
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



Македонија ќе има за кого да навива за Светското клупско првенство кое започнува во сабота во САД. Се работи за фудбалерот на американски Сиетл, Дени Мусовски, кој има македонско потекло, но фудбалската кариера ја гради во САД, каде и е роден. Мусовски има право да игра за репрезентацијата на Македонија, а тоа беше најавено од поранешниот селектор Игор Ангеловски во 2020 година, но сепак напаѓачот не доби повик. Она што е интересно, Сиетл, е во ...
Најдобрите македонски одбојкари вечерва од 19 часот во Даугавпилс, Летонија, против домашната селекција го играат својот трети натпревар во Златната европска лига. Во првите две кола на турнирот во Братислава, избраниците на селекторот Јошко Миленкоски губеа со по 0-3 во сетови, а Летонија има победа од 3-2 над Црна Гора и пораз 0-3 од Романија. Според квотите во Sport Life, фаворит за победа е Летонија, но не може да се каже дека Македонија е ...
Го имаме најскапиот фудбалски трансфер ова лето, Ливерпул и Баер Леверкузен постигнале договор вреден вкупно 136 милиони евра од кои 116 фиксни за премин на германската ѕвезда Флоријан Вирц од Баер во Ливерпул. Ако се исполнат условите и за бонусите, тогаш ова е биде најскапиот трансфер во историјата на Премиер лигата. Инаку според фиксната цена, рекорд остануваат оние 107 милиони фунти кои ги плати Челзи за Енцо Фернандес. Вирц дебитираше за ...
Ѕвездата на Пари Сен Жермен и еден од најсериозните кандидати за „Златната топка“, Усман Дембеле, кој беше избран за најдобар играч во Лигата на шампионите минатата сезона, даде интервју за „Франс фудбал“ во кое откри некои интересни детали. „Позициите на централен напаѓач и крилен играч не бараат ист напор. Кога сте пред голот, посвежи сте бидејќи обично играте во шеснаесетникот. Треба да елиминирате еден или двајца противници пред да шутирате ...
Манчестер сити во последната деценија и пол е клуб кој не жали пари за да го засили својот играчки кадар, трпат критики дека претеруваат, против клубот се води постапка за прекршување на финансискиот ферплеј, но тие продолжуваат со својата политика на безмилосно трошење, често и преплаќање на некои фудбалери кои не вредат толку многу. Граѓаните не освоија ништо во минатата сезона, која им беше тотален дебакл, а од јануари наваму ангажираа дури ...
6204 Шпанија У19 – Данска У19 (17.00 часот) Европското првенство за фудбалери до 19 години кое почнува денеска се игра во Романија, а Шпанците се бранители на титулата од лани, па во овој дуел со Данска влегуваат како фаворити. Шпанија има 12 титули и е најуспешна нација на европрвенствата во оваа возрасна категорија. Ова е важен меч бидејќи од четирите тима во групата, првите две одат во полуфинале, а во група со нив се и домашната Романија и ...
Фенербахче му нуди договор на Нејмар, а Турците може да го земат бесплатно затоа што во договорот на ѕвездата со Сантос има клаузула со која тој летово може да замине во Европа како слободен играч. Во Фенер сакаат да ја прекинат доминацијата на Галатасарај, кој дополнително се засили и го ангажира Лерој Сане и одговорот на тоа им е идејата да го земат Нејмар, кому му нудат договор на 1+1 сезона. Нејмар, кој моменто е член на Сантос, но не игра ...
Новоформираното Светско клупско првенство кое го организира ФИФА почнува ноќта помеѓу сабота и недела, ќе учествуваат 32 тима, а нема да има ниту еден македонски фудбалер. ФИФА објави дека на СКП ќе има играчи од 81 различна земја во светот, а, за жал, на списокот ја нема Македонија. Најбројни ќе бидат Бразилците, вкупно 141 Бразилец има во 32-та тима. Потоа следуваат 103-ца Аргентинци, 54-ица Шпанци, 49-мина Португалци, 41 Мексиканец, итн. ...
Македонскиот репрезентативец Димитар Митровски е нов член на словенечкиот шампион Олимпија Љубљана, а Словенците објавија дека ова е најскап трансфер во истотријата на клубот, се спомнува сума од 1 милион евра. Митровски имаше одлична сезона во дресот на хрватски Вараждин, а денеска официјално потпиша со Олимпија, клуб кој летово ќе настапува во квалификациите за Лигата на шампионите. Договорот е со важност до 2028 година. За две и пол сезони, ...
Тениски „сет“ од шест натпревари и фудбалска десетка ја сочинуваат денешната Супер тип понуда на Sport Life со зголемени квоти. Има квоти за сечиј вкус, од помали кои делуваат како сигурици, до малку поризични, но и тие фаворизираат тимови кои би требало да победат. Тука има поголеми квоти од тие во билтенот и додатокот, па треба да побрзате со уфрлање на некоја од нив за подобрување на потенцијалната добивка затоа што некои од мечевите ...
Фудбалскиот сојуз на Србија објави дека натпреварите со Англија во септември и во октомври против Албанија, ќе се играат на најголемиот стадион кај нив, „Рајко Митиќ“ во Белград. Дуелот со Англија требаше да се игра на „Дубочица“ во Лесковац, но Англичаните правеле силен притисок да не се игра таму, туку во Белград. На крај, ФСС после детални анализи во кои се земени во предвид безбедносниот и организациски аспект, попушти. По повод овој случај, ...
Квотите на денот кои ги нуди Sport Life честопати се добитни, таков беше примерот и вчера, а за денеска вкупниот коефициент за петте игри е уште поголем од вчера и изнесува 77.36. Првиот предлог за денеска е да одиграте на победа на Ангола над Мадагаскар, и притоа треба да има 2-4 гола на мечот. Оваа комбинација носи супер квота од 2.85. Необично голема квота од 2.30 за играта дека ќе има од еден до три гола во двете полувремиња, се нуди за ...
Поранешниот фудбалер и италијански репрезентативец, а сега тренер кој до неодамна работеше во сплитски Хајдук, Џенаро Гатузо, е фаворит за преземање на селекторското место во националниот тим на Италија. По заминувањето на Лучано Спалети, на Италијанците им се брза што поскоро да најдат нов селектор. Според италијанските медиуми, Гатузо веќе разговарал со Џанлуиџи Буфон, кој е шеф на делегацијата во националниот тим. Средбата била позитивна. ...
Денешните комбинации кои беа понудени во Квоти на ден во Sport Life се добитни. Сите пет меча кои се одиграа завршија со добитни комбинации. Тоа значи дека ако сите пет понудени опции ги одигравте заедно на еден тикет, сега имате добитен тикет со вкупен коефициент од 63.7. Ако на оваа квота од 63.7 имате вложено амо 100 денари, вашата добивка е 6.370 денари, или нешто повеќе од 100 евра. Партизан со 90:75 славеше над Будуќност за погодена ...
Како што се очекуваше, Тотенхем го назначи Томас Френк за нов тренер. Данецот потпиша договор до летото 2028 година, разделувајќи се со Брентфорд по седум импресивни сезони на чело на Пчелите. Френк доаѓа на местото на Ангелос Постекоглу, кој беше отпуштен пред една недела, а се верува дека Тотенхем платиле околу 10 милиони фунти отштета на нивниот веќе екс стратег. „Томас е еден од најпрогресивните и најиновативните тренери. Тој докажа дека е ...
Репрезентацијата на Англија за играчи до 21 година славеше во дуелот против Чешка со 3:1, во првото коло од Европско првенство кое започна вчера. Денеска се одиграа вкупно четири меча, а беа постигнати 16 голови односно четири погодоци во просек на средба. Данска со 3:2 ја победи Украина во меч на кој Данска два пати беше во негатива. Украина водеше на полувреме со 1:0. Потоа Украина имаше предност и од 2:1 во 78 минута, но Данците не се ...
Вистинска навивачка лудница беше денеска во Истанбул, каде Галатасарај го престави Лерој Сане. Досегашниот фудбалер на Баерн Минхен реши да си замине од германскиот гигант и тоа како слободен играч, за да потпише со турскиот првак. За тоа каква еуфорија владееше во Истанбул, покажува и фактот дека дури 1,5 милиони луѓе го следеле неговиот лет кон Истанбул. Сане во Галатасарај потпиша тригодишен договор, а ќе заработува вистинско богатство, ...
Кошаркарите на Партизан без многу проблеми славеа над Будуќност со 90:75 во четвртиот меч од финалната серија на АБА лигата. ЗА Партизан ова беше трета победа, што значи дека Црно-белите по завршување на мечот започнаа големо шампионско славје за освоената титула во регионалното натпреварување. Во првата четвртина двата тима се менуваа во водство за да по 10 минути биде нерешено 26:26. Партизан на полувреме замина со предност од 48:44, а ...
Возбудувањата во светскиот клупски фудбалски свет нема да прекинат ниту за време на летниот период. Од 14 јуни до 13 јули ќе се игра првото Светско клупско првенство на кое ќе учествуваат дури 32 екипи од целиот свет. Во САД ќе доминираат европски клубови. Вкупно 12 екипи од Европа ќе има на овој клупски Мундијал, и тоа: Челзи, Реал Мадрид, Манчестер сити, Баерн Минхен, ПСЖ, Интер, Порто, Бенфика, Борусија Дортмунд, Јувентус, Атлетико Мадрид и ...
Хрватскиот гигант Динамо Загреб се согласил да го продаде 16-годишниот Португалец Кардосо Варела во Барселона, пренесува 24сата.хр. Според најавите, Динамо веднаш ќе заработи пет милиони евра од овој трансфер, а дополнителни 20 милиони треба да пристигнат во вид на разни бонуси. Динамо го задржува и правото да добие 20 отсто од следниот трансфер на Кардосо. Иако Барселона летово ќе го купи тинејџерот, младиот Португалец ќе остане на „Максимир“ ...
Утре стартува четвртото издание на меѓународниот турнир „Марко Божиновски9“, кој се одржува во чест на младиот ракометар, Марко Божиновски, чиј живот згасна прерано. Турнирот за првпат добива репрезентативен карактер, ќе учествуваат национални тимови до 17 години. Македонија ќе има две репрезентации „А“ и „Б“. Покрај нашите две селекции дел од меѓународниот турнир ќе бидат и Катар, Босна и Херцеговина, Србија и Романија. Отварањето е закажано за ...
Словенија победи со 2:1 во контролен меч против Босна и Херцеговина. Ваквите натпревари често се користат за испробување на некои нови варијанти, а селекторот на БиХ, Сергеј Барбарез, реши да тестира нова тактика за изведување корнер. Се играше седмата минута кога БиХ доби корнер, па дури шестмина играчи на гостите се наредија на работ од шеснаесетникот. Ваква формација при изведување корнер досега не е видена во светскиот фудбал, а на крајот ...
Светската фудбалска федерација (ФИФА) се мачи да ги продаде влезниците за отворањето на Светското клушско првенство кое започнува викендов во САД. В недела рано наутро ќе се игра првиот меч од новото СКП меѓу Интер Мајами и Ал Ахли, а според последните информации, не е распродаден ни половина од капацитетот на стадионот „Хард Рок“ кој има капацитет од 65.000 гледачи. Токму затоа ФИФА започна промотивна акција, за да може да се наполнат трибините ...
Имињата на номинираните за Златната топка за 2025 година ќе бидат објавени на 7 август, објавија од магазинот „Франс фудбал“, кој заедно со УЕФА се организатори на најстариот избор на фудбалер на годината во Европа. Церемонијата на доделување на наградите ќе се одржи во Театарот Шале во Париз на 22 септември. Во 2024 година наградата ја освои Шпанецот Родри од Манчестер сити. Годинава прв фаворит е Усман Дембеле од ПСЖ, но нема да биде ...
Реал Мадрид го увери шпанскиот фудбалер Алваро Карерас дека ќе го доведе по секоја цена, иако сè уште не постигнале договор со неговиот сегашен клуб Бенфика, објави шпанскиот весник „Марка“. Реал Мадрид имаше намера да ги обезбеди услугите на 22-годишниот Карерас пред Светското клупско првенство, но наместо тоа. Карерас на турнирот во Соединетите Американски Држави ќе игра во дресот на Бенфика. Едно од експлицитните барања на новиот тренер на ...
Во најголем дел од европските земји завршија фудбалските возбудувања, но шпанските второлигаши уште активно се борат за влез во Примера дивисион. Овиедо обезбеди место во финалето на плејофот откако по двата меча ја елиминира Алмерија. Овиедо на првиот меч славеше на гости со 2:1, а синоќа на свој терен го играше реваншот. Алмерија поведе со 1:0 благодарение на голот од пенал во 24-тата минута. На почетокот од второто полувреме тренерот на ...
Македонската фудбалска репреентација игра одлично во квалификациите за пласман на Светското првенство 2026 и моментално е на лидерската позиција во групата во која се уште и Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн. Во јунскиот циклус Македонија прво одигра 1:1 во Скопје против Белгија, а потоа го победи Казахстан со 1:0 на гости во Астана. Со вкупно осум бода од четири меча, Македонија е прва во групата, пред Велс со седум бодови. Белгија има ...
Сега е и официјално Наполи се пофали со својот нов „Крал Кев“, нов играч на италијанскиот првак стана белгискиот фудбалер за врска Кевин де Бројне. Белгискиот искусен играч пристигна од Манчестер сити, каде што за десет сезони имаше одлична кариера и освои сè на клупско ниво. Тој потпиша двегодишен договор, а во Наполи дојде како слободен агент откако Граѓаните не му го обновија договорот. Минатата сезона Кевин се мачеше со повреди, имаше 6 ...
На натпреварот помеѓу Феро и Бока јуниорс од четвртфиналето на плејофот во аргентинската кошаркарска лига беше постигната тројка за победа каква што ретко се гледа на ваков важен меч. Бока беше прва во регуларниот дел од сезонава, Феро осми, но сега е 2-1 за Феро во победи. Синоќа при 73-73, Бока имаше напад за победа, изведоа аут на 1,6 секунди до крајот, но ја загубија топката, таа се најде во рацете на Емилијано Лескано кој немаше време и ...
Подобро е да се игра со Мбапе и Винисиус отколку против нив, треба да се штипнам за да проверам дали ова е сон или јаве. Ова се главните поенти кои ги кажа Трент Александер-Арнолд на првата прес-конференција како играч на Реал Мадрид. Арнолд не кажа дека бил навивач на Реал Мадрид уште од мал, но навивал за тим за кој играл Чаби Алонсо кој сега ќе му биде тренер во Реал. „Пораснав како навивач на Ливерпул и го гледав Чаби како го добива тоа ...