обид да ја открие вистината зад оваа мистериозна ситуација, тој се соочува со тајна воена програма, безмилосни атентатори и својот ...
Инспириран од вистински настани, „Брич“ е драматичен трилер сместен во ходниците на ФБИ – чуварот на најчувствителните тајни во САД. Mладиот Ерик О’Нил е унапреден од неговата работа за надзор на ниско ниво во седиштето на Федералното истражно биро. Неговиот сон да стане полноправен агент почнува да станува реалност. Уште поимпресивно е што О’Нил е избран да работи за познатиот оперативец Роберт Хансен во рамките на „обезбедување информации“, ...
Владата на ВМРО-ОКГ повторно ја примени класичната техника: кога нема одговори и кога треба да се сноси одговорност, се отвора фронт против оние кои зборуваат вистина, реагираат од СДСМ. „Наместо да објасни зошто институциите молчеле додека граѓаните на Гостивар пиеле загадена вода, наместо да каже зошто епидемијата беше прогласена со задоцнување и зошто илјадници луѓе се отруени, министерот за здравство Сашо Клековски ги нападна лекарите и ...
Просечната плата во Македонија се доближи до 50.000 денари, но и понатаму е меѓу најниските во регионот. Во исто време, синдикалната потрошувачка кошница е значително повисока од една просечна плата. Дали растот на платите навистина носи подобар животен стандард или трошоците за живот растат побрзо? АНКЕТА: Што е поголем проблем за вашиот семеен буџет? а) Ниските плати или б) Високите цени; Просечната плата во Македонија се доближи до 50.000 ...
Шеесет и петгодишен работник се здобил со тешки телесни повреди по пад од зграда во Куманово додека извршувал работни задачи. По добиената прва помош, тој бил пренесен на лекување во комплексот Клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Случајот е пријавен во СВР Куманово и се преземаат мерки за негово целосно расчистување. „На 21.07.2026 година во 17 часот во СВР Куманово, лекар од Итната медицинска помош пријави дека кај нив бил донесен С.Т. (65) од ...
Царински службеници на граничниот премин „Табановце“ спречија обид за шверц на 348 грама златен накит во вредност од 1,3 милиони денари. Како што информира Царинската управа, случајот е откриен при детална контрола на автомобил со кој патувале сопружници, македонски државјани со живеалиште во Белгија, при што во чантата на сопатничката се пронајдени 26 парчиња златен накит. Против неа е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело ...
Шеесет и деветгодишниот Даниел Сиад, агент за ангажирање модели и наводен посредник во обезбедувањето жени за американскиот сексуален престапник Џефри Епстин, во понеделникот вечерта бил пронајден мртов во неговиот дом во близина на Париз. „Вечерта во понеделникот беше отворена истрага за утврдување на причините за смртта по откривање на неговото тело во куќата во Коломб, западно предградие на Париз“, соопшти француското обвинителство. Против ...