Само шест месеци по ребрендирањето и добивањето на новото име, ФК Марадона од Штип веќе бележи резултати кои го потврдуваат сериозниот пристап, посветеноста и амбициите на клубот во работата со младите фудбалери. Од клубот истакнуваат дека уште од самиот почеток останале верни на својата визија – да создадат средина во која децата не само што ќе ги развиваат своите фудбалски вештини, туку и ќе растат како спортисти и личности преку вредности ...

Уште еден голем успех за ФК Азури и потврда дека во клубот се работи квалитетно, посветено и со јасна визија за развој на младите фудбалери. Генерацијата 2017 на радовишкиот клуб го освои второто место на завршниот турнир на ФФМ Детската лига, закитувајќи се со сребрен медал кој во клубот со право го нарекуваат „сребро со сјај на злато“. Овој успех добива уште поголема тежина ако се знае дека Азури втора година по ред успева да обезбеди ...