Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Не е само важна улогата во донесувањето на одлуките на Судот за човекови права, туку и нивното спроведување, ова денеска го изјави генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, кој истака дека Советот работи на спроведување на одлуките на Европскиот суд за човекови права донесени против Бугарија. -Во случајот што го споменавте за Бугарија, знаете дека имаме преглед на одлуките што сè уште не се извршени. И работиме на ова. ...
Европските разузнавачки служби предупредуваат дека Владимир Путин ја засилил кампањата за ликвидација на противници и поддржувачи на Украина низ Европа. Според западни безбедносни извори, од почетокот на руската инвазија врз Украина во 2022 година, зачестиле обидите за атентати, саботажи и заплашувања на активисти, пребегани руски функционери и европски поддржувачи на Киев. Меѓу најпознатите случаи е рускиот активист Владимир Осечкин, кој ...
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски изјави дека во моментов не постојат услови за уставни измени и дека Владата не е подготвена да преземе таков чекор. Тој нагласи дека недостасуваат доверба и кредибилитет во процесот на испорака од страна на меѓународните партнери. Муцунски ова го истакна по заедничката прес-конференција со генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, кој е во официјална посета на земјата. Според него, ...
Обвинетиот Стојанче Јовановски е осуден на 12 години затвор за трите кривични дела за кои беше обвинет за наведување на самоубиство на Ивана и Катја. Според Судот, обвинетиот со континуираното физичко и вербално насилство ја довел Ивана во безизлезна и очајна состојба што било причина таа да посегне по својот живот и животот на нејзината ќерка. Насилството трело од 2023 континуирано на различни места, често и во присуство на детето. Тој и се ...
Обвинетиот Стојанче Јовановски е осуден на 12 години затвор за трите кривични дела за кои беше обвинет, меѓу кои и за наведување на самоубиство на Ивана и Катја. Според Судот, обвинетиот со континуираното физичко и вербално насилство ја довел Ивана во безизлезна и очајна состојба што било причина таа да посегне по својот живот и животот на својата ќерка. Насилството трело од 2023 континуирано на различни места и во присуство на детето. ...
Кривичниот суд треба да ја објави пресудата за Стојанче Јовановски, кој е обвинет за три кривични дела меѓу кои и наведување на самоубиство на неговата сопруга Ивана која скокна од зграда заедно со шестгодишната ќерка Катја. Јовановски е обвинет за три кривични дела – телесни повреди сторени како продолжено дело на семејно насилство, загрозување на сигурноста и наведување на самоубиство и помагање во самоубиство, поврзани со трагедијата од 2 ...
Елиас, млад научник посветен на климатските промени, се вљубува во амбициозната пејачка Анита. Кога му се укажува можност да се приклучи на мисија за истражување на опасна пукнатина на дното на океанот – феномен што ја загрозува целата планета – тој ја става кариерата пред љубовта. Петнаесет години подоцна, за време на подморска експедиција, Елиас доживува визија за животот што можел да го има доколку направел поинаков избор. Оваа визија ...
Животот станува сè поскап, а паричниците сè потенки, додека платите сè почесто не стигнуваат до крајот на месецот. Кога инфлацијата ја јаде куповната моќ, дури и малите покачувања на платите реално значат пад на стандардот, а сметките за струја и греење стануваат директен удар врз буџетот. Прашањето е едноставно: дали навистина осиромашуваме, кој ја плаќа цената на кризата и дали постои реален план за справување со состојбата? АНКЕТА: Кој ...
Локалните избори во Велика Британија во четврток, 7 мај, на кои имаат право на глас 30 милиони гласачи, се огромен тест за сите главни политички партии, но најмногу за Кир Стармер како премиер и лидер на Лабуристите. Анкетите на јавното мислење предвидуваат тешка ноќ за Лабуристите, кои би можеле да се соочат со загуба на повеќе од 1.800 советници, речиси три четвртини од местата што се заземаат. Но, се очекуваат значителни загуби и за ...
Фирма регистрирана во Агенцијата за храна и ветеринарство е казнета со 1.400 евра откако пред Велигден увезла околу 40 тони јајца од Србија, кои требало да бидат пласирани како „македонски јајца“, иако не потекнувале од домашно производство. Според надлежните, во две пратки биле откриени над 570.000 необележани јајца, кои требало дополнително да бидат означени и незаконски да се продаваат како домашни, што претставува обид за доведување во ...
Две беспилотни летала влегоа во Латвија од Русија и се урнаа, соопшти војската утрово. Еден од дроновите се урна во складиште за нафта во градот Резекне, на околу 40 километри од границата со Русија, објави телевизијата ЛСМ, цитирајќи ја полицијата. Единици на вооружените сили, полицијата и спасувачките служби беа испратени на местото на несреќата. Властите во Латвија со предупредување до граѓаните кои живеат блиску границата да бидат во ...
Земјите членки на Европската Унија и законодавците од Европскиот парламент постигнаа договор за олеснување на клучните правила за вештачка интелигенција, вклучително и за одложување на нивната примена, по притисокот од одредени влади и компании. -Кипарското претседателство, кое го претставува Советот, и преговарачите од Европскиот парламент штотуку постигнаа привремен договор за предлогот насочен кон поедноставување и олеснување на одредени ...
Примената на технологијата, дигитализацијата и вештачката интелигенција како двигатели на економскиот развој“ е темата на Германско-македонскиот бизнис самит што ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на АХК Северна Македонија, дел од мрежата на германските стопански комори во странство, а во соработка со Германско-македонското стопанско здружение. На настанот, што ќе обедини високи претставници од бизнис-секторот од државава, ...
Цените на угостителските услуги во април 2026 година во однос на истиот месец од претходната година се зголемени за 2.8 %, објави Државниот завод за статистика. Во однос на претходфниот месец, пак, цените се зголемени за 0.6 %. Во периодот јануари – април 2026 година споредено со истиот период лани, угостителските услуги поскапеле за 3.0 %, додека во однос на декември 2025 година зголемувањето е 0.6 %. Цените на угостителските услуги во ...
Евакуацијата на патниците од крузерот на кој избувна епидемија на Хантавирус ќе започне в понеделник од Тенерифе на Канарските Острови, соопшти шпанското Министерство за внатрешни работи. Се очекува бродот да пристигне на Канарските Острови во сабота. Во меѓувреме, аргентинските власти соопштија дека холандската двојка која почина од зараза со хантавирус на бродот, претходно неколку месеци патувала низ Аргентина, Чиле и Уругвај, а кон крајот ...
Војната во Иран ќе „заврши брзо“, кажа претседателот на САД Доналд Трамп кој вели дека вели дека повеќето луѓе ја „разбираат“ неговата цел да ги запре нуклеарните амбиции на Техеран. Изјавите на Трамп доѓаат откако Иран соопшти дека американскиот предлог за завршување на војната „сè уште се разгледува“. Американскиот весник „Аксиос“ , објави дека Белата куќа верува дека е блиску до меморандум за разбирање од 14 точки со Иран, кој би можел да ...
Денеска треба да биде објавена пресудата за Стојанче Јовановски, која треба да се слушне во Основниот кривичен суд Скопје. Јовановски е обвинет за три кривични дела – телесни повреди сторени како продолжено дело на семејно насилство, загрозување на сигурноста и наведување на самоубиство и помагање во самоубиство, поврзани со трагедијата од 2 март годинава, кога неговата сопруга Ивана Јовановска и шестгодишната ќерка Катја го загубија животот. ...
Генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, денеска на тета-тет средба со министерот за надворешна трговија Тимчо Муцунски. За време на престојот во земјава, генералниот секретар на Советот на Европа ќе се сретне и со највисоките државни претставници, како и со ресорни министри, а планирани се и повеќе активности поврзани со унапредувањето на соработката со оваа меѓународна организација. Советот на Европа е посветен на промоција на ...
Новиот систем за влез и излез на ЕУ ги затна граничните премини пред летната сезона. Има ли македонскиот туризам можности и капацитети да понуди алтернативни решенија? Сè уште се чека на државна стратегија за развој на туризмот, но ќе биде ли потребен и кризен менаџмент? Во „Топ тема“ вечерва дебатираа Аркан Керим од туристичко-угостителската комора при ССК, Мимоза Конеска, сопственичка на „Војажер туристик сервис” и проф. д-р Татјана ...
Сите кризи што се случуваат, всушност настапуваат како една двојна бариера, она што е проблем со керозинот и цената на нафтата влијае врз авиокомпаниите додека со ЕЕС системот на Европската Унија имаме бариера која што се однесува на временски трошоци, значи имаме и финансиски и временски трошоци, нагласи проф д-р Татјана Бошков од Факултетот за туризам и бизнис логистика при универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, во вечерашната дебата во „Топ ...
Најголем дел од турите во овој период и за последниот празник беа продадени, авионските тури немаа поголеми чекања од вообичаеното кога почна да функционира ЕЕС системот, бидејќи на аеродромите има компјутеризирани системи и самата пасошка контрола побрзо го врши системот, проблем се автобусите и автомобилите, истакна Мимоза Конеска од „Војажер Туристик Сервис“ во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ. „Тука е повеќе проблемот, заради ...
Влез/излез системот на Европската Унија претставува удар за викенд туристите кои патуваатво Грција, рече Аркан Керим, претседател на туристичко-угостителска комора при ССК, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма. Кога се најавуваше воведувањето на системот беше речено дека еднаш ќе се фотографира лицето и потоа само со отисок на граница се забележува влез во ЕУ, меѓутоа во пракса гледаме дека не е така, додаде тој. „Пресметавме дека ...
Македонија е дел од европското семејство, порача Михалис Рокас на конференцијата „30 години до европскиот пат“, оценувајќи дека земјата е поблиску до членство во Европската Унија отколку што се перцепира. И покрај разочарувањата, фокусот мора да остане на реформите и иднината, но општеството ќе мора политички да се обедини. Македонија е дел од европското семејство, порача Михалис Рокас на конференцијата „30 години до европскиот пат“, ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е во разговори со претставници на американската администрација за да добие подобар увид во најновите случувања во преговорите меѓу Вашингтон и Техеран, пренесува „Си-Ен-Ен“. Според израелски извор, запознат со детали од разговорите, Нетанјаху настојува да ги добие најновите информации за текот на преговорите и да ги разбере опциите на маса. Израел, наведува истиот извор, изразува загриженост за можни ...
Постои „голема веројатност“ дека САД и Иран ќе постигнат договор, порача премиерот на Катар и министер за надворешни работи, Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани за телевизија Ал Араби Ал-Џадед. Тој го осуди користењето на Ормускиот Теснец како средство за притисок и нагласи дека секој договор треба да ги земе предвид интересите на регионот. Повика на интеграција меѓу државите во Персискиот залив за да се одговори на заедничките закани, со што ...
Обвинителката Енѓелуше Кадриу е назначена да го застапува предметот „Талир 1“ за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ. Но, денешното рочиште, кое е прво откако обвинителката Ленче Ристоска во март беше повлечена од случајот, се одложи поради отсуство на еден од адвокатите. Петар Димовски, кој е бранител на партијата, го известил Кривичниот суд дека не може да присуствува. Освен партијата, обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, ...
Уставниот суд денеска, поведе постапка за оценување на уставноста на член од Законот за заштита на децата со кој се ограничува еднократната парична помош за новороденчињата на оние кои се родени во Македонија. Подносител на иницијативата е македонски државјанин кој живее во Србија. За Судот во оваа фаза од постапката клучно е начелото на еднаквост гарантирано со член 9 од Уставот. Имено, дете чии родители се државјани на Република Северна ...
Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство не го добило Предлог-законот за заштита и благосостојба на животните со допис и заверен со архивски број и затоа официјално, како што велат за Телма, го немаат добиено документот. Ова е одговорот од министерството за тоа каде се „загуби“ Предлог-законот на релација АХВ – Земјоделие, откако Телма во петокот објави дека е изготвен Предлог-закон за благосостојба на животните со кој се ...
Масовни објави на социјалните мрежи во кои граѓани алармираат дека добиваат лажни СМС пораки за наводни сообраќајни прекршоци регистрирани преку системот „Безбеден град“. Во пораките има линк за плаќање казни, преку кој се бара внесување лични податоци. Од министерството за внатрешни работи (МВР) предупредуваат дека станува збор за измама. Министерот Панче Тошковски вели дека ваквите пораки најчесто пристигнуваат од странски броеви или ...
Мерки на претпазливост додека трае случајот предложи јавното обвинителство за малолетничките на возраст од 14 до 17 години кои се осомничени дека тепале 13-годишно девојче во два одделни случаи. Обвинителството веќе побарало да се отвори постапка пред судија за деца, поради тежината на делото предвидено во Кривичниот законик. Тие се гонат за насилство, но постапката за нив се води според Законот за правда за децата. До Основното јавно ...