Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Второ коло од Првата фудбалска лига на Македонија продолжува со два меча во Куманово и во Штип. Тиквеш по победата од 5-1 над Арсими во првото коло, сака нова победа, и тоа на гостувањето кај Башкими, екипата која на стартот доживеа дебакл и загуби со 6-0 од Силекс. Кавадарчани се фаворити, па пред себе имаат одлична можност да дојдат до максимален ефект. Дуелот во Куманово започнува во 17 часот. Во Штип ќе се игра под рефлектори, со оглед ...
Пет меча со вкупен коефициент од 40.8 се дел од понудата со Квотите на денот во Sport Life. Поеденечно, квотите се движат помеѓу 2.05 и 2.15. Квотата за дуелот на Валеренга и Бодо/Глимт од 2.15 ќе биде добитна само ако гостинската екипа постигне повеќе голови во второто полувреме. Очекувањата се дека на мечот помеѓу Вест хем и Портсмут нема да има премногу голови, па квотата од 2.10 ќе биде добитна само ако во првото полувреме нема повеќе од ...
Понудата со зголемени квоти на Sport Life, Супер типот, за сабота нуди 16 фудбалски натпревари. Во денешното издание на Супер типот ќе најдете зголемени квоти на максимални 80 игри и за конечен тип, игри на голови, тимови, но и комбинација од конечен тип и голови. Првиот натпревар започнува во 13 часот, а фудбалските натпревари се од Германија, Норвешка, Англија, Холандија, Чешка, Финска, Швајцарија, Португалија, Австрија, Италија, Белгија и ...
Претседателот на Баерн Минхен, Херберт Хајнер, ги повика клубовите од Бундеслигата да вложат повеќе напори за промоција на германскиот фудбал на меѓународно ниво. Хајнер зборуваше на оваа тема по завршувањето на предсезонската турнеја на Баерн во Азија, нагласувајќи дека интернационализацијата не може да биде задача само на најголемите клубови. „Интернационализацијата не е нешто што еден клуб може да го постигне сам. Тоа е задача на која сите ...
Претседателот на Аргентинската фудбалска асоцијација, Клаудио Тапија, порача дека само Лионел Меси може да одлучи кога ќе ја заврши кариерата во репрезентацијата. „Тоа е целосно лична одлука. Треба да го оставиме да ужива во фудбалот. Во 2022 година не знаевме дали ќе игра на Мундијалот во 2026. Тој тогаш кажа дека ќе одлучува натпревар по натпревар, а мислам дека на последното Светско првенство го видовме можеби и најдобриот Меси на ...
Тренерот на Интер, Кристијан Киву, смета дека неговиот тим ќе биде под посебен притисок во новата сезона, бидејќи сите противници ќе имаат дополнителен мотив кога ќе играат против актуелниот шампион на Италија. „Сè уште не сум размислувал за тоа. Старите познати ривали ќе ни создаваат многу проблеми. Сите сакаат да го предизвикаат италијанскиот шампион. Нè гледаат како тим што едноставно мора да го победат“, изјави Киву. 45-годишниот Романец ...
Ендрик би можел да го напушти Реал Мадрид и следната сезона да ја помине на позајмица во Премиер лигата, бидејќи во моментов тешко може да обезбеди поголема минутажа во силната конкуренција во тимот. Реал Мадрид и претставниците на 20-годишниот Бразилец се согласиле дека нова позајмица би била најдобрата опција за неговиот развој. Неговите претставници веќе работат на пронаоѓање нов клуб. Конкуренцијата во нападот на Реал е голема, со ...
Играчите на Реал Мадрид повеќе не можат слободно да јадат што сакаат. Тоа е едно од новите правила кои ги воведува новиот тренер Жозе Мурињо. Специјалниот ги детектирал лошите навики и сега тоа ќе го менува. Три клучни работи се: Нутриционист сега се занимава со исхрана и ги диктира менијата Секој што пристигнува подоцна, дури и една минута ако задоцни на тренинг се соочува со казна Закрепнувањето на повредите мора да се одржи на теренот за ...
Ливерпул и Барселона постигнале договор за позајмица на дефанзивецот Роналд Араухо. Уругваецот ќе игра за Црвените и ова е како гром од ведро небо, но Каталонците се согласиле на ова, иако Араухо е еден од нивните капитени. Заминувањето на уругвајскиот централен дефанзивец доаѓа како изненадување на нешто повеќе од две недели до првиот натпревар на Барселона во Ла Лига. Клубот од „Енфилд“ бараше дефанзивци по трансферот на Конате во Реал ...
Во Тексас на 21-ви август ќе биде понудена на аукција познатата фудбалска топка што Диего Армандо Марадона ја направи позната во 1986 година, кога беше создадена познатата Божја рака против Англија. Овој натпревар сè уште предизвикува многу контроверзии, но поради споменатиот детаљ, ќе остане запаметен како можеби најдобриот натпревар на сите времиња. Бидејќи „Божјата рака“ на Марадона е широко позната и за легендарната сцена сè уште се ...
Навивачите на ФК Шалке вчера во ред кој се протегаше стотици метри, со часови чекаа да купат дрес откако клубот го претстави својот нов дрес за гости, кој е навистина извонреден. Шалке продал неверојатни 40.000 дресови за само два и пол часа. Ова е најголем број на продажби некогаш забележани во еден ден. И продавницата на клубот и онлајн продавницата беа целосно испразнети. Многу навивачи мораа да си одат дома со празни раце. Тоа е горчлива ...
Фудбалскиот клуб Челзи мора да се раздели со дури 16 играчи пред да се затвори летниот преоден рок, според Би-Би-Си. Лондонскиот клуб моментално има 41 играч во првиот тим. Главниот тренер Чаби Алонсо мора значително да го намали составот на тимот особено со оглед на недостатокот на европски натпревари во сезоната 2026/27. Челзи смее да пријави 25 играчи во Премиер лигата и исклучоците за играчи под 21 година. Минатата сезона, клубот веќе ...
Фотографите кои беа на тренингот на Трабзонспор, фатија едно интересно трио со Мохамед Салах во центарот на вниманието. Египќанецот е најголемото засилување на тимот, а покрај него се Андре Онана и Стефан Савиќ со кои добро се познава, па затоа и не се делеше од нив денеска. Онана додека бранеше за Манчестер јунајтед, страдаше од Салах, му има дадено дури 8 голови. Само еден играч има постигнато повеќе голови пртоив Онана и само на еден ...
Анализата на судењето на мечот Шкедија Арачиново – Силекс кој заврши 1-1, покажала дека ВАР правилно интервенирал во три клучни моменти. Во 27. минута, главниот судија не забележа очигледен прекршок врз играч на домашната екипа кој е внатре во казнениот простор на гостинската екипа, близу до линијата. По ВАР проверка и интервенција, главниот судија по преглед на снимка на терен досудува казнен удар за Шкендија. Во 45+2 минута гостинската ...
Барселона го откажа пријателскиот натпревар против екипа од Тангер, кој требаше да се одигра на 15 август, поради актуелната мигрантска криза во шпанската енклава Сеута. Каталонскиот клуб преку официјално соопштение потврди дека мечот нема да се одигра, образложувајќи дека сегашните околности не се соодветни за организирање спортски настан. „Со оглед на моменталната неизвесност и актуелната ситуација, ФК Барселона смета дека одигрувањето на ...
На 54-тото издание на традиционалниот Меѓународен ракометен турнир „Струга 2026″ што ќе се оддржи од 12-ти до 15-ти август, на отвореното игралиште „Горан Попоски – Бабец“ ќе играат шест екипи, поделени во две групи. Во групата А се Вардар, Бутел Скопје и Прилеп, додека во групата Б ќе играат домаќинот Струга, Охрид и српскиот претставник Дубочица од Лесковац. Струшкиот турнир кој е една од најпрепознатливите спортски традиции во Македонија, ...
Второто коло од Првата фудбалска лига на Македонија беше отворено со реми помеѓу дебитантот Шкендија Арачиново и актуелниот освојувач на Купот, Силекс. Мечот на „Чаир“ заврши 1-1 и тоа со два гола од пенал, и двата по асистенција од ВАР-собата. Бесир Демири во 32-рата минута го постигна првиот прволигашки гол во историјата на Шкендија Арачиново, но на крајот се покажа дека тоа не беше доволно и за победа. Конечните 1-1 ги постави Есмир ...
Тренерот на Милан, Рубен Аморим, порача дека клубот има обврска да се бори за највисоките цели во новата сезона, и покрај тоа што летово пристигна на клупата и започна процес на создавање нов тим. Португалскиот стратег, кој го наследи Масимилијано Алегри, смета дека Милан има квалитет да се натпреварува на сите фронтови. „Имаме тим кој може да победи на секој натпревар, без разлика на натпреварувањето. Во Лига Европа треба да веруваме во себе ...
Претседателката на Норвешката фудбалска федерација (НФФ), Лисе Клавенес, јавно побара оставка од првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, оценувајќи дека тој повеќе ја нема довербата потребна за раководење со Светската фудбалска организација. „Тој повеќе ја нема институционалната доверба неопходна за стабилно водење на ФИФА. За Џани Инфантино нема враќање назад. Меѓународната фудбалска соработка е во сериозна криза и затоа бараме веднаш да ...
Арсенал се вклучува во трката за капитенот на Тотенхем, Кристијан Ромеро. Иако аргентинскиот дефанзивец најверојатно ќе го напушти клубот ова лето, трансфер во редовите на големиот градски ривал засега изгледа малку веројатен. Според информациите, Арсенал стапил во контакт со агентот на Ромеро за да ги дознае неговите барања, но Тотенхем нема намера да му го продаде својот капитен на најголемиот ривал од Северен Лондон. Главен фаворит за ...
ПСЖ и Ливерпул продолжуваат со преговорите за трансферот на Бредли Баркола, а според францускиот „Л’Екип“, во двата клуба владее оптимизам дека на крајот ќе биде постигнат договор. Францускиот репрезентативец е една од главните трансферни цели на Ливерпул, каде што го гледаат како долгорочна замена за Мохамед Салах. Според дел од медиумите, Баркола веќе ги договорил личните услови со англискиот клуб. Сепак, најголемата пречка останува ...
Арсенал продолжува со потрагата по нов крилен напаѓач, а според англиските медиуми, една од главните цели на лондонскиот клуб е сенегалскиот репрезентативец Илиман Н’диаје од Евертон. Откако стана јасно дека нема да успее да го ангажира Винисиус, актуелниот англиски шампион се свртел кон 25-годишниот офанзивец, за кого веќе испратил првичен интерес до Евертон. Н’диаје во изминатиот период се поврзува со неколку клубови, а дополнителен сигнал ...
Најдобриот фудбалер на штотуку завршеното Светско првенство, Родри, ги договори личните услови со Барселона, но кога се чинеше дека на трансфер-сагата ќе ѝ дојде крајот, Манчестер сити ја одби првата понуда од Каталонците. Барселона понудила 50 милиони евра, плус 10 милиони евра во бонуси, но тоа за челниците на Граѓаните е премалку, па нивните очекувања се дека ќе добијат 65 милиони евра. Сепак, Манчестер сити ризикува да го загуби Шпанецот ...
На подготовките во Англија, тренерот на Барселона, Ханси Флик, однесе голем број фудбалери, но веќе сфати дека некои од нив сè уште не се дел од првиот тим и по враќањето во Барселона реши тоа да им го соопшти. Барселона помина десет дена на подготовки во Англија, а базата на каталонскиот тим беше Бирмингам, каде што одигра пријателски натпревар. Каталонскиот тим сè уште не е комплетен бидејќи играчите коишто играа на Светското првенство ќе ...
Летниот преоден рок е во полн ек, а често сме навикнати големите клубови во финишот да ги направат најатрактивните трансфери. Сепак, ова лето не е така, барем ако се работи за Реал Мадрид. Кралскиот клуб уште од почетокот на летниот преоден рок тргна офанзивно. Кралскиот клуб вчера го комплетира трансферот на Диоманде и со 140 милиони евра тоа е најскап трансфер во клупската историја. Со тој трансфер Реал Мадрид веќе погроши над 200 милиони ...
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, се наоѓа во најголемиот кризен период откако е дојден на чело на најважната фудбалска федерација. Тој имаше план на приватни корпорации да го продаде правото за организирање на Светското првенство, но тој пропадна откако се побунија поголем дел од националните федерации. Најжесток напад кон Инфантино дојде од УЕФА, од каде што се заканија со целосен бојкот на натпреварувањата кои се во организација на ...
Кадетската репрезентација на Македонија славеше над врсниците од Португалија со 26:25 во меч од Европското првенство. Со овој триумф, нашите надежи се изборија да играат во борба за деветото место на континенталниот собир и тоа против подобриот од мечот меѓу Австрија и Израел. Ќе беше голема штета Македонија да не славеше против Португалија, ако се знае текот на мечот. Од самиот старт нашите надежи поведоа со 2:0 и постојано имаа контрола на ...
По неколкумесечно затишје по раскинувањето на свршувачката, Лука Дончиќ и неговата поранешна партнерка Анамарија Голтес повторно се во центарот на вниманието на медиумите. Американскиот портал „ТМЗ спортс“ објави дека словенечката манекенка се откажала од тужбата за алиментација што ја водеше пред суд во Лос Анџелес за нивните две ќерки. Првично се шпекулираше дека Голтес се решила на вонсудска спогодба бидејќи проценките биле дека има мали ...
Шпанскиот репрезентативец Родри најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Барселона, иако во изминатите недели најмногу се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид. Шпанските медиуми откриваат дека токму еден телефонски разговор бил пресуден за неговата конечна одлука. Откако со Шпанија ја освои светската титула и беше прогласен за најдобар играч на Светското првенство, Родри се најде на радарот на неколку европски гиганти. Долго време се ...
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, ја загуби поддршката од голем број фудбалски Федерации откако настојуваше да ги продаде правата за Светското првенство. Најжестоки во противењето на оваа идеја беа европските селекции и од УЕФА најавија целосен бојкот на ФИФА. Рамо до рамо со УЕФА застана и азиската конфедерација, како и најголем дел од членките во Северна Америка. Сепак, изненадувачка е последната реакција која пристигна од Аргентина. ...