Претстои ракометен празник во Битола. Утре од 20:45 часот во меч од Лигата на Шампионите гостува Барселона, славниот каталонски и шпански клуб, веројатно најголемиот во историјата на ракометот. Барса за првпат гостува во Битола, а тренерот на нашиот шампион, Рубен Гарабаја има свој коментар за дуелот меѓу Пелистер и Барселона: “Барселона е една од најдобрите три екипи во светот. Секој натпревар против нив е посебен, затоа што имаат мнигу ѕвезди ...

И дефинитивно Енис Барди е фудбалски генијалец кога станува збор за изведување на слободни удари и постигнати голови од далечина. Се играше 75.минута кога нашиот капитен успеа од околу 30 метри да постигне фантастичен гол и да израмни на 1:1 синоќа со Казахстан. Медија – тимот на УЕФА веднаш на своите социјални мрежи го стави голот на македонскиот капитен и напиша… “Генијалецот Барди“… Секако дека ова е еден од најубавите ако и најубав гол во ...

Македонија синоќа во Скопје одигра 1:1 со Казахстан, а во Кардиф гостинската селекција на Белгија со 2:4 славеше против Велс и со тоа веројатно стави печат на првото место во групата и директниот пласман на СП 2026. Инаку во еден момент во второто полувреме мечот беше во прекин и тоа поради еден непоканет гостин. Имено стаорец се појави на теренот на и мораше да се вложи дополнителен напор истиот да се избрка. Колку за потсетување, Македонија ...

Македонија и покрај желбите, посакувањата на сите нас, сепак не успеа да слави вечерва против Казахстан. Одигравме само 1:1 со Казахстан и освоивме само бод. Сега веќе не сме лидери на табелата, ноемврискит циклус ќе го дочекаме како втори на табелата. По мечот свое видување имаше Исник Алими: “„Жалиме по ова реми.Бевме уморни од натпреварот со Белгија. Креиравме многу шанси, но како да немавме доволно среќа. Во првото полувреме требаше да ...

Енис Барди уште еднаш покажа дека е фудбалски мајстор. Во таа 74.минута од околу 30 метри од слободен удар постигна фантастичен гол за 1:1. До крајот Македонија имаше уште две – три шанси за целосен песврт и победа, но сепак не успеа. Сепак честитки за борбеноста, храброста и играта во второто полувреме. Македонија сега е во серија од 14 официјални меча без пораз и ќе игра бараж за пласман на СП. А, капитенот во еден момент на мечот се фати за ...

Казахстанската фудбалска репрезентација вечерва во Скопје го оствари планираното. Остана не поразена, одигра 1:1, ја остави Македонија без посакуваниот триумф. Гостите вечерва пристигнаа за да играат фудбал, и тоа го направија. Пред преполната Арена одиграа машки, не се исплашија и заслужено си заминуваат со кренати глави. „Задоволен сум од играта и од тоа како се прикажавме. Во првиот дел изгледавме сосема добро, со оглед на тоа како се ...

Македонија вечерва на Арената во Скопје одигра 1:1. Во првиот дел не блескавме, во продолжение од мечот и тоа како се поправививме, имавме и шанси за победа, но не успеавме. По мечот свој коментар имаше играчот за врска на нашата селекција Тихо Костадинов: “Тежок меч, на кој ете не успеавме да го постгинеме тој втор гол. Имавме шанси, но не успевме. Штета што со победа вечерва не го потврдивме тој бод во Гент. Нема назад, одиме натаму. Имаме ...

Македонската фудбалска репрезентација не успеа вечерва да го оствари планираното и да победи во седмиот дуел од актуелните мундијалски квалификации против соодветната селекција на Казахстан. И покрај огромната желба, напор и жртва која што ја дадоа нашите момци, овојпат едноставно не ни беше судено. Или пак, Казахстан беше доволно квалитетен за да оствари реми во Скопје, кое нас не „боли“ многу, а нему само му ја билда атмосферата. „Што би ...

Покрај мечевите од групата Ј, вечерва се одиграа уште неколку средби во квалификациите. Франција без Килијан Мбапе одигра 2:2 на Исланд. За домашните стрелаа Палсон и Хлунсон, а за гостите Нкунку и Матета. Германија славеше со 0:1 кај С. Ирска. Додека Косово како гостин ја шокираше Шведска со 0:1 и тоа со голот на Аслани во 52.минута. Словачка го победи Луксембург со 2:0, Словенија и Швајцарија одиграа без голови и Украина го победи Азербејџан ...

Македонија не успеа да го победи Казахстан, одигра дома само 1:1. Исто така во Кардиф селекцијата на Белгија победи кај Велс со 2:4. Па така сега Белгија е прва, а ние речиси и да немаме шанси за директен пласман на Мундијалот ако се знае дека сега сме втори со 13 бодови, прва е Белгиоја со 14 и меч помалку. Ова значи дека во ноември во Кардиф на гости кај Велс, на Македонија ќе и треба веројатно реми за да го обезбеди второто место и баражот. ...

Македонската фудбалска репрезентација и покрај огромната желба, надчовечките напори, и напорот кој што го даде вечерва на Арената Тодор Проески во Скопје, сепак, на крајот не успеа да ја извојува таа толку посакувана победа над Казахстан во рамките од седмото коло до Мундијалските квалификации и одигра реми 1:1. И покрај фаворитската улога која ја имавме, со оглед на првото место во групата пред ова коло, сепак, Казахстан вечерва се покажа како ...

Ибрахим Конате, Францускиот стопер на шесткратниот европски шампион, кој моментално заработува 70.000 фунти неделно, откри дека бил „преплашен од трошење на сопствени пари“ кога пристигнал во елитниот фудбал. Во интервју за „Дејли меил“, тој рече дека се плашел од осудата на своите браќа ако покаже барем малку луксуз. „Станав тоа што сум благодарение на секој од нив. Од првите чекори во парискиот универзитетски клуб до Ливерпул, тие секогаш беа ...

Во летниот преоден рок еден од најголемите и најспектакуларни трансфери беше оној на Флоријан Вирц од Леверкузен во Ливерпул. За него “Редси“ дадоа и повеќе од 130 милиони евра, но јасно е дека Германецот кој има 22 години, барем на почетокот не успева да го искаже својот раскошен квалитет. Можеби затоа на Островот веќе почнаа критиките кон него. За ова свој коментар имаше Илкај Гундоган, неговиот некогашен соиграч од репрезентацијата на ...

Македонската фудбалска репрезентација во моментов го игра седмиот квалификациски дуел од тековната Мундијалска кампања во кој се среќава на домашен терен со репрезентацијата на Казахстан. Нашиот национален тим во овој дуел влезе како лидер на табелата со дванаесет освоени бодови, а спроти себе има тим кој го победи и на негов терен во оваа кампања. Сепак, Казахстан не пристигна во Скопје да се брани, и тоа веднаш го покажа. Чесноков беше тој ...

Заборавениот лев бек на Реал Мадрид, Ферлан Менди, ќе се врати на групни тренинзи оваа недела по цели шест месеци. Мадридските медиуми денес потврдија дека Менди конечно добил зелено светло да се врати на тренинзи со остатокот од тимот и дека наскоро ќе се натпреварува за составот на Чаби Алонсо. Исто така, информации од Мадрид тврдат дека Менди би можел да влијае на времето на играње на Фран Гарсија, кој досега беше план Б наместо Алваро ...

Просто за неверување. Некојси Зеленортски острови се пласираа на СП 2026 и тоа директно. Оваа земја е всушност архипелаг од повеќе острови а сите заедно имаат 4.033 км2, и имаат само околу 500.000 жители или половина Скопје. Видете само ја еуфоријата откако беше означен крај на мечот со Есватини на кој Зеленортски острови победија со 3:0 се пласираа на Мундијалот. Којзнае како ќе биде вечерва славјето. Look what it means to Cape Verde after ...

Ниту Килијан Мбапе, ниту Усман Дембеле, иако овој вториот недоамна ја освои „Златната топка“. Според Зинедин Зидан, барем индиректно тоа го кажа, најдобар бил Ламине Јамал. Тоа наиде на мало негодување во Франција, ама Зизу како и секогаш и сега е искрен: „Играчот кој буди најмногу емоции кај мене кога ќе ја допре топката е Ламин Јамал. Против Интер минатата сезона, на „Џузепе Меаца“, тој правеше што сакаше. Никогаш не сум видел нешто слично во ...

Чудо невидено. Првокласна сензација. Сепак сосема заслужено. Селекцијата на Зеленортските острови и официјално се пласираше на СП 2026, откако предмалку на свој терен славеше против Есватини со 3:0. Сосема доволно за да го освојат првото место во групата во Африканската зона. Па така оваа земја ќе биде најмалата, по површина, само 4.033 км2, која некогаш играла на Мундијалите и втората најмала по жители со 600.000. Овој рекорд го држи Исланд со ...

И тоа каков проблем за Микел Артета,проблем за сите во Арсенал. Имено капитенот Мартин Одегард поради повреда ќе биде надвор од терените најмалку месец и половина или шест недели. Тој се здоби со повреда на коленото на мечот со Вест Хем. Првичните информации беа дека повредата и не е така сериозна, но последните лекарски прегледи му создадоа големи главоболки на стручниот штаб на Арсенал, Микел Артета. Како што стојат сега работите Арсенал без ...

Вечерва од 20:45 часот на свој терен, пред своите фанови на Арената “Тодор Проески“ во Скопје, , А-репрезентцијата на Македонија во екстра важен меч се среќава со Казахстан. Пред неколку минути нашиот селектор Благоја Милевски го откри и стартниот состав. Од она што може да се види е дека вечерва Казахстан ќе го напаѓаме со Миовски, Елмас, Ристовски… Ова се стартните единаесетмиина на Македонија: Димитриевски, Стојчевски, Велковски, Зајков, ...

Остануваат нешто помалку од два часа до почетокот на мечот Македонија – Казахстан, натпревар од квалификациската група Ј за пласман на СП 2026. Во домашната соблекувална на Арената “Тодор Проески“ во Скопје се е подготвено. Од она што може да се види дека црвените дресови ги чекаат “Рисовите“ и дека во таа опрема ќе настапиме против Казахстан. Што други да се каже освен тоа дека им посакуваме среќа на избраниците на селекторот Благоја Милевски ...

Убедливо најслабиот селектор во историјата на фудбалот веќе не е предводник на А- репрезентацијата на Србија. Па така сега на негово место се споменуваат како кандидати Владан Милојевиќ, Дејан Станковиќ, Вељко Пауновиќ одбил. Од друга страна медиумите во Србија а посебно во Русија, навестуваат можност сега веќе екс – селекторот на “орлите“, да преземе некој клуб во руската Премиерлига. Наводно имал и понуди. Е, ова би било сензација, ако се ...

Македонија е во „игра“ за пласман на Мундијалот следното лето. Останува само да видиме како ќе изгледа завршницата во групата Ј, и дали, ако имаме среќа ќе се пласираме диртектно или ќе мораме преку бараж. Инаку познато е дека за првпат на ова СП ќе учествуваат 48 селекции, и за првпат ќе се одиграат 104 натпревари во тие 40 денови колку што ќе трае Мундијалот и тоа од 11 јуни до 19 јули. Она што најмногу е интересно е тоа што е поврзано со ...

Италија утре во Удине против Израел го игра клучниот меч во квалификациите за пласман на СП 2026. Секако дека избраниците на селекторот Џенаро Гатузо се фаворити за тие три бода, ама тој денеска на пресот говореше и на нефудбалски теми. Поточно за последните случувања во Газа. “Морам да кажам дека сме среќни и задоволни од најновата ситуација и што војната во Газа заврши. Прекрасно е да се види како многу луѓе се враќаат во своите домови. Сега ...

КК Работнички ги плати давачките на име на долгови од минатите сезони, односно блокадите, по што и официјално доби дозвола за регистрација на новите странски засилувања од ова лето. Шампионатот веќе беше започнат, а КК Работнички ги играше двете кола без новитетите. Сега, откако со шестмината кошаркари се потпишани спогодби за исплата на долговите, Работнички доби зелено светло за странците да почнат со настапи во македонскиот шампионат. Па ...

На 61. годишна возраст почина еден од најславните навивачи во светот. Станува збор за Здравко Левидов, или далеку попознат како човекот кој што легално го промени своето име во Манчестер Јунајтед. По легендардното финале во Лигата на шампионите, против Баерн Минхен и пресвртот и своената титула во 1999 година, Левидов и официјално го промени своето име, а подоцна го тетовираше и амблемот на клубот на своето чело. Нормално, ќе биде замапетен ...

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, зборуваше за неговиот однос со поранешниот аргентински напаѓач на клубот, Лионел Меси. „Имавме многу добар однос долго време. Кога не му го обновивме договорот, работите малку се влошија. Подоцна, повеќе или помалку го обновивме. Се надеваме дека ќе му го дадеме одличното испраќање што го заслужува“, рече Лапорта. 🚨 Barça president Laporta: “With Leo Messi, we had a great relationship that got strained ...

Македонија – Казахстан вечерва на Арената “Тодор Проески“ од 20:45 часот во меч од рамките на квалификациската група Ј за пласман на СП 2026. Веќе се е познато. Што ни треба за директен пласман на Мундијалот, што не смее да се случи а што би било убаво да ни се “падне“. Сепак да почекаме со математиките, прво да ја минеме и оваа пречка наречена – Казахстан, па после ќе видиме до каде сме и на што сме. Значи вечерва Македонија мора, ама баш мора ...

Конечно најслабиот селектор во историјата на фудбалот, а се знае дека тоа е Драган Стојковиќ – Пикси остана без работа. По онаа бламажа во Лесковац, каде Албанците му покажаа на “славниот“ Пикси како треба, тој веќе не е селектор на Србија. И замислете до каде оди неговата арогантност. Тој не даде оставка, тој понуди оставка. Во тоа има голема разлика. По тие 0:1 во Лесковац ни неговиот најголем заштитник не можеше да го спаси, а сите знаат кој ...

Македонската фудбалска репрезентација вечерва го игра претпоследниот дуел од тековната Мундијалска кампања против репрезентација на Казахстан. По одличното реми во Гент против Белгија, сега избраниците на Благоја Милевски ќе се соочат со тврд и тежок противник, со кого мораме да одиграме на максимално ниво и да ја израдуваме публиката. А таа вечерва на Арената Тодор Проески од 20:45 часот ќе биде во максимален број. Спортспорт дознава дека до ...

weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
0.51
93%
1029
weather icon

Белград

2ᴼ / 1ᴼ
2.57
88%
1029
weather icon

Загреб

2ᴼ / 1ᴼ
2.06
94%
1029
weather icon

Софија

3ᴼ / 0ᴼ
0.0
69%
1028
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.69
84%
1028
weather icon

Љубљана

0ᴼ / 0ᴼ
0.3
98%
1029
weather icon

Атина

12ᴼ / 11ᴼ
2.06
79%
1026
weather icon

Тирана

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
87%
1026
weather icon

Подгорица

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1027
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 0ᴼ
2.06
89%
1027
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 1ᴼ
2.68
93%
1028
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
81%
1026
Currency

61.545

Currency

52.3988

Currency

70.1759

Currency

34.8585

Currency

38.0297

Currency

65.7832

Currency

7.42832

Currency

0.65978

Currency

0.3366

Currency

0.52442

Currency

1.2307

Currency

0.5785

Цинк

3.24

Паладиум

4758.31

Алуминиум

2.89

Сребро

1991.80

Злато

138244.13

Платина

56365.91

Калај

42.10

Никел

463613.77

Бакар

10.77

Родиум

256402.20

Кобалт

58.42

Иридиум

145787.60