Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Душан Влаховиќ би можел кариерата да ја продолжи во Турција, а Бешикташ веќе направил конкретен чекор за ангажман на српскиот напаѓач. Влаховиќ е сè поотворен за преселба во Истанбул, особено затоа што сака што побрзо да најде нов клуб и да се врати на теренот. Важна улога во можниот трансфер има тренерот на Бешикташ, Винченцо Италијано, кој одлично го познава Влаховиќ од периодот во Фиорентина. Токму Италијано наводно контактирал со ...
Ливерпул доживеа пораз од Монако во пријателски натпревар на „Енфилд“, откако францускиот тим славеше со 3:2. „Црвените“ одиграа одлично прво полувреме и стекнаа предност од 2:0. Александар Исак погоди во 16. минута, а Флоријан Вирц во 29. минута зголеми на 2:0. Сепак, Монако намали непосредно пред паузата. Вирџил ван Дајк направи прекршок за пенал, а сигурен реализатор беше Александар Головин. Во 56. минута Мика Бирет го израмни резултатот ...
Жозе Мурињо не е целосно задоволен од физичката подготвеност на Бернардо Силва по неговото деби за Реал Мадрид. Португалскиот играч за врска летово пристигна во Мадрид како слободен фудбалер од Манчестер сити, а во саботата го одигра второто полувреме во победата од 2-1 против Ференцварош. „Тој е исклучително важен играч, но спаѓа меѓу оние кои целосно се исклучуваат за време на одморот и не работат ништо. Поради тоа на подготовките пристигна ...
Фудбалерите на Вардар по двојната елиминација во европските купови, загубија и од најголемиот ривал за титулата во домашното првенство. Шкендија сосема заслужено славеше сп 0-2 на Националната арена, а фудбалерите на Вардар со свирежи беа испратени од публиката на јужната трибина. Во текот на мечот, кога Вардар веќе имаше негатива, од трибините можеа да се слушнат и скандирања „Оди си Миленко“ и „Ова не е Вардар“. Фудбалерите на Вардар по ...
Првата „црвено-црна“ битка за шампионската титула во новата сезона помеѓу Вардар и Шкендија ѝ припадна на екипата од Тетово. Откако првото полувреме на Националната арена мина мирно и без голови, битката се разгоре во вториот дел. Фабрис Тамба во 52-рата минута донесе водство за Шкендија, а истиот фудбалер во 76-тата минута стави точка на победата од 0-2 за тетовските „црвено-црни“. Според играта во второто полувреме, фудбалерите на Шкендија ...
Шкендија сосема заслужено забележа победа од 0-2 во првото „црвено-црно“ дерби оваа сезона и тоа на гостински терен во Скопје. Вардар одигра катастрофално второ полувреме, а по завршувањето на мечот можеа да се видат немили сцени на тревникот. Во мешаницата учествуваа фудбалерите на двете екипи, но и резервните клупи. Навистина непотребно, бидејќи мечот на Националната арена беше мирен и на тревникот и на трибините, а Шкендија заслужено го ...
Екипите на Скопје и Струга одиграа нерешено, 1-1, на нивниот меѓусебен дуел од второто прволигашко коло. Поранешниот шампион на Македонија ја имаше фаворитската улога, но на крајот не успеа да победи на мечот кој се одигра на теренот на ФФМ во Ново Лисиче. Откако по првиот дел немаше голови, Струга дојде до водство од 0-1 со голот на Христијан Малески во 58-мата минута. Сепак, радоста на стружани траеше само десеттина минута, бидејќи Беровиќ ...
ПСЖ испратил официјална понуда до Реал Мадрид за турскиот репрезентативец Арда Ѓулер, тврдат шпанските медиуми. Според информациите, европскиот шампион понудил дури 115 милиони евра за 21-годишниот играч за врска. Доколку трансферот биде реализиран, Ѓулер би бил меѓу најскапите продажби во историјата на Реал Мадрид. Турчинот пристигна во Мадрид од Фенербахче, но и покрај проблемите со повреди и ограничената минутажа во почетокот, со текот на ...
На дерби-дуелот од Првата лига помеѓу Вардар и Шкендија на Националната арена нема голови по првиот дел. Двете екипи одиграа „мирни“ 45 минути, а и Вардар и Шкендија имаа свои моменти кои не успеаја да ги искористат. Вардар беше подобар противник во воведниот дел од мечот и имаше иницијатива се до паузата за вода, а потоа следуваше иницијатива на Шкендија, чии фудбалери како да се ослободија и заиграа далеку подобро. Сепак, сето тоа не беше ...
Легендарниот италијански фудбалер Паоло Малдини даде опширно интервју за „Кориере дела сера“, во кое зборуваше за турбулентните неколку недели и неговото кратко ангажирање како технички директор на италијанската репрезентација. Малдини на функцијата се задржа само 16 дена, а во тој период разговарал со Пеп Гвардиола за преземање на селекторската позиција, додека бил договорен и ангажманот на Андреа Пирло. Сепак, Пирло отпаднал поради ...
Ракометните сојузи на Македонија, Србија и Словенија, ќе поднесат заедничка кандидатура за организација на Европското првенство во 2034 година. Оваа информација ја потврди првиот човек на српскиот ракомет, Божидар Ѓурковиќ, кој ги откри и деталите од кандидатурата. „Во изминатите денови имавме три состаноци со претставниците на федерациите на Македонија и Словенија и начелно се договоривме околу сè. Пред официјално да ја објавиме заедничката ...
Фудбалската асоцијација (ФА) им нареди на клубовите кои се дел од системот на Националната лига да ги отстранат оградите од тули и бетон околу теренот или да ги заштитат со соодветни прекривки. Оваа одлука доаѓа за да се засили безбедностапо трагичната смрт на фудбалерот Били Вигар. Поранешниот младински играч на Арсенал, Били Вигар (21), почина во септември 2025 година од сериозна повреда на мозокот што ја претрпе откако удри во бетонска ...
Машката кадетска репрезентација на Македонија постигна голем успех, откако оспеа да го освои деветтото место на Европското кадетско првенство за играчи до 18 години во Србија. Нашите ракометари до големиот успех дојдоа со пет победи по ред во разигрувањето за пласман, а попладнево славеа со 39-29 над Израел. Дуелот против Израелците беше неизвесен се до десеттина минути пред крајот, кога Македонија имаше водство од 29-28, но следуваше пеколна ...
Шамрок роверс со 3:2 славеше над Дандалк во меч од првенството на Ирска, а дуелот ќе се памти по еден необичаен инцидент. Сите најинтересни возбудувања, а и петте гола беа постигнати во првото полувреме. Памрок водеше со 1:0, потоа имаше предност и од 2:1, кога во 27 минута беше досуден пенал за гостите. Хорган беше фудбалерот кој погоди од белата точка, а потоа тргна да прославува пред трибината на која беа домашните навивачи. Ваквиот потег ...
Можеби најдобриот фудбалер на сите времиња, Лионел Меси, ги преживува најтешките моменти во приватниот живот. Неговиот татко Жорге Меси почина на 68 години, па Лео веднаш со приватен авион пристигна во родната земја, за да присуствува на погребот во Росарио. Lionel Messi arribó este sábado por la noche a Rosario, Argentina, para acompañar a su familia tras la muerte de su padre, Jorge Messi, quien falleció a los 68 años en un sanatorio de la ...
Реал Мадрид на неславен начин ја заврши претходната сезона. Ниту еден трофеј не освои Кралскиот клуб, а во финишот на сезоната се случи скандал во кој учествуваа две ѕвезди на тимот. Капитенот Валверде и Чуамени се степаа, а подебелиот крај го озвлече Валверде кој заврши во болница. Подоцна, Реал Мадрид ги казни двајцата играчи поради недисциплина со по неверојатни 500.000 евра. Летово за нов тренер на Реал беше назначен Жозе Мурињо. ...
Речиси неверојатна сцена за време на еден фудбалски натпревар во Уругвај, а на крајот, фудбалската топка предизвика судир со автомобили на патот до стадионот. Натпреварот од втората лига на уругвајскиот фудбал помеѓу Уругвај Монтевидео и Пајсанду кој заврши со победа на домашниот тим од 1:0 ќе се памети по сцената од 25-тата минута. Дефанзивецот на домашниот тим шутираше една топка надвор од теренот и со тоа спречи контранапад. Таа падна ...
Актуелниот шампион Вардар и вицепрвакот Шкендија веќе во второто коло од новата сезона ќе ја имаат првата пресметка. На Арената „Тодор Проески“ денеска од 17 часот се игра големото дерби меѓу двата тима кои повторно се најголеми аспиранти за титулата. Вардар го брани трофејот, а Шкендија сака да го врати. Голманот на Вардар, Давор Талески, има и посебни мотиви секогаш кога игра против Шкендија, тој е поранешен играч на тетовскиот клуб. ...
Манчестер Сити е чекор поблиску до потпишување на договорот со играчот од средниот ред на Лил, Ајуб Буади, откако постигна усмен договор. Тинејџерот кој игра во средниот ред веќе ги договорил лич ните услови со граѓаните, а сега се чека да се подтигне договор меѓу двата клуба. Лил бара 100 милиони евра за Буади, но францускиот тим инсистира 18-годишникот да остане во клубот на позајмица за претстојната сезона, верувајќи дека уште една сезона ...
Англискиот премиерлигаш Нотингем форест е на прагот да го комплетира еден од најважните трансфери ова лето. Нов играч на некогашниот двократен европски првак треба да биде Усман Диоманде од Спортинг Лисабон. Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска се очекува утре да пристигне во Англија, за да ги помине медицинските прегледи, а потоа да стави и потпис на новиот договор. Најавите се дека Спортинг за трансферот на Диоманде ќе заработи 40 ...
Италијанскиот гигант Јувентус продолжува со активната потрага на квалитетен голман за новата сезона. Според најавите на италијанскиот весник „Тотоспорт“ како еден од најсериозните кандидати да биде нов голман на Јувентус е Анатолиј Трубин. Тоа е голманот кој одлично брани во Бенфика. Трубин во минатата сезона бранеше на 50 меча во сите натпреварувања, а прими вкупно 47 голови. На 21 дуел успеа да ја сочува мрежата незатресена. Најавите се ...
Големото фудбалско дерби во македонското првенство се игра попладнево на арената „Тодор Проески“ меѓу Вардар и Шкендија. Двете екипи влегуваат со голем оптимизам и очекуваат успех. Гостите од Тетово на голот ќе го имаат Ферат Рамани, кој поради повреди на останатите двајца голмани, ќе ја има одговорноста да го чува голот на Шкендија. Токму Рамани најавува дека неговиот тим во Скопје ќе оди по освојување на трите бода. „Воопшто нема притисок ...
3145 Хајдук – Истра (21 ч.) Хајдук кикисраше на стартот од новата сезона откако загуби на гости кај Вараждин, па сега пред своите навивачи едноставно мора да донесе радост. Истра истотака со пораз стартуваше, но дома кога загуби со 2:3 од Локомотива. На последните четири дуели меѓу Хајдук и Истра секогаш имаше три или повеќе голови, а три пати екипата од Сплит победуваше. Предлог тип: 1-1&3+ (2.65) 3174 Марибор – Копер (20:15 ч.) По ...
Реал Мадрид победи на гостувањето во Будимпешта со 2:1 против Ференцварош, во меч од подготвителниот период. На овој дуел во дресот на Реал Мадрид дебитираше големото засилување Бернардо Силва. Португалскиот репрезентативец во Кралскиот клуб пристигна од тимот на Манчестер сити, но во дебито за новиот клуб не импресионираше. Силва го одигра само второто полувреме и на крајот доби оценка од 6,4 што беше најслаба од сите фудбалери кои влегоа од ...
Екипата на Трабзонспор загуби со 1:2 од Гезтепе во подготвителен дуел, но многу поголем проблем се појави откако се повреди едно од најскапите нови засилувања на клубот. Ноа Савиоло летово пристигна во Трабзонспор од Витирија Гимараеш и тоа за трансфер вреден 8,5 милиони евра, а сега се повреди по само 20 минути поминати на теренот. Младиот 22-годишен Савиоло беше во напад кога врз него остро стартуваше голманот на противничката екипа. ...
Целосно фудбалска е денешната понуда во Супер тип на Sport Life, а возбудувањата ќе започнат уште во пладневните термини. Во Холандија се игра градското дерби на Ротердам во кое Спарта е домаќин на Феенорд, а за победа на гостите има зголемена квота од 1.84. Интересно е дека од 16-те натпревари, на осум се фаворити домаќините, а на останатите осум зголемена квота за победа има на гостинските екипи. Ајакс, Селтик и Салцбург се сметаат како ...
Последните два меча од второто коло во Прва фдуаблска лига на Македонија се играат денеска и тоа во Скопје. Во 17 часот на арената „Тодор Проески“ во фокусот ќе биде големото дерби меѓу Вардар и Шкендија. Ова е дуел на двата последни шампиони на Македонија, кои воедно се и главни фавкроти за титулата во новата сезона. Вардар ја има предноста на домашен терен, а тие се и поодморни затоа што го завршија европскиот пат летово, додека Шкендија ...
Пет меча од силните европски лиги се дел од денешната понуда во Квоти на ден, а доколку сите пет понудени комбинации ги одиграте заедно на еден тикет, вкупниот коефициент кој ќе го добиете е 39,79. Ајакс гостува кај Цволе и тука понудата е гостинот од Амстердам да постигне два или три гола на мечот, комбинација која се вреднува со квота од 2.10. Базел на свој терен да постигне барем еден гол во првото полувреме, а на крајот да има најмалку ...
Јувентус го претрпе првиот пораз во петиот контролен меч одигран летово, откако загуби со 1:2 од големиот ривал Интер. Старата дама претходно имаше три победи и едно реми во подготвителните средби, но во дуелот против Интер, екипата предводена од тренерот Лучијано Спалети не можеше да парира. Интер водеше со 2:0, а Јуветус успеа да постигне само почесен погодок, кој не беше доволен да се избегне поразот. По средбата и самиот тренер на ...
Интер Мајами на свој терен беше поразен од Монтереј со 1:2 во дуел од Лига купот на Средна и Северна Америка. Мечот започна со минута молк во чест на таткото на Лионел Меси, Жорге кој почина на 68-годишна возраст. Без Меси во составот, Интер Мајами загуби, иако на полувремето имаше водство. Аргентинскиот репрезентативец Родриго де Пол погоди за домашниот тим во 32 минута и веднаш го соблече дресот, а под него имаше друг дрес со презимето ...