Скопје
-3ᴼ /
-3ᴼ
Цибона одлучи да не продолжи со натпреварувањето во регионалната АБА 2 лига. Како што објавува „Јутарњи“, по долги консултации, загрепскиот клуб донесе одлука дека сепак ќе се повлече од лигата. Поради оваа одлука, Цибона нема да игра против ТФТ. Натпреварот против клубот беше закажан за понеделник во 18:00 часот. По осум години, Цибона се врати на европските натпреварувања со аплицирање за ФИБА Еврокупот, но во исто време, играше во АБА2 и ...
Попладнево на програмата се сите осум средби од 8.коло во ВМФЛ. Дербито се игра во Штип и тоа под светлоста на рефлекторите со почеток од 18 часот а во него се среќаваат Брегалница и Скопје. Тоа ќе биде дуел меѓу првиот и четвртиот на табелата. Важен меч за двете екипи. Штипските “сини“ само со победа ја задржуваат лидерска позиција, додека “Пиратите“ со три бода од оваа средба ќе се израмнат бодовно со Брегалница и со тоа дефинитивно ќе влезат ...
Македонската фудбалска репрезентација дојде до голем бод против Белгија на гости во квалификациите за пласман на Светското првенство 2026 година. Благоја Милевски и неговите момци го живеат мундијалскиот сон, останаа лидери на табелата со 12 бода, имаат три победи и три нерешени. За ремито (0-0) против Белгија во Генк пишува целиот регион. За подвигот на нашите момци на големо се пишува, никој не очекуваше дека Македонија ќе успее да одигра ...
Манчестер Јунајтед размислува да се раздели со својата најголема ѕвезда во последните сезони – Бруно Фернандеш. На „Олд Трафорд“ сфаќаат дека пропуштиле златна можност да го продадат својот капитен за рекордна сума, а сега клупски извори тврдат дека трансферот следната година е веќе сосема можен. За време на летниот преоден рок, „црвените ѓаволи“ можеа да добијат до 100 милиони фунти доколку Португалецот ја прифатеше понудата од Саудиска ...
Македонската фудбалска репрезентација продолжува да сонува за Светското првенство 2026 година. Избраниците на Боби Милевски останаа непоразени и по шестото коло, откако на гости кај Белгија одиграа 0-0 и освоија нов бод за одбрана на врвот. Нашата репрезентација сега има 12 бода, еден повеќе од Белгија, два од Велс. „Ова беше можеби еден од најтешките натпревари за мене и за сите нас во последниве неколку години. Одигравме борбено и со срце, ...
Пеп Гвардиола според многумина е најдобриот тренер во последните дфве децении, некои тврдат дека е и најдобриот на сите времиња. Јасно е дека Пеп, кој сега е во Манчестер Сити а претходно ги предводеше Барселона и Баерн Минхен има и свои противници, но фактите се тие, дека е еден од најдобрите. И кога една таква величина ќе пофали друг тим, тогаш неговите зборови имаат своја тежина. А Пеп е восхитен од тоа како игра Барселона, неговиот ...
Во првиот натпревар од второто коло на МТЕЛ Супер лигата, кошаркарите на Пелистер имаа една одличнаа четвртина, третата, во која минималната негатива од полувремето ја претворија во убедливо водство, и победа над екипата на Чаир 2030 од 104:74. За „зелено-белите“ втора од почетокот на сезоната за уште подобро расположение пред продолжението на европските обврски кои следуваат во текот на наредната недела во ФИБА Евро купот. Двете екипи си ...
Да. Македонија и натаму е лидер на табелата во групата Ј и е лидер, замислете, по гостувањето кај Белгија вечерва во Гент. Македонија одигра вечерва “докторски“ одбрамбено, сакаше бод и дојде до него. Македонија и натаму сонува, го сонува Мундијалот 2026! Опасна Белгија, Македонија паметна, но за да се дојде до вакво реми во “пеколот“ во Гент ти треба фантастичен голма, а ние во Столе и тоа како го имаме. Да, Столе ВЕЛИКИ, но и сите кои вечерва ...
Овие 0:0 во Гент и тоа како силно ќе одекнат во светот на фудбалот. Македонија и во 13 меч во низа е без пораз, Македонија и по шестото коло во групата Ј е без пораз и што е уште поважно Македонија и натаму е лидер на табелата. Во право е Зајков, вечерва нашите фудбалери просто изгинаа на теренот. Одиграа за себе, за Македонија, за сите нас. Македонија знаеше што сака, а по мечот, по тие 0:0 нашите ЈУНАЦИ им се заблагодарија на повеќе од 1.000 ...
Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски нормално задоволен од она што вечерва се случуваше во Гент, Белгија и освоениот бод во ремито 0:0 против огромниот фаворит. Уште по нормално, и во негов стил, Милевски не дозволи никаква еуфорија, и во изјавата покрај пофалбите кон своите избраници, посочи и од што е незадоволен. „Mожам да бидам задоволен од тоа како изгледавме во дефанзива. Не можам и не сум задоволен од ...
Македонската фудбалска репрезентација вечерва, во Гент во рамките од шестото коло од Мундијалските квалификации, одигра херојски 0:0 против селекцијата на Белгија и на тој начин го освои дванаесеттиот бод во оваа кампања и го задржа првото место во групата. Нашиот национален тим не само што одигра херојски туку одигра сконцентрирано, одговорно, и на резултат. Искусно, стпрливо, и без паника, стигнавме до огромен бод против огромниот фаворит. ...
Македонија освои голем бод во Гент. Успеа да одолее на сите напади на силната Белгија, а кога беше најпотребно нашиот голман Столе Димиртриевски покажа дека е голман од највисока класа. Македонија со овој бод и натаму е лидер на табелата, а по мечот Столе изјави: “Доста тежок натпревар на белгиски терен. Домашните беа одлични со одлична игра во офанзива, ние мислам дека одработивме перфектен меч во дефанзива. Ни фалеше малку да одиме во напад и ...
Покрај мечот во Гент, каде Македонија одигра 0:0 кај Белгија и освои голем бод, се одиграа уште неколку мечеви во квалификациите за СП 2026. Франција на “крилјата“ на Килијан Мбапе немаше никакви проблеми со Азербејџан. Ѕвездата на Реал Мадрид постигна прекрасен гол за 1:0, следуваше асистенција до Рабио за 2:0, а во 83.минута се повреди и беше заменет. Франција и без него постигна уште еден гол за конечни 3:0. Германија со 4:0 очекувано го ...
Фудбалската репрезентација на Македонија направи уште еден, ретко виден подвиг во европски фудбалски рамки во тековните Мундијалски квалификации. Предмалку во Гент, против огромниот фаворит Белгија, Македонија одигра херојски, фантастични 0:0, и со тоа го задржа првото место во групата по шест меча, и сега веќе заработени дванаесет бодови на своето конто. Она што вечерва го направи Македонија на теренот во Гент се рамни со сензација. Зошто? ...
Секој со свои различни вкусови за ВАР и против ВАР. Сепак јасно е, и покрај сите маани и проблеми, кога се воведе ВАР техолнологијата има помалку судиски киксови на фудбалската сцена. Од друга страна славниот Мишел Платини смета дека ВАР не донел ништо добро на фудбалот: “Јас да бев претседател на ФИФА, ВАР немаше да постои. Проблемите во фудбалот се на друго место“ посочи Платини. Поранешниот прв човек на УЕФА, дополни и дека ВАР не треба да ...
Звучи неверојатно, но така е, барем според медиумите во Шпанија и Германија. Пред три години Роберт Левандовски направи трансфер од Баерн Минхен во Барселона. Каталонците требаше да им платат на “баварците“ 45 милиони евра и тоа на рати, нешто што е вообичаено во модерниот фудбал. Но Баерн Минхен уште ги лека парите, поточно чека 20 милиони евра од тој трансфер. Познато е дека Барселона во последните неколку години во финансиска криза. Но не ...
Македонската фудбалска репрезентација на полувреме во Гент против домаќинот Белгија во рамките од шестиот наш меч од Мундијалските квалификации, има оптимистички 0:0. Македонија жестокот се бори, ги одбива нашадите на домаќинот, кој што со сите сили се обидува да дојде во водство, но засега тоа не му успева. Имаше Белгија десетина ситуации, што од полу, што од дорби позиции, но засега Македонија одолева и има позитивен резултат. Стартната ...
Гамбија – Габон 3:4 е исходот од денешниот меч во квалфикациите за пласман на СП во Африканската зона. Некој ќе рече ништо интересно за нас, но ако се знае дека сите четири гола за гостите беа дело на Пјер-Емерик Обамејанг а голманот на домашните беше Бабукар Гаје, чуварот на мрежата на Шкендија, е тогаш е интересно да се види за што станува збор. Исто така интересно е тоа што Гаје на еден гол за својата селекција беше и асистент. А треба да се ...
Македонската младинска репрезентација до 21. Година успеа да ја забележи првата победа во тековната кампања откако вечерва во Битола на „Петар Милошевски“ во рамките од третото коло успеа да слави над Ерменија со конечни 2:1. По негативата која што ја имавме во првиот дел во продолжението направивме комплетен пресврт со двата гола на Димитар Трајков, кој што најпрво во 54., а потоа и во 83. Минута успеа да погоди во противничката мрежа и да ни ...
Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Гент, Белгија го игра можеби најважниот дуел во тековната Мундијалска кампања против домаќинот Белгија. Имаме лидерско место на табелата и единаесет бодови на табелата, а доколку вечерва останеме непоразени на прагот сме на огромен успех. Македонија во моментов има поддршка во Гент од околу 1000 навивачи, кои што прават одлична атмосфера и се далеку побучни од домашните навивачи. За време на ...
Урнебесна, комична ситуација во која се најде фудбалерот на Њукасл Џо Вилок. На враќање од тренинг, неоговото “порше“ вредно 250.000 евра, едноставно застанало. Проблемот бил тоа што во возилото немало гориво, па морал Вилок со туба да дополнува за да го стартува и се одвезе каде што сакал. Минувачот кој го снимил ова видео го прашал Вилок дали треба помош, а овој одговорил дека ќе се среди проблемот. Така и било. Hahahahah poor Joe ...
Кадетската машка репрезентација на Македонија ќе настапи на Трофеј Карпати во Романија. Турнирот ќе се оддржи во период од 16-ти до 20-ти во Романија во градот Плоешти. На турнирот во Романија ќе настапат селекциите на Полска, Романија, Македонија и Србија. Распоред и термини на оддигрување на натпреварите: Собирот ќе се одржи на ден 14.10.2025 година (Вторник) во 19:00 часот во спортската сала Антон Димитров – Бутел Скопје Ова е списокот на ...
Ракометарите на РК Вардар и натаму остануваат перфектни. Вечерва во меч од 7.коло во нашата ракометна Суперлига, некогашиот двоен европски првак и повеќе од убедливо славеше против Прилеп со 39:27. Ова е седма победа во седмиот меч од стартот на сезоната. Интересно е тоа што сите ракометари на Вардар кои што беа во протоколот добија шанса да настапат и сите беа стрелци, па и голманот Валах. Прилеп едноставно немаше никаква шанса да дојде барем ...
Вечерва од 20:45 часот во Гент, Македонија и гостува на Белгија во меч од квалификациската група Ј за пласман на СП 2026. На нешто повеќе од еден час, познати се и стартните состави кои ги објавија селекторите на двете репрезентации, Руди Гарсија и Благоја Милевски. За Белгија ќе настапат: Куртоа, Дебаст, Теат, Де Кујпер, Де Брујне, Раскин, Тросар, Доку, Ванакен, Кастањ, Салемакерс, Додека за Македонија во стартните состав се: Димитриевски, ...
И тоа го има во фудбалот, и тоа го со новите правила на УЕФА врзани за овие квалификации и оние од Лигата на Нации. Толку се проблематични што сега има навистина бизарен случај. Имено селекцијата на Сан Марино на мечот со Романија ќе треба да загуби со што поголема разлика за да се најде или да има шанси да игра во бараж за Мундијалот. Како? Прво мора Романија и Шведска да завршат на првите две места во своите групи за СП. Сан Марино како ...
Вечерва Македонија ја чека епска битка за продолжување на сонот наречен – МУНДИЈАЛ. Вечерва во Гент нашата најдобра фудбалска селекција игра за нешто големо. Секако поддршка од цела Македонија за избраниците на селекторот Благоја Милевски, а кога сме кај бројките и настапите, веднаш да кажеме дека нашиот најдобар голман, веројатно и во историјата, Столе Димитриевски по 83-пат ќе ја брани Македонија. Со тоа тој ќе го мине Стефан Ристовски, ...
Казахстан – Лихтенштајн 4:0 е исходот од мечот во нашата квалификациска Ј група за пласман на СП 2026. Тоа значи дека казахстанците во победничка атмосфера доаѓаат во Скопје каде в понеделник играат со нашата селекција. Домашниот состав попладне во Астана, ја оправда улогата на фаворит. Беше подобар тим и со головите на Кенжебек во 26.минута, Зејнутдинов две минути подоцна, повторно Кенжебек во 59.минута и Касум во 81.минута славеа заслужена ...
Во пресрет на вечерашниот меч со Белгија во Гент, и тоа каков проблем за селекторот Благоја Милевски. Имено офанзивецот на Кочаели, Дарко Чуринов и неговиот настап е под голем знак прашалник. Во прашање била задната ложа. Нашиот напаѓач, кој според Милевски беше проектиран и за стартер, синоќа на последниот тренинг на “Планет Груп Арената“ во Гент тренирал одвоено, а во еден момент се фатил за ложата и не го довршил тренингот. Да се надеваме ...
Полека се згрева во атмосферата во Гент. Македонците од сите страни пристигнаа во овој град за да им дадат поддршка на нашите фудбалерите на дуелот против Белгија во рамките на квалификациите за плсман на СП 2026 година. Меѓу Фалангата е популарниот и најверниот фан на сите репрезентации – Кипре. Тој денеска се сретна со градоначалникот на Гент, на кого му врачи навивачки шал. Матијас де Клерк пак им посака добредојде на сите кои вечерва ќе ...
Ништо ново кога станува збор за селекторот на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси. Кога неговата селекција ќе биде поразена, тогаш виновен е некој друг, кога ќе се победи тој е главниот. Во таа смисла говореше и на денешниот прес во пресрет на утрешниот меч во Лесковац со Албанија, меч од квалификациите за СП 2026. „Свирежите во Белград на мечот со Англија, според мене беа политички,но ако утре ја победиме Албанија јас ќе бидам херојот на ...