Скопје
14ᴼ /
14ᴼ
Кокаин закопан во земја на локацијата викана „Топо“, во атарот на селото Босилово, открија полициски службеници од СВР Струмица по спроведена акција и добиени оперативни сознанија. Дрогата била пронајдена и ископана со помош на работни машини, а по целосното документирање на случајот, до Основното јавно обвинителство Струмица е поднесена кривична пријава против три лица. Станува збор за дваесет и шестгодишниот И.Ѓ. од селото Ново Конско, ...
Во соработка на македонското и српското министерство за внатрешни работи, во Скопје е уапсен 42 годишниот С. М. При претрес на станот и други простории во Скопје каде што престојувал, пронајдени се лична карта на друго лице издадена од Република Србија, црна тактичка униформа, воен нож, мала количина марихуана, пиштол марка CZ и муниција. С. М. претходно нелегално влегол на територијата на Македонија и според сомневањата на срспката полиција ...
Истрагата за злоупотреби на набавка на мазут за која денеска Обвинителството соопшти дека е запрена започна во март минатата година а со која беа опфатени повеќе лица меѓу кои екс директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски; сопствениците на РКМ чиј основач е Ратко Капушевски кој исто така беше приведен и сопственикот на Пуцко Петрол, Асмир Јахоски (син на пратеникот на ДУИ, Исмаил Јахоски). Истрагата беше насочена во три правци, првата е начинот на ...
Додека младите масовно ја напуштаат државата во потрага по подобар живот, младинските подмладоци на најголемите партии повторно влегоа во добро позната политичка пресметка – кој е виновен, а кој повеќе се грижи за младите. Наместо конкретни решенија за студентскиот стандард, ниските плати, иселувањето, зависностите и насилството меѓу младите, слушнавме меѓусебни обвинувања, партиски пораки и политички препукувања. Подмладоците во нова ...
По спроведена едногодишна истражна постапка, предметниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за запирање на истрагата во предметот поврзан со набавките на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино. Од прибраните докази не се утврди дека осомничените ги сториле кривичните дела што им се ставаа на товар, ниту е утврдено постоење на друго кривично дело што се гони по службена ...
Вооружените сили на Иран се подготвени да обезбедат разорен, заслужен одговор на секоја агресија, со вакво предупердување претседателот на иранскиот Парламент, Мохамад Багер Калибаф, истакна дека погрешните стратегии на непријателите ќе им донесат само катастрофални резултати. „Нашите вооружени сили се подготвени да обезбедат заслужен одговор на секоја агресија. Погрешната стратегија и погрешните одлуки секогаш ќе доведат до катастрофални ...
сообраќајните правила и прописи, на патиштата малолетници под 14 години, колку што е закнскиот минимум. –Како општество дозволивме овие возила многу брзо да станат дел од сообраќајниот систем, а притоа не сме подготвени ниту инфраструктурно, ниту законски, ниту едукативно. Во повеќето градови нема доволно велосипедски патеки, па возачите на тротинети често се движат по тротоари или директно на коловоз, што претставува опасност и за нив и за ...
На новинарско прашање дали прекинот на огнот е сè уште на сила, Tрамп од овалната соба рече дека е „неверојатно слаб“ и се одржува на апрати. Иранскиот одговор на предлогот на САД го нарече ѓубре кое што не го дочитал до крај. Трамп тврди дека Иран ѝ кажал на неговата администрација дека ќе им дозволи на САД да влезат и да помогнат во екстракцијата на нивниот високо збогатен Ураниум, но се откажале од тоа во својот последен предлог за прекин ...
Државни институции со милионски долгови за позајмици за плати. „Пошта“, „Водостопанство“ и „МЖ Транспорт“ му должат на „МЕПСО“ над 9 милиони евра – пари кои државниот преносен систем им ги позајмила за да исплатат плати. Ова го соопштија од „МЕПСО“ на брифингот со медиумите кој се одржа минатата недела. АД Пошта 2, 7 милион евра МЖ Транспорт 3,8 милиони евра АД Водостопанство 2,6 милиони евра Наместо враќање на парите, потпишаа договори за ...
Според најновите проценки на Светската здравствена организација, опасноста од хантавирус за европската јавност е ниска, изјави денеска портпаролот на Европската комисија. Тој додаде дека Комисијата работи на усогласување на европскиот одговор заснован врз научни сознанија. Портпаролот посочи дека вчера биле реализирани четири летови преку Европскиот механизам за цивилна заштита, поврзани со епидемијата на бродот „Хондиус“. – Подготвени сме да ...
Тим научници работи на можна нова вакцина за справување со сој на Хантавирусот. Иако во моментов не постои лек или вакцина, Светската здравствена организација вели дека раното откривање и лекување ги подобруваат стапките на преживување. Ова доаѓа во време кога патниците од крузерот погоден од епидемија на Хантавирус предизвикана од сојот на Хантавирусот од андите се вратени во своите домови низ целиот свет. Тоа е сосема нов антиген и сега е ...
Државната изборна комисија донесе одлука за исплата на средства за членовите на општинските изборни комисии и на членовите на избирачките одбори за локалните и повторените избори во 11 општини кои имаат блокирани сметки. Станува збор за 107.201.924 денари за општините Арачиново, Делчево, Пехчево, Тетово, Струга, Кривогаштани, Василево, Желино, Гостивар, Врапчиште и Зрновци, а средствата ќе бидат префрлени на наменските сметки на општините за ...
Зошто партискиот фокус е на самите себе, а не на потребите на граѓаните? Реконструкција, предвремени избори, партиски прегрупирања и реформски конструкции? Што е приоритет, а што политички PR? Во Топ Тема дебата со пратениците: Александар Велјановски, ВМРО- ДПМНЕ и Јованка Тренчевска, СДСМ. Топ Тема со Боби Христов на Телма Зошто партискиот фокус е на самите себе, а не на потребите на граѓаните? Реконструкција, предвремени избори, партиски ...
„Имавме добра прва средба со министерот за надворешни работи на Македонија, Тимчо Муцунски. Бугарија има јасно изразена позиција, која од 2022 година повеќе не е билатерално прашање, туку е прашање на дискусија меѓу Европската Унија и земја кандидат. Овој прозорец за проширување може да се отвори во наредните години, а доколку не ја искористат оваа можност, навистина може да изгубат“, изјави бугарската министерка за надворешни работи, ...
На новинарско прашање дали прекинот на огнот е сè уште на сила, Трамп од Овалната соба рече дека е „неверојатно слаб“ и се одржува на апрати. Иранскиот одговор на предлогот на САД го нарече ѓубре коешто не го дочитал до крај. Доналд Трамп, претседател на САД. Во однос на отстранувањето на збогатен ураниум од страна на Иран, тој рече дека Техеран прво тоа го дозволил па подоцна се предомислил. Трамп тврди дека Иран ѝ кажал на неговата ...
Американските здравствени власти соопштија дека 18 Американци од крузерот MV Hondius се вратиле во САД, а едно лице е позитивно на хантавирус. Втор Американец на летот за репатријација во неделата, исто така, покажал симптоми и отпатувал за Атланта, изјавија американските власти. Гувернерот на Небраска, Џим Пилен, вели дека постои „силен план“ и „никој што претставува ризик за јавното здравје не излегува од влезната врата на улиците на ...
Јованка Тренчевска од СДСМ, во вечерашното гостување во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма, се осврна на досегашните предизвици на власта, европската агенда и идните законски решенија што ги планира партијата. Таа истакна дека СДСМ директно се соочила со наследените проблеми и дека патот кон реформите бара континуитет и политичка волја. Справување со наследените кризи Тренчевска потенцираше дека владата предводена од СДСМ не ветувала ...
Александар Велјановски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашното гостување во емисијата „Топ Тема“ на ТВ Телма, упати остри критики кон претходното владеење на СДСМ, предводено од Зоран Заев и Димитар Ковачевски. Велјановски истакна дека фокусот на нивната партија сега е насочен кон санирање на штетите во клучните државни сектори и враќање на довербата во институциите. Според Велјановски, еден од најголемите пропусти на претходната власт биле ...
Има место за сите земји од Западниот Балкан во ЕУ, но само доколку се спроведат и испорачаат реформите, ова се пораките кои пред Советот за надворшени работи на ЕУ со министрите од Западниот Балкан ги испратија високата претставничка за надворешна и безбедноста политика на ЕУ, Каја Калас и еврокомесарката за проширување, Марта Кос, кои се децидни дека без тоа проширувањето не може да продолжи. Кос пак рече дека проширувањето е приоритете на ...
Не се чувствуваат виновни сите 13 полицајци обвинети предизвикување општа опасност, за начинот на кој се спроведувала акциската контрола во Пулс, на кобната ноќ, кога во пожар животот го загубија 63 млади луѓе, а над 200 беа повредени. Направиле се што можеле, во рамки на надлежностите, додадоа дел од нив. Во воведниот говор, адвокатите и обвинетите рекоа дека обвинението е контрадикторно и дека не може да се поврзе контролата во Пулс со ...
Прв квартал на 2027 година за автопатот Кичево – Охрид, декември 2029 година Тетово – Гостивар – Букојчани. Ова се конечните рокови за финиш на изведбата на работите на Коридорот 8. Дислокација на објекти и инфраструктура и санирање на свлечиштата на потегот Кичево-Охрид се клучните предизвици според премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот Александар Николоски, кои заедно со директорот на Јавното претпријатие за патишта Коце Трајановски ...
Трајна забрана за чување на куќен миленик и драконски казни од 5.000 евра се предвидени во новиот Закон со цел државата да стави крај на неодговорното сопствеништво и напушатње на кучињата, кои завршуваат на улица. Со донесување на новиот Закон, во тек е и подготовката за Национална Стратегија. Секој регион во државата треба да ги преброи бездомните животни, односно да направи регистер и треба да направат свои Стратегии. „Врз основа на тие ...
Цицач- под ова кодно име се водела акцијата за прилепчанецот бизнисмен кој две години вработувал само бремени жени- товарот на породилното е на Фондот за здравство кој ја покренал истрагата за исцицани фондовски пари – За КОД тврди бевин сум ме наместија. Државата има дадено 285 концесии за експлоатација на минерални суровини на површина од 330 километри квадратни – 1,3 проценти од целата држава. Најголема површина држи РЕК Битола за своите ...
Повеќе десетици жители на населбата Водно во делот околу улицата Питу Гули денеска протестираа и ја блокираа улицата во овој дел на Скопје барајќи реакција на надлежните локални и градски власти за да се зголеми безбедноста во сообраќајот на тој дел. -Нема тротоари и пешачки премини, а возачите се движат со големи брзина со што е намалена безбедноста и има и удрени жители, велат оние кои беа на протестите. Улицата Питу Гули е на падините на ...
Се пролонгира рокот за изградба на автопатот Тетово – Гостивар – Букојчани за уште две години, со нов краен рок, декември 2029 година. Причината според надлежните е двегодишниот застој во проектот, за кој вината се бара во претходната влада. Владата не очекува зголемување на цената, иако работите ги изведува конзорциумот „Бехтел и Енка“. На денешниот увид на работните активности на терен беше репортерот Огнен Чанчаревиќ. На кој дел од трасата ...
Меѓусебни обвинувања, политички препукувања и обиди за префрлање на вината за иселувањето на младите е сликата од денешните прес-конференции на подмладоците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Наместо конкретни решенија, младинските организации на двете најголеми партии повторно се впуштија во партиска пресметка околу тоа кој е виновен што младите ја напуштаат државата. Претседателот на СДММ, Трајче Стојчевски, оцени дека е „врв на лицемерие и цинизам“ ...
Откако владата доби негативно мислење за адвокатот Јордан Апосотолски кој заедно со адвокатката Наташа Бошкова и деканот на Правниот факултет „Јустинијан први“ Сашо Георгиевски во ноември лани беа предложени од комисија предводена од претседателот на Уставниот суд, Комисијата денеска заседаваше и утврди нов кандидат на местото на оспорениот кандидат е Ана Дангова Хуг, предлог кој доби едногласна поддршка од членовите на Комисијата. Постапката ...
Советничката група на ГРОМ во Советот на Карпош обвини дека во општината постои институционална нестабилност и побара итно свикување вонредна седница. Тврдат дека градоначалникот Сотир Лукровски се повлекол од активното управување, додека одредени овластувања ги користи негов заменик. Советниците бараат расчистување на состојбата и доколку е потребно, распишување нови избори за градоначалник. Телма побара став и од Лукровски околу ...
Евроинтеграциите повторно главна арена за политичка пресметка помеѓу власта и опозицијата, со бројни прашања околу тоа кој е виновен за реформскиот застој на европскиот пат. Опозицијата тврди дека власта откако ги потрошила домашните виновници, сега вината ја префрла и врз ЕУ. Власта возвраќа дека опозиционерите ја туркаат старата агенда за уставни измени и „прават магла“ околу вистинските предизвици на патот кон Унијата. СДСМ остро го ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, го отфрли одговорот на, како што ги нарече, таканаречените претставници на Иран на американските предлози за завршување на војната како „целосно неприфатливи“, зголемувајќи ги повторно тензиите во регионот. Според информациите на иранските државни медиуми, предлогот на властите во Техеран вклучува итен крај на војната на сите фронтови, вклучувајќи го и Либан, прекин на американската поморска блокада на ...