Шпанскиот репрезентативец Мартин Зубименди би можело да го напушти Арсенал само по една сезона, иако во Лондон пристигна како големо засилување. За неговите услуги најсериозно се интересира Реал Мадрид, а во трката е и Челзи. Последниот збор, сепак, ќе го има Арсенал, кој наводно е подготвен да размисли за продажба, особено откако го ангажира Бруно Гимараиш. Топчиите немаат намера лесно да се откажат од Зубименди и за негов трансфер бараат ...

Ливерпул би можел наскоро да добие нови моќни инвеститори. Конзорциум предводен од основачот на „Амазон“, Џеф Безос, е подготвен да купи значаен удел во англискиот гигант, а официјалната потврда на договорот се очекува до крајот на неделата. Според информациите на „Скај спортс“, конзорциумот планира да преземе околу 33 проценти од акциите на Ливерпул, чија актуелна вредност се проценува на приближно 6 милијарди долари. Покрај Безос, во ...

Сагата околу иднината на Хулијан Алварес продолжува. Аргентинскиот напаѓач се врати во Мадрид по летниот одмор со намера да разговара со раководството на Атлетико и тренерот Диего Симеоне за можниот трансфер во Барселона. Алварес утрово пристигна во тренинг-центарот на Атлетико на лекарски прегледи, но таму го дочека неочекувана ситуација. Наместо да разговара со Симеоне и со челниците на клубот, му било соопштено дека тие воопшто не се во ...

Кошаркарскиот клуб Соколи 1933 го направи првиот голем чекор кон новата сезона откако Марјан Србиновски и официјално е промовиран за нов тренер на штипскиот клуб. Поранешниот македонски селектор и репрезентативец ќе биде предводник на проектот со кој Соколи сака да се врати на највисокото ниво во македонската кошарка. Клубот ќе аплицира на повикот на КФМ за пополнување на местото во Суперлигата, откако Чаир 2030 не доби лиценца за настап. ...

Тиквеш продолжува активно да работи на составот, а клубот денес го потврди ангажманот на Мухамед Елмас. Младиот македонски фудбалер стави потпис на договор со кавадаречкиот прволигаш и во новата сезона ќе биде дел од „црвено-белите“. Елмас во Тиквеш доаѓа со желба да добие шанса, да се наметне во конкуренција и да направи нов чекор во својата кариера. Вниманието кон новото засилување е дополнително поголемо поради неговото семејно потекло. ...

Хари Кејн е пред потпишување нов договор со Баерн Минхен, со кој би останал во клубот до летото 2029 година, пренесуваат повеќе реномирани извори. Според „Тајмс“, преговорите би требало да започнат уште оваа недела, веднаш по враќањето на англискиот напаѓач од одмор. Се очекува договорот да биде постигнат без поголеми проблеми. Кејн не планира да бара значително зголемување на платата. Неговата годишна заработка би останала околу 25 милиони ...

Трабзонспор продолжува да создава амбициозен тим, па по Мохамед Салах, турскиот клуб договори уште едно звучно засилување. Станува збор за 27-годишниот уругвајски напаѓач Дарвин Нуњез, кој ќе пристигне на позајмица од Ал-Хилал. Според информациите од странските медиуми, двата клуба ги договориле сите детали и Нуњез наскоро треба да му се приклучи на новиот тим. Интересно е што Нуњез повторно ќе игра со Салах. Двајцата претходно беа соиграчи ...

Легендарниот англиски напаѓач Џејми Варди е пред враќање во англискиот фудбал само по една година откако ја напушти Премиер лигата. Варди (39) минатото лето го напушти Лестер по 13 години и се пресели во италијанскиот Кремонезе. Сега, според „Скај спортс“, тој е блиску до договор со Вест хем. Лондонскиот клуб, кој испадна во вториот ранг, стапил во контакт со Варди како слободен играч. Менаџерот Нуно Еспирито Санто сака да ангажира уште еден ...

Ливерпул направи важен чекор кон ангажманот на Бредли Баркола откако францускиот репрезентативец се договорил со англискиот клуб за личните услови. Според Фабрицио Романо, Баркола дал зелено светло за трансферот и се согласил на повеќегодишен договор со Ливерпул. Сега останува најтешкиот дел – преговорите со ПСЖ. Францускиот клуб е категоричен дека Баркола нема да биде продаден за помалку од 150 милиони евра. Ливерпул првично се двоумеше дали ...

Ракометниот клуб Вардар оваа сезона ќе настапува на четири фронта, па освен во домашното првенство и Купот на Македонија, актуелниот шампион се враќа и во Лигата на шампионите, но и во новоформираната Регионална лига. Од „црвено-црниот“ табор известија за почеток на продажбата на сезонските билети, кои ќе чинат 4.500 денари, а со нив ќе може да се гледаат сите домашни натпревари на Вардар. Натпреварите од Лигата на шампионите ќе се играат во ...

Ханси Флик продолжува со промените во Барселона, а германскиот тренер донесе одлука да не смета ниту на Ектор Форт. По Марк Касадо и Руни Бардагџи, Флик му порачал и на десниот бек дека најдобро е да ја напушти Барселона доколку сака да има поголема минутажа. Касадо и Бардагџи неодамна не патуваа со тимот на турнирот во Удине, а сега шпанските медиуми пишуваат дека сличен разговор Флик имал и со Форт. Иако 24-годишниот дефанзивец сакал да ...

Кошаркарската федерација на Македонија и официјално потврди дека екипата на Чаир 2030 не доби лиценца за настап во Супер лигата, па чаирчани по четири сезони во елитата се селат во понизок ранг. Воедно, од КФМ објавија и конкурс, односно повик до заинтересираните екипи за пополнување на испразнетото место. Заинтересираните екипи ќе треба да исполнат спортски и финансиски критериуми, но и да платат сума од 40.000 евра за „вајлд-картата“. Од ...

Славниот португалски стручњак Жозе Мурињо во новиот документарец откри дека во 2013 година веќе потпишал договор за да го наследи легендарниот Сер Алекс Фергусон на клупата на Манчестер јунајтед, но на крајот со солзи се откажал од договорот и решил да се врати во својот сакан Челзи. Кога Алекс Фергусон во 2013 година реши да се повлече од клупата на Манчестер јунајтед, каде што работеше 27 години, многумина се прашуваа кој ќе биде тренерот ...

Некогашната голема фудбалска надеж на Манчестер јунајтед, Брендон Вилијамс (25), отворено проговори за сериозната сообраќајна несреќа во 2023 година и падот во кариерата што доведе до неговата условна затворска казна. Англискиот дефанзивец започна одлично и за тимот од „Олд Трафорд“ одигра 51 настап под водство на Оле Гунар Солскјер, но со доаѓањето на Ерик тен Хаг, го изгуби местото во тимот. Во мај 2025 година, тој доби 14-месечна условна ...

Во женската НБА-лига утрово се одигра меч во кој Минесота линкс славеше над Далас вингс во Минеаполис со 103-90. Овој дуел ќе се памети по рекордот што го постави Кајла Мекбрајд. Искусната Мекбрајд имаше неверојатно шутерско шоу постигнувајќи 43 поени, од кои 10 беа од тројки, што е нов рекорд во женската НБА-лига. Петкратната учесничка во Ол-стар натпреварот и четирикратна шампионка на Евролигата погоди 10 од 14 шутеви за тројки, а тројката ...

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб ќе има нов тренер. Ова стана јасно откако денеска стигна соопштение дека клубот и аргентинскиот стратег Кристијан Фабијани постигнале заемен договор за раскин. Тоа значи дека официјално од денеска Фабијани повеќе не е тренер на Вардар. Фабијани во Вардар дојде летово на местото на Гоце Седлоски. Вардар со него одработе катастрофални подготовки во Италија каде беа одиграни само два контролни дуели против ...

Ливерпул го одигра првиот меч на „Енфилд роуд“ под водство на новиот тренер Андони Ираола, но навивачите останаа разочарани. Англискиот гигант водеше со 2:0 само по 30 минути игра, но на крајот Монако не само што не се предаде, туку со три гола до крајот на средбата направи голем пресврт и стигна до победа од 3:2 на легендарниот стадион. За Ливерпул ова е втор пораз во низа откако пред неколку дена загуби со 2:4 од Лидс. Интересно е дека ...

3175 Мура – Радомље (18 ч.) По првите три кола, екипата на Мура има по една победа, пораз и реми, додека Радомље е на дното само со еден бод. Традицијата вели дека кога играат овие два тима, од последните девет меча, на пет се радувала Мура, а трипати славел Радомље. Дури седумпати имало два или повеќе погодоци, па и сега може да се очекува да биде возбудливо со повеќе погодоци, а, секако, Мура ја има фаворитската улога. Предлог тип: ...

Францускиот репрезентативец Лукас Дињ (33) го комплетира трансферот од Астон вила во актуелниот европски шампион, Пари Сен Жермен. Искусниот лев бек потпиша тригодишен договор, а неговото враќање на „Паркот на принцовите“ доаѓа откако ПСЖ одлучи да ја активира откупната клаузула во износ од 8,5 милиони фунти (околу 10 милиони евра). Дињ се враќа во Париз по десет години, со оглед на тоа што го носеше дресот на францускиот гигант на почетокот ...

Фудбалерите на Вардар повторно ги разочараа своите навивачи откако на арената „Тодор Проески“ вчера со 0:2 загубија од Шкендија во дербито на второто коло во Прва фудбалска лига на Македонија. По овој пораз, Вардар уште на стартот на новата сезона направи кикс во трката за одбрана на трофејот. Иако е уште првата половина на август, Вардар веќе нареди неколку порази. Македонскиот првак беше елиминиран на стартот од квалификациите во Лигата на ...

Три тениски дуели ја нарушуваат доминацијата на фудбалот во денешната понуда на Супер типот во Sport Life. За љубителите на тенисот делува дека има три сигурици кои имаат примамливи зголемени коефициенти за победи на фаворитите. Мек Доналд Нилс да слави над Петковиќ е со квота од 1.71, додека Чечинато да се радува против Хард носи коефициент од 1.48. Од фудбалите, Мура пред своите навивачи да го победи Радомље се вреднува со коефициент 2.05, ...

Турскиот репрезентативец Арда Ѓулер се најде во фокусот на вниманието откако од Франција пристигна информација дека играчот на Реал Мадрид се договорил за преселба во Пари Сен Жермен. Според реномираниот француски весник „Л’Екип“, Ѓулер ги прифатил личните услови што му ги понудиле од ПСЖ, а доколку дојде до реализација на евентуален трансфер, тој би заработувал 18 милиони евра по сезона. Ѓулер стигна во Реал Мадрид како еден од ...

Пет интересни натпревари кои се денеска на програмата се дел од понудата на Квоти на ден во Sport Life. Доколку сите пет понудени комбинации се одиграат заедно на еден тикет, вкучниот коефициент кој се добива е 37.97. Силкеборг е домаќин на Оденсе и тука е потребно во првото полувреме да има од еден до два гола, а во вториот дел да бидат постигнати од еден до три погодоци. Оваа комбинација се вреднува со квота од 2.10. Одс да не загуби на ...

Најубавите фудбалски потези не мора секогаш да доаѓаат од најсилните и најатрактивни натпреварувања како што се Лигата на шампионите, Премиер лигата или да бидат од мечеви кои се играат на најголемите стадиони во светот. Доказ дека е така пристигна од втората лига на рускиот фудбал, каде беше направена можеби најлудата асистенција за погодок. На мечот од петтото коло на руската втора лига помеѓу СКА Хабаровск и Спартак Кострома, гостите ...

Шкендија вчера победнички си замина од гостувањето во Скопје, триумфирајќи против најголемиот ривал Вардар со 2:0. Тренерот на Шкендија, Артим Положани, беше задоволен од тоа како одиграа неговите фудбалери, посебно ако се знае дека тие имаат и европски предизвици, а беа и без неколку повредени фудбалери. „Мислам дека ова беше сосема заслужена победа и ова е исто така заслуга на момците, бидејќи одиграа исклучително добар натпревар. Првото ...

Иднината на Родри во Манчестер сити повторно е во центарот на вниманието. Шпанскиот репрезентативец е голема желба на Барселона, но евентуалниот трансфер на „Камп Ноу“ нема да биде едноставен. Додека Родри сè уште е на одмор по настапот на Светското првенство, Манчестер Сити ги продолжува подготовките за новата сезона. Тренерот на „граѓаните“, Енцо Мареска, по победата над Атлетико Мадрид од 3:1 зборуваше за ситуацијата со Родри. „Во овој ...

Нејмар би можел да направи голем трансфер во Интер Мајами на почетокот од следната година и повторно да заигра со своите поранешни соиграчи од Барселона, Лионел Меси и Луис Суарез. Ова го откри неговиот поранешен репрезентативен соиграч Фелипе Мело, кој е близок пријател со бразилската ѕвезда. Според него, во кругот на Нејмар се зборува дека напаѓачот ќе го напушти Сантос и ќе се пресели во МЛС. Нејмар би можел така повторно да се обедини со ...

Барселона повторно ја разгледува можноста за ангажман на Ајмерик Лапорт од Атлетик Билбао, но евентуалниот трансфер нема да биде лесен. По заминувањето на Роналд Араухо во Ливерпул, Ханси Флик сака да процени дали му е потребен уште еден искусен стопер. Меѓу опциите повторно се најде Лапорт, а конечната одлука ќе биде на германскиот стратег. Шпанскиот репрезентативец би донел големо искуство, одлична игра со левата нога и сигурност при ...

Севиља го направи еден од поинтересните потези во летниот преоден рок, откако го ангажираше 22-годишниот шкотски напаѓач Роби Јур од шведски Сириус. Јур со одличните настапи во Шведска привлече внимание од повеќе европски клубови, но на крајот ја избра Севиља. За неговиот трансфер шпанскиот клуб ќе плати девет милиони евра. Шкотланѓанецот, кого во Шведска го споредуваат со Ерлинг Халанд, сезонава има импресивен учинок – 15 голови на исто ...

Манчестер Јунајтед направи голем пресврт околу иднината на Маркус Рашфорд, откако клубот одлучи да му го додели дресот со број 14. Според Фабрицио Романо, овој потег е јасна порака дека англискиот репрезентативец повторно е дел од плановите на клубот. Рашфорд во следниот период ќе го носи бројот 14, а дополнителен знак дека се смета на него е фактот што тој патува со тимот. Иако во изминатите недели многу се зборуваше за негово заминување од ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.54
64%
1027
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
85%
1026
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
84%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
87%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
71%
1022
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.89
62%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Платина

49319.25

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Алуминиум

3.07

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32

Паладиум

32279.35