Интер Мајами на свој терен беше поразен од Монтереј со 1:2 во дуел од Лига купот на Средна и Северна Америка. Мечот започна со минута молк во чест на таткото на Лионел Меси, Жорге кој почина на 68-годишна возраст. Без Меси во составот, Интер Мајами загуби, иако на полувремето имаше водство. Аргентинскиот репрезентативец Родриго де Пол погоди за домашниот тим во 32 минута и веднаш го соблече дресот, а под него имаше друг дрес со презимето ...

Милвол на драматичен начин се пласираше во следната рунда на Лига купот на Англија, откако по подобро изведување на пенали го елиминираше тимот на Квинс Парк Ренџерс. Лондонските ривали играа 1:1 по 90 минути, па патникот за следната фаза се решаваше по изведување на пенали. Во пенал рулетот свое шоу имаше голманот на Милвол, Лукас Јенсен кој направи подвиг и ги одбрани сите четири пенали кои ги изведоа фудбалерите на КПР. На крајот, Милвол ...

Екипата на Барселона неочекувано загуби од Удинезе со 0:1 во финалето на „Фриули Венеција Гиулија Куп“ во Удине. На овој турнир се играа три меча по 45 минути, а покрај овие две екипи, учестваше и англискиот Нотингем Форест. Во првиот дуел, Удинезе со 1:0 славеше над Нотингем. Потоа играа Барселона и Нотингем, а каталонскиот гигант славеше минимално со 1:0 благодарение на голот од пенал на Рафиња. Во последните 45 минути играа Удинезе и ...

Валенсија претрпе пораз од Њукасл со 1:2 во меч кој го одбележа еден неспортски потег на капитенот на шпанскиот тим. Валенсија на чиј гол беше македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски, поведе со голот на Угриниќ во петата минута. Одлично играше Валенсија, но во 36 минута се случи неочекуван инцидент. По еден дуел на средината од теренот, играчот на Валенсија Гаја непромислено направи остар прекршок и директно со нога го удри Еланга. ...

Кошаркарот на Мемфис гризлис, Брендон Кларк почина во мај оваа година, а сега и офциијално е потврдено дека причина за оваа трагедија е конзумирање на дрога. Надлежните органи во Лос Анџелес известија дека Кларк починал како последица од комбинирано дејство на хероин и кокаин. Кларк беше пронајден во несвест во спалната соба на неговиот дом во долината Сан Фернандо на 11 мај, а лекарите на итна медицинска помош кога пристигнале само ...

Актуелниот европски првак Пари Сен Жермен одигра 1:1 против Манчестер јунајтед во контролен меч што се одигра н анеутрален терен во Гетеборг, Шведска. ПСЖ рано стигна до водство, постигнувајќи гол уште во втората минута од средбата, кога прецизен беше Ибрахим Мбаје. Иако францускиот гигант прв погоди, на крајот Светците треба да бидат задоволни што не загубија, затоа што Манчестер беше тимот кој создаде многу повеќе шанси. Англискиот ...

Жорге Меси таткото на Лионел Меси, почина на 68-годишна возраст по долго боледување. Почина во клиника во неговиот роден Росарио, откако ги помина последните месеци наизменично на лекување и дома со сопругата Селија и семејството. Лионел остана со својот татко и тоа помалку од еден месец откако загуби во финалето на Светското првенство. Жорге со децении беше познат како човекот кој управуваше практично со сите најважни работни кога се работи ...

Аргентинскиот репрезентативец Хулијан Алварез и неговиот потенцијален трансфер во Барселона оди во заборав. Ова е јасно барем ако се слушне изјавата која ја даде тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне. Барселона веќе подолго време се обидува да го доведе Алварез на „Камп Ноу“, но сите досегашни обиди се јалови. Челниците на Атлетико Мадрид дури и воопшто не сакаат да разговараат за заминување на Аргентинецот. Извршниот директор Мигел ...

Брегалница победнички ја започна новата сезона на свој терен откако со 4:0 славеше над Арсими во Штип. Ова беше дуел од второто коло во Прва лига, а Брегалница се израдува на сефте триумф, додека Арсими го претрпе вториот пораз и уште е без ниту еден бод. Уште од самиот почеток, домашниот тим покажа дека е подготвен да стигне до трите бода. Се играше 10-тата минута кога Методи Максимов одлично продре по десната страна, а Мартин Стојанов од ...

Доаѓањето на Мохамед Салах во редовите на Трабзонспор претставува еден од најнеочекуваните трансфери во европскиот фудбал ова лето, а приемот во новата средина потврди дека клубот добил многу повеќе од врвниот напаѓач. Салах доби неверојатен пречек, најпрво на аеродромот, а потоа и на стадионот кога го дочекаа повеќе од 40.000 фанови. Финансискиот мотив е главниот зошто „Египетскиот фараон“ реши да заигра за Трабзонспор. Тој ќе заработува ...

Најдобриот фудбалер на сите времиња, Лионел Меси, денес претрпе голема загуба, почина неговиот татко Жорге. Жорге Меси почина на 68-годишна возраст по долга борба со тешка болест, а меѓу оние кои изразија сочувство до семејството Меси беше и Реал Мадрид. Како голем ривал на Барселона, клубот каде што Лео остави голем белег и ја изгради кариерата на најголемиот во историјата, Реал испрати порака до аргентинскиот фудбалер на својата официјална ...

Новото фудбалско првенство на Македонија е на самиот почеток, а утре треба да се комплетира второто коло. Иако се одиграа едвај седум меча, некои работи полека стануваат јасни, а тоа е дека и оваа сезона ќе има натпревари каде борбата на теренот ќе биде нерамноправна. Екипата на Башкими одигра два натпревари и двата убедливо ги загуби. Во првото коло на гости во Кратово, Башкими беше поразен со 6:0. Од тој меч во Кратово, до денешниот во ...

Екипата на Тиквеш очекувано славеше над Башкими во Куманово во меч од второто коло од Прва фудбалска лига на Македонија. Гостите од Кавадарци победија со 5:0, а клучниот период се случи во финишот од првото полувреме, кога беше скршен отпорот на домашниот тим. Теренската иницијатива Тиквеш ја круниса со погодок во 36 минута кога по една одлична акција, нигерискиот интернационалец Окере Висдом погоди за 1:0. Само шест минути подоцна веќе беше ...

Барселона сè уште не го финализирала трансферот на Жоао Кансело од Ал Хилал, а причината се административни пречки поврзани со даночни проблеми. Португалскиот дефанзивец во петокот се приклучил на тренинзите на Ал Хилал во Ријад, откако доби одмор по настапот за Португалија на Светското првенство. Сепак, неговото враќање во саудискиот клуб не значи дека пропаднал трансферот во Барселона. Според „Мундо Депортиво“, станува збор за привремено ...

Арсенал и Манчестер јунајтед покажуваат сериозен интерес за младиот напаѓач на Интер, Франческо Пио Еспозито. Претставници на двата англиски клуба во живо го следеле 21-годишниот Италијанец на натпреварот против Милан во Перт. Арсенал подолго време е заинтересиран за Еспозито, кој веќе е дел од репрезентацијата на Италија. Микел Артета сака да го засили нападот со физички силен централен напаѓач, способен да игра дуели и да создава проблеми ...

Марк Касадо и Руни Бардагџи, исто како Роналд Араухо, нема да патуваат со првиот тим на Барселона на турнирот во Удине, што дополнително ги засили шпекулациите дека двајцата би можеле да го напуштат клубот. Касадо утрово се појавил во спортскиот комплекс „Жоан Гампер“, но ја напуштил базата пред тимот да замине за Италија. Според шпанските медиуми, Барселона сака да го продаде 21-годишниот играч за врска и да заработи значителна сума. Во ...

Белгискиот репрезентативец Ромелу Лукаку е пред реализација на еден интересен трансфер. Голгетерот кој минатата сезона го носеше дресот на Наполи, даде дозвола да се реализира трансферот во тимот на Фенербахче. Италијанскиот новинар Матео Морето ја објави информацијата дека Лукаку се сложил да направи трансфер во Фенербахче, иако уште има актуелен договор со Наполи. Сега останува двата клуба да ги договорат условите за трансферот. 🚨🚨 ...

Италијанскиот првак Интер со 2:1 славеше над големиот ривал Јувентус во контролен меч кој се одигра во Перт, Австралија. Нераѕурите поведоа со голот на Ди Марко во 20 минута, а во второто полувреме погоди и Диуф за водство од 2:0. Почесниот погодок за Јувентус го постигна Франциско Консеисао. На овој меч во дресот на Старата дама дебитираше новото засилување, репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Керим Алајбеговиќ. За разлика од Интер, ...

Реал Мадрид се откажа од идејата да го ангажира Родри, откако шпанскиот репрезентативец реши кариерата да ја продолжи во Барселона. „Кралскиот клуб“ веќе има нова опција за засилување на средниот ред, а станува збор за играч чие име не се очекуваше во комбинација со мадридскиот гигант. Според информациите од Италија и Шпанија, Реал покажал интерес за капитенот на Јувентус и италијански репрезентативец, Мануел Локатели. Во Мадрид сметаат дека ...

Феран Торес ја донесе одлуката и го избра Пари Сен Жермен. Шпанскиот весник „Марка“ објави ексклузивни информации за конечниот договор меѓу Барселона и Пари Сен Жермен, според кој напаѓачот на каталонскиот гигант ќе се пресели на „Паркот на принцовите“ за сума од близу 50.000.000 евра. ПСЖ прво понуди 40.000.000, кои Барселона ги отфрли и побара уште десет милиони евра, за да потоа Светците ја зголемат својата понуда и вклучија бонуси да се ...

Следното издание на шпанскиот Суперкуп најверојатно ќе се игра во Истанбул. Според најавите, се очекува Турција да ја замени Саудиска Арабија која во последните неколку години беше домаќин на Суперкуп изданието на Шпанија. Главната причина поради која Саудиска Арабија најверојатно нема да може во февруари 2027 година да биде домаќин на четирите најдобри екипи од Шпанија е тоа што во периодот од 7 јануари до 6 февруари оваа земја ќе биде ...

Лионел Меси денеска ја слушна една од најлошите вести, почина неговиот татко Жорге. По неколку години борба со тешка болест, 68-годишниот Жорге не успеа да се спаси, денеска почина. За Лионел и неговото семејство, ова е голема трагедија и шок бидејќи го загубија човекот кој им беше најголема поддршка во животот. Хорхе одигра голема улога и во кариерата на Меси бидејќи му ги обезбеди на својот син сите услови што му беа потребни за да успее ...

ФИФА нема намера да се откаже од паузите за освежување кои беа воведени на Светското првенство во САД, Канада и Мексико, поради високите температури и заштитата на фудбалерите. Покрај здравствената функција, паузите имаа и значајна комерцијална вредност, бидејќи телевизиите добија дополнителен простор за реклами без прекин на натпреварот. Поради тоа, се очекува ваквата практика да продолжи и на следните Мундијали. Во меѓувреме, ФИФА ...

Арсенал ја пренасочи потрагата по нов крилен напаѓач кон Кенан Јилдиз од Јувентус, откако пропадна можноста за ангажман на Винисиус, кој го продолжи договорот со Реал Мадрид. Според информациите, турскиот репрезентативец е подготвен да побара трансфер и сака кариерата да ја продолжи во Лондон. По одличните настапи во Серија А, Јилдиз се наметна како еден од најперспективните млади фудбалери во Европа. Сепак, преговорите нема да бидат ...

Поранешниот дефанзивец на Ливерпул, Џејми Карагер, смета дека Мохамед Салах направил чекор назад со одлуката кариерата да ја продолжи во Турција. Египетскиот офанзивец летово го напушти Ливерпул и потпиша за Трабзонспор, што предизвика реакции во фудбалската јавност. Карагер, кој добро ги познава квалитетите на Салах, не го криеше своето мислење. „Турција ми изгледа како прениско ниво. Едноставно мислам дека тој е подобар од тоа“, изјави ...

Новото засилување на Реал Мадрид, Јан Диоманде, откри кој е неговиот омилен фудбалер во историјата на шпанскиот гигант. „Мојот омилен играч на Реал Мадрид? Кристијано Роналдо“, изјави 19-годишниот фудбалер. Роналдо го носеше дресот на Реал од 2009 до 2018 година и остави голема трага во историјата на клубот, освојувајќи бројни трофеи и поставувајќи голем број рекорди. Реал Мадрид на 6 август официјално го потврди трансферот на Диоманде, со ...

Барселона веднаш реагираше по заминувањето на Роналд Араухо во Ливерпул и веќе има конкретна желба за засилување на последната линија. Прва опција за тренерот Ханси Флик е Кристијан Ромеро од Тотенхем. Аргентинскиот репрезентативец подолго време е на мета на европски клубови, а сега би можел да направи трансфер на „Камп Ноу“. Флик сака искусен централен дефанзивец кој може веднаш да одговори на највисоките барања, а Ромеро се вклопува во ...

Раководството на Реал Мадрид донело одлука да ја прекине потрагата по нов играч за средниот ред, откако пропадна обидот за ангажман на Родри од Манчестер сити. Во „кралскиот клуб“ сметаат дека актуелниот состав е доволно квалитетен за сезоната 2026/27 и дека нема потреба од дополнително засилување на таа позиција. Тренерот Жозе Мурињо планира во улогата на плејмејкер да го користи Бернардо Силва, кој летово пристигна во Мадрид. Според ...

Претседателот за деловни операции на Интер Мајами, Хавиер Асенси, откри дека Лионел Меси би можел да добие значајна функција во клубот по завршувањето на играчката кариера. Асенси нагласи дека Меси сам треба да одлучи кога ќе се повлече од фудбалот, но клубот веќе размислува за периодот по неговото пензионирање. „Ќе дојде време кога Меси повеќе нема да игра. Тажно е да се зборува за тоа, но очигледно е дека нема да може да игра уште 15 ...

3132 Црвена звезда – Нови Пазар (20:00) Црвена звезда е апсолутен фаворит на домашен терен против Нови Пазар, па се освен лесна и убедлива победа ќе биде големо изненадување. Очекувањата се дека на „Рајко Митиќ“ ќе има голови, а квотата во Sport Life за по најмалку два гола во двете полувремиња е одлична. Предлог тип: 2+I и 2+II (2.21) 1658 Вестерло – Унион (20:45) Голови се очекуваат и на мечот од првото коло на белгиското првенство помеѓу ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
81%
1027
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.03
65%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1027
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.54
86%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
85%
1028
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 11ᴼ
0.0
71%
1023
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.275
64%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Сребро

1670.34

Алуминиум

3.07

Бакар

12.58

Кобалт

33.53

Злато

130856.75

Рутениум

61086.42

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Калај

46.54

Паладиум

32279.35