Скопје
-3ᴼ /
-3ᴼ
Неверојатниот Ерлинг Халанд постигна 50 гола за својата репрезентација побрзо од сите водечки светски напаѓачки ѕвезди низ историјата. Норвежанецот постигна хет-трик на квалификацискиот натпревар за Светското првенство во 2026 година против Израел (5:0) одигран денеска и дојде до 51 гол за норвешката репрезентација на само 46 одиграни натпревари. Ерлинг постигна педесет гола за репрезентацијата побрзо од Хари Кејн (Англија) кому за тоа му беа ...
По повод прославата од 80-годишнината од формирањето на Фудбалскиот клуб Пелистер, утре во Битола гостува романскиот фудбалски гигант Динамо од Букурешт. Попладнево беше одржана прес-конференција како најава на големиот фудбалски настан за битолските „зелено-бели“. „Емоции секогаш постојат кога се во прашање клубови каде со љубов си настапувал и си го сакал дресот на клубот, па така ќе биде и утре кога ќе играм за мојот матичен клуб Пелистер, а ...
Екипата на Алкалоид беше домаќин на Бутел Скопје во меч од седмото коло во Супер-лигата, дуел кој го доби со 32-25. Пред почетокот на овој натпревар, спортскиот директор на тимот од Автокоманда, Милош Милошевски му го врачи медалот од освоениот ЕХФ Европски Куп на поранешниот голман, Благојче Трајкоски, кој од оваа сезона е член на Бутел Скопје. Алкалоид во стилот на големите европски клубови уште еднаш на дело ја покажа својата професионалност ...
УЕФА во иднина може да го промени форматот на квалификациите за Светското и Европското првенство. Комитетот на националните тимови на УЕФА формираше работна група која ќе разгледа опции за промена на форматот на квалификациските турнири за Светското првенство и Европското првенство, објави „Тајмс“. Оваа група ќе разгледа неколку различни системи. Поточно, ќе одлучи дали да ја користи Лигата на нации како квалификациски турнир или како втора ...
Само чудо може да ја спречи Норвешка да не оди директно на Мундијалот во 2026 година. Вечерва четата предводена од Ерлинг Халанд славеше со 5:0 над Израел и со шестата последователна победа во квалификациите го продолжи маршот кон светското првенство. Натпреварот што беше „клучен“ за квалификациската група заврши со убедлив триумф на Норвежаните, во чии редови неверојатниот Халанд постигна нов хет-трик, додека двата преостанати гола беа ...
Фудбалерите на Брегалница славеа со 2:0 во последниот натпревар од 8. коло во Втората македонска фудбалска лига, денеска на домашен терен против екипата на Скопје. Штипјани одиграа одличен натпревар и ги заслужија трите бода, иако до самиот крај на мечот Скопје имаше отворен резултат. Сепак, мора да се забележи дека штипјани во судиското продолжение промашија два зицери, пред Калапачки да го постигне голот во 95. минута и да ги запечати овие ...
Екипата на Алкалоид дојде до петтиот триумф откако на домашен терен го совлада Бутел Скопје со 32-25 во рамките на седмото коло и го потврди второто место на табелата во Супер-лигата. На другата страна за Бутел Скопје ова беше втор пораз и сега е на петтото место на табелата. Избраниците на Кирил Лазаров доминираа на оваа средба, отворија со 5-0, на гостите им беа потребни шест минути за да го постигнат првиот гол. На одморот резултатот беше ...
ГРК Охрид слободно може да мисли на пласманот во третото коло во ЕХФ Европскиот Куп бидејќи на првата средба против Баки славеше со убедливи 11-44. Реваншот меѓу двата тима е утре, а мечот се игра во СЦ „Билјанини Извори“. Македонскиот тим името на победникот го реши во првото полувреме, кое го доби со 7-24. Охриѓани отворија со 2-9, а во 21-та минута со голот на Стрмљан поведоа со двоцифрени 5-15. Иванковиќ имаше 11 гола кај победникот, додека ...
По голема борба, кошаркарите на дебитантот во кошаркарската елита, Маџари, не успеаја да ја остварат првата сезонска победа. Како и во 1. коло против МЗТ Скопје, новајлијата одигра одличен меч, но во финишот се чини немаше сили за големо изненадување во Куманово. Домашните на крајот славеа со 82:76, а Маџари ќе мора да почека за првото славје. Кошаркарите на Маџари одиграа извонредно прво полувреме во кое имаа предност од 14 поени (32:46), но ...
Важи за еден од најдобрите фудбалери во историјата, важи за првиот милијардер како фудбалер, секогаш е во топ – форма во секој поглед, но и Кристијано Роналдо, како и секој друг човек си има свои фобии. Една од тие е ќелавоста. Имено деновиве тој во Ријад отвори здравствена клиника за пресадување на коса, а си призна дека има фобија од ќелавост: “Ако ме видите без коса, тогаш нема да бидам истата личност. Секогаш е подобро да имаш коса, барем ...
Македонската фудбалска репрезентација денеска се врати во Скопје по вчерашното реми на гостувањето кај Белгија во Гент. За нашите фудбалери нема време за одмор, па селекторот Благоја Милевски веќе го закажа вечерниот тренинг на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во 19.30 часот. Сите фудбалери уште денеска почнуваат со подготовка за исклучително важниот натпревар со Казахстан. Она на што особено треба да се внимава на дуелот во понеделник со ...
Вечерва (20:45 Ч), сите погледи на фановите на фудбалот од овие простори, ќе бидат свртени кон Лесковац, каде силите ќе ги одмерат во меч од квалификациите за СП 2026, селекциите на Србија и Албанија. И секогаш е „жешко“ кога меѓусебе се среќаваат две репрезентации од Балканот, а посебно кога играат ови две селекции. Така било порано, така ќе биде и сега. Ова е меч до групата – К, каде е и Англија која е неприкосновена и која би требало да биде ...
Екипата на ГРК Тиквеш со голема негатива се враќа од гостувањето кај Бешикташ во рамките на првиот меч од второто коло во ЕХФ Европскиот Куп. Кавадарчани беа совладани со 31-20, резултат кој не ветува пласман во следното коло иако имаат шанса за поправен пред своите фанови. Турискиот тим не ги искористи сите сили, а својата разлика во квалитет ја покажа кога на ГРК Тиквеш му дозволи да постигне само три гола (Цејовиќ и Мијушковиќ на стартот, ...
Попладнево се одиграа седум меча од 8.коло во ВМФЛ. Интересно беше во Тетово каде на Градскиот стадион под Шара, Шкендија Арачиново со 1:2 го совлада домашниот состав на Тетекс и тоа со двата гола на Ливарека. Екстра значајни три бода со кои арачиновци избија на лидерското место на табелата и таму ќе бидат се до завршувањето на дербито во Штип кое се игра вечерва меѓу Брегалница и Скопје. Сега штиоските “сини“ се под притисок, само победа ги ...
Се чини дека сите во Реал Мадрид, а посебно стратегот Чаби Алонсо можат да здивнат. Имено последните информации говорат дека повредата на Килијан Мбапе и не до толку сериозна. Да потсетиме дека вчера, мега -ѕвездата на Реал Мадрид играјќи за Франција се повреди во финишот на мечот со Азербејџан, па мораше да биде заменет. Тој се пожали на болка во зглобот. Дополнителните лекарски прегледи покажале дека повредата не е нешто за што треба ...
Уште еден доказ дека Струга ТЛ и Башкими се во одлична форма. Користејќи на репрезентативната пауза, денеска и двете екипи од ПМФЛ одиграа пријателски средби и тоа во Албанија и Косово. Струга ТЛ му гостуваше на Скендербег во Корча и тимот на Бледи Шкемби успеа да победи со 1:2. Стрелци на двата гола за нашиот тим беа Воша и Јефтоски. Башкими гостуваше на Косово, каде успеа исто така со 1:2 да слави против домашниот состав на Љапи. Стрелци за ...
Вчера се одиграа два меча во квалификациската група – Ј за пласман на СП 2026. Прво Казахстан дома славеше со Лихтенштајн со 4:0, а потоа Белгија и Македонија одиграа без голови. Веќе во понеделник во Скопје селекцијата на Македонија го пречекува Казахстан, а во Кардиф играат Велс и Белгија. Во пресрет на гостувањето во Скопје, за Спортс.кз, свој коментар имаше аналитичарот од Казахстан, Булат Есмагамбетов кој со респект говореше за Македонија. ...
Дејвид Бекам објави фотографија на Инстаграм на која позира во друштво на двајца пензионирани НБА џинови. Сликата брзо стана вирална поради огромната разлика во висината помеѓу поранешниот англиски фудбалер (висок 183 см), Шекил О’Нил (216 см) и Јао Минг (229 см). Подготовниот натпревар за новата НБА сезона, во кој се сретнаа Феникс Санси и Бруклин Нетс, беше одигран во Макао и заврши со победа на Санси. Бекам, поранешна ѕвезда на англиската ...
По ремито со Унгарија во 1.коло од квалификацискиот турнир за ЕП, кој се игра во Струмица и Турново, нашата У-17 селекција денеска беше поразена од големиот фаворит, селекцијата на Чешка со 0:2. Гостите поведоа со голот на Марек во 31.минута, додека Сивок во самиот финиш на мечот, во таа 87.минута ги постави конечните 0:2 за младата селекцијата на Чешка. На вториот меч во групата, селекцијата на Унгарија со 8:0 го победи Гибралтар. Па така по ...
Попладнево во СРЦ “Кале“ во меч од 2.коло, во скопската пресметка, составот на ТФТ успеа со 83:63 да го победи Работнички. Ова беше втора победа за тимот од Тафталиџе на стартот од новата сезона во нашата елитна кошаркарска лига, и втор пораз за некогашниот гигант во мак-кошарката. Домашните, кои важеа пред мечот за фаворити, и тоа како подобро го отворија овој натпревар, беа подобри и во нападот и во одбраната од својот противник, па така на ...
Вејн Руни призна дека клупските соперништва го попречиле успехот на „златната генерација“ на Англија, но не се согласува со тврдењето на Стивен Џерард дека тие биле „себични губитници“. Порано оваа недела, неговиот поранешен соиграч од „Трите лава“, Џерард, тврдеше дека егото на англиските играчи ги спречило да постигнат сериозен успех. Руни, кој постигна 53 гола на 120 настапи за Англија, „нема проблеми“ со другите играчи и верува дека тимот ...
Она што се најавуваше со денови, од денеска е и официјално. Саша Обрадовиќ е нов шеф на струката во КК Ц. Звезда. Откако сезоната ја почнаа очајно лошо, раководството на српкиот гигант се раздели со досегашниот стратег Јанис Сферопулос. Инаку не треба да се трошат зборови кој е Саша Обрадовиќ. Некогашен прославен кошаркар и репрезентативец, а како тренер имаше големи успеси со Монако. Инаку тој се враќа во својата Ц. Звезда, во минатото веќе ...
Стивен Џерард е на добар пат да се врати на кормилото на Ренџерс оваа недела, откако имаше позитивни разговори со раководството на клубот. Поранешниот капитен на Ливерпул и Англија е во Лондон на разговори во врска со неговото сензационално враќање во Иброкс. Под негово водство тимот ја освои титулата во Шкотската Премиер лига во 2021 година, што останува последна за клубот досега. Шкотските гиганти се подготвени да го назначат Џерард по ...
По она реми без голови синоќа во Гент, на гости кај Белгија, нашата А- репрезентацијата и натаму е лидер на табелата во квалификациската група – Ј за пласман на СП 2026. Јасно е дека сите посакувавме победа, но и бодот е голем како планина откако перфектно одигравме во одбрана а Столе Димитриевски покажа уште еднаш дека е класа голман. Сега по 6 меча ние имаме 12 бодови, Белгија од пет меча има 11, а Велс од пет меча има 10 бода. И сите овие ...
Со три натпревари денеска и официјално стартува новата одбојкарска сезона во женска конкуренција. По долгата летна пауза, одбојкарските клубови ја отвораат Првата и Втората лига. Во најсилното женско друштво натпреварувањето стартува попладнево од 16 часот во СЦ „Форца“ во Скопје, каде ланскиот финалист Работнички Скопје го пречекува составот на Струмица. Од 18 часот, се играат уште две средби. Носителот на куп-пехарот од ланската сезона ...
Новак Ѓоковиќ не успеа да се пласира во големото финале на Мастерсот во Шангај. Најдобриот тенисер на сите времиња, во полуфиналето беше елиминиран од тоталниот анонимус, тенисер кој е 204 на АТП листата, а неговото име е Валентин Вашеро од Монако. Крајниот исход е 2:0 во сетови за Вашеро или 6:3 и 6:4. Јасно беше дека Србинот си има големи проблеми со повредите. Во неколку наврати во текот на мечот Новак добиваше и лекарска помош, но на крајот ...
Во понеделник (13.10), Македонија ќе го одигра својот последен меч на свој терен во тековните квалификации за пласман на СП 2026. Играме со Казахстан на Арената во Скопје со почеток од 20:45 часот. Познати се и судиите кои ќе ја делат правдата на оваа средба. За главен судија одреден е Хуан Мартинез Мунуера од Шпанија, додека негови помошници се Диего Барберо и Иван Масо Гранадо, додека четврти ќе биде Алехандро Муњиз Руиз. Во ВАР собата ќе ...
Иако Жоан Лапорта гордо тврди дека финансиските проблеми на Барселона се минато, реалноста е поинаква. Според извештајот за економската година заклучена на 30 јуни 2025, каталонскиот клуб сè уште должи огромни 159,1 милион евра за неколку трансфери. Најмногу е оштетен Лидс Јунајтед, кој по продажбата на Рафиња во 2022 година сè уште чека 41,9 милиони евра – повеќе од три години по трансферот. Севиља има побарување од 24,5 милиони евра за Жил ...
ГРК Охрид денеска ја почнува својата европска авантура. Македонскиот тим ќе игра двомеч против Баки на домашен терен во рамките на второто коло во ЕХФ Европскиот Куп. Првиот натпревар се игра денеска со почеток во 18 часот. Тренерот Борис Ројевиќ ги повика фановите да дојдат и да ги поддржат на двата меча. „Би ги повикал сите навивачи кои би дошле да не поддржат во овој двомеч. Овие момци заслужуваат поддршка со она што го покажаа во нивната ...
Страхиња Јокиќ, братот на НБА ѕвездата Никола Јокиќ, е осуден на една година условна казна откако се изјасни за виновен за напад врз навивач за време на плејоф натпреварот на Денвер Нагетс во „Бол Арена 2024“. Канцеларијата на окружниот обвинител на Денвер ја потврди информацијата во објава на социјалните мрежи во петок, објави „Денвер Спортс“. Инцидентот е снимен на вирално видео од социјалните мрежи, на кое се гледа како Страхиња удира ...