Комисијата за заштита на конкуренцијата купила три мобилни телефони од околу 3400 евра на тендер чии услови упатувале на конкретен производител и производи. Во набавката на услуги од такси превоз во вредност исто така од над 3400 евра имало ограничување на конкуренцијата и фаворизирање на одредени фирми. Комисијата чија улога е да бави нефер трговски практики, според ревизорскиот извештај, делувала спротивно на Законот за јавни набавки. ...

Вечерва во македонскиот Културно- информативен центар во Загреб ќе се одржи аудио-визуелно предавање „Историјата на македонската рок музика и рок култура“, на истражувачот, хроничар и автор Тошо Филиповски – најзначајниот документарист на македонската рок сцена. Настанот претставува уште една активност преку која македонскиот КИЦ во Загреб ја афирмира нашата култура во сета нејзина разновидност, претставувајќи ги не само традиционалните ...

Полицијата поднесе кривична пријава против 37-годишна жена од тетовско село поради сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ и „загрозување на сигурноста“. Според информациите од СВР Тетово, на 25 април 2026 година во семејниот дом, жената физички ја нападнала својата свекрва и ѝ упатувала закани. Случајот ќе продолжи во надлежност на правосудните органи, откако полицијата презела мерки и ја документирала пријавата. Полицијата ...

Големиот шумски пожар во регионот Жиронд, во југозападна Франција, е ставен под контрола, но сѐ уште не е целосно изгаснат. Пожарникарите во текот на ноќта успеале да ги локализираат новите жаришта. Француските власти предупредуваат дека повисоките температури, намалената влажност и засилениот ветер можат повторно да го разгорат пожарот. Командантот на пожарникарите Матје Жомен изјави дека состојбата е смирена, но дека на теренот има бројни ...

Општина Крушево информира дека водата од градскиот водовод е здравствено исправна и безбедна за употреба. Според трите последователни лабораториски анализи направени од Центарот за јавно здравје – Прилеп, водата ги исполнува сите законски пропишани стандарди за квалитет. Привременото нарушување на квалитетот било предизвикано од прекин во системот за хлорирање поради проблеми со електричното напојување. По отстранувањето на дефектот, биле ...

Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на режисерката Дина Дума е селектиран во главната натпреварувачка програма за игран филм на 32. Сараевски филмски фестивал, каде што ќе ја има својата европска премиера и ќе се натпреварува за престижната награда „ Срце на Сараево“. Истовремено, филмот ја освои наградата „Камингс“ како победник во конкуренцијата „Во духот на слободата“ на 43. Филмски фестивал во Ерусалим. Учеството во Сараево има ...

Извршниот одбор на Народната банка на редовната седница одлучи да ја задржи основната каматна стапка на 4,25 проценти, оценувајќи дека и натаму постои висока неизвесност во домашното и меѓународното економско окружување. Одлуката следува по зголемувањето на каматната стапка во јуни и се темели на најновите макроекономски показатели и проценките за инфлацијата и девизниот пазар. Од Народната банка информираат дека девизните резерви остануваат ...

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека очекува следната недела да има поголемо намалување на цените на дизелот и бензините, откако Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) претходно донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,55 проценти. Тој посочи дека акцизите се анализираат на секои две недели и дека новата пресметка ќе биде направена по завршувањето на тековниот период. Според Мицкоски, ...

СДСМ побара кривична одговорност за случаите со неисправна вода за пиење во повеќе населени места низ државата, тврдејќи дека јавноста сè уште нема добиено официјален потпишан извештај за анализите на таканаречената „техничка вода“ во Гостивар. Од партијата повикаа на итни анализи на водата на национално ниво и утврдување одговорност за сите институции и лица кои, според нив, не презеле соодветни мерки. Од ВМРО-ДПМНЕ ги отфрлија обвинувањата, ...

Во акција на црногорската полиција вчера во Никшиќ е уапсен 19-годишен државјанин на Македонија, член на организирана криминална група од Македонија, врз основа на меѓународна потерница од Интерпол. Тој бил член на Шкаљарскиот клан, a се сомничи дека сторил кривично дело убиство во обид против Марко Љубиша Кан, член на сопернички клан. Вишото државно обвинителство во Подгорица му одреди притвор на Андреј Танасковски поради основано сомнение ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во Вашингтон ќе одржи одделни средби со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и украинскиот претседател Володимир Зеленски, во време кога конфликтите во Украина и Иран влегуваат во чувствителна фаза. Според најавите од Белата куќа, со Нетанјаху ќе се разговара за состојбата на Блискиот Исток, Иран, односите меѓу Израел и Либан, како и за проширување на Аврамовите договори. Меѓувреме, Зеленски ќе ...

Министерот за здравство Сашо Клековски информираше дека годинава во земјава се регистрирани четири случаи на маларија, три случаи на денга, еден случај на зика и осум случаи на западнонилска треска. Најголем дел од случаите на маларија, денга и зика се поврзани со патувања во Африка и регионот на Индискиот Океан, особено на Малдиви и Занзибар. Според министерот, осумте случаи на западнонилска треска вклучуваат еден увезен случај поврзан со ...

Земјотрес со магнитуда од 7,1 степени го потресе Кумамото на јужниот главен остров Кјушу во Јапонија, а издадено е и предупредување за цунами, соопшти Јапонската метеоролошка агенција. Агенцијата соопшти дека предупредувањето за цунами е за блискиот залив Ариаке на западните брегови на Кумамото, околу 900 километри југозападно од Токио. Јапонската премиерка Санае Такаичи, во порака објавена на X, ги повика жителите да го избегнуваат ...

Општина Прилеп ги предупреди жителите на селата Ореовец и Леништа да не ја користат водата од јавните чешми за пиење, откако лабораториските анализи покажале присуство на бактерии. Во Ореовец, водата од јавната чешма во центарот на селото содржи бактерии, па може да се користи само по вриење од најмалку 10 минути. Во Леништа, пак, поради присуство на цревни бактерии и зголемен број бактериски колонии, надлежните препорачуваат водата воопшто ...

Недостигот на кадар станува сè посериозен проблем во јавните институции. Од полицијата и пожарникарите, преку здравството, па сè до домовите за стари лица – недостатокот на вработени директно влијае врз квалитетот и достапноста на услугите за граѓаните. До кога системот ќе може да функционира со празни работни места и зголемени обврски? АНКЕТА: Колку недостигот на кадар влијае врз квалитетот на услугите што ги добиваат граѓаните? а) Многу – ...

Италија се подготвува за можно враќање кон нуклеарната енергија речиси четири децении откако гласачите одлучија да ја напуштат по катастрофата во Чернобил во 1986 година. Земјата некогаш беше меѓу европските нуклеарни пионери. Четири реактори работеа сè додека референдумот во 1987 година ефикасно не ја заврши нуклеарната програма на земјата по Чернобил. Овие централи сè уште се демонтираат. – Нуклеарната енергија што се гради денес во ...

Државниот завод за ревизија изрази мислење со резерва за финансиските извештаи и усогласеноста со законската регулатива на Комисијата за заштита на конкуренцијата за 2024 година. Во конечниот извештај се наведува дека се утврдени слабости во материјалната и сметководствената евиденција, како и пропусти во постапките за јавни набавки и управувањето со имотот. Ревизорите констатирале дека пописните листи не содржеле вредносни показатели, ...

Во акција на царинските службеници на граничниот премин Богородица, при контрола на товарно моторно возило пријавено за транзит, откриени и запленети се пет илјади штеки цигари во вредност од девет милиони денари. Возачот на камионот, српски државјанин, кој обидел да ги криумчари цигарите, е приведен и против него е поднесена кривична пријава до ОЈО Гевгелија за сторено кривично дело криумчарење, соопшти Царинската управа. Како што ...

Во 2022 година, Мицкоски тврдеше дека поскапувањето на парното е пљачка на граѓаните, дека е последица на лоповлук и дека семејствата ќе плаќаат и до 120 евра повеќе годишно. Денес, кога Мицкоски е премиер, за само осум месеци им приреди на скопјани две последователни поскапувања – 5,9% од декември 2025 година и нови 5,96% од август 2026 година, односно кумулативно зголемување од приближно 12,2%, се вели во реакцијата на Левица. Од таму ...

СДС и Венко Филипче со лаги не можат да ја сокријат одговорноста на нивните кадри во Гостивар. Конструкциите, лагите и манипулациите на Венко Филипче и СДС за состојбите во Гостивар не можат да ја сокријат вината и неспособноста на нивните кадри во Гостивар. СДС и Филипче покажаа елементарно непознавање на тоа како функционира системот и кој за што е надлежен, барајќи одговорност на погрешна адреса, вели владеачката ВМРО – ДПМНЕ. Според нив ...

Собранието на Црна Гора денеска ги усвои измените и дополнувањата на Законот за здравствено осигурување, со кои на жените со дијагностицирана секундарна дисменореа – болни менструални циклуси проследени со грчеви, гадење и замор – им се овозможува право на два дена платено отсуство месечно. Тоа право, како што пренесуваат „Вијести“, се однесува на жени кои имаат болни менструални циклуси предизвикани од органски причини, како што се ...

Францускиот претседател Емануел Макрон го посети регионот Жиронд и ги пофали екипите за итни случаи кои се борат со големите пожари во југозападна Франција. Макрон рече дека шумскиот пожар во соседниот департман Ланд е ставен под контрола, додека условите во Жиронд остануваат „многу тешки“. „Се соочуваме со настани што никогаш порано не сме ги доживеале“, им рече Макрон на новинарите во Бордо. Тој рече дека пожарникари од цела Франција, околу ...

Собранието на Црна Гора денеска ги усвои измените и дополнувањата на Законот за здравствено осигурување, со кои на жените со дијагностицирана секундарна дисменореа – болни менструални циклуси проследени со грчеви, гадење и замор – им се овозможува право на два дена платено отсуство месечно. Тоа право, како што пренесуваат „Вијести“, се однесува на жени кои имаат болни менструални циклуси предизвикани од органски причини, како што се ...

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека САД водат „добри разговори“ со Иран и оти постои можност за договор. Водиме добри разговори. Мислам дека има голема шанса нешто да се случи, а ако се случи, добро. Ако не се случи, се враќаме на она што го правевме пред два дена. Или нешто ќе се случи многу брзо или воопшто нема да се случи, посочи Трамп одговарајќи на прашањето колку долго ќе траат преговорите, рече Трамп. Тој наведе ...

Уставните измени во оваа форма како што сега се бара нема да се случат, порача вечерва премиерот Христијан Мицкоски. Да разговараме. Јас сум подготвен да разговарам со секого секаде. Јас не сум секундант за да ви кажам до кога. Додека е потребно за да се најде решение коешто ќе биде одржливо и коешто ќе нè однесе до крајната цел. А во меѓувреме ќе испорачуваме со реформската агенда, ќе правиме подобро општество, подобри услови за живот и така ...

Мицкоски денеска изјави дека за состојбите во Гостивар се консултираат со експерти и дека партиите не треба да шират хистерија. После толку дена пинг-понг, префрлање одговорност и признанија од министерот за здравство – сега одеднаш се потребни експерти?, прашуваат од СДСМ. Велат дека во нормална држава експертите и институциите што ги има државата би биле прашани од првиот ден. Не Мицкоски да објаснува и да глуми експерт за вода. Не Орце со ...

Голем шумски пожар во францускиот регион Жиронда се приближи на околу 15 километри од градот Бордо, поради што локалните власти се подготвуваат за можни нови евакуации. Градоначалникот Томас Казенаве предупреди дека се разгледуваат сите сценарија и дека се подготвуваат капацитети за сместување на голем број жители доколку ситуацијата се влоши. Француските пожарникари се соочуваат со, како што велат властите, „невидена“ ситуација, додека ...

Водата во скопското населено место Булачани не смее да се користи за пиење, информираат од ЈКП „Гази Баба 2007“. Според официјалното известување, земениот примерок отстапува од критериумите за безбедност и квалитет на вода за пиење, а се претпоставува дека причината се обилните поројни дождови, велат од СДСМ. Според партијата ова е најновиот случај со проблеми со квалитетот на водата, по пријавените ситуации во Гостивар, Крушево и Маврово, ...

Од ноќеска одново поскапуваат горивата и тоа бензините за 3, а дизелот за 4,5 денари. Тоа значи дека Еуросупер 95 ќе се продава по цена од 93 денари, Еуросупер 98 за 95 денари, а литар дизел ќе чини 98,5 денари. Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика посочува деа берзанските цени на нафтата веќе се приближуваат кон зоната на неиздржливост, а тоа изнудува потреба од државна интервенција. „Владата рече дека ќе одлучува на крајот ...

Усвоен е дополнетиот ребаланс на буџетот. Вкупните приходи се проектирани на скоро 6,2 милијарди евра, а расходите 6,9 милијарди евра. Тоа значи дека дефицитот ќе надмине 750 милиони евра, што е значително зголемување од претходно планираните. Ревидиран е и економскиот раст, кој сега се очекува годинава да биде 3,5%. Министерката за финансии образложи дека ребалансот е одговор на предизвиците што ги носи неизвесноста на глобално ниво, но го ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 0ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
89%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.6
60%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
0.544
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Иридиум

315077.32

Рутениум

61086.42

Калај

46.54

Злато

130856.75

Платина

49319.25