
Скопје
10ᴼ /
10ᴼ



Грција повторно испрати два противпожарни авиона од типот канадер CL-415 за гаснење на големиот пожар во селото Николиќ, во општина Дојран во близина на границата. Од Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на Грција соопштија дека во 16:53 часот по локално време двата канадери полетале од Солун за да помогнат во справувањето со огнената стихија. Додадоа дека испраќањето воздушни средства, односно двата канадери е „преку Европскиот ...
Најсериозниот пожар во моментов е кај дојранското село Николиќ, во близина на границата со Грција, изјави попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. „Тоа е пожар кој гори неколку дена. Рано утрово испративме еден армиски хеликоптер, кој прецизно дејствуваше по линијата на пожарот. Но, поради ветрот, кој постојано го менува својот правец, овој пожар беше многу тешко да се стави под контрола“, рече ...
Одржување на традицијата со нови генерации и долгорочни партнерства, во тек е Галичка свадба една од најавтентичните и најпрепознатливи културни манифестации во земјава. Годинашните младоженци, Јован Филипоски, потомок на старото галичко семејство Филипоски, и Лилјана Михајлоска, велат дека учеството во манифестацијата за нив претставува исполнување на животен сон. Во текот на тридневната програма, гостите ќе бидат сведоци на целосната свадбена ...
Нов, 14-ти, „Марш за Ангелите“, марш на болката и борбата за правда и гласно потсетување дека ваква трагедија никогаш повеќе не смее да се повтори, ниту за едно дете, ниту за една мајка. Симболично, за задоцнетата реакција, Маршот започна во 18:05 часот. Претходно, во 16:30 часот во Домот на културата „Бели Мугри“ во Кочани, се одржа комеморативен настан со наслов „Во сеќавање – посветено на загинатите од пожарот во Кочани“ во организација на ...
Животот на Ентони Вајт (63) е со 254 апсења, но тој и натаму краде низ продавниците, пренесуваат медиумите во САД. Последен пат бил уапсен во мај, кога влегол во бутик „Рокфелер Плаза“ каде украл две кошули што ги сокрил под џемпер, нецели шест месеци по пуштање на слобода со мерка надзор, пишува „Њујорк пост“. Наредниот ден бил осуден за ситна кражба, но иако обвинителството барало кауција од 3.000 долари, сепак, бил ослободен со мерка за ...
Американскиот претседател Доналд Трамп воведе царини од 30 отсто на увоз од Европската Унија кои ќе почнат да се применуваат од 1 август. Новите царини се објавени во писмо што го истакна на социјалната мрежа „Трут сошл“. Американскиот претседател со предупредување до ЕУ – „ако возвратите. ќе бидат поголеми“. Европската Унија порача дека е подготвена да одговори, иако претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен порача дека ...
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека е свртена нова страница на историјата, откако Курдската работничка партија, на симболична церемонија во северниот дел на Ирак, почна со положување на оружјето. Потегот се смета за прв конкретен чекор за ветеното разоружување, како дел од мировниот процес, а Ердоган го оцени како победа. Курдската работничка партија во мај најави откажување од воениот конфликт и распуштање за крај на ...
Двопартискиот американски закон за построги санкции кон Русија, со цел да се притисне Москва на мировни преговори за Украина добива на интензитет во Конгресот, но потребен му е претседателски поттик за негово завршување. Украинските приврзаници во Вашингтон и во Киев се надеваат на поддршка од Трамп и со нетрпение го очекуваат она што тој го најави како „важна изјава“ за Русија, без да даде детали. Пред пет дена Трамп одобри испорака на ...
Прекин во снабдувањето на двата мотора со гориво е веројатната причина за уривањето на авионот на нискобуџетната „Ер Индија Експрес“ минатиот месец, покажува прелиминарниот извештај на истрагата. Во документот на индиското Биро за истрага на авионски несреќи се посочува дека двајцата пилоти биле збунети при промената на режимот прекинувачите од позиција „работи“ во позиција „исклучено“ по само три секунди од полетувањето. Засега е нејасно како ...
Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров пристигна во тридневна посета на Северна Кореја. Го дочека севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун во градот Вонсан, каде неодамна беше отворен туристички комплекс со капацитет за 20.000 гости. Посетата на Лавров на Северна Кореја е уште една потврда на одличните односи меѓу двете земји во последните неколку години. Пјонгјанг ја поддржува Москва во војната во Украина со испорака на муниција и ...
Родители на деца со попреченост бараат да добијат статус на родител-негувател. Сметаат дека за нивните деца тие најдобро се грижат, а најчесто тоа значи целосна посветеност и неможност да се вклучат на пазарот на труд, па покренаа иницијатива да добијат статус на професија родител-негувател. Целта е еден биoлошки родител да добие месечен надоместок во висина на просечна плата и право на пензија. „Ги повикавме пратениците, политичарите, сите што ...
На државен трошок од сега ќе може да се прават шест Ин витро оплодувања, наместо три како што беше досега и тие се бесплатни за граѓаните, кажа денеска директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ), Сашо Клековски. Станува збор за повеќе измени на Закон за здравствена заштита на населението кои на 10 јули беа донесени во Собранието, на иницијатива на група пратеници во соработка со Министерството за здравство и Фондот. Лани имало 1.495 ...
За почиста Шар Планина повеќе се зборува отколку што се гледа тоа во овие природни предели. За расфрланиот отпад и диви депонии, нова иницијатива на Општина Тетово и установата Национален парк. Кога и како ќе се најде конкретно решение за отпадот и дали новата идеја на двете установи ќе помогнат во тоа? © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија ...
Не очекувам од нашитe источни соседи да испратат поинаква порака. Tие мора пред нашите европартнери и партнерите во НАТО да рефлектираат реторика со која ќе нè обвинуваат нас, дека ние сме тие, а во суштина светот и Европа видоа која беше целта на бугарските политичари, коментира премиерот Христијан Мицкоски за реакциите на официјална Софија по неговата изјава во врска со бугарскиот министер за надворешни работи. © 2020 Телевизија Телма. Сите ...
Додека државата гори, додека пожарникарите со мизерни плати се борат со пламените стихии, додека семејствата во Кочани молат за помош и чекаат државата да им помогне, Владата на Христијан Мицкоски ќе потроши 1,8 милиони евра од народните пари за да се луксузира, да прави логоа, брошури, тотеми и кетеринзи за ЕКСПО што ќе се случи дури во 2027 година, реагираат од опозициската СДСМ, за последниот јавен повик на владата. © 2020 Телевизија Телма. ...
Со невидена леснотија СДСМ се радува на секоја катастрофа во државата, надевајќи се дека ќе добие некој ситен политички поен, ако Македонија минува низ предизвици. Пожарите кои гореа низ државата, а за кои веќе се докажува дека не се чиста природна непогода, туку човечки подметнати, од лица блиски до опозицијата, беа главна тема на политичкиот наратив на СДСМ, обвинуваат од владејчката партија ВМРО ДПМНЕ. На повеќе места низ државата на местата ...
Во тек е рехабилитацијата на втората група на повредени во кочанската дискотеката „Пулс“. Четириесет и пет млади луѓе петти ден престојуваат во одморалиштето на МВР на Пониква. Директорката на Општата болница Кочани, Катерина Мирчовска вели дека кај добар дел од повредените има значително подобрување во моториката. Четворица физиотерапевти од штипската и кочанската болница секојдневно работат со нив, а со нив се и специјалист-физијатар и ...
Обвинителството ги истражува последиците од големиот пожар што на 9 јули избувна на отпадот во скопско Визбегово. Во предистражната постапка се вклучени стручни лица од повеќе области, меѓу кои и армиски експерти за атомско-биолошка и хемиска одбрана. Сомневањата се однесуваат на евентуално кривично дело и загрозување на животната средина со отпадни материи. Пожарот предизвика густ и црн чад кој се ширеше низ Скопје. Од Јавното обвинителство ...
Нов 14-ти „Марш на ангелите“, марш на болката и борбата за правда и гласно потсетување дека ваква трагедија никогаш повеќе не смее да се повтори, ниту за едно дете, ниту за една мајка. Симболично, за задоцнетата реакција, Маршот ќе започне во 18:05 часот, најавија роднините на настраданите. Истовремено, со почеток во 16:30 часот, во Домот на културата „Бели Мугри“ во Кочани, ќе се одржи комеморативен настан со наслов „Во сеќавање – посветено на ...
Обвинителството поведе постапка за две лица по нападот над градоначалничката Арсовска. Се сомничат за кривичното дело „Насилство“ и, според Кривичниот законик, им се заканува казна затвор од три месеци до три години. Судија на претходна постапка, пак, постапувајќи по предлог на обвинителството, донесе одлука со која на првоосомничениот Сулејман Љамалари му се определува мерка куќен притвор во траење од осум дена. На второосомничениот му се ...
Компаниите за топлинска енергија бараат регулаторна да им ги прифати вработувањата направени изминатиот период, а пресметале и повисоки трошоци за набавка на гасот, велат од регулаторна за Телма. Ова се само некои од аргументите кои ги навеле во документот со кој бараат за околу 50 отсто поскапо парно во новата грејна сезона. Првиот човек на РКЕ Бислимовски вели дека пресметките кои ги доставиле се разгледуваат и уверува дека нема да дозволи ...
Во текот на изминатото деноноќие се евидентирани вкупно 38 пожари од кои три активни, пет ставени под контрола и 30 изгаснати. Според најновиот извештај на Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни пожари има во Општина Дојран – село Николиќ (нискостеблеста шума), Општина Велес – село Џидимирци (мешана шума) и Општина Македонски Брод – меѓу село Црешнево, село Крапа и село Локвица (деградирана дабова шума и грмушки). Под контрола се ...
Државата има институции, ги повикувам да постапуваат за случајот, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во врска со вчерашните обвинувања на скопската градоначалничка Данела Арсовска. „Што се однесува за градоначалничката на Скопје, многу работи се кажани. Не би имал што да додадам“, одговори кусо Мицкоски по пуштањето во употреба на целосната санација на Музејот на вода во Заливот на Коските во Охрид. Арсовска вчера информира дека при увид ...
Министерството за дигитална трансформација информира дека електронската апликација за закажување термин за издавање лични документи повторно е достапна преку националниот портал за е-услуги uslugi.gov.mk. „Граѓаните сега можат брзо и лесно, без чекање и без гужви да закажат термин за следните услуги: издавање лична карта, издавање пасош и издавање возачка дозвола. Процедурата е едноставна и достапна од кој било електронски уред“, наведува ...
Фондот за здравствено осогурување (ФЗО) се враќа на стариот концепт и со него нема да раководат двајца директори, туку еден. Како што беше речено денеска на прес-конференција, ФЗО покрај директор ќе има и заменик-директор. „Концептот на раководен орган од два директора кои се подеднакво одговорни за работењето на Фондот се напушта и се враќа концептот на директор и заменик на директорот, што постоеше до 2007 година“, истакна генералниот директор ...
Вкупно шест, наместо три, обиди за биомедицинско потпомогнато оплодување (БПО) ќе бидат овозможени на товар на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) за семејствата кои се обидуваат да имаат потомство. Ова, како што соопштија денеска генералните директори на Фондот Сашо Клековски и Бранко Аџигогов, е една од законските измени усвоени на 10 јули годинава во Собранието. „Измените предвидуваат вклучување на БПО во основниот пакет на здравствени ...
Треба ли да празнува градот кој пред четири месеци загуби голем број млади луѓе во страотен пожар во импрозивираната дискотека „Пулс“? Семејствата на жртвите во Пулс вечерва излегоа на протест против најавените концерти во Кочани за празникот Петровден. Лути се на потегот на општината за музичка програма во градот завиен во црно. Облечени во маици со ликовите на нивните загинати деца, пред бината поставија нивни фотографии и запалија свеќи. Утре ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју за Телма зборува за последните случувања со пожарите- дали се работи за обид за дестабилизација и хибридни закани? За измените во законот за внатрешни работи и Законот за полиција. Дивоградбите во Чаир и истрагите поврзани со нив. За криминалните групи и уличните пресметки. Истрагата за пожарот во Кочани. Ова се само дел од прашањата во целосното интервју. Со Тошковски разговараше ...
Клоци и тупаници, пцовки и закани среде Чаир – градоначалничката на Град Скопје, Арсовска, била мета на напад во оваа скопска општина. Сѐ започнало вербално, пред таа да биде физички нападната. Арсовска тврди – сѐ се случуваше пред очите на полицијата. Службениците од градот заедно со градоначалничката биле плукани и удирани со столици додека биле службено во Чаир, на увид на дивоградба за која пријавувале дваесетина пати поради приклучоци на ...
Даниела Михајловска Василевска од Стопанска комора на Македонија, во вечерашната Топ Тема говореше за проблемите со кои се соочува туристичкиот сектор додека чека на стратегија од државата. „Многу е не благодарно било кој од нас да каже во која насока треба да се развива туризмот. Имаме широка палета на туристички производи. Она што нас ни треба е системски пристап, аналитичен пристап за да видиме каде сме и кои се најголемите потенцијали и каде ...