
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



Кошаркарите на Гостивар и Шкупи ја продолжуваат трката за последното место кое обезбедува опстанок во домашната кошаркарска елита. Во денешните средби од тековното плеј-аут коло, Шкупи на домашен терен немаше посебни проблеми и со убедливи 104-79 славеше против екипата на Вардар, додека Гостивар беше убедлив на средбата со Тиквеш обезбедувајќи триумф оф 84-69. И двата тима остануваат со идентичен скор и бодовно салдо во трката да се избегне ...
Ако светот вчера сведочеше на епски меч во Милано меѓу Интер и Барселона во Лигата на Шампионите, кој заврши со победа на домашните од 4:3 со што изборија пласман во финалето во ЛШ, денеска сведочевме во Струмица на нешто слично. Брера – Шкуи 4:3, меч за паметење во мак – фудбалот. Меч кој донесе седум голови, многу шанси, пенали, грешки, битка до последен здив и на крај домашна радост како на теренот така и на трибините. Ова беше Интер – Барса ...
Македонската ракометна репрезентација има шанса како второпласирана во својата група да се пласира на Европското првенство 2026 година. Сето ова е благодарение на Словенија која иако не замина со најсилен состав на гостувањето кај Литванија славеше со 28-31. Сега само едно сценарио останува за селекторот, Кирил Лазаров и неговите момци за второто место. Прво да ја победат Естонија на гости утре, а потоа на домашен терен да слават над Литванија ...
Од денеска Македонија и официјално има нов шампион, тоа е Шкендија. По двегодишна доминација на Струга ТЛ, претходно една сезона и на Шкупи, Шкендија по петти пат во својата клупска историја е првак на Македонија. Ова е и прва титула на Јетон Беќири како тренер на тетовци. Минатата сезона Струга ТЛ среде Тетово им ја “украде“ титулата на коло до крајот, но сега Шкендија не ја направи истата грешка. Го победи мотивираниот Работнички со 2:1 и ...
Вчера претседателот на САД, Доналд Трамп го прими првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино со цел да се види до каде се подготовките за СП кое ќе се одржи следната година во САД, Канада и Мексико. Како прво тој нагласи дека не знаел дека Русија не учествува во квалификациите за Мундијалот, дека била суспендирана од страна на ФИФА и УЕФА. Посочи и дека добро би било да се најде модус да се врати Русија во светскиот фудбал зошто според него тоа ќе ...
Сега е и дефинитивно. Јувентус сака по секоја цена да се ослободи од Душан Влахович и предвреме да се раздели со Србинот. Ова се најавуваше со месеци наназад, но денеска медиумите во Италија пренесуваат дека гигантот од Торино ја одредил цената за својот напаѓач. Таа изнесува 40 милиони евра, но раководството на клубот од Торино е подготвено да разговара и за помала сума. Од ова се гледа колку очајно Јуве сака да се ослободи од Влаховиќ, кој ...
Видеолотарија Касинос Австрија е златен спонзор на ФК Аеродром 2018 Скопје, клуб кој со својата посветеност и амбиција успешно се позиционира на фудбалската сцена. Компанијата во континуитет поддржува спортски проекти и вложува во развојот на македонскиот спорт, во рамките на својата визија за модерна и општествено одговорна компанија. Партнерство беше официјализирано денеска на теренот на фудбалскиот клуб од Ново Лисиче во присуство на ...
Попладнево се играат три средби од 31.коло во ПМФЛ. Под Шара домашната Шкендија има убедливо водство против Работнички со 2:0 и тоа со головите на Љатифи и Тамба. Како што е познато во случај на победа тимот на Шкендија и официјално ќе биде шампион на Македонија. Со голот на Миловановиќ во 40.минута Тиквеш води со 1:0 против Беса, додека во Струмица каде играат Брера и Шкупи моменталниот резултат е 1:2. Наумчевски за домашните и Асани и Имери ...
По се она што се случи вчера во Гевгелија, по оној невиден скандал на мечот Кожув – Башкими, денеска Фудбалската федерација на Македонија се огласи со ново соопштение во кое се информира за чекорите кои се преземени за овој случај: „Како што најавивме во вчерашното соопштение, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) продолжува со интензивна постапка за утврдување на неправилностите поврзани со натпреварот од 28. коло во Втора МФЛ меѓу ФК ...
Синоќешниот реванш дуел од полуфиналето во Лигата на Шампионите одиграно во Милано, помеѓу Интер и Барселона ќе биде запишано во аналите на светскиот фудбал, како еден од најдобрите фудбалски мечеви во историјата. Реално, она што синоќа се случуваше на Џузепе Меаца е рамно на фудбалско совршенство и се што се нарекува убавина во овој спорт. Навивачите на Интер се во екстаза, го слава пласманот во финалето, а во тоа имаат и другари што се вели. ...
Кошаркарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово ќе биде организатор на завршниот турнир за најмладата возрасна категорија, М12, во машка конкуренција, од лигите кои ги организира Кошаркарската Федерација на Македонија откако денеска ја обезбеди организацијата на лицитацијата организирана од канцеларијата за младински лиги при КФСМ. Кошаркарите до 12 години ќе бидат првите кои ќе го комплетираат натпреварувањето за натпреварувачката сезона, со дводневен ...
Екипата на Алба Берлин нема повеќе да биде дел од Евролигата. Наместо тоа, клубот од Германија ќе се пресели во ФИБА Лигата на Шампионите. По вели 24 години престој во Евролигата, овој клуб ја менува стратегијата на функионирање и оди во друг правец. Вреди да се спомене дека Алба како клуб има настапувано по 12 сезони во Евролигата односно Еврокупот, а од 1991 година наваму клубот од Берлин има насатапувано вкупно 11 сезони во натпреварувања ...
Вечерва од 21 часот, на „Паркот на принциовите“ во Париз, се игра реваншот од второто полуфинале во годинешната сезона во Лигата на Шампионите. ПСЖ го дочекува Арсенал и го почнува овој реванш со предност од 1:0 ако се знае дека на „Емирејтс“ во Лондон минатата недела “светците“ победија со голот на Дембеле. Значи вечерва ќе дознаеме кој од ПСЖ или Арсенал ќе оди во финалето во Минхен на 31 мај и ќе му се спротистави на Интер кој вчера во епски ...
Селекторот на женската сениорска репрезентација, Стефан Пауновиќ, одлучи да повика 20 одбојкарки на првиот собир во Струмица, за стартот на подготовките за настапот во Сребрената Европска лига. Петте интернационалки, организаторите на играта Јонузи и Ричлиева, и примачите Стојанова, Терзиевска и Хаџитошева ќе бидат основата на селекцијата заедно со колешките од трите најдобри екипи во моментов, новиот шампион Јанта Волеј КВ, финалистот на ...
Ракометната федерација на Македонија предмалку објави дека донела одлука машката ракометна репрезентација да биде наградена со три милиони денари за пласманот на ЕП во 2025 година. Инаку нашата репрезентација е во ек на подготовките за двата преостанати дуели од квалификациите, а тоа се оние против Естонија утре, односно против Литванија во недела. Ракометот и натаму е нашиот прв екипен спорт, и репрезентацијата и понатаму е дел од сите големи ...
Не стивнуваат страстите по вчерашниот дуел од ВМФЛ шампионатот помеѓу екипите на Кожуф и Башкими. На очиглед на домашната публика во Гевгелија, Кожуф малтене му дозволи на гостинот да победи со гол постигнат во судиското продолжение, и на начин на кој што треба сите актери на овој меч да се засрамат. По ова, откако јавноста „збесна“, ФФМ најави сериозна истрага, санкции и реперкусии за направеното, се јавија двата клуба со соопшение, еве ги ...
Кога ќе кажеш Јуп Хајнкес се е јасно. Станува збор за еден од најдобрите германски фудбалски тренери, но и како играч беше голема ѕвезда. Во петок ќе го прослави својот 80-ти роденден, јасно е дека тој секогаш е интересен за медиумите. Во едно од своите најнови интервјуа, Хајнкес истакнува дека воопшто не му се допаѓа каде оди фудбалот и спортот воопшто: “Тоа е огромен број натпревари со кои навивачите-потрошувачи се преплавени. Но, така ...
Репрезентацијата на Македонија до 16. години предмалку на стартот на развојниот турнир во Црна Гора загуби од селекцијата на Србија со конечни 2:0. Во меч во кој противникот, но и ние имавме свои моменти, Србија ги искористи своите шанси, а ние сепак, останавме покуси овојпат за погодок. На два пати по погодивме оквирот на голот преку Амети и Лука Георгиевски, додека шанси промашија Петковски, Ракипи, Исламовиќ. Нашиот тим одигра добро, но ...
Јавноста не престанува да се бранува по вчерашниот дуел од 28. коло од ВМФЛ шампионатот кој беше одигран во Гевгелија помеѓу екипите на Кожуф и Башкими. Меч кој што требаше во голема мера да одлучи околу бодовите за претендентот за првото место, екипата на Башкими, се претвори во тотална бламажа. Обвинувања за наместен натпревар, голо постигна во последните секунди кој што во најблага рака може да се окарактеризира како „сомнителен“. По ...
Каталонскиот клуб беше елиминиран во полуфиналето на Лигата на шампионите по продолженијата, иако водеше со 3:2 до 87-та минута. На крајот, фудбалерите на Интер се пласираа во финалето со победа од 4:3. „Дадовме сѐ од себе, оваа година тоа не беше можно, но ќе се вратиме, да не се сомневате. Нема да застанеме додека не го оставиме овој клуб таму каде што заслужува да биде, на врвот“, напиша Џамал на Инстаграм. „Ќе го одржам ветувањето и ќе го ...
Фудбалерот на Барселона, Рафиња, го израмни рекордот на Кристијано Роналдо со 21 гол во една сезона во Лигата на шампионите. Сепак, испаѓањето на Каталонците од Интер ќе го спречи Рафиња да ја престигне португалската ѕвезда. Рафиња го постигна еден од головите во поразот на Барса од Интер со 3-4 во елиминацијата од турнирот. Оваа сезона постигна 13 гола и запиша 8 асистенции. 21 – Raphinha has now equalled Cristiano Ronaldo’s competition record ...
После се она што се случи вчера во Гевгелија, по оној срам и веројатно најтежок скандал во последните децении во мак – фудбалот, нормални беа реакциите од сите страни. Сите се вџашени од тоа што се случи, од начинот на кој Башкими победи на гости кај Кожув, од тие моменти во последните минути од средбата кога домашните стоеја, голманот се тргаше на страна а гостите од Куманово си дадоа гол за победа и за три бода со кои се во игра за пласман во ...
Денеска од 17 часот се играат уште три средби од 31.коло во ПМФЛ. Од познати причини Пелистер и Силекс своите мечеви ќе ги добијат со службени 3:0 против Воска и Гостивар, па така сите погледи ќе бидат свртени кон Тетово. Имено денеска и официјално Македонија може да добие нов првак во ПМФЛ, а тоа е екипата на Шкендија. Тимот на Јетон Беќири треба да победи против Работнички, кој веќе избори пласман во Европа, и со тоа да стави печат на петтата ...
Интер е првиот финалист во Лигата на шампионите оваа сезона. Првиот натпревар во Каталонија заврши 3:3, а идентичен резултат беше и во реваншот во Милано, каде победникот беше решен по продолженија, а таму пресуди голот на Фатеси. По завршување на мечот доста емотивен беше Лаутаро Мартинез. „Плачев со сопругата и децата, но им ветив на моето семејство дека ќе бидам на теренот. Мајка ми исто така беше загрижена, ми се јавуваше цело утро. Многу ...
Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, истакна дека неговиот тим одиграл со своите силни страни против Барселона и заслужено стигнал до финалето на Лигата на шампионите. „Мора да им честитаме на Барселона бидејќи тие се навистина силен противник. Потребен беше супер Интер, па им честитам на моите момци за двата неверојатни настапи. Тоа беше единствениот начин да стигнеме до финалето. Горд сум што сум нивен тренер бидејќи дадоа сè од себе, а и оние ...
Тренерот на Барселона, Ханси Флик, го изрази своето разочарување по елиминацијата на тимот од Лигата на шампионите од Интер. Тој не го криеше своето незадоволство од она што го сметаше за „нефер“ резултат и некои судиски одлуки кои, според него, беа во корист на „нераѕурите“. „Сите сме разочарани бидејќи вложивме многу во овој натпревар. Некои контроверзни ситуации беа решени во корист на Интер, но таква е ситуацијата. Горд сум на тимот, мислам ...
Голден Стејт Вориорс поведоа со 1:0 против Минесота Тимбервулвс во второто коло од плејофот со победа на гости. И покрај тоа што нивниот најдобар играч Стеф Кари се повреди на почетокот на натпреварот, Вориорс победија со 99:88. Кари го напушти натпреварот по нешто помалку од 13 минути на теренот откако почувствува болка во тетивата. Тој ќе биде подложен на магнетна резонанца и иако се верува дека повредата не е сериозна, тренерот на Вориорс, ...
По се она што се случи вчера во Гевгелија, кога во последните моменти од средбата домашните фудбалери на Кожув стоеја а гостинските на Башки постигнаа победнички гол за 1:2, некаде после полноќ со официјална реакција се јави и Башкими. Додека цела Македонија не може да поверува во тоа што го виде, од таборот на кумановци уверуваат дека се било чисто. Навистина неверојатно. Ви го пренесуваме во целост соопштението на Башкими: “Загрижени и ...
Повлекувањето од ПМФЛ на Воска и Гостивар, донесе нешто интересно и несекојдневно, барем кога станува збор за ВМФЛ. Имено сега откако се знаат сите победници во петте региони или трети лига и откако веројатно Осогово ќе биде 16-ти на крајот во второлигашката конкуренција, се знаат сите шест екипи кои ќе играат бараж мечеви за пополнување на ВМФЛ. Тоа се Преспа (Трета лига – југозапад), Големо Коњари (Трета лига – југ), Шкендија Арачиново (Трета ...
Интер – Барселона 4:3 и тоа по продолженија. Ова е епилогот од реванш мечот од 1/2 финалето во Лигата на Шампионите вечерва на “Џузепе Меаца“ во Милано. Ова е епилогот од епското полуфинале кое ќе се памети со децении, ова беше фантазија од фудбал и Интер во финале, во своето седмо во клупската историја. Интер водеше со 2:0, па беше 2:3 за Барса. Со тие 3:3 се замина во продолженија а таму Фратези стрелаше за конечна победа на Интер од 4:3 и за ...