Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Марија ван Керхове, епидемиолог за заразни болести во Светската здравствена организација (СЗО), на брифинг за медиумите изјави дека не е иста ситуацијата како пред шест години со Ковид-19, бидејќи хантавирусот се шири преку „близок, интимен контакт“. Здравствените власти се тркаат да ги пронајдат десетици луѓе кои неодамна се истовариле од холандскиот брод MV Hondius. Во четврток, СЗО соопшти дека вкупно се потврдени пет од осум сомнителни ...
САД со непрецизни одговори, а Иран тврди дека „сè уште не е донесен заклучок“ за мировниот предлог од 14 точки. Со намера да се мотивира Иран повторно да го отвори стратешкиот Ормутски теснец, каде се заглавени стотици бродови, САД поднесе резолуција пред Советот за безбедност на ОН за почитување на меѓународното право. „Штом ќе биде финализиран нашиот одговор, тој ќе биде споделен со пакистанскиот медијатор“. Портпаролот на иранското ...
Точно е дека има значајни проблеми во исплата на платите во јавното здравство, а платите се околу 25 милиони евра месечно, изјави Сашо Клековски, директор на Фондот за здравство, во вечерашното интервју во „Вин-Вин“ на ТВ Телма. „Само во овие две години имаше зголемување на платите од 10 посто во ноември 2024 година, 5 посто во март минатата година и уште едно зголемување оваа година. Со тоа што претходните зголемувања беа генерално насочени ...
Ги зголемивме платите во јавното здравство, сега говориме за зголемена одговорност, изјави Сашо Клековски, директор на Фондот за здравство, во вечерашното интервју во „Вин-Вин“ на ТВ Телма. „Одговорност мора да има. Не може еден доктор да биде дежурен во иста ноќ и во Скопје и во Битола. Не може сите вработени во една установа да имаат ист број на прекувремени часови за да се постигне некое посакувано ниво на плата. Не може цел ден ништо да ...
Околу 290 случаи на лекување во странство биле во 2025 година за што се издвоени околу седум милиони евра за таа намена, судските спорови на Фондот се стари и врзани се една болница во Фленсбург во Германија, каде во подамнешно минато се испраќани најчесто хематолошки случаи за трансплантација на матички клетки, рече Сашо Клековски, директор на Фондот за здравство, во вечерашното интервју во „Вин-Вин“ на Телма ТВ. „Бидејќи тоа било доста ...
Здравството и Фондот ги измачуваат два типа на проблеми, заради недостиг на средства, а очекувањата се огромни, се дејствува по концептот на противпожарна бригада – „каде гори, таму се гаси“ и обично гори на крајот, никогаш не гори на почетокот, рече директорот на Фондот за здравство, Сашо Клековски во вечерашното интервју во „Вин-Вин“ на ТВ Телма. „Затоа, еден од првите чекори што го направивме во 2025 година е да направиме силен исчекор во ...
Нема да им дозволиме на САД да го отворат Ормускиот Теснец со „нереален план“, а потоа да излезат од војната без да платат отштета „за сета нанесена штета“, порача Мохсен Резаи, висок ирански претставник, пренесува иранската државна Прес ТВ Тој говореше за предлогот на САД од 14 точки што Вашингтон го испрати на Иран преку посредници. Соединетите Американски Држави се надеваат дека мировниот план ќе постави темели за Меморандум за разбирање ...
Со 64 гласови „за“ и 15 „против“, без воздражани, пратениците го изгласаа новиот закон за Советот на јавните обвинители кој е дел од Реформската агенда. Министерството за правда преку соопштение информира дека со законското решение се реформира постапката за избор на членови на Советот на јавните обвинители, по примерот на критериумите предвидени во новиот Закон за Судскиот совет. Новиот закон воведува и обврска за целосно и аргументирано ...
„Услови за уставни измени нема“. Вака кратко одговори на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, за тоа какви односи можат да се очекуваат со новата бугарска влада, со огледе на најавите кои стигаат од Софија дека идната влада на Румен Радев нема да ги менува позициите кон Македонија, но и по најавата на премиерот, Христијан Мицкоски, дека односите со Бугарија ќе се вжештуваат. Муцински иако не објасни какво ...
Ученик од седмо одделение во битолско основно училиште „Стив Наумов“ преку социјални мрежи испраќал заканувачки пораки по живот до свои соученици, по што случајот бил пријавен и во Обвинителството во Битола „Во моментов се вршат проверки во координација со Центарот за социјални работи во Битола, бидејќи станува збор за дете кое е под возраста за кривична одговорност“, наведуваат од ОЈО. Родителите поднеле претставка и до Државниот просветен ...
Во блиска иднина, Земјата се соочува со еколошка катастрофа што го загрозува опстанокот на човештвото. Поранешниот пилот и инженер Купер добива шанса да стане дел од тајна мисија на NASA, која преку мистериозенa црвоточинa бара нови населиви светови. Додека патува низ вселената и времето, Купер се соочува со тешки одлуки што ја ставаат на тест неговата љубов кон семејството, особено кон неговата ќерка Марф, но и иднината на целото човештво. ...
Филмот Llenos de gracia е инспириран од вистински настани и ја раскажува топлата и хумористична приказна за сестра Марина, калуѓерка која во 1994 година пристигнува во дом за деца без родители што е на работ на затворање. Децата се непослушни и полни со бес, но сестра Марина решава да не се откаже од нив. Со љубов, трпение и креативност, таа успева да им внесе надеж – и фудбалот станува клучниот елемент за обединување и промена. Меѓу овие ...
Дваесетгодишна студентка од Република Турција попладнево е пронајдена почината во стан на улица „Васил Главинов“ во централното градско подрачје на Штип. Нејзините колеги со кои заедно студирала не можеле да стапат во контакт со неа неколку денови, по што била известена полицијата. Починатата студентка живеела сама во станот, па за да се влезе во него полицијата ги повикала пожарникарите да интервенираат и во станот е влезено преку врата од ...
Филмот House Party ја следи приказната за двајца најдобри пријатели, Кевин и Дејмон, кои се наоѓаат во финансиски проблеми откако ќе ги изгубат своите работни места. Во обид брзо да заработат пари, тие решаваат да организираат огромна забава во луксузната вила на познатата НБА ѕвезда LeBron James – без негова дозвола. Но, она што започнува како едноставен план за лесна заработка брзо се претвора во хаотична ноќ полна со неочекувани гости, ...
За време на мировна мисија на Блискиот Исток, тројца млади војници, Ерик, Рој и Томас, се оставени сами да се грижат за себе откако нивното воено возило се расипува среде пустина. Сè повеќе одвоени од реалноста, војниците се обидуваат да останат смирени. Сепак, тие ја губат контролата врз ситуацијата кога го среќаваат 14-годишниот Калил, кој одбива да замине. Се натрупуваат катастрофални настани, а војниците, во потрага по вода, се ...
Малата Ани се преселува од градот на село и се соочува со нов свет во кој тешко пронаоѓа пријатели – сè додека не запознае див коњ со кој создава неверојатна врска. Но кога опасни крадци ќе ја загрозат неговата слобода, Ани ќе мора да собере храброст и да се впушти во авантура што ќе ѝ го промени животот засекогаш. Малата Ани се преселува од градот на село и се соочува со нов свет во кој тешко пронаоѓа пријатели – сè додека не запознае див ...
Пратениците на денешната 100-та седница со 64 гласови „за” и 15 „против” го донесоа Законот за Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија, кој е дел од реформската агенда. Заменик министерот за правда Ален Дерeбан истакна дека новиот Закон е изработен во транспарентна процедура, вклучени експерти од областа и сите опфатени со неговата примена и е директен одговор на сите детектирани слабости на претходниот закон. „Законот ...
Румен Радев кој пред точно 104 дена ја напушти претседателската функција во Бугарија за да влезе во трка за премиерското место, денеска од својата наследничка на функцијата, Илијана Јотова, го доби мандатот за формирање влада откако неговата новоформирана партија „Прогресивна Бугарија“ која победи на парламентарните избори. Јотова му го предаде мандатот, откако изминатите две недели направи широки консултации со парламентарните групи за ...
Со наградата Порин пред него, што неодамна ја освои за специјални заслуги за хрватската музика и култура и со гитарата- подарок од директорот на „ Кроација Рекордс“, нашиот , а светски виртуоз на гитара, композитор, аранжер и пејач, Влатко Стефановски, ги почести присутните со изведбата на „ Чукни во дрво“, на денешната прес конференција, по повод објавувањето на два негови нови албуми, во издание на „ Кроација Рекордс“. Се работи за 39 ...
Катерина Зајковска е прворангирана за да ја замени Цвета Ристовска на столчето во Антикорупциска комисија. Ова за Телма го потврди и претседателот на комисијата за селекција Игор Здравковски кој вели дека се уште изборот е неофицијален. Предлогот таа да стане нов член на ДКСК, ќе треба да се гласа во понеделник на Комисијата за избори и именување. Според информациите на Телма. Тесен бил изборот меѓу неа и петопријавената Милка Муратовска. ...
Новата економија бара паметни фабрики, автоматизација, вештачка интелигенција и постојано вложување во човечкиот капитал, рече премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на германско-македонскиот бизнис самит во Скопје, на кој учествуваа над 400 лица од 250 компании. На германските инвеститори им вети помалку административни бариери и модерна инфраструктура, велејќи дека тие не се само инвеститори, туку и партнери во трансформацијата на ...
Дванаесет години казна затвор за Стојанче Јовановски за трите кривични дела кои резултирале со самоубиство на неговата сопруга Ивана по падот од тераса заедно со нивната ќерка Катја. Јовановски беше обвинет за нанесување телесна повреда при семејно насилство, загрозување на безбедноста и наведување и помагање на самоубиство. Судијата Ивица Стефановски образложувајќи ја пресудата истакна дека Јовановски со континуираното физичко и вербално ...
Системот на тарифни блокови во сметките за потрошена електрична енергија се предмет на анализа на Регулаторната комисија, откри новиот претседател Ацо Ристов. Допрецизирање на законските акти за да се отвори патот кон европскиот пазар на македонските компании за производство на струја од обновливи извор е еден од приоритетите на Комисијата. Годишното производство на електрична енергија од обновливи извори е во залет а многу повеќе треба да се ...
Можно е и нови партии да влезат во владата, најави премиерот, но она што е засега сигурно е дека во јуни ќе има реконструкција, откако ќе заврши внатре-партиската реорганизација во ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски не сакаше да ги коментира позициите на министерот за труд и социјала, Фатмир Лимани, кој вчера изјави дека повеќе не е дел од коалицијата „Вреди“, како и на вицепремиерот Арбен Фетаи кој одамна не доаѓа на работа. Одговорот, вели, треба да се ...
Со премиера на оперите „Сестра Анџелика“ и „Џани Скики“ од Џакомо Пучини под диригентство на Џанлука Мартиненги од Италија, на 9 мај во Националната опера и балет свечено ќе се отвори 54. издание на Мајските оперски вечери. „Секоја од претставите на програмата носи различна емоција и заедно создаваат едно целосно искуство што посакуваме публиката да го памети. „Мајките оперски вечери“ се и огледало на институцијата, кое покажува колку сме ...
Американски судија нареди објавување на документ за кој се тврди дека е проштална порака напишана од осудениот сексуален предатор, Џефри Епстин, еден месец пред неговата смрт. Копија од рачно напишаната белешка, која беше отпечатена во јавноста во средата, споменува повеќемесечна истрага што „не пронашла ништо“ и наведува дека „привилегија е човек сам да го избере времето за збогување“. Поранешниот цимер на Епстин во затвор тврди дека ја ...
Министерството за образование и наука започна постапка за поништување дипломи на Филозофскиот факултет при УКИМ и на Славјанскиот универзитет, по утврдени неправилности во запишувањето студенти на втор и трет циклус студии. Меѓу засегнатите е ѝ Денис Арсовски, магистер по специјална едукација и рехабилитација, кој за Телма во телефонски разговор објаснува дека целиот процес на неговото школување бил спроведен со знаење и одобрение на сите ...
Во кругот на МВР денеска беше одбележан денот на полицијата- 7-ми мај. Им беше оддадена почит на припадниците на МВР кои загинале извршувајќи ја својата должност. Во рамки на одбележувањето, признание и награди добија најдобрите полициски службеници во 8-те Сектори за внатрешни работи и 4-те Регионални центри за гранични работи. Во обраќањата, првите луѓе на МВР и на Бирото за јавна безбедност истакнаа дека полицијата има клучна улога во ...
Инфлацијата со сериозен скок во април. Државниот завод за статистика измери 5,7% во споредба со април минатата година. Во меѓувреме Народната банка ги ревидириаше бројките за македонската економија – очекува повисока инфлација од 4% и помал економски раст. Прогнозите се дека годинава ќе растат цените на примарните производи посебно на енергенсите. Се продлабочува и минусот на тековната сметка. Инфлацијата со сериозен скок во април. ...
САД и Иран ги приближуваат позициите за постигнување договор за краток меморандум со кој би се завршила, пренесуваат дел од американските медиуми, повикувајќи се на регионален извор запознаен со преговорите, Се тврди дека Белата куќа добила позитивни информации од пакистанските посредници дека Иранците напредуваат кон компромис, иако овој оптимизам засега нема официјална потврда. Наводно претседателот Доналд Трамп се обидува да ги поедностави ...