Попладнево се одиграа сите осум средби од 27.коло во ВМФЛ. Во дербито на колото кое се одигра во Гостивар, Арсими успеа да ја победи Брегалница со 2:1 и користејќи го киксот на Башкими дома со Скопје, меч кој заврши 1:1, се искачи на втората позиција на табелата која води директно во ПМФЛ. Секако дека тимот од Чегране е пред историја, но има да се играат уште три кола. Брегалница пак се чини дека ја загуби битката и за тоа трето место кое води ...

Фудбалерите на Ипсвич извлекоа реми (2:2) на гостувањето кај Евертон во еден од двата попладневни дуели во Премиерлигата. Со голот на Бето екипата на Евертон поведе во 26. минута, а до 35. минута МекНеил веќе им донесе предност на домашните и од 2:0. Гостите се вратија со голот на Енциско во 41. минута, резултат со кој се замина на полувреме. Во вториот дел по голема битка Ипсвич успеа да израмни преку Хирст во 79. минута од мечот. Лестер со ...

Македонскиот фудбалски репрезентативец Кристијан Трапановски погоди на денешниот натпревар во шкотската Премеирлига за неговиот Данди Јунајтед на гостувањето кај Хиберниан во поразот од 3:1. Откако доби шанса во составот на гостите на стартот на второто полувреме, само 3 минути му беа потребни да ја затресе мрежата на домашните. Во тоа време Хиберниан веќе имаше водство од 2.0, па голот на Трапановски само ја намали негативата за гостите. ...

Шкупи – Вардар 0:2. Тоа е епилогот од големото дерби на мак – фудбалот, од битката за Скопје попладнево на Чаир, во меч од 30.коло во ПМФЛ. Убаво, интересно дерби во кое Вардар беше подобар тим и заслужено со головите на Мато и Матиќ успеа да победи и да покаже кој е кој во главнииот град. Со тоа продолжи серија на Вардар без пораз, ова е 14 меч во низа на кој нашиот најтрофеен клуб нема пораз. Секоја чест за Гоце Седлоски и неговите момци. Се ...

Баерн Минхен не успеа да ја освои 34-та титула во Германија уште денеска, откако дозволи да прими гол во судиското продолжение на мечот со Лајпциг и да остане без победа и три бода. Лајпциг го пречека моментално првопласираниот тим во германското првенство и успеа на крајот да извади 3:3, иако на стартот домашните водеа со 2:0, па Баерн во вториот дел направи целосен пресврт за 2:3. Сепак во самата завршница со голот на Јусуг Поулсен „биковите“ ...

Челзи повторно ќе троши пари за купување нови млади фудбалери. Последните информации говорат дека „сините“ се заинтересирани за 19-годишниот дефанзивец на Ајакс, Јорел Хато, и би можеле да го ангажираат ова лето, објави „Скај Спортс“. Хато оваа сезона одигра 47 натпревари во сите натпреварувања, постигна 3 гола и имаше 6 асистенции. Неговиот договор со Ајакс е со важност до летото 2028 година. Според проценките, Ајакс за ова младо име ќе бара ...

Заврши првото полувреме од дербито на 30.коло на Чаир меѓу Шкупи и Вардар со резултат 0:1 и тоа со голот на Мато во 45+1.минута. Во убава атмосфера пред повеќе од 3.000 гледачи, во скопската пресметка видовме тактичко надмурување меѓу двајцата тренери Ердем и Седлоски. Домашните во поголем дел ја имаа и иницијативата, имаа и неколку закани кон голот на Талески, на Имери во два наврати, на другата страна Омерагиќ од нешто оддесно шутираше за ...

Кошаркарите на Тиквеш ја остварија 13-тата победа и останаа убедливо на врвот на табеата во плеј-аут групата во домашниот кошаркарски шампионат. Денеска на гостувањето кај Вардар, гостите од Кавадарци обезбедија победа од 70:83. Откако на полувреме заминаа со двоцифрена предност (27:40), гостите с ечини во вториот дел само рутинскиси ја решија задачата. Мечот како најефикасен го заврши Златев со 20 поени, додека кај екипата на Вардар и на овој ...

Лидс Јунајтед славеше драматична победа од 1:2 на гостувањето кај Плимут во последното коло од Чемпионшип лигата на Англија и ја обезбеди титулата во второто по ранг англиско фудбалско натпреварување. Лидс Ј. заедно со Барнли од претходно го потврдија своето враќање во англиската елита, но денеска и двата клуба се бореа за тоа кој ќе биде шампион оваа сезона во Чемпионшип. Барнли славеше со 3:1 против Милвол, освои 100 бода исто како и Лидс Ј., ...

Велшкиот фудбалски репрезентативец кој пред само неколку месеци играше и на мечот од квалификациите за СП 2026 против Македонија во Скопје, Џо Ален, најави завршување на играчката кариера. Играчот од средниот ред на Свонси, одлучи да ги закачи копачките на крајот од сезоната. 35-годишниот Ален го одигра својот последен натпревар за Свонси денес против Оксфорд во последното коло од Чемпионшип. Тој се надеваше дека ќе стигне до Светското ...

Суперѕвездата на светската атлетика, Арманд Дуплантис, оствари уште една победа во својата кариера, повторно со рекорд. Олимпискиот, светскиот и европскиот шампион во дисциплината скок со стап, го освои натпреварувањето од Дијамантската лига во Шангај со нов турнирски рекорд од прескокнати 6,11 метри. Тој, исто така, ја крена летвичката и на 6,28 метри во обид да го подобри сопствениот светски рекорд од 6,27 метри, но направи три грешки на таа ...

Со голот на Јури Тилеманс фудбалерите на Астон Вила славеа попладнево на меч од новото коло во Премиерлигата против Фулам со 1:0 и успеаја да дојдат до уште една многу важна победа во трката за место во Европа и следната сезона. Четвртфиналистот во Лигата на шампионите оваа сезона, успеа да ги освои трите бода благодарение на погодокот на Белгиецот од првиот дел. Фулам во неколку наврати имаше убави шанси за израмнување, дури и постигна гол, но ...

Карло Анчелоти проговори за гласините околу неговото назначување во бразилската репрезентација. „Го сакам клубот, играчите и навивачите, имам почит кон нив. Ќе ви кажам за мојата иднина на 25 мај, не порано.“ Денеска весникот „Ас“ објави информација дека Италијанецот ја прифатил понудата на Бразил и се очекува на 12 мај да го потпише селекторскиот договор. „Размислуваме за сегашноста, за следните натпревари. Мислиме дека сè уште можеме да се ...

Формула 1 и организаторите на трката во Мајами одлучија да ја продолжат соработката за уште десет години. Тие потпишаа ново десетгодишно продолжување на договорот – до 2041 година. „Ова ни овозможува со сигурност да кажеме дека оваа трка ќе биде тука многу долго време. Продолжувањето на нашиот договор со Формула 1 до 2041 година е извонредно достигнување за целиот тим на Јужна Флорида Моторспортс, доказ за напорната работа, силата на ...

Словенечката кошаркарска ѕвезда Лука Дончиќ ќе има право на продолжување на договорот со Лос Анџелес Лејкерс почнувајќи од 2 август. Многумина очекуваат дека Леброн Џејмс, како лице на франшизата на ЛА Лејкерс, ќе биде оној што ќе се обиде да ја убеди словенечката ѕвезда да се посвети на клубот долгорочно, но четирикратниот шампион на НБА гледа поинаку на тоа. „Не, тоа не е моја работа“, рече Леброн Џејмс, кој се повреди во последниот натпревар ...

Чави Ернандез, легендата на Барселона и некогашен стратег на каталонската гордост веќе една година е без тренерски ангажман. Во последните неколку месеци неговото име се поврзуваше со повеќе клубови, но засега ништо од тоа. Денеска, Флоријан Петербург, еден од најдобрите познавачи на трансфер пазарот на својот Х профил објави дека Чави е еден од најголемите кандидати за тренер на Ал-Хилал. Познато е дека овој прбогат клуб од Саудиска Арабија, ...

Она што Гостивар го направи минатата недела, кога го прекина дербито со Работнички, и тоа како му се врати. Енес Уста и неговите компањони, капитенот Алпер Потук и тренерот, поради лиценцата, Блажо Панов, си добија што и заслужуваат. По двегодишна суспензија. Уста на сите нас ни покажа како не треба и како не смее да се води клуб. Дечкото е феномен. Имено во последните две години “фрли“ тешки милиони, го имаше убедливо најголемиот буџет во ПМФЛ ...

Дали Вардар 1961 ќе остане на врвот на табелата, одговорот ќе го добиеме денеска во Автокоманда. „Црвено-црните“ му гостуваат на секогаш незгодниот Алкалоид, мечот е закажан со почеток во 18 часот. Патот до титулата за ракометарите на Вардар 1961 има неколку „нагазни мини“, а една од нив е токму оваа пресметка со момците на Кирил Лазаров, кој пак нема да смета на најдобриот состав, откако се повредија и беа оперирани Марко Митев и Никола ...

Денеска се играат два нови меча од четвртфиналето во плеј-офот. Кожув и Пелистер мора максимално да ја искористат предноста на домашен терен. Гевгеличани се домаќини на МКК Куманово и губат со 1-2 во серијата подобар во пет меча, додека пак Пелистер исто на домашен терен го пречекува Работнички, и тука ситуацијата е јасна. Пораз за битолчани ќе значи крај на сезоната. Искусниот плејмејкер на Пелистер, Алексадар Костоски смета дека клучно за ...

Само во Србија и само на Балканот. Претепан малолетен судија, кој има само 17 години, и тоа среде натпревар од играч на кого му доделил жолт картон, а потоа и црвен. Ова е и повеќе од скандалозно а се случило во Србија на меч од кадетска лига меѓу екипите на Локомотива и Трудбеник. Моментот на насилство се случил кога судијата Немања Митиќ во 41.минута досудил пенал за Трудбеник при резултат 1:0 за домашните по што гостите израмниле на 1:1. ...

Попладнево од 16 часот се играат сите осум средби од 27.коло во ВМФЛ. Секако дека најинтересно ќе биде во Гостивар каде во дербито на колото Арсими ја дочекува Брегалница. Ова ќе биде дуел за 3.место на табелата, но ако победи тимот од Чегране тогаш легитимно ќе има право да се надева во последните три кола дека може да дојде до првите две места на тавбелата и до директен пласман во елитата. Брегалница денеска не смее да биде поразена ако сака ...

Селекторот на машката сениорска репрезентација, Јошко Миленкоски одлучи 22 одбојкари да се најдат на поширокиот список за настапот во Златната Европска лига 2025 и квалификациските дуели со Грција и Грузија за пласман на Европското првенство 2026. Миленкоски се потпира на добро проверени сили, репрезентативци кои и во минатото беа базата на селекцијата, а истовремено направи и мало освежување на списокот. Седуммина интернационалци браќата ...

Хрватскиот шампионат влегува во самата завршница. Битката за титулата е супер интересна, Ријека и Хајдук имаат по 56 бода, а Динамо еден помалку. По ова се гледа дека кој и да ја освои титулата, ќе се радува наш фудбалер. Александар Трајковски (Хајдук), Аријан Адеми и Стефан Ристовски (Динамо) и Јован Манев (Ријека). А денеска на „Пољуд“ во Сплит се игра едно од најголемите дербија на Балканот. Хајдук го дочекува Динамо Загреб. Со денови во ...

Денеска со мечот Шкупи – Вардар од 16 часот на Чаир, стартува 30.коло во нашата елитна фудбалска лига. Како и секогаш така и сега, ова ќе биде големо дерби, голема скопска пресметка. Шкупи – Вардар на Чаир за фудбалско уживање, посебно сега кога и двата тима не се оптоварени од резултат и со тоа дека по секоја цена мора да се освојат бодовите. Од друга страна и тоа како ќе има мотиви кај Шкупи и кај Вардар. Чаирчани сакаат победа над Вардар, ...

Александер Исак во моментов е еден од најбараните напаѓачи во Европа во пресрет на летниот преоден рок. Швеѓанецот кој блеска во дресот на Њукасл е трансферна цел на Ливерпул, Арсенал, ПСЖ, Барселона, за него има и баснословни понудим но јасно е дека за евентуален трансфер решаца самиот клуб. Околу ова прашање вчера свој коментар имаше и Еди Хау, менаџерот односно стратегот на Њукасл: “Од моја гледна точка, тој не е на продажба. Искрено јас ...

Веќе неколку месеци се говори дека Трент Александер – Арнолд, еден од најдобрите десни беков во моментов во светот на фудбалот, по завршување на сезоната ќе направи трансфер во Реал Мадрид. Уште повеќе дека Трент веќе има преддоговор со “кралевите“. Токму затоа сите со нетрпение очекуваат кој ќе биде играчот кој ќе биде замената за Трент, дали “Редси“ ќе се активираат на трансфер пазарот. Се чини дека Арне Слот, стратегот кој во својата прва ...

Како ли само почна викендов во Ф1 во Мајами. Кими Антонели со своите 19 години испиша историја. Тој со својот Мерцедес се избори во квалификациите за пол-позиција за спринтот кој ќе се вози денеска во 18 часот, па така стана најмладиоиот освојувач на пол – позиција во историјата на Формула 1, без разлика дали станува збор за спринт или главната трка. Кими беше најбрз во квалификациите и тоа пред Пјастри, Норис и Верстапен. Младиот Италијанец ...

Кошаркарите на Голден Стејт уште еднаш пропуштија шанса да изборат пласман во следната фаза во плеј – офот во западната конкуренција откако утринава беа поразен од Хјустон, во шестиот меч од оваа серија, со 107:115. Иако Стеф Кари и другарите во оваа серија водеа со 3:1, сега ќе мораат да играат мајсторка. А се чинеше дека ова серија брзо ќе заврши, сепак Хјустон сега е на чекор до историски пресврт. Стеф Кари кај поразениот тим забележа 29 ...

Андреј Шошкиќ, големиот талент на Работнички и големата надеж на македонската кошарка, својата кариера ќе ја продолжи во САД. Станува збор за универзитетскиот тим на Стони Брук во НЦАА лигата. Шошкиќ веќе има потпишано договор за соработка а беше и промовиран како што се гледа од социјалните мрежи. Одличниот плејмејкер на Работнички, кој со своите 20 години израсна во лидер на тимот и преходно имаше понуди за трансфер, сепак остана во клубот од ...

Кошаркарите на Барселона го победија Монако во четвртиот натпревар од плејофот на Евролигата со резултат 79:72, и со тоа се изборија за „мајсторката“ следната недела во Монте Карло. Како што изгледаше во првите два натпревари, Монако требаше рутински да го потврди своето место во Фајналфорот, но екипата на Жоан Пењароха успеа да направи епски пресврт и со две победи да дојде до петти меч. Вечерва за Барса Џабари Паркер имаше 22 поени, а Дарио ...

weather icon

Скопје

34ᴼ / 34ᴼ
3.09
28%
1005
weather icon

Белград

24ᴼ / 23ᴼ
4.12
57%
1004
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
0.0
77%
1007
weather icon

Софија

34ᴼ / 34ᴼ
6.17
20%
1004
weather icon

Сараево

38ᴼ / 38ᴼ
7.71
23%
1000
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 19ᴼ
1.03
73%
1008
weather icon

Атина

36ᴼ / 33ᴼ
5.81
27%
1004
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
5.14
35%
1007
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
5.14
65%
1006
weather icon

Букурешт

37ᴼ / 35ᴼ
4.12
26%
1001
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
3.6
79%
1005
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 30ᴼ
2.06
37%
1006
Currency

61.535

Currency

52.441

Currency

71.238

Currency

34.2452

Currency

38.4216

Currency

65.8439

Currency

7.32685

Currency

0.67241

Currency

0.35778

Currency

0.52473

Currency

1.31408

Currency

0.613

Алуминиум

2.57

Иридиум

146352.71

Кобалт

42.99

Никел

14917.50

Рутениум

24370.27

Калај

33.68

Сребро

1183.96

Злато

107236.00

Бакар

10.09

Паладиум

35848.08

Платина

44125.90

Родиум

176829.11

Цинк

2.67