Скопје
14ᴼ /
14ᴼ
Белата куќа денеска објави детали за претстојната посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Кина каде што треба да има средба со кинескиот претседател Си Џинпинг. Трамп пристигнува во Пекинг во среда навечер. Официјалниот пречек ќе биде во четврток, а вечерта истиот ден ќе се одржи државен прием во чест на американскиот гостин. Во петок пред заминувањето на Трамп ќе има официјален ручек. Доналд Трамп и Си Џинпинг ќе се сретнат на 14 ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изрази увереност дека САД на крајот ќе го добијат збогатениот ураниум на Иран, пренесува агенцијата ДПА. „Ќе го добиеме тоа во одреден момент со што и да сакаме“, рече тој во интервју за телевизиската програма „Full Measure“. Трамп вели дека материјалот бил „надгледуван“ од САД. „Ако некој се приближи до местото, ќе знаеме за тоа и ќе го разнесеме“, рече американскиот претседател. Во саботата, рускиот ...
Индискиот премиер Нарендра Моди ги повика граѓаните и компаниите да штедат гориво и да работат од дома за да ја намалат потрошувачката на бензин и дизел, бидејќи порастот на глобалните цени на енергијата ги оптоварува девизните резерви на земјата, пренесува БТА. „Луѓето и компаниите треба да дадат приоритет на враќањето на работа од далечина и онлајн состаноци, кои се применуваа за за време на врвот на пандемијата ковид-19, што укажува дека ...
Министерот за одбрана на Летонија, Андрис Спрудс денеска поднесе оставка откако две украински беспилотни летала во четвртокот прелетаа од Русија и погодија складиште за нафта. Претходно денеска, летонската премиерка Евика Силиња побара негова оставка, велејќи дека системите против беспилотни летала не биле распоредени и активирани доволно брзо. За нов министер за одбрана е именуван Раивис Мелнис, полковник на летонската војска. Министерот за ...
Замислете сателити, дронови, роботи, сензори и камери кои го скенираат плодното земјиште и даваат драгоцени податоци за земјоделците. Што е засадено секоја година на кое поле. Пченка, шеќерна трска, малини. Вештачка интелигенција и сложени алгоритми обработуваат снимки и даваат важни податоци. Се следи влажноста на земјата за да се види како од година во година се менува почвата и колку вода им е потребна на културите што се засадени. И секое ...
Пелистер го победи МЗТ Скопје и израмни на 1-1 во полуфиналната плеј-оф серија во домашното кошаркарско првенство. Битолчани заслужено го совладаа актуелниот шампион, бидејќи имаа контрола врз резултатот речиси целиот натпревар. Резултатски, првата четвртина беше и најнеизвесна. Двата тима постојано се менуваа во водството, но Пелистер по десет минути игра имаше минимална предност од 18-17. Домашните одиграа одлична втора четвртина, брзо ...
Шестиот „генералка“ викенд за чистење на јавните површини во државата, за некои е „генералка“ викенд за чистење на домовите. Купишта одложен шут, покуќнина покрај контејнери во населбата Ново Лисиче во Општина Аеродром. Душеци, фотелји, стари прозорци, сунѓери, стара гардероба, теписи, пластика, стакло, картонски кутии… Граѓани се обратија до редакцијата на telma.com.mk со видеа од кабастиот отпад што е оставен на јавна површина во населбата. ...
Двајца поранешни шампиони денеска се простија од Првата македонска фудбалска лига и од следната сезона ќе се натпреваруваат ранг подолу. Работнички и Македонија Ѓорче Петров му се придружија на Шкупи во Втората лига, кој исто така е поранешен шампион. „Романтичарите“ ремизираа 2-2 на гостувањето кај Брера, додека „лавовите“ запишаа убедлив пораз на домашен терен од Тиквеш со 1-4. ФУДБАЛ ПРВА ЛИГА 31.КОЛО БРЕРА – РАБОТНИЧКИ 2-2 АРСИМИ – ...
Портпаролот на Комитетот за национална безбедност во Парламентот на Иран, Ебрахим Резаи, ги предупреди САД да не ги напаѓаат иранските бродови во водите на Персискиот Залив, зашто ќе се соочат „решителен одговор“ – Нашата воздржаност завршува денес. Секој напад врз нашите бродови ќе предизвика силен и решителен ирански одговор против американските бродови и бази, рече Резаи во објава на социјалната мрежа Х. Портпаролот на Комитетот за ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека, и покрај прекинот на огнот, војната против Иран не е завршена, сè додека не се отстрани збогатениот ураниум од земјата. Во интервју за американската телевизиска мрежа „Си-Би-Ес“, Нетанјаху го услови крајот на конфликтот со отстранување на високо збогатениот ураниум од иранска територија и демонтирање на објектите за збогатување во земјата. „Оштетивме голем дел од нивните капацитети“, рече ...
Досегашниот унгарски премиер Виктор Орбан ја предупреди новата влада на Петер Маѓар да внимава во односите со бирократите во Брисел и да не се откажува од националниот сувернитет поради пари или политички поволности. „Новите луѓе на власт мора многу јасно да разберат едно: ако не се борите за Унгарија во Брисел, бриселските бирократи ќе ве прегазат. Откажувањето од нашиот патриотски став и предавањето на националниот суверенитет за пари или ...
Иран денеска испрати одговор за најновиот американски предлог до пакистанските посредници, јави иранската државна агенција ИРНА. Во веста се нагласува дека преговорите во оваа фаза се фокусирани на крај на војната во целиот регион, без да се наведат детали за содржината на иранскиот одговор. Тензиите во регионот на Блискиот Исток ексалираа по почетокот на американско-израелските воздушни напади врз Иран на 28 февруари, што резултираа со ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска разговараше со својот фински колега Александар Стуб за состојбата на дипломатските напори за завршување на војната. „Ги усогласивме нашите ставови пред состаноците и преговорите оваа недела. Важно е соработката во Европа да остане силна, а сега има нови можности за заедничка работа“, напиша Зеленски на Икс. Тој додаде дека комбинираниот ефект од санкциите против Русија и другите форми на ...
Кремљ очекува брзо продолжување на американското медијаторство за завршување на војната во Украина по тридневно примирје, изјави Јуриј Ушаков, советник на рускиот претседател Владимир Путин задолжен за преговорите, пренесе агенцијата ДПА. Ушаков најави дека специјалниот претставник на САД Стив Виткоф и зетот на претседателот Доналд Трамп, Џаред Кушнер, „наскоро“ ќе пристигнат во Москва, без да прецизира конкретен датум. „Порано или подоцна, ...
Македонската ракометна репрезентација денеска ги почна подготовките за баражот со Словачка за пласман на Светското првенство 2027 година. Нашиот тим веќе во четврток гостува кај Словаците, додека реваншот е во Скопје на 17-ти мај. Македонија ја има фаворитската улога во двомечот, но селекторот Кирил Лазаров е претпазлив пред двата натпревари. „Имаме почит кон репрезентацијата на Словачка. Тим што повеќе години функционира заедно со селектор ...
Новиот министер за здравство на Унгарија, Жолт Хегедуш го „украде“ шоуто пред зградата на Парламентот во Будимпешта по инаугурацијата на новиот собраниски состав и Петер Маѓар за нов премиер на земјата, претворајќи ја сцената во подиум за играње. Хегедуш во еден момент почна да игра во ритамот на диско музиката. Перформансот го изведе пред стотици Унгарците кои се собраа пред законодавниот дом кои го отпоздравија со аплауз. Откако го скрши ...
По хулиганскиот упад во најголемото штипското основно училиште „Ванчо Прке“ во Штип, каде што беа уништени надгледни средства, смарт табли, комјутери и имало обид да се поплави еден од катовите на училиштето, Општината најави дека освен видео надзор низ училиштата ќе се постават и алармни системи. Ќе се ангажираат агенции за обезебедување и ќе има дополнителни патроли. „Видео надзор имаме на сите образовни институции, но дополнително за да се ...
Дени е 20-годишна девојка, една од многуте лица во Македонија, со атипичен развој. На денешниот настан за зголемување на свесноста за лицата со атипичен развој, таа истакна дека за неа е потреба да го продолжи своето образование и испрати апел до институциите да обезбедат повеќе асистенти за овие луѓе. Во организација на здружението „Аутизам ААМК“ кое истакна дека, и покрај промените, предизвиците на овие лица и натаму постојат. Пораката која ...
Опожарените шуми на планините Беласица, Огражден и Плачковица во струмичко-радовишкиот регион ќе се обновуваат според насоките на Инспекторатот за шумарство и ловство, вели заменик генералниот директор на национални шуми, Кире Михаилов. Тој појаснува дека се направени проценки на површините и соодветно насоките ќе се третира земјиштето акде што имало пожар. „Ние како институција пристапивме секаде сериозно. На дел од тие поседи каде ...
Расте интересот за купување возила на лизинг, особено од страна на корпоративниот сектор. Токму фирмите се главните корисници на лизинг продуктите, додека граѓаните учествуваат само со околу 15 отсто од вкупниот број возила купени на тој начин. Профитот на лизинг компаниите лани надмина три милиони евра. Но, растот на оваа индустрија не е доволен за да се подмлади возниот парк во земјава, туку потребна е сеопфатна национална стратегија со ...
Наративот меѓу партиите околу европската интеграција на земјава многу брзо прераснува во натпревар на навреди во тоа кој е полош и помалку за ЕУ, наместо секој да се залага за структурните реформи. Ова е став на дел од аналитичарите, откако и вчерашниот ден, Денот на Европа, власта и опозициjата го искористија уште еднаш да си разменат дискалификации, навреди и да се обвинат кој е помалку за членство во ЕУ. Крајниот резултат, вели за Телма ...
„Вреди“ и ДУИ разменија остри пораки по конгресот на кој владејачката албанска коалиција објави трансформација во единствен политички субјект. Од „Вреди“ порачаа дека обединувањето претставува „нова политичка визија“ за Албанците, заснована врз владеење на правото, европска ориентација и економски развој. Според нив, процесот означува крај на политичката фрагментација и почеток на ново поглавје во албанскиот политички блок. ДУИ, пак, денеска ...
Речиси пет месеци Македонија е без национална стратегија за борба против корупцијата од 2026-та која треба да трае до крај на оваа деценија. На старата ѝ заврши рокот на траење, а имаше и ниски резултати, бидејќи институциите кои требаа да ги зголемат своите антикорупциски капацитети не ги исполнуваа своите обврски. И додека се носи новата стратегија, владиниот министер, односно вицепремиер задолжен за операционализација на стратегијата, го ...
За над 22 милиони евра пораснал долгот на Општините за една година. Од документот на финансии може да се види дека заклучно со март тие имаат доспеани, а неплатени долгови од 86 милион евра. До крајот на годинава за плаќање ќе им стигнат уште 13 милиони евра. Состојбата е по алармантна со општинските јавни претпријатија. Тие првиот квартал го завршиле со доспеани, а неплатени долгови од над 107 милиони евра. ОПШТИНИ ДОСПЕАН И НЕПЛАТЕН ДОЛГ ...
Градежниот шут од Тетово и околните села и натаму завршува на диви депонии надвор од населените места, пред сè, во природа и во планинските предели. Ваквиот вид отпад се остава дури и на подрачјето на Националниот парк „Шар Планина“, па освен што ги нагрдува природните пејзажи го загрозува и заштитеното планинско подрачје. Градоначалникот на Тетово вели дека комплексните процедури се причина за изнаоѓање на соодветна локација само за градежен ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, го обвини премиерот дека лаже за загрозување на македонскиот јазик во евроинтегративниот процес. Филипче тврди дека во преговарачката рамка со ЕУ јасно стои „македонски јазик“, без фусноти и дополнувања, оценувајќи дека власта преку темата за идентитетот и јазикот шири страв и политички манипулации. Според Филипче, македонскиот идентитет го загрозува криминалот и корупцијата на Мицкоски и на владејачката ...
Од ВМРО-ДПМНЕ возвратија дека Венко Филипче ја продолжува политиката на Зоран Заев и подготвен е да ги прифати бугарските барања на штета на македонските национални интереси. Од партијата обвинуваат дека СДСМ би ги спровел уставните измени и би продолжил со, како што велат, политиката на попуштање кон Софија, во време кога од Бугарија повторно доаѓаат цврсти позиции и условувања кон Македонија. Од ВМРО-ДПМНЕ возвратија дека Венко Филипче ја ...
Харис Качапор, газдата на фирмата „ХСА-Констракшн“ чиј камион беше фатен при обид за нелегално истурање на градежен шут на дива депонија во Ново Лисиче, е добро познат на обвинителството и полицијата. На Качапор во моментов му се суди за смртоносното прегазување на поранешниот директор на ОХИС, Јорго Ќука. Тој е обвинет за тешки дела во сообраќајот за кое е предвидена казна од четири до 20 години затвор. Сообраќајката се случи на 3 ноември на ...
Со чамци до пристаништето Гранадилја, со автобуси до аеродромот во Тенерифе, без да имаат контакт со локалното население. Заврши сагата со бродот што не го сакаше никој поради појавата на хантавирус. Сто и четириесет патници од 20 различни националности беа евакуирани од крузерот на компанијата „Оушнвајд Експедишн“ и со организирани летови се упатија кон своите земји. Медицинските прегледи на шпанските здравствени работници утврдија дека ниту ...
Најмалку 15 полицајци се убиени во самоубиствен напад врз полициска станица во северозападната пакистанска покраина Хајбер Пахтунхва, што се граничи со Авганистан, јави агенцијата ДПА, повикувајќи се на официјални лица. Нападот се случи во округот Бану, каде што терористите со автомобил со експлозив удриле во полициска контролна станица. По нападот имало интензивна престрелка. Вооружената група Итехад-ул-Муџахидин ја презеде одговорноста за ...