Скопје
14ᴼ /
14ᴼ
Во строгиот центар на градот, меѓу згради, амбуланта, кафулиња и фреквентна пешачка патека сцена како од хорор филм. Руиниран објект во Капиштец со години се распаѓа пред очите на јавноста, а денес е претворен во дива депонија, легло на смет, страв и неизвесност. Градежен шут, искршен мебел, распадната покуќнина и отпад на секој чекор. Мирис на влага, нечистотија и запуштеност во срцето на населбата. Но, оваа руина не е само напуштен објект. ...
Големото искуство во борбата за спречување на корупцијата и судирот на интереси, јасната визија за работата на ДКСК, нејзиниот план за работа и одличните одговори на поставените општи и посебни прашања се причините кои ја исфрлија Катерина Зајковска прва на ранг листата на Комисијата за селекција. Ова и освоените процентни поени беа доволни за денеска да биде предложена за член на Антикорупциската комисија. „Најдобро рангиран кандидат е ...
Обвинетите 13 полицајци во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“ денеска се изјаснија дека не се виновни. Во судскиот процес кој се води против 13 полициски службеници и началници од ОВР Кочани и СВР Штип, тие се товарат за загрозување на општата безбедност и сигурност во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“ . Според наводите во предметот, на 16 март обвинетите биле дежурни, но истовремено биле и ангажирани во дискотеката. На критичната ...
Чистењето диви депонии очигледно е сизифовска работа во Македонија. На истата локација во Долно Лисиче на која градоначалникот на Аеродром во саботата затекна камион што на диво истура градежен шут, синоќа некој ја оставил старата дневна соба. „Во саботата беше градоначалникот, значи ова вчера е фрлено, тазе е. Идат со коли, фрлаат, а и нема контрола. Овде накај расадникот сè е стиропор, палено, некни поминав натака, па била и пожарна. ...
Дополнителни обуки за училишните психолози и дежурства на наставниците во сите училишта се дел од мерките што ги најави министерката за образование Весна Јаневска за справување со врсничкото насилство. Според Јаневска, агресивното однесување не се создава во училиштата, туку учениците го носат од средината во која растат. Таа смета дека станува збор за комплексен проблем, чие решавање бара вклучување на семејствата и стручните служби. „Овој ...
Каде ќе се крати, а за што ќе има повеќе пари? Стартуваа подготовките за ребалансот на буџетот. Овој пат ќе се донесе еден месец порано. Денеска прв во Министерството за финансии на преговори за пари стигна Министерот за здравство Азир Алиу. Но, според најавите од министерството во текот на денот во финансии треба да дојдат и други колеги на министерката Димитриевска – Кочоска исто и во следните неколку дена. По, направените математички ...
Меѓусебни обвинувања, политички препукувања и обиди за префрлање на вината за иселувањето на младите е сликата од денешните прес-конференции на подмладоците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Наместо конкретни решенија, младинските организации на двете најголеми партии повторно се впуштија во партиска пресметка околу тоа кој е виновен што младите ја напуштаат државата. Претседателот на СДММ, Трајче Стојчевски, оцени дека е „врв на лицемерие и цинизам“ ...
Десетина национални институции и манифестации од културата формирани во 2023 година ќе се реорганизираат, најави министерот за култура Зоран Љутков. Овие институции, вели Љутков се формирале без подготовки и консултација со странските експерти и тапкаат во место – затоа ќе бидат фузионирани но вработените нема да останат без работа… „Одреден број на национални установи кои се формирале без подготовка, без анализа и консултација со стручната ...
На веб сајтот на владата, името на Арбен Фетаи се уште фигурира во втората линија на членови на кабиентот, како вицепремиер за добро владеење. Биографијата во 5 пасуси почнува со цитат „искусен професионалец во областа на јавната политика и европските интеграции, со богата меѓународна кариера.“ Но, во биографијата нема дека не бил на седница на влада од 26-ти февруари односно еве скоро три месеци. Неговот отсуство почна кога ВРЕДИ стартуваше ...
Во Брисел се одржува Советот за надворешни работи на Европската Унија на која се поканети и министрите за надворшени работи на Западниот Балкан. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, пред почетокот на состанокот изјави дека проширувањето е императив и за Европската Унија и кога станува збор за Западен Балкан тој треба да престане да биде „сива зона“ на Европа. Муцунски притоа рече дека државата постигнала ...
Адреналин, сила, издржливост, кондиција и синхронизираност на тимовите беа неопходни за учество, а и победа на Националното првенство во Функционален фитнес – RedBullGymClash. Во сите овие параметри, најдобар беше тимот на Фит Хаб од Скопје, со што заслужи да ги одмери силите со најдобрите од светот, на претстојното Светско првенство во Египет! Работата само и единствено со дополнителна тежина, “билдерскиот” изглед и обемната мускулатура се ...
Регулаторната комисија за енергетика ги донесе новите одлуки за цените на горивата. Од ноќеска на полноќ, дизелот поевтинува за 4 денари, цената на ЕУРОСУПЕР БС – 98 за половина денар, а ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава по иста цена. ЕУРОСУПЕР БС – 95 85,00 денари/литар ЕУРОСУПЕР БС – 98 86,50 денари/литар ЕУРОДИЗЕЛ БС 89,50 денари/литар На овие цени треба да се пресмета и попустот од два денари за бензините и три денари за дизелот кој го даде ...
Расчистени се купиштата отпад, шут и покуќнина што беа расфрлени покрај контејнери на улицата „Февруарски поход“ во населбата Ново Лисиче во Општина Аеродром. Душеци, фотелји, стари прозорци, сунѓери, стара гардероба, теписи, пластика, стакло, картонски кутии создадоа мини депонија, а граѓаните до редакцијата на telma.com.mk реагираа дека на посочената локација со години секој фрла што ќе стигне, но како што велат, „со години наназад никој не ...
Репутацијата на Швајцарија за часовничарство се градела со векови, а Женева е во центарот на глобалната луксузна индустрија, дефинирана од прецизен инженеринг и специјализирана изработка. Градот е дом на некои од најпрепознатливите имиња во часовничарството и останува фокусна точка за брендови, колекционери и производители низ поширокиот швајцарски часовничарски сектор. Токму ова ниво на вешта, макотрпна изработка ја дефинира Швајцарија како ...
Обвинителството бара Александар Ѓорчевски, таткото на Вања, кој беше ослободен за помагање при грабнувањето на неговата ќерка, да биде осуден. Додека останатите осудени Љупчо Палевски Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев за грабнувањата и убиствата на 14 годишното девојче и 74 годишниот Панче Жежовски бараат и случајот да се врати на повторно судење. На јавна седница се разгледуваа нивните жалби во Апелација. Вишиот обвинител ...
Казна од 20 000 евра е изречена на фирмата чиј камион незаконски одлагаше отпад од градежен пут на локацијата „Купишта“ „При вонреден инспекциски надзор во Долно Лисиче на локацијата викана „Купишта“, затекнат е камион кој незаконски одлагал отпад од градежен шут, спротивно на Законот за управување со отпад, информираат од Општина Аеродром. „Од страна на општинскиот инспекторат е издаден прекршочен платен налог за правното лице, согласно член ...
Расте интересот за купување автомобили на лизинг, но најчесто оваа опција ја користат компаниите. Лизинг индустријата во Македонија минатата година направила профит над 3 милиони евра, а вкупната актива била 260 милиони евра. Иако секторот расте, сепак директно е зависен и од стратегијата на државата за обнова на возниот парк, чија просечна старост сега надминува 19 години. Засега Македонија е единствена држава во регионот што нема субвенции ...
Јас сум во САД. Пристигнав вчера“, потврди Зиобро за полската десничарска телевизија „Република“, откако избега од Унгарија. Зиобро, кој минатата година доби азил од владата на десничарскиот сојузник Виктор Орбан, се соочува со казна затвор до 25 години во Полска доколку биде осуден по обвиненијата против него. Тие вклучуваат злоупотреба на моќ, водење организиранa криминалna група и злоупотреба на средства за купување израелски шпионски ...
Во ЕУ има место за сите држави од Западен Балкан, вели Еврокомесарката за проширување Марта Кос пред денешната седницата на министрите за надворешни работи во Брисел. Очекувам сите овие земји цврсто да останат на патот кон ЕУ, наведе Кос. Според неа, се дискутира можноста за постепено пристапување, вклучувајќи не само единствениот пазар, туку и соработка во областа на одбраната. Муцунски: Западен Балкан да престане да биде „сива зона“ на ...
Училишните екскурзии и излети треба да бидат дел од воспитно-образовниот процес со јасно утврдени правила и безбедносни стандарди. Законите и правилниците предвидуваат детални процедури – од избор на туристичка агенција и техничка исправност на автобусите, па сè до условите за сместување и безбедност на учениците. Но, дали овие стандарди секогаш се почитуваат на терен? Последниот случај со средношколците од „Орце Николов“ повторно ја отвора ...
Судскиот процес против 13 полициски службеници и началници од ОВР Кочани и СВР Штип, кои се товарат за загрозување на општата безбедност и сигурност во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“ почнува денеска во Основниот кривичен суд. Според наводите во предметот, на 16 март обвинетите биле дежурни, но истовремено биле и ангажирани во дискотеката. На критичната ноќ кога избувнал пожарот, полициските службеници ниту ја прекинале забавата, ниту ...
Одложено е судењето за случајот ИПАРД. Според информациите до медиумите расправата се одложува поради оправдано отсуство на судијата кој постапува по предметот. Воедно, отповикани се наредбите за спровод на обвинетите од притвор, со цел одлагањето да не предизвика дополнителни финансиски последици. На минатаото рочиште десет месеци затвор доби Јасмина Костадинова, советничка на министерот за земјоделство, обвинета дека земала мито за ...
Проширувањето е императив и за Европската Унија и за земјите кандидати – изјави денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски пред почетокот на Советот за надворешни работи на Европската унија во Брисел, со кој претседава високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас. Станува збор, потенцира шефот на дипломатијата, за тоа Западен Балкан да престане да биде „сива зона“ на ...
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска треба да го соопшти предлогот за нови членови на Државната комисија за спречување на корупцијата и на Државниот совет за превенција на детско престапништво и правда за деца, а на дневен ред на седницата се повеќе други точки. Телма веќе информираше дека прворангирана на листата за нов член на ДКСК со најмногу бодови, е Катерина Зајковска со 90, 67 бодови, а Комисијата за ...
Порасна цената на нафтата, откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека предлогот на Иран за прекин на војната е целосно неприфатлив. Фјучерсите на суровата нафта Брент скокнаат за 4 % на 105,2 долари за барел а американската WTI поскапи за 4,5% на 99,8 долари за барел. Трамп го отфрли најновиот одговор на Иран на неговиот предлог насочен кон прекин на 10-неделниот конфликт, оставајќи го Ормускиот теснец ефикасно затворен. Во ...
На јавна седница во Апелацискиот суд во Скопје денеска треба да бидат разгледани жалбите на пресудата за грабнувањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Предметот е во второстепена постапка по жалбите поднесени од одбраната и од Основното јавно обвинителство, кое се жали во делот на ослободителната пресуда за таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, како и за второто дело на обвинетите. Основниот кривичен суд Скопје на 25 јуни 2025 ...
Eвакуираните од крузерот погоден од Xантавирус, кои беа пратени во Велика Британија се пристигнати во болницата каде што треба да бидат изолирани. Властите на Велика Британија соопштија дека 22 британски државјани треба да бидат вратени од Канарските острови со чартер летот. Тие ќе бидат задржани во карантин во болницата најмалку 72 часа, по што ќе бидат замолени да се самоизолираат дома уште 72 дена, соопшти агенцијата за здравствена ...
„Никогаш не се покренало прашање за распоредување“, ова го изјави францускиот претседател Емануел Макрон, осврнувајќи се на неговите планови за Ормутскиот Теснец. Тој одговори на предупредувањето од ирански функционер против француските или британските воени бродови што се движат во теснецот. Сепак Макрон им нареди на францускиот носач на авиони со нуклеарен погон и на неговата борбена група да се преместат во црвеното море како подготовка за ...
Aвион на „Tуркиш Eрлајнс“ се запали при слетувањето на главниот аеродром во Непал вo утрово, при што засега нема пријавени повредени, но аеродромот беше принуден да биде затворен. Летот од Истанбул слета на меѓународниот аеродром Трибхуван со оган и чад на десната трака за слетување. Екипата за итни случаи реагираше и го контролираше пожарот, а патниците беа безбедно евакуирани. Во авионот „ербас 330“ имаше 277 патници. Неколку авиони што ...
Американскиот претседател Доналд Трамп го отфрли иранскиот одговор на предлогот на САД за прекин на војната, оценувајќи го како „целосно неприфатлив“. Тој ги одби барањата на Техеран, истакнувајќи дека не ги прифаќа нивните услови. Трамп на својата платформа Трут Соушл напиша: „Штотуку го прочитав одговорот на таканаречените претставници на Иран. Не ми се допаѓа – целосно неприфатливо“. Барањата на Иран беа доставени до САД преку ...