Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
По само шест – седум месеци престој на “Сантијаго Бернабеу“, Чаби Алонсо вчера доби отказ. “Кралевите“ го назначија Алваро Арбелоа за негов наследник кој веќе денеска работеше со екипата. Чаби Алонсо за прв пат јавно проговори откако ја напушти клупата на Реал Мадрид и во порака на социјалните мрежи призна дека неговиот седуммесечен мандат не ги исполни очекувањата. Шпанскиот тренер, кој пристигна летово од Баер Леверкузен по историска ...
Во пресрет на стартот на ЕП, на кое секако дека ќе учествува и нашата ракометна селекција, ЕХФ ги објави и судиите за мечевите од 1.коло во групната фаза. Па така на нашиот прв меч, кој се игра во петок (16 јануари) во Херниг, во кој ќе ги одмерите силите со домаќинот Данска, ќе ни судат Молдавци. Станува збор за браќата Игор и Алексеј Ковалчиус. Да потсетиме дека овој натпревар, во рамките на 1.коло во групата Б, е закажан за 20:30 часот во ...
Искусниот офанзивец Флоријан Кадриу не е веќе член на Работнички. Како што информираа преку социјалните мрежи од клубот од Градски парк, по една година престој во Градски парк, Кадриу и Работнички одлучиле по вторпат да се разделат, така беше и во 2018 година. Инаку со заминувањето на Кадриу се зголемува бројот на играчи кои беа дел од Работнички во есенскиот дел кои оваа зима си заминаа од Градски парк. Најавите беа дека набргу ќе има и ...
Сепак ново лице во авионот за Анталија замина со есенскиот првак. Вардар е „посилен“ за аргентинскиот стопер Мануел Куестас (21), кој есенва имаше „одлични“ (10 минути), во дресот на Брера, каде што настапуваше како отстапен играч. Младиот дефанзивец од Аргентина по „третпат“ се враќа во Вардар и се надева дека токму сега ќе дојдат неговите „5 минути“ за да му ги потврди квалитетите на тренерот Гоце Седлоски. Сепак за да има право за настап, ...
Пред стартот на Европското првенство секогаш интересни се деталите. Македонската ракометна репрезентација ќе учествува на осмото по ред, вкупно деветто континентално натпреварување. Ќе игра во Хернинг, а за противници ви групната фаза ќе ги има селекциите на Данска, Португалија и Романија. Еден статистички дел поврзан со нашата репрезентација ни задржа внимание. Се однесува на категориите најмногу настапи на Европски првенства и најмногу ...
Сега е официјално. Жоао Кансело повторно е играч на Барса. Барселона и Ал Хилал постигнаа договор за позајмица на португалскиот бек до крајот на сезоната. Тој ќе го носи дресот со број 2. Церемонијата на потпишување се одржа попладнево во канцелариите на клубот. Португалскиот дефанзивец претходно го носеше дресот на Барселона во сезоната 2023/24, кога дојде на позајмица од Манчестер Сити. Во таа сезона одигра истакната улога, учествувајќи во ...
Јирген Клоп е најголемата желба на Реал Мадрид, но „кралскиот“ клуб е единствениот што би го натерал Германецот да се врати на тренерската работа. Оваа вест ексклузивно ја објави еден од најдоверливите германски новинари, тврдат дека Клоп е главен кандидат за клупата на Реал Мадрид следното лето. Интересно е што овој новинар првпат ја објави оваа информација на 11 декември, кога почнаа да кружат гласини по поразот од Манчестер Сити дека Чаби ...
✍ Марија Ковачева Македонскиот спорт општо на цело ниво не само што има проблем околу начинот на финансирање, туку ја нема и основата – сали кои ги исполнуваат сите услови за одвивање на тренанжен процес и секако одигрување на натпревари. Сакаме спорт – не можеме да собереме десет затоплени сали на ниво на цела Македонија!!! Од овие причини е одложено и продолжението на кошаркарската Супер-лига за 24. јануари ама под услов да не биде камен ...
Македонската ракометна репрезентација ситно брои до стартот на Европското првенство кое од 15. јануари до 1. февруари ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка. Нашите момци денеска во Хернинг каде на програмата е задолжителната фото-сесија од страна на ЕХФ. Успеавме да симнеме неколку фотографии од официјалниот Инстаграм профил на РФМ. 1 Првиот меч на ЕП, селекторот Кирил Лазаров и неговите момци го играат ба 16. јануари против ...
Реал Мадрид го отпушти Чаби Алонсо (44) во понеделник. Негов наследник е именуван за Алваро Арбелоа (42), исто така поранешен играч на Реал. Алонсо го водеше Реал во 34 натпревари, забележувајќи 24 победи, четири нерешени и шест порази. Можна причина за заминувањето на Алонсо беше лошата комуникација со некои од играчите. Сепак, шпанскиот медиум Марка, кој се смета за близок до клубот, вели дека односот се подобрил неодамна и дека играчите ...
Готово е. Арсими заврши со циркусот во Хрватска, откако денеска во третиот пријателски или контролен меч беше исто така убедливо поразен со 1:4 и тоа од Приморје, тим од елитната лига во Словенија. Интересно е сите три меча завршија со убедливи победи на противниците и тоа со многу голови (со Вуковар беше 0:4, со Славен Белупо 1:5). Навистина колку беше потребно ова гостување во Медулин на тимот од Чегране, член на нашата ПМФЛ? Тоа само тие ...
Вардар и Вуко Борозан спогодбено го раскинаа договорот, кој стапува на сила веднаш. Со тоа, ракометарот е слободен во изборот на нова средина. Борозан во периодот поминат во Вардар беше дел од тимот во важни натпреварувања на домашната и на европската сцена и со својот професионален однос даде значаен придонес во работата на екипата. „Клубот му се заблагодарува на Борозан за сè што направи во дресот на Вардар и му посакува многу среќа, ...
✍ Марија Ковачева Жена тренер во машки спорт кај нас, но и пошироко сè уште е реткост. Во средина каде што предрасудите често се погласни од шансите, една дама со години храбро им пркоси на стереотипите и докажува дека квалитетот нема род. Поранешната македонска репрезентативка, Билјана Црвенкоска е помошен тренер во РК Алкалоид и во македонската ракометна репрезентација, каде што соработува со Кирил Лазаров. Во „Женски Спортски Приказни“ го ...
Проблемите во словенечката ракометна репрезентација пред почетокот на Европското првенство, се чини не престануваат. Според информациите, селекторот на Словенците, Урош Зорман остана без уште еден важен играч. Словенците на претстојното Европско првенство ќе патуваат и без Клемен Ферлин. Болката во горниот дел од ногата го спречи првиот голман на Словенија да тренира нормално во последните денови. Ферлин ќе мора да оди на подетални лекарски ...
Заминувањето на Чаби Алонсо по само половина година во Реал Мадрид беше главната вест на денот вчера, а една од клучните причини за неговото прерано заминување од „Сантијаго Бернабеу“ беше „тивкиот бојкот“ кој му го направија дел од фудбалерите. Шпанските медиуми се занимаваа и со начинот на кој одредени ѕвезди се збогуваа со тренерот кој требаше да послужи како долгорочно решение. Од нивните реакции на социјалните мрежи сега веќе се надзира ...
6.500 жители од Фарските Острови купиле билети за натпреварите на Европското првенство во ракомет. Навивачите на Фарските Острови ќе долетаат во Осло во наредните денови, а некои од нив заминуваат со бродови. Пред две години, Берлин беше преполн со фарски навивачи кога Фарските Острови го имаа своето деби на Европското првенство, а сега во уште поголем број одат за Норвешка на уште една завршница на Европското првенство. Според норвешката ...
Чаби Алонсо иако многу бргу го напушти кормилото на Реал (М), сепак ќе остане еден од најдобрите тренери на Реал Мадрид во однос на процентот на освоени натпревари. 44-годишниот стратег беше отпуштен од клубот без да одработи ниту една цела сезона. Реал Мадрид победи на 24 од 34 натпревари под негово водство што е процент на успешност од 70,6%. Истиот процент на победи го постигна и Англичанецот Роберт Ферт, кој го водеше клубот од 1932 до ...
Ракометарите на МРК Куманово, вчера и официјално ги почнаа подготовките за вториот дел од сезоната. Кумановци се под водство на новиот тренер Александар Радосављевиќ, со кого ќе се обидат во вториот дел од сезоната да дојдат до многу подобри резултати во ракометна Супер Лига. Првиот тренинг се одржа во спортската сала на ОУ ” Христијан Тодоровски-Карпош”, каде ќе се одвиваат тренинзите во подготвителниот период. Според планот на српскиот ...
Фудбалерите на есенскиот шампион Вардар утрово заминаа за Турција каде во Сиде ќе спроведат тринеделни подготовки пред почетокот на пролетниот дел од сезоната. „Црвено-црните“ одработија дел од подготовките во Скопје, па сега се на пат во потопли краишта каде ќе имаат добри услови за работа, а веќе ги закажаа и првите контролни натпревари. Според планот, првите тестови се веќе закажани. За четири дена Вардар ќе тестира со чешки Јаблонец, а ...
Добри вести за сите во таборот на Шкендија, а најмногу за стратегот Јетон Беќири и секако Ване Крстевски. Имено младиот напаѓач од стартот на подготовките заедно со своите соиграчи веќе интензивно тренира. Тоа значи дека повредата е минато и тој ќе биде опција плус во нападот на Шкендија во пролетната сезона. Да потсетиме дека на почетокот на ноември, Крстевски се здоби со дислокација на клучната коска па мораше врз него да биде извршен ...
Најдобриот светски тенисер низ историјата, Србинот Новак Ѓоковиќ се врати во Мелбурн и се појави на теренот на задоволство на сите присутни. Утрово тој го одржа својот прв тренинг на арената „Род Лејвер“. Неколку илјади фанови ентузијастички се собраа на трибините за да го видат и поздрават. Тој тренираше со чешкиот тенисер Јиржи Лехечка, а кога влезе на теренот го видовме неговиот стандарден ритуал. Го допре бетонот, а потоа ја стави раката ...
Кошаркарите на Сакраменто го добија синоќешното дерби со Лос Анџелес Лејкерс со 124-112 во тековната сезона од НБА лигата. Сакраменто беше предводен од Малик Монк, кој постигна седум тројки и 26 поени, и Демар ДеРозан, кој постигна 32 поени. Со ова тимот на Кингс ја забележа втората победа по серија од седум порази. Ова беше и прва домашна победа на Сакраменто над Лејкерс од 13 март 2024 година. Лука Дончиќ ги предводеше Лејкерс со 42 поени, ...
Уф, каква сензација во Париз, во градското дерби меѓу ПСЖ и Париз во рамките на 1/16 финалето во Купот на Франција. Европскиот првак на свој терен беше поразен од Париз со 0:1. Со ова ПСЖ нема да биде во можност да се бори третиот последователен трофеј во Купот на Франција напролет. Двократниот освојувач на Купот на Франција ги пречека своите градски ривали само осум дена по лигашкиот судир каде што тимот на Луис Енрике очигледно се мачеше. ...
Ова е вистинскиот Јуве. Гигантот од Торино успеа со 5:0 да слави против Кремонезе, кој понижен си замина дома. Ова беше најунедливата победа сезонава во меч од 20.коло во Серија А. Сега Јуве има само -4 бода во однос на лидерот Интер. Иако Јувентус не можеше да се пофали со ефикасност на домашен терен во тековната сезона, овој натпревар покажа дека „старата дама“ значително се подобри и во овој сегмент. Веќе по четвртина час игра, домашниот ...
Ливерпул успеа да се пласира во 1/16 финалето на ФА Купот, славејќи против храбриот третолигаш Барнсли со 4:1 во натпревар што го одбележа Доминик Собослај на двете страни од теренот. А Флоријан Вирц покажа дека не заборавил да игра фудбал. Иако Барнсли се закани на почетокот на играта, погодувајќи ја стативата, Ливерпул поведе во деветтата минута со голот на Доминик Собослај. По додавањето од Алекс МекКаслистер, унгарскиот фудбалер го ...
И тоа каков проблем за Барселона. Имено откако се беше договорено каталонската гордост да го откупи Рашфорд од Манчестер Јунајтед за 25-30 милиони евра, сега ПСЖ и тоа како е во игра. Европскиот првак е решен повторно да „ѝ го загорчи животот“ на Барселона и да го купи Рашфорд од Манчестер Јунајтед, и подготвува понуда што каталонскиот клуб не може да ја достигне. ПСЖ сака да ја надмине понудата на Барселона за откуп на договорот бидејќи ...
И дефинитивно Манчестер Јунајтед е во тешка криза, веројатно во една од најголемите во својата историја. И покрај заминувањето на Рубен Аморим работите со Дарен Флечер само се влошија, а и новиот стратег Мајкл Керик тешко е да се очекува дека ќе биде подобро. Откако Манчестер Јунајтед беше елиминиран од последниот турнир, од ФА Купот, на кој се надеваше дека ќе освои трофеј, тимот ќе има обврски само во Премиер лигата до крајот на сезоната. ...
Иако имаа мала, но непријатна епизода после вчерашниот пораз од Барса, сепак Килијан Мбапе со бирани зборови се огласи вечерва по отказот на Чаби Алонсо.После два часа откако беше објавено заминувањето на Чаби, Килијан Мбапе објави приказна на Инстаграм, збогувајќи се со шпанскиот стручњак. „Беше кратко, но беше задоволство да играм за тебе и да учам од тебе. Ти благодарам што ми веруваше од првиот ден. Ќе те паметам како менаџер кој имаше ...
Вечерва е одржана е ждрепката за 4.коло или 1/16 финалето во ФА Купот. Дерби дуелот е меѓу Астон Вила – Њукасл, а интересно е тоа што фаворитите имаат лесни задачи. Манчестер Сити ќе игра дома против победникот од мечот Салфорд -Свиндон. Арсенал исто дома ќе се сретне со Виган. Ливерпул, кој прво вечерва мора да го победи Барнсли, немаше таква среќа, ќе игра дома со Брајтон. Сензацијата Маклсфилд за ривал го доби тимот на Брентфорд и ќе игра ...
Екипата на Астон Вила инвестира во својата иднина и го доведе тинејџерот на тимот на Мец, Брајан Маџо. Деталите околу трансферот не се познати, но секако дека се работи за повеќе милионски трансфер, па англиските медиуми шпекулираат дека францускиот тим инкасирал 12 милиони. Маџо има само 17 години и е класичен напаѓач. Оваа сезона настапи на пет мечеви за неговиот тим. Интересно е што роден во Англија, а има потекло и од Луксембург, за чија ...