Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа над Алкалоид на гостински терен со 25-28 и на тој начин со убедлива предност пред конкурентите го завршуваат регуларниот дел од македонската Супер лига. „Црвено-црните“ во текот на целото прво полувреме имаа водство, а на паузата заминаа со предност од минимални 13-14. Во второто полувреме следуваше пресврт на Алкалоид и нивно водство од два гола, но Вардар се врати и во самиот финиш дојде до ...
Лајпциг и Борусија Дортмунд одиграа нерешено, 2-2, во нивниот меѓусебен меч од Бундеслигата, а од овој исход сигурно најсреќни се во Баерн Минхен. Домашните уште во првиот дел имаа предност од 2-0, а „милионерите“ во вториот дел се спасија од пораз со гол на Фабио Силва во 95-тата минута. Во Минхен се најсреќни, бидејќи предноста по 23-тото првенствено коло на врвот од табелата сега е осум бода во однос на Борусија Дортмунд, додека во ...
Осасуна дојде до сензационална победа од 2-1 над Реал Мадрид, за првпат по 2011 година и ѝ го отвори патот на Барселона до врвот во Ла Лига. Вечерва дури ни ВАР-системот не им беше наклонет на „кралевите“, па со наведнати глави си заминаа од Памплона. Голот за победа на Осасуна беше дело на резервистот Раул Гарсија, кој со магичен потег ја измести одбраната на Реал Мадрид, а потоа со фантастичен удар погоди во мрежата на Куртоа. Асистентот ...
Кошаркарите на МЗТ Скопје и вторпат за само шест дена успеаја да слават убедливо во Куманово. Ако во неделата со победа над Куманово дојдоа до 14-тиот трофеј од Купот Македонија, „штрковите“ вечерва славеа и во првенствен меч. Актуелниот шампион на Македонија победи со 56-72, иако победата можеше да биде и далеку поубедлива, бидејќи МЗТ водеше и со 22 поени разлика. За „аеродромци“ ова е 15-тата првенствена победа во 16 меча, а единствениот ...
Фудбалерите на Интер се чини го заборавија дебаклот кај Бодо/Глимт во Лигата на шампионите и со шесттата првенствена победа по ред дојдоа до предност од 10 поени во однос на градскиот ривал, Милан, на табелата во Серија А. Интер славеше со 0-2 на гостувањето кај Лече, но иако резултатот вели дека рутински стигнаа до триумфот, сепак, три бода ги освоија во самиот финиш од мечот. Мкитарјан во 75-тата минута го донесе Интер во водство од 0-1, а ...
Ракометарите на Охрид го постигнаа најголемиот успех во клупската историја, откако со вториот триумф над Дукла Прага, дојдоа до пласман во четвртфиналето од Европскиот куп на ЕХФ. Охрид на првиот натпревар славеше со 30-21 пред својата публика, а вечерва победи и на гости, овој пат со 30-24. Македонскиот претставник во третото по ранг европско натпреварување доминираше во текот на целиот меч и во ниту еден момент не покажа слабост дека може ...
Македонскиот кошаркар, Ненад Димитријевиќ, беше најдобар поединец во полуфиналето од Купот на Германија, но за жал Баерн Минхен нема да игра во финалето. „Баварците“ загубија од Бамберг со 103-97 по продолжението, откако мечот во регуларните 40 минути заврши нерешено, 83-83. Нашиот кошаркар заедно со Вотсон беа најефикасни со по 24 поени, а Димитријевиќ на поентерското шоу додаде и пет скока и седум асистенции. Македонскиот кошаркар, Ненад ...
Келн и Хофенхајм одиграа нерешено, 2-2, во меч од Бундеслигата, но во 15-тата минута од овој натпревар беше постигнат веројатно најубавиот гол оваа година. Рагнар Аче се најде во противничкиот шестаесетник и на нафрлената топка од Ел-Мала се одлучи да бие со „ножички“, што на крајот се покажа како оправдано, бидејќи топката заврши во мрежата на Хофенхајм за водство на домашните од 1-0. Келн и Хофенхајм одиграа нерешено, 2-2, во меч од ...
Ноќната НБА програма нуди шест меча, а сите шест дуели се дел и од понудата на Sport Life. Ако се погледнат квотите, на четири меча се очекуваат победи на домашните екипи, додека честа на гостите треба да ја спасуваат Детроит и Филаделфија. Најголем фаворит според квотите во Sport Life е Сан Антонио со квота за победа од 1.08, а веднаш по нив големи фаворити се и Мајами и Детроит со идентични квоти од по 1.23. Дел од богатата кошаркарска ...
Челзи беше блиску до „планиран“ триумф пред својата публика против Барнли, но гостите во 93-тата минута успеаја да израмнат на 1-1 и да спасат бод. „Сините“ претходно дојдоа во водство уште во четвртата минута преку Жоао Педро. Сепак, Челзи остана со играч помалку на теренот, откако Фофана беше исклучен во 72-рата минута, а Барнли дојде до бод во 93-тата минута преку Флеминг. Кикс на домашен терен имаше и Астон вила, откако одигра само 1-1 ...
Баерн Минхен забележа нова победа во Бундеслигата, иако се беше идеално за „баварците“, на крајот можеше да доживеат катастрофа. Павловиќ и Кејн донесоа водство од 2-0 против Ајнтрахт Франкфурт уште во првото полувреме, а Англичанецот со неговиот втор гол зголеми на 3-0 во 68-мата минута. Сепак, се чини дека „баварците“ како да застанаа и предвреме да се израдуваа на победата, па гостите од Франкфурт со два гола во финишот намали ја на 3-2, ...
На иницијатива на ЕХФ, предводена од Предраг Бошковиќ, и со домаќинство на ХРС, во Загреб се одржа работен состанок посветен на унапредување на регионалната соработка и системите на натпреварување. На состанокот на коj беше присутен и претседателот на Ракометната федерациja на Македониja, Aлександар Стефанов, беа разгледани повеќе важни теми: – формирање регионални машки и женски лиги за клубови – можност за старт на женска регионална лига од ...
Се чини како да нема крај на кризата во Јувентус, откако поранешниот шампион на Италија загуби пред своја публика од Комо. „Старата дама“ веќе пет натпревари во низа не знае за триумф, а на четири од нив загуби. Поразот од Комо само се надоврза на катастрофата која ја доживеаја во вторникот во Истанбул, кога загубија од Галатасарај со 5-2. Комо со оваа победа се искачи на шесттата позиција на табелата во Серија А со само еден бод помалку од ...
Фудбалската федерација на Македонија излезе со експресно соопштение во кое ја објаснува ситуацијата од 87-мата минута на мечот помеѓу Вардар и Башкими. Фудбалерот на кумановци, Реџеп Мурати беше исклучен во таа 87-ма минута, а потоа настана инцидент на теренот, но по неколку минути страстите се смирија и мечот регуларно заврши со победа на Вардар од 1-0. Во продолжение комплетното соопштение на ФФМ: „Во однос на денешниот натпревар од 19. ...
Фудбалските второлигаши попладнево означија почеток на пролетниот дел од сезона со натпреварите од 16-тото коло. Лидерот на табелата, Охрид, со минимални 0-1 славеше на гостувањето кај Беласица, меч кој воедно беше и дерби на колото. Единствениот погодок во Струмица беше дело на Иван Глигоров во 75-тата минута. Изненадување претставува поразот на штипска Брегалница од 2-0 на гостувањето кај Кожуф, додека Шкендија Арачиново беше убедлива ...
Пелистер и Струга ТЛ одиграа без победник (1:1) во меч одигран во Битола, во рамките од 19 коло на Прва фудбалска лига на Македонија. Овој бод може многу да значи за Пелистер во борбата за опстанок.Битолчани сега имаат 20 бодови и се на деветото место на табелата. Струга ТЛ дури во третото пролетно коло го освои првиот бод, па сега има 42 бодови, дури девет помалку од лидерот Вардар и полека го губи чекорот во трка за титулата. Гостите први ...
Вардар со 1:0 го победи Башкими во меч од 19 коло на Прва фудбалска лига, а покрај погодокот на Цветковиќ кој го реши победникот, главен момент на средбата беше хаосот кој се случи во финишот. Се играше 86 минута кога беше досуден фаул за Башкими. Многу од фудбалерите на двата тима беа во шеснаесетникот на Вардар, кога во еден момент во вербална расправија влегоа капитенот на Вардар, Азер Омерагиќ и дефанзивецот на Башкими, Реџеп Мурати. ...
Поранешниот голман на Мец, Александар Оукиџа, во минатото имаше конфликт со Килијан Мбапе. Сега тој одлучи да ја разоткрие француската ѕвезда и да му покаже што всушност е. Оукиџа едноставно нема добро мислење за Килијан Мбапе, со кого имаше конфликт на теренот во септември 2021 година кога бранеше за Мец. Голманот се упати кон француската ѕвезда откако Мбапе фрли нешто кон него. „Го сакам Мбапе, но не може да се однесува така ако сака да ...
Вардар продолжува со победи во домашното првенство на Македонија, откако минимално со 1:0 славеше над Башкими во меч одигран во Скопје. Ова беше 16 победа во 19 коло за Црвено-црните, а имаат и три нерешени. Сега Вардар на лидерската позиција има 51 бодови, додека Башкими остана на 26 бодови и е на петото место во лигата. Клучниот момент се случи во финишот од првото полувреме. Данев шутираше од далечина, голманот на Башкими кратко ја одби ...
Бразилскиот клуб Васко де Гама официјално ја потврди разделбата со Филипе Кутињо. Бразилскиот играч од средниот ред по меѓусебна согласност го раскина договорот кој требаше да истече кон средината на годината. Според клубот, иницијативата за предвремено раскинување ја презел самиот играч. Одлуката е донесена по неговиот последен натпревар, во кој навивачите го исвиркаа. По неговата замена на полувремето, Кутињо не седна на клупата, туку ...
Пред крајот на 2025 година, Лионел Меси оствари уште една мисија, откако со тимот на Интер Мајами ја освои шампионската титула во МЛС првенството во САД. Сега, Меси и другарите имаат голем предизвик, а тоа е да го одбранат тронот. Аргентинецот кој летово ќе наполни 39 години е подготовен и за овој предизвик кој започнува ноќеска. Во првото коло од новата сезона во МЛС, Меси со Интер Мајами ќе гостуваат кај Лос Анџелес. За Меси ова ќе биде ...
Мечот од 26. коло во шкотската втора лига меѓу Раит роверс и Сент Џонстон заврши без погодоци, а многу лесно можеше да се случи да не е така. Дуелот кој се играше синоќа, ќе се памти по две неверојатни промашувања. Се играше 14 минута кога гостинските фудбалери беа многу блиску до погодок, но самите се виновни што не постигнаа гол. По еден центаршут, топката дојде до Џон Фолвер кој од непосредна близина ја погоди гредата од голот. Топката се ...
Дербито на денот во европскиот фудбал ќе биде во германската Бундеслига и тоа меѓу екипите на Лајпциг и Борусија Дортмунд. Интересно е тоа дека Лајпциг има одличен биланс на домашен терен против Милионерите, ги победија пет пати по ред и сега сигурно сакаат таа низа да продолжи. Минимум два гола има последните 15 пресметки на овие ривали, а мајсторија е да се погоди кој ќе ги даде првиот погодок. Најголеми шанси за тоа му се даваат на Гирасу ...
Екипата на ГРК Охрид е на чекор од пласман во четвртфиналето на Европскиот ЕХФ Куп. Охриѓани победија со 30:21 на првиот меч во „Билјанини извори“ против Дукла Прага, а попладнево ќе гостуваат во Полска и рутински треба да ја задржат убедливата предност. Иако девет погодоци е одличен капитал, капитенот на Охрид, Гоце Ојлески верува дека неговите соиграчи треба да „заборават“ дека славеле убедливо на првата средба и дека во реваншот мора да ...
1005 Вест хем – Борнмут (18:30 ч.) Вест хем е во незавидна ситуација и е во зона за испаѓање. Сепак, трите победи, едно реми и само еден пораз во последните пет кола е најава дека Чеканите може да освојат бодови. Борнмут игра одлично и во последните шест кола е со четири победи и две реми, па тоа е најава за возбудлив дуел во Лондон. Интересно е дека последните пет дуели во Премиер лигата на овие два тима заврувале нерешено, но секогаш имало ...
Викендашките Бет Билдер понуди се со посебен предизвик. Дури 12 различни комбинации има, а посебно џиновски се миксовите за најсилните лиги во Европа, каде квотите се движат меѓу 115 и 175! Дневниот микс за шпанската Примера дивисион е со квота од 175, а ќе биде добитен ако има: 2+ голови на секој натпревар, 3+ картони на секој натпревар, 9+ шута во рамки на гол на секој натпревар и 10+ корнери на секој натпревар. Слични се комбинациите и за ...
Два интересни меча се играат денеска во 19. коло на Прва фудбалска лига на Македонија. Вардар е домаќин на Башкими, а Пелистер во Битола ќе игра против Струга ТЛ. Вардар е лидер на табелата со 48 бодови и е без пораз сезонава, додека Башкими одлично го започна пролетниот дел од сезоната со реми без голови кај Силекс и победа од 1:0 дома над Пелистер, па кумановци сега се во сигурната зона. Интересно е дека Вардар сезонава гол нема дадено ...
Пет меча од најатрактивните лиги во Европа се дел од понудата во Квоти на ден, а ако сите пет комбинации ги одиграте заедно на еден тикет, вкупниот коефициент кој ќе го добиете е точно 40.72. Јувентус на свој терен да не загуби од Комо во меч на кој ќе бидат постигнати меѓу еден и три гола е со квота од 2.10. На дуелот Брентфорд и Брајтон треба да има гол на двете страни и барем еден погодок во првото полувреме за да биде добитна ...
Уште не сопираат реакциите за мечот меѓу Бенфика и Реал Мадрид кој се играше во вторникот, а главна тема не е резултатот туку тоа што се случуваше меѓу Винисиус јуниор и Џанлука Престијани. Мечот беше прекинат откако Винисиус се пожали дека бил навреден на расна основа од Престијани. Тоа никако нема да може да се докаже затоа што фудбалерот на Бенфика ја покри устата со дресот и не се знае што и дали нешто му дофрли на Бразилецот. Од УЕФА ...
Целосно фудбалска е денешната понуда во Супер типот на Sport Life. Возбудувањата ќе започнат од 13 часот со меч од германската втора лига на кој Елверсберг е фаворит за победа над Брауншвајг и „кецот“ е со 1.66 коефициент. Интересно е дека само на три од понудените 16 средби, гостинските екипи се сметаат како фаворити и имаа зголемени квоти. Таква можност им се дава на Реал Мадрид кој гостува кај Осасуна, потоа на Интер кој ќе игра на теренот ...