Вечерва во рамките на 4.коло се одиграа уште четири средби од 4.коло во ракометната Лигата на Шампионите. Веспрем на свој терен го победи Киелце со 35:33 во еден суперинтересн меч, а на крајот драма. Сепак домашните ракометари знаеја како да одиграат во тие решавачки мечеви и успеаја да ги израдуваат своите фанови. Барселона како домаќин се измачи, но сепак успеа да дојде до триумф против составот на Сегед и тоа со конечни 31:28 Фуксе Берлин не ...

Франко Мастантуоно во целост ги оправдува средствата кои Реал Мадрид ги вложи во него. Младиот Аргентинец не ретко оваа сезона е стартер кај “кралевите“, игра добро, фановите на најголемиот клуб во светот се воодушевени од него и му ја даваат сета поддршка. И кога е така тогаш јасна е споредбата која медиумите ја прават со Ламине Јамал. И двајцата имаат по 18 години, Аргентинецот е еден месец помлад, и двајцата се иднината на светскиот фудбал. ...

Кристијано Роналдо во изминатите две децени, заедно со Лео Меси, важеше за еден од најдобрите а според многумина и најдобар фудбалер во светот. Португалецот освои се што можеше да се освои, единствено му недостига со Португалија титулата на СП. Сепак, за претседателот на УЕФА, Александар Чефери, Кристијано е еден од тројцата најдобри фудбалери на сите времиња: “Според мене несомнено е дека Кристијано Роналдо е најдобриот португалски фудбалер на ...

Утре нашата најдобра фудбалска репрезентација ќе го одигра веројатно најважниот меч во досегапшниот дел од квалификациите за СП 2026. И гостуваме на Белгија и тоа во Гент. Познато е што ќе биде ако останеме непоразени, а со победа сме на чекор до директен пласман на Мундијалот. Вечерва избраниците на селекторот Благоја Милевски го одработија вообичаениот тренинг на „Груп Арената“ во Гент каде утре од 20:45 часот ќе се одигра мечот. Секако дека ...

Арне Слот и Ливерпул се подготвени да потпишат нов договор. Менаџерот во само првата сезона на чело на клубот ја освои титулата во Премиер лигата, а и во моментов Ливерпул котира супер. Па така, договорот на Слот кој што е активен во моментов е до 2027 година, наскоро би требало да биде заменет со нов, далеку побогат очигледно и со времетраење од сигурно плус три сезони. Слот пак уште пред неколку месеци изјави дека сака во времетраењето на ...

Тренерот на Мајами Хит е новиот селектор на САД, или наследникот на Стив Кер. Се чини дека подобар избор од Ерик Сполстра и не можеше да има ако се знае дека тој долго време му беше прв асистент на Кер. Тој ќе треба да го освои златото на СП 2027 и секако златото на ОИ 2028 во Лос Анџелес. Сполстра во текот на целата своја кариера како тренер е во Мајами, има освоено две шампионски титули а има работено и со играчи на Леброн, Вејд,Батлер и др… ...

Во меч од групата Г за пласман на СП 2026, Финска како домаќин во Хелсинки успеа со 2:1 да слави значајна победа против Литванија и со тоа да ги задржи шансите барем за тоа второ место во групата кое води во баражот. Сепак не беше се така лесно за домашниот состав, посебно ако се знае дека гостите од Литванија во 25.минута со голот на Сирвус дојдоа до водство од 0:1. Сепак во продолжение од средбата, Финците беа далеку подобар противник, ...

Фудбалската репрезентација на Македонија утревечер ќе се соочи со Белгија во Гент, во еден од најголемите предизвици во квалификациите за СП 2026. Одбраната ќе биде под посебен притисок, но Висар Муслиу, инаку фудбалер на белгискиот Сент Труден е подготвен за предизвикот. “Го нема Лукаку, но во Белгија има голем број квалитетни напаѓачи, и сигурно нема да биде лесно. Ќе дадеме се од себе, тоа е најмалку што можеме да направиме за Македонија. Со ...

Македонија утре во Гент, ќе и гостува на Белгија во можеби решавачкиот меч за пласман на СП 2026. Во пресрет на овој дуел Македонија е лидер на табелата во квалификациската група -Ј. На пресот во Гент, во пресрет на утрешниот дуел со силната домашна селекција на Белгија, селекторот Благоја Миилевски покрај другото истакна: “Во повеќе наврати сум кажал, а и сега ќе повторам. Јас сум сум горд на моите фудбалери, и тоа не само во овие ...

Кога има избори во Македонија, барем така беше до сега, нема фудбал тој викенд. Така ќе биде и сега. Како што е познато, Локалните избори се закажани за 19 октомври, а тоа значи дека мечевите од 10.коло во ПМФЛ, како и колото во ВМФЛ се одложува, односно се поместува. Ова значи дека мечевите во ПМФЛ ќе се играат во терминот кога треба да играат мечевите од 11.коло. Секако дека ова значи и дека мега – дербито меѓу Шкендија – Вардар кое требаше ...

Играчот на Милан, Кристијан Пулишиќ е прогласен за играч на месец септември во Серија А. Пулишиќ ја освои наградата откако беше клучен играч во победите на Милан од 3:0 над Удинезе со два гола и асистенција и победата од 2:1 над Наполи со гол и асистенција, а исто така беше и дел од првите единаесет во триумфот на Болоња од 1:0. Очигледно дека Пулишиќ во моментов е во одлична форма и ќе го држа милан во темпото со кое што клубот ќе биде на ...

Утре ќе биде и тоа како жешко во Лесковац, каде играат Србија и Албанија во меч од квалификациите за СП 2026. И секако дека има провокации, јасно е што носи овој меч. Па така како што објавија властите во Србија, уапсен е навивач од Албанија кој сакал да направи хаос во Лесковац. Имено во неговото комбе биле пронајдени предмети кои требало да се истакнат во Лесковац, а тие биле знамиња, маички, капи со симболите на УЧК. Тој е обвинети за ...

Во пресрет на утрешниот меч Белгија – Македонија, во квалификациите за пласман на СП 2026 во групата – Ј, попладнево во Гент на прес-конференција свои видувања имаа селекторот на домашната селекција, Руди Гарсија и Кевин Де Брујне. И двајцата напоменаа дека ја почитуваат селекцијата на Македонија, но нивната цел е само победа и ништо друго: “Македонија е квалитетен тим и никако не смееме да си дозволиме да ја потцениме. Оваа селекција е добро ...

Македонската репрезентација до 19. години на чело со селекторот Еркан Селими предмалку во Даниловград ремизираше без голови 0:0 на пријателскиот дуел против домаќинот Црна Гора. Нашите млади фудбалери доиграа борбен, цврст дуел во кој во ниту еден момент не беа во подредена позиција, напротив. Повеќе од полувреме игравме со играч помалку но и така успеавме да стигнеме до позитивен резултат. Вториот дуел помеѓу Македонија и Црна Гора до 19. ...

Шпанските медиуми јавуваат дека во раните утрински часови во куќата на фурбалерот на Реал Мадрид, Винициус избил пожар во кој за среќа нема повредени, туку е причинета само материјална штета. Пожарот избувнал во сауната во подрумот на куќата, која била целосно изгорена. Повикот на 112 бил упатен околу 11:00 часот, а на местото на настанот биле испратени две противпожарни екипи градските власти, кои успеале да го стават под контрола пламенот и ...

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во полуфиналето на Мастерс турнирот во Шангај. Србинот во четвртфиналето беше подобар од Зизу Бергс од Белгија со 6:3 и 7:5. Иако го игра во моментов тенисот на кариерата, и е 44. на АТП листата сепал, белгиецот не можеше ништо против најдобриот на сите времиња. Ова инаку за Ѓоковиќ е 10 полуфинале на овој турнир во кариерата, а 80. пат меѓу најдобрите четири на еден турнир кој ...

Македонската младинска репрезентација до 21. година утре со почеток во 17:00 часот во Битола, на стадионот Петар Милошевски, ќе го одигра третиот квалификациски дуел од актуелната кампања. Нашиот национален тим засега има два порази од два меча против Полска, односно Италија, а сега доаѓаат мечевите против селекциите со кои реално сме релатини фаворити и против кои можеме да го „скршиме“ мразот кога станува збор за позитивните резултати. ...

Министерството за Спорт, на чело со министерот Борко Ристовски како и заменичката Сафије Садики Шаини денеска беше во посета на Куманово, каде што е извршен увид на состојбата на игралиштето кое што е во склоп на стадионот на фудбалскиот клуб Башкими и донесена е одлука истото да биде реконструирано во следниот период. Ќе се вложат средства се со цел истото да биде доведено во максимална состојба и ќе биде ставено на располагање не само на ...

Еден од најдобрите ракометари на Вардар 1961, Дмитри Хориха доби македонски пасош. Ова значи дека во иднина ќе се смета како домашен играч, па црвено-црните можат да ангажираат нов странец и да бидат во предност пред останатите тимови. Вардар на мечевите ќе можат да ги користат сите осум играчи. Што се однесува до настап во македонската репрезентација тоа не може да се случи, не барем после 36 месеци престој во Македонија и на после исто толку ...

Македонската фудбалска репрезентација утре во Гент со почеток од 20:45 минути го игра шестиот квалификациски дуел од тековната кампања против домаќинот Белгија. Истиот веројатно е еден од најважните мечеви за нашиот навионален тим кој што сме го одиграле, или ќе го одиграме во последните десетина годино. Пред се затоа што сме лидери на табелата по пет одиграни кола и единаесет освоени бодови, што ни дава за право да се надеваме на нешто големо ...

Кошаркарите на Партизан ја победија Олимпија со 80:78 на 2-ри октомври на „Белградска арена“. Во соопштението се наведува дека белградскиот клуб е казнет со 13.000 евра за фрлање предмети. Кошаркарите на Партизан ќе го пречекаат Ефес во третото коло од Евролигата денеска во 20:30 часот на „Белградска арена“. Пред натпреварот, тренерот на црно-белите, Жељко Обрадовиќ, истакна дека на последниот натпревар се случиле одредени работи со кои не се ...

Македонслата репрезентација до 19. години на чело со селекторот Еркан Селими денеска од 15:30 часот ќе го одигра првиот пријателски дуел на гостински терен против Црна Гора. Нашите млади фудбалери од вчера се сместени во својата база во Црна Гора, а денеска ќе го одиграа првиот дуел во Даниловград. „Секако дека секогаш кога сме дел од националниот тим тоа е посебно чувство. да се носи дресот на Македонија е чест и одговорност, и тоа така треба ...

Сопствениците на Манчестер Јунајтед се во напредни преговори за продажба на клубот на друг инвеститор. Оваа бомбастична вест ја објави Турки Ал-Шеик, кој е претседател на Генералниот орган за забава (GEA), оддел на саудиската влада и советник на Кралскиот двор со ранг на министер. Претставникот на кралското семејство преговара со Манчестер Јунајтед за „црвените ѓаволи“ да го посетат Ријад за пријателски натпревар, кој ќе биде дел од ...

КК Црвена звезда соопшти дека Гркот Јанис Сферопулос повеќе не е тренер на клубот. „По заеднички состанок на претседателот на клубот Жељко Дрчелиќ, генералниот менаџер за спортски сектор Милан Томиќ, менаџментот на клубот и досегашниот тренер Јанис Сферопулос, донесена е одлука господинот Сферопулос да не ја извршува функцијата тренер на првиот тим. Одлуката е донесена со само една цел – затоа што и двете страни сметаат дека тоа е во најдобар ...

Зелено’ртските Острови ја пропуштија својата прва шанса за квалификација на Светското првенство со реми од 3:3 на гости против Либија, натпревар обележан со комичен втор гол и катастрофална грешка на помошникот судија што можеше да ја чини оваа репрезентација место на Светското првенство. Целиот цирукус почна во 76-та минута. Што точно се случуваше можете да видите во продолжение. This was Cape Verde’s 2nd goal in their 3-3 comeback game ...

Селекторот на Англија, Томас Тухел, одговори на прашањето за отсуството на играчите од средниот ред Џуд Белингам, Филип Фоден и Џек Грилиш од составот на „Трите лава“ за претстојниот квалификациски натпревар против Велс. „Ќе пристигнеме како аутсајдери бидејќи не сме победиле со децении и ќе се соочиме со тимови кои победиле многу пати. Затоа мора да дојдеме како обединет тим, во спротивно нема да имаме шанса“, рече Тухел. Германскиот ...

Во петок во Гент, со почеток од 20:45 часот нашата најдобра фудбалска репрезентација ќе и гостува на силната Белгија во квалификациски меч за СП 2026. Ова за нас ќе биде еден од најважните мечеви во нашата фудбалска историја. Имено познато е дека на 4 кола до крајот Македонија е лидер на табелата во групата со 11 бодови пред Белгија и Велс кои имаа по 10 бода, ама Белгија има и меч помалку. Познато е исто така дека само првиот во групата ...

Милан Стојановски е нов шеф на струката на Пелистер. Откако битолчани се разделија со Димитар Капиновски, по очајниот старт на сезоната, тој беше најсериозен кандидат за нов тренер на Пелистер, и тој денеска е промовиран како нов стратег. Милан Стојановски е поранешен македонски репрезентацтивец со 26 настапи, досега како тренер работел во Телеоптик и ИМТ. После промоцијата ги искажа своите очекувања…Стојановски ќе дебитира против Силекс на ...

Во Шангај се одржува еден од најтешките турнири од серијата АТП Мастерс 1000 во последните неколку години. Голем број познати тенисери го откажаа настапот, а и оние што останаа имаат сериозни потешкотии. Првиот и вториот тенисер на светот веќе се повлекоа – Карлос Алкарас го прескокна турнирот по триумфот во Токио, додека Јаник Синер се откажа поради повреда. Главниот проблем се временските услови. Според шпанскиот AS, температурата се искачува ...

Главниот тренер на Бока Јуниорс, Мигел Анхел Русо, почина во среда на 69-годишна возраст по долга борба со ракот, објави аргентинскиот клуб. Русо, кој беше на домашно лекување по неколку болнички престои во последните месеци, беше принуден да се повлече од своите секојдневни тренерски должности поради неговата болест. Сепак, тој остана активно вклучен во тимот и покрај влошената здравствена состојба, одржувајќи близок контакт со своите соиграчи ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
0.51
87%
1027
weather icon

Белград

1ᴼ / 1ᴼ
2.06
87%
1030
weather icon

Загреб

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
93%
1030
weather icon

Софија

1ᴼ / 1ᴼ
3.6
87%
1026
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
3.43
68%
1026
weather icon

Љубљана

-1ᴼ / -1ᴼ
0.51
100%
1030
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
3.09
66%
1024
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
44%
1025
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
50%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 4ᴼ
5.14
93%
1024
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
1.03
92%
1029
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
3.6
76%
1024
Currency

61.55

Currency

52.3892

Currency

70.1759

Currency

34.8585

Currency

38.0297

Currency

65.7832

Currency

7.42832

Currency

0.65978

Currency

0.3366

Currency

0.52442

Currency

1.2307

Currency

0.5785

Рутениум

29192.88

Злато

138244.13

Кобалт

58.42

Калај

42.10

Алуминиум

2.89

Иридиум

145787.60

Сребро

1991.80

Никел

463613.77

Паладиум

4758.31

Платина

56365.91

Бакар

10.77

Родиум

256402.20