Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Њујорк се наоѓа на само една победа од пласман во конференциското финале, додека Сан Антонио поведе во полуфиналната серија против Минесота. Њујорк славеше на гостувањето кај Филаделфија со 108-94 и поведе со 3-0 во полуфиналната серија од плеј-офот на Источната конференција. Џејлен Брансон ги предводеше Никс со 33 поени, Микал Бриџис постигна 23, а Џош Харт забележа дабл-дабл со 12 поени и 11 скока. Кај Сиксерс, Џоел Ембид се врати во ...
„РајанЕр“ најави затворање на својата оперативна база во Солун во текот на наредната зима, откако „Фрапорт Грција“, оператор на аеродромот „Македонија“, ги зголеми годишните надоместоци, најави главниот комерцијален директор на нискобуџетната авиокомпанија. „Фрапорт Грција продолжи да ги зголемува надоместоците кои сега се 66 отсто над нивото пред ковид кризата“, изјави Џејсон МекГинис. „Фрапорт Грција“ одговори дека тврдењата што ја ...
Италијанската служба за помош на лица со зависност (SERD) го регистрираше првиот случај на зависност од вештачка интелигенција во државата. Пациентка е 20-годишна девојка, јавија италијански медиуми. „Токсичното пријателство“ со текот на времето се претворило во зависност. Случајот е регистриран во службата за лекување зависности на локалните здравствени власти во Венеција. Девојката наводно била во постојана комуникација со систем за ...
Асоцијацијата на германски аеродроми (ADV) предупреди на можноста за откажување на летови и веројатен раст на цените на билетите во иднина поради недостиг на керозин, јави агенцијата ДПА. „Стравуваме дека ќе бидат откажани голем број на летови, особено од нискобуџетните авиокомпании и до дестинации со помало значење за туризмот“, изјави Ралф Бајзел, извршен директор на ADV, за весникот „Велт“. „Во најдобар случај за 2026 година, бројот на ...
Министерството за енергетика на САД објави дека од истражувачи реактор во Каракас се отстранети 13,5 килограми високо збогатен ураниум. Операцијата, според соопштението, е спроведена со соработка на САД со Велика Британија и Венецуела и опишана e како „победа за светот“, додека материјалот е префрлен во објектот на Министерството за енергетика на САД во Јужна Каролина, објави „Гардијан“. Националната администрација за нуклеарна безбедност на ...
Денеска се навршуваат 11 години од вооружената престрелка во кумановско „Диво насеље“. На 9 и 10 мај во 2015 загинаа осум припадници на безбедносните сили. Во 28-часовните престрелки, животот го загубија припадниците на безбедносните сили Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ, кои посмртно се одликувани со медали за храброст. Во ...
Политичката коалиција „Вреди“ денеска во Скопје ќе одржи Конгрес за обединување на петте политички субјекти во едно политичко тело. Процесот на обединување на партиите од коалицијата, која е дел од владејачкото мнозинство, треба да биде потврден од над 805 делегати на конгресот што ќе се одржи попладне со почеток во 17 часот во Филхармонија. По регистрацијата на делегатите предвиден е свечен дел со обраќања на домаќините и гостите, по што ...
(ФОТО: ЕУФОР) Патрола на ЕУФОР, составена од припадници на армиите на Македонија и Турција, спаси маж и жена заглавени во „голф“ на патниот правец Тузла-Грачаница, соопштија од Европската мисија во БиХ. Брачната двојка излетала со „голф 5“ во канал покрај патот на 7-ми мај, околу 14 часот и се заглавил. Мажот и жената биле делумно потопени во вода. Единицата во чиј состав имало припадници на АРМ веднаш притрчала на помош. Во спасувањето ...
Седнат на прамецот на својот чамец, Јана отплеткува од својата мрежа неколку мали рипчиња, очигледно разочаран од својот улов, и загрижен дали ќе успее да ги продаде. Побарувачката за риби од реката Меконг изминативе години постојано опаѓа, поради загриженоста за нејзината загаденост од легалните и нелегалните рударски операции за ископ на ретки минерали долж нејзиниот речиси 5.000 километри долг речен тек. Околу 70 милиони луѓе во ...
Бавно оди доекипирањето на Судски совет и Државната комисија за спречување корупција (ДКСК). Привршува третиот по ред оглас за местото на Селим Адеми во Судски совет, а при крај е и вториот обид за избор на наследник на Цвета Ристова во Антикорупциската комисија. Има ли политичка волја за професионалци во овие тела, важни за судството и за борба со корупцијата? – Законот се смени, но дали и старите практики на Судскиот совет? Обвинителството ...
За повлекувањето на овластувањата за обвинителите кои работеа на предмети од други обвинителства ми се чини дека никој во оваа држава од повеќе причини не верува дека станува збор за принципиелен и легалистички потег кој што подразбира дека треба да се стави некаков ред во обвинителство, е коментарот на новинарот Васко Маглешов во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма за еден од првите потези на државен обвинител Ненад Савески по ...
Овој состав на Антикорупциската комисија уште во 2023 година не ја искористи можноста да биде гласноговорник на системските пропусти во борбата против корупцијата, изјави Снежана Камиловска од Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС) во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ. „Најголемата предност на претходната комисија беше тоа што беа гласни, што ја известуваа јавноста за реалните проблеми. Не е ДКСК сама по себе ...
Нејасно е зошто огласите се поништени, собранието не даде никакво образложение зошто се поништени и која е причината за нивно поништување, рече Ивана Петковска, правен експерт, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма. „Од она што е јавно објавено на веб страницата на собранието и што успеав да го видам во последниот период е одлуката дека огласите се поништуваат и од декември до сега се распишани три огласи. Денеска истекува рокот на ...
Децениски проект за трансформирање на поранешните рудници за јаглен во Германија во масивен езерски комплекс треба да биде завршен месецов – создавајќи воден пејзаж голем речиси колку италијанското езеро Комо. Откако ќе престане рударството на лигнит, рудниците со отворен коп Хамбах, Гарцвајлер и Инден ќе бидат трансформирани во големи езера. Рудниците со отворен коп Хамбах и Гарцвајлер ќе бидат исполнети со вода од Рајна. Затоа, цевководот ...
Економскиот интерес пред се. Администрацијата на Трамп ги тргна на страна тензиите во односите со Јужна Африка, во обид да обезбеди уште еден извор на исклучително посакуваните реткоземни елементи. Јужна Африка е членка на БРИКС, развива блиски односи со Русија и Кина, мета е на критики на Трамп за наводен геноцид врз белото население, што се разбира е само уште изјава на американскиот претседател која воопшто не е базирана врз фактите, но ...
Во срцето на Индонезија во Тихиот Океан се наоѓа Раџа Ампат, архипелаг со 1500 острови, кое важи за едно од најбогатите подрачја во светот по морскиот биодиверзитет. Под површината на неговите тиркизни води се крие неверојатен свет на корали и морски видови, кој го привлекува вниманието на научници и нуркачи од целиот свет. „Ова е глобалниот епицентар на морскиот биодиверзитет. Никаде на планетата Земја нема толку риби и корали на едно ...
Некогаш за чување на постари родители, некогаш за слави и свадби, некогаш за одмор или по совет на фирмата… Сите овие варијанти може да се најдат меѓу случаи кога пациенти бараат боледувања од своите матични лекари, објаснува претседателката на Здружението на приватни лекари, Лилија Чолакова Дервиши. Но, според неа, лекарот е тој што треба да одлучи, а многу често се случува кога лекарите ги следат правилниците и законите, пациентот да го ...
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи ги обвини Соединетите држави дека се впуштаат во неодговорна воена авантура секогаш кога на маса ќе биде ставено сериозно дипломатско решение. Арагчи повтори дека Исламската република нема да подлегне на притисокот, очигледно алудирајќи на вчерашните и денешните меѓусебни напади во Ормускиот теснец. И покрај новото распламтување на насилството, Трамп инсистира дека примирјето е сѐ уште во ...
Градоначалникот на општина Карпош, Сотир Лукровски го назначи советникот Неделчо Крстевски за свој заменик. Со решението кое е објавено во Службен весник на општина Карпош, Неделчо Крстевски кој ќе го менува градоначалникот додека е отсутен е назначен и за овластен потписник на сите сметки и финансиски документи на општината. Тој според решението ги има истите права и обврски како и градоначалникот. Овие случувања покренаа лавина шпекулации ...
Претставници од Коалицијата „ Менуваме“, која што ги застапува правата на лицата со попреченост, денеска беа на средба со претседателот на Комисијата за заштита и спречување дискриминација, Душан Томшиќ. Средбата се одржа откако Комисијата започна постапка за утврдување дискриминација на лицата со попреченост, поради скратените часови за лични асистенти. Според координаторот на Коалицијата „ Менуваме“, на средбата со претседателот на ...
Обвинителен предлог за членот на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски откако неговата сопруга го пријави за семејно насилство. Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција сооопшти дека по вербалната расправија во нивниот сеемен дом обезбедувачот физички ја нападнал неговата сопруга, удирајќи ја по лицето и главата пред нивната малолетна ќерка, по што ја фатил за вратот и започнал да ја дави. „Со дејствијата на ...
Следната недела Владата ќе анализира дали ќе треба да ги продолжи мерките кои е однесуваат на цените на горивата а кои се на сила до 18 мај дали е потребно повторно ќе се преговара со ОКТА, соопшти министерката за енергетика Сања Божиновска. Дали горивото купено од ОКТА било изведувано и продавано во странство по далеку повисока цена засега нема одговор а тоа го испитува пазарниот инспекторат. Засега од државните резерви не е повлечено гориво ...
СДСМ му го честиташе изборот на Румен Радев за премиер. Од партијата изразија надеж дека новата бугарска влада ќе покаже конструктивен и разумен пристап кон Македонија, со цел градење добрососедски односи што ќе бидат во интерес на граѓаните на двете држави, без какво било загрозување на македонскиот национален идентитет, јазик и култура. Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во објава на „Икс“ наведе дека веруваат оти преку конструктивен дијалог, ...
По бурна расправа, 124 пратеници од бугарското Народно собрание денеска го избраа поранешниот претседател, Румен Радев, за премиер. Ист број гласови доби и новата влада предложена од него, а се од партијата Прогресивна Бугарија. Пратениците од ГЕРБ – СДС беа воздржани, а ДПС, Демократска Бугарија, Продолжуваме со промените и Преродба гласаа против. Министерскиот совет ќе има 18 министри и четворица вицепремиери. Двајца од нив – Иво Христов и ...
Вреди се окрупнува ама и се факторизира. Вака гласат пораките кои доаѓаат од лидерството на коалицијата, која за еден ден прераснува во политичка партија. Изет Меџити е цврсто убеден дека владејачкиот коалициски партнер од утре па натаму ќе добие на влијателност кај гласачите етнички Албанци во земјава. Вреди утре на 9 Мај, на Денот на Европа, одржува конгрес на обединување. „Влен со ова се факторизира, станува поголемо и ќе има многу ...
Наместо безгрижни училишни денови, закани, навреди, понижувања и тепање од своите врсници, а дел од насилството било снимано со мобилен телефон а видеата се ширеле меѓу ученици. Ваква тортула доживеало 12 годишно девојче од Штип. Врсничкото насилство се случило пред неколку месеци, а денеска нејзината адвокатка објаснува со какви мерки се соочиле малолетниците и нивните родители. Обвинителството повело постапка за „насилство врз дете“ против ...
На денот кога Румен Радев седна во премиерската фотелја во Бугарија, македонскиот премиер го покани на средба. Премиерот Христијан Мицкоски кој денеска изјави дека му ја честитал на Радев победата еден ден по одржувањето на изборите во Бугарија на 19 април, се надева дека со новата бугарска влада ќе може да се подобрат меѓусоседските односи и да се разговара за теми за кои треба да се разговара. На прашањето дали официјално ќе го покани Радев ...
Македонија ја потпиша Рамковната конвенција на Советот на Европа за вештачка интелигенција. Конвенцијата, усвоена од Комитетот на министри на Советот на Европа во мај 2024 година, претставува прв обврзувачки меѓународен инструмент кој воспоставува принципи и стандарди за безбедна, етичка и одговорна употреба на вештачката интелигенција. Со нејзиното потпишување, нашата држава се приклучува кон меѓународните напори за воспоставување јасни ...
Нема опасност од Хантавирус за македонските граѓани вели Марија Андоновска директорка на Институтот за јавно здравје. Таа објаснува дека овој вирус не се пренесува брзо и лесно, а дури и да се случи ширење на вирусот вели дека тие располагаат со целосна опрема, кадар и реагенси за справување со овој вирус. Нема опасност од Хантавирус за македонските граѓани вели Марија Андоновска директорка на Институтот за јавно здравје. Таа објаснува ...
Американско-израелската војна против Иран, покрај огромната материјална и финансиска штета во исламската република, арапските земји сојузници на САД, предизвика и глобални проблеми откако иранската револуционерна гарда го блокираше транзитот на нафта низ Ормускиот теснец. Растот на цената на нафтата на светските берзи доведе до пореметувања ширум светот. Обичните луѓе и во земјите кои не се дел од војната, се принудени да ја плаќаат цената на ...