Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Екипата на Тиквеш денеска и официјално се пресели во Анталија, каде што следните десетина дена ќе ги одработува тренинзите од актуелните зимски подготовки. Кавадарчани досега работеа во домашни услови, како и сите, а следува зенитот на оваа фаза од сезоната што се вели. Под водство на стратегот Борче Христов, Тиквеш во Анталија ќе одигра и неколку пријателски средби кои што ќе бидат клучни за темпирањето на формата. Екипата на Тиквеш ...
Со голови дури во последната третина од мечот, тимот на Реал Мадрид, денеска успеа на домашен терен да слави против екипата на Леванте, во рамките од новото коло во Примера. Килиан Мбапе погоди од пенал во 58. минута од пенал и го отвори резултатот, за да потоа во 65. минутта Раул Асенсио зголеми на 2:0. Подицна тоа ќе се покаже дека е и конечниот резултат на овој меч. По два последователни порази во СУпер купот односно Купот на Шпанија, ...
Се позачестени се информациите од инсајдерите дека Никола Јокиќ го напушта Денвер. Секако дека овие вести се вистинска “бомба“ ако се знае дека Србинот веќе години наназад е најдобриот кошаркар во светот и секоја вест за него и тоа како побудува внимание.Малку е веројатно дека Никола Јокиќ некогаш би сакал да го смени клубот, но искуствата од НБА ни кажуваат дека играчите честопати многу малку се прашуваат кога машината ги контролира нивните ...
Македонската ракометна репрезентација целосно се врти кон мечот со Португалија. Селекторот, Кирил Лазаров последна (не)проспиена вечер потенцира дека тие одат по златен медал и се поинаква димензија, нешто што сите можевме да видиме вчера на терен. „Овие ноќи особено за стручниот штаб и за тренерите секогаш се непреспиени, особено по натпревар, без разлика дали е победа или пораз, морате да сработите тоа што било и тоа што ве очекува. Кога ...
Фудбалерите на Силекс од денеска се во Анталија. Кратовци во Турцција отпатуваа заедно, со ист авион, со експедициите на Шкендија, Струга ТЛ и Пелистер. Четата на стратегот Александар Васоски во Анталија ќе се подготвува до 31 јануари. Инаку покрај вообичаените тренинзи, кратовци својот тим ќе го воигруваат и преку пријателски натпревари. Познати се ривалите и распоредот на сите пет средби кои се планирани за да ги одиграат играчите на ...
Екипата на Вардар денеска го одигра првиот пријателски меч во Анталија, на базичните подготовки. Истиот е неуспешен затоа што е доживеан пораз од тимот на Јаблонец со високи и убедливи 2:6. Јаблонец веќе по првиот дел водеше со 0:4, а во второто полувреме секако дека имаше и промена на составите. Вардар погоди во второто полувреме преку Олаосебикиан, односно Кастањеда. Екипата на Вардар денеска го одигра првиот пријателски меч во ...
И покрај тоа што во неколку наврати и тој самиот, а и од Ред Бул демантираа дека Јирген Клоп ќе биде тренер на Реал Мадрид набргу, сепак медиумите и натаму и натаму пренесуваат дека Германецот е блиску до „Сантијаго Бернабеу“. Затоа е и толку интересен за јавниста, но и поради фактот е е Клоп, еден од најдобрите тренери во 21 век. Клоп неодамна беше фотографиран покрај теренот во Берлин на НБА натпревар помеѓу Орландо Меџик и Мемфис Гризлис. ...
Тимот на Манчестер Јунајтед е победник во големото градско дерби кое што предмалку заврши. Триумф од 3:0 над тимот на Сити, на легендарниот Олд Трафорд, каде што Јунајтед одигра речиси перфектен меч и не му дозволи на реално залетаниот ривал воопшто да се наметне и да дојде до шанса за победа. Јунајтед уште од стартот на мечот покажа дека има намера со неговиот нов менаџер Мајкл Керик да дојде до три бода и тоа и се случи. Два поништени гола ...
Тимот на Пелистер, на левата бековска позиција од денеска е посилен за интернационалецот од Србија, Милан Србијанац. Дефанзивецот има во моментов 27. години и последно бил дел од тимот на Железничар Инџија. Тој е производ на тимот на Инџија, а во кариерата уште има настапувано и за екипите на Кабел, Раснички Срем, Графичар…. Пелистер денеска замина на подготовки во Анталија, каде што ќе го одработи главниот дел за зимава. Тимот на ...
Македонската ракометна репрезентација со пораз од Данска го отвори Европското првенство. Селекторот, Кирил Лазаров и неговите момци беа совладани од актуелниот светски и олимписки првак со 36-24. Данска на дело покажа зошто е еден од главните фаворити за златниот медал на овој шампионат, овој тим е вистинска ракометна машина составена од бројни ѕвезди. Иван Џонов беше задолжен да го чува Матијас Гидсел, еден од најдобрите ракометари во ...
Денеска е третиот натпреварувачки ден од ЕП 2026. По вчерашниот меч со Данска, нашите ракометари имаат ‘“слободен ден“, но затоа на програмата се нови шест меча. Во секој случај ќе биде интересно. Србија предводена од Раул Гонзалес ќе има тешка задача, ќе ги одмери силите со Германија. Во случај на пораз јасно е дека нема веќе шанси за пласман понатаму, ако се знае дека на првиот меч Србите беа поразени од Шпанија. “Фуријата“ се среќава со ...
Реал Мадрид денеска од 14 часот го пречекува Леванте во 20-тото коло од Ла Лига, а ќе биде првиот домашен натпревар во кој Реал ќе преземе посебни мерки. Навивачите кои ќе бидат фатени како ги свиркаат играчите и тренерскиот персонал ќе им биде забрането да доаѓаат на домашни натпревари за одреден период. Необичен и донекаде очаен потег во редовите на кралскиот клуб. Како објаснување, тие го наведуваат фактот дека секој притисок и лоша ...
Капитенот, Филип Кузмановски не ја губи вербата, напротив како еден од поискусните во нашиот најдобар национален тим, гази цврсто по земја. Македонија загуби од тим полн со ѕвезди и претедент на златниот медал на ЕП, кој му недостасува од 2012 година. Кузмановски знае дека Португалија е тежок противник, но верува дека Македонија да одигра добар меч и да се најде во втората рунда. „Можеби во грч отворивме со Данците, знаеме дека можеме да ...
Мартим Кошта еден од најдобрите ракометари на следниот противник на македонската ракометна репрезентација на Европското првенство, ги искажа своите очекувања за утрешниот дуел. Португалија стартуваше со победа против Романија во нашата група, гласи за една од најдобрите селекции на шампионатот. „Македонија има добар тим и играат добар ракомет. Го гледав натпреварот со Данска, одиграа добро прво полувреме и добро парираа на Данците. Ќе ...
Се чини дека Работнички е во офанзива, кога станува збор за зимскиот преоден рок. Ардит Дестани, лево крило кој има 22 години и кој досега беше дел од составот на Шкупи, е најновото, четврто засилување во зимскиот преоден рок кој му става на располагање на тренерот Муарем Муарем. Инаку Ардит Дестани е роден во Швајцарија, има играно за неколку клубови во таа земја, а во Македонија дојде минатото лето кога потпиша за Шкупи. Се чини дека ...
Последните вести од Шпанија велат дека голманот Марк -Андре Тер Штеген дека останива во Каталонија, ама не во Барселона. Искусниот германски голман е поблиску до позајмица во Џирона, чии услови веќе ги прифати, па сè што останува е Камп Ноу да се согласи на тоа. Џирона се покажа како најконкретна во решавањето на агонијата во која се најде искусниот голман, па долгогодишниот голман на мрежата на Барселона би можел да го позајми дресот на ...
По Мерџани и Мухарем, Работнички утринава се пофали со уште едно ново име во своите редови, со уште едно засилуивање. Српскиот интернационалец Никола Пејовиќ (27) е најновото засилување за Работнички. Тој игра во дефанзивната линија и може да одговори на позициите стопер и десен бек. Негов последен клуб е Борац Бања Лука, а во кариерата има играно и за Рудар Велење, Пролетер, Локомотива Загреб, Рудеш, Емполи, Пистоезе, Земун. По Мерџани и ...
Интересно, но веројатно практично. Имено утринава експедициите на чтири наши клубови со ист авион заминаа за Анталија. Тоа се фудбалерите на Пелистер, Силекс, Струга ТЛ и Шкендија. За овие двете последни веќе информиравме, а во истиот авион со тетовци и стружани биле и фудбалерите на Силекс и Пелистер, кои исто така во следните денови ќе тремираат во Анталија и воедно ќе одиграат неколку пријателски натпревари. Да потсетиме напролет Струга ...
Фиорентина извести дека претседателот на клубот, Роко Комисо, починал по долго боледување. Шефот на „виолетовите“ наполни 76 години минатиот ноември, а во долга порака на веб-страницата на клубот, Фирентинците изразија благодарност за успесите на првиот тим во Италија и на меѓународните турнири, како и сочувство до семејството на Роко. „Во овој момент на голема тага, искрена мисла им упатуваме на сите во Фиорентина – персоналот, играчите и ...
Како што и беше најавено, од денеска фудбалерите и стручните штабови на Шкендија и Струга ТЛ ќе ги стартуваат своите подготовки во Анталија. Експедициите на двата клуба утринава “летнаа“ за познатиот спортско – туристички центар во Турција. Тренерите на двата тима, Јетон Беќири и Бледи Шкемби во следните десетина дена ќе треба да ја пронајдат вистинската форма за тоа што и двата тима ги чека, а тоа е битка за титулата, се разбира заедно со ...
Уште еден блесок на Бојан Миовски во дресот на Глазгов Ренџерс. Синоќа на свој терен во меч од 1/16 финалето во Купот на Шкотска, Ренџерс победи со 5:0 против Анан, а Македонецот комплетираше хет – трик. Се разбира дека по мечот тој беше централна фигура за тамошните медиуми: “Добро е што влегувам во голгетерска форма. Се трудам на секој меч да постигнам гол. На овој меч постигнав хет – трик, се надевам дека ќе продолжам во тој правец. ...
Покрај македонската ракометна репрезентација, на ова Европско првенство, нашата земја ја претставуваат и македонските арбитри, Димитар Митревски и Благојче Тодоровски. Двајцата добија номинација на континенталното натпреварување, тие ќе ја делат правдата на дуелот меѓу Шведска и Холандија, кој се игра во Осло. Дуелот се игра со почеток во 20:30 часот, во рамките на групата Е. За македонската судиска двојка ова е прво големо натпреварување. ...
Македонската ракометна репрезентација на првиот натпревар на Европското првенство беше без помошта на искусниот тандем од Пелистер, Никола Митревски и Жарко Пешевски. Селекторот, Кирил Лазаров не ги изостави случајно против Данска, двајцата се пожалиле на ситни повреди, па предводникот на нашиот национален тим не сакаше да ризикува. Нивната ситуација ќе се следи во текот на денешниот и утрешниот ден, по што медицинскиот тим ќе одлучи дали ...
ЛА Клиперс го победија Торонто Репторс со 121-117 по продолжение. На овој начин тимот од ЛА ја продолжи победничката серија од пет натпревари во низа. Џејмс Харден го предводеше тимот со 31 поен и 10 асистенции, додека Ивица Зубац исто така имаше многу добра игра. Хрватскиот центар постигна 16 поени и имаше 14 скока за Клиперс. Ова беше нивната 12-та победа во последните 14 натпревари, откако ја отворија сезоната со резултат од 6-21. Тимот, ...
Македонската ракометна репрезентација со пораз стартуваше на Европското првенство, откако беше совладана од актуелниот светски и олимписки првак со 36-24 (17-12). Домаќинот покажа зошто е најголем фаворит за златниот медал на дело, а на патот кон триумфот имаше поддршка од своите фанови. На трибините во „Јиске Банк Боксен“ Арената имаше 15.000 навивачите. На оваа средба Кирил Лазаров не сметаше на Никола Митревски и Жарко Пешевски. Голманите ...
СпортСпорт во Хернинг, Марија Ковачева Македонија на својот прв меч на ова ЕП не одигра така лошо против најсилната селекција во светот. Јасно е дека попразот е убедлив, но сепак имаше и светли моменти. Нема простор за разочравување, за нас допрва претстои она вистинското. По мечот со Данска свој коментар имаше капитенот Филип Кузмановски: “Како прво честитки на Данците за победата. Мислам дека во грч го отворивме овој меч, мислам дека со ...
Македонската ракометна репрезентација со пораз стартуваше на Европското првенство, откако беше поразена од фаворитот Данска со 36-24. Актуелниот светски и олимписки првак на дело покажа зошто е главен фаворит за златниот медал. Македонија пак на овој дуел во составот ги немаше Жарко Пешевски и Никола Митревски. Селекторот, Кирил Лазаров после мечот ги сподели своите импресии од дуелот. „Можам да кажам слободно, иако е тешко кога ќе изгубиш ...
Денеска во Нион се одржа ждрепката за нокаут – фазата од плеј – офот во Лигата на Конференции. Познато е дека Шкендија,во својот историски настап напролет во Европа, на 19 и 26 февруари ќе се сретне со турскит Самсунспор. Во случај да ја мине оваа пречка тогаш во следната фаза ќе игра против Шахтјар или Рајо Ваљекано. The knockout phase play-off draw is complete ✅#UECL | #UECLdraw pic.twitter.com/faXZJfuv81 — UEFA Conference League ...
Ситуацијата во Реал Мадрид е повеќе од критична како што беше веќе долго време. Тимот е во криза, а клубот го отпушти од тренерот Чаби Алонсо. Неговиот наследник и добар пријател Алваро Арбелоа започна со срамен пораз од Албасете и елиминација од Купот на Кралот. Ова значи дека големиот шеф Флорентино Перез ќе мора да преземе сериозни мерки. Според извештаите од COPE, претседателот на Кралевите разгледува „огромни“ и „изненадувачки“ одлуки ...
Екстра голгетерска вечер имаше нашиот интернационалец и репрезентативец, Бојан Миовски во Купот на Шкотска, каде што неговиот Ренџерс обезбеди висока 5:0 победа против нисколигашот, Анан, а напаѓачот постигна три гола. Во рамките од 1/16 финалето од ова натпреварување, Ренџерс излезе на терен и многу бргу ги реши дилемите. Миовски погоди веќе во 12. минута, за да во 32. минута веќе создаде и двојно водство. По голот на Дауел на стартот на ...