Неверојатна е голгетерската статистика на Маркос Љоренте во Лигата на шампионите, од седумте погодоци кои ги има во најсилното клупско натпреварување, дури четири му се на гости против Ливерпул. Љоренте двапати дава по два гола на „Енфилд“. Првиот пат во 2020 година тоа беше доволно за победа, синоќа не, Атлетико беше поразен. „Имавме колективна цел да победиме и ништо не значи ако постигнете два гола, а потоа примите три. Не можам да си ...

Жозе Мурињо разговараше со новинарите по пристигнувањето во Лисабон за да потпише договор со Бенфика. Специјалниот треба да потпише двегодишен договор со Орлите на чија клупа седеше неколку месеци и во 2000 година. „Мислев дека враќањето во Португалија ќе ми биде за да станам селектор. Не беше планирано да дојдам во Бенфика. Бенфика ме праша дали сум заинтересиран за соработка. Одговорив дека со задоволство ќе разговараме. Без двоумење им реков: ...

Лука Дончиќ имаше одличен настап на Европското првенство и како вистински лидер на предводеше Словенија до четвртфиналето. Словенија загуби од Германија, селекција која подоцна стигна и до златото на континенталниот собир. По завршувањето на Евробаскетот, Дончиќ реши дека е време малку да одмори, а во едно интервју за „Wall street Journal“ откри како успеа да намали 16 килограми во летниот период. „Прв пат во животот престанав да играм кошарка ...

Шампионот на Казахстан, екипата на Каират Алмати в четврток ќе дебитира во Лига на шампиони и тоа на гости кај Спортинг Лисабон. Пласманот во лигашкиот дел од ЛШ беше остварување на сонот за казахстанскиот тим, кој во првото коло со дебитантскиот настап, испиша историја. Екипата на Каират Алмати прелета 7.200 километри со авионот и тоа преку шест временски зони, за да стигне до Лисабон. Никогаш претходно во 71-годишната историја на елитното ...

Младинскиот фудбалски првак на Македонија, тимот на Работнички за играчи до 19 години беше убедливо поразен на гостувањето во Ирска од Шелбурн. Ова беше прв настап за младинците на Работнички во едно вакво натпреварување и не се прославија. Нешто повеќе од половина час Работнички даваше отпор и држеше 0:0, кога Семи донесе водство за Шелбурн од 1:0 на полувреме. Овој резултат од минимално водство за Шелбурн беше до 69 минута, а потоа се случи ...

Во драматичен меч на „Енфилд роуд“, Ливерпул со 3:2 го победи Атлетико Мадрид, во дербито на денот од Лига на шампиони. Ливерпул одлично го почна мечот и по првите шест минути водеше со 2:0. Робертсон и Салах погодуваа во 4 и 6 минута, но Атлетико Мадрид не се предаде. Пред крајот на првото полувреме Маркос Љоренте погоди за 2:1 на полувреме. Атлетико стигна до 2:2 благодарение и на вториот погодок на Љоренте и тоа во 81 минута. Се чинеше дека ...

Кошаркарите на Грција се израдуваа на бронзениот медал на Европското првенство кое неодамна заврши. Во полуфиналето, Грција загуби од Турција, а потоа во борба за третото место ја победи Финска и го освои бронзениот медал. Лидер на теренот во грчката репрезентација беше НБА ѕвездата Јанис Адетокумбо. Центарот одигра одлично и секако е еден од најзаслужните што неговата селекција освои медал на турнирот. По завршувањето на Евробаскетот, Јанис ...

Францускиот Монако утре ќе гостува кај Бриж во меч од првото коло во Лига на шампиони. Необични и неочекувани проблеми имаат фудбалерите на Монако пред патувањето за Белгија. Летото со авионот со кој требаше да патуваат играчите на Монако беше откажан откако имало проблем со клима уредот. Играчите влегле во авионот, а потоа започнал хаосот. Жештината била неиздржлива, па фудбалерите на францускиот тим почнале да се соблекуваат. За кратко време ...

Ливерпул има предност од 2:1 против Атлетико Мадрид во меч од Лига на шампиони. Уште во првите шест минути англискиот тим ја покажа силата и постигна два гола. Енди Робертсон погоди во 4 минута по слободниот удар на Мохамед Салах, а само две минути подоцна, Салах зголеми на 2:0. Ова е прв пат во 15-годишната ера на тренерот Диего Симеоне во Атлетико, тимот од Мадрид да прими два гола во првите шест минути од средбата. Сепак, Атлетико како многу ...

Каталонскиот гигант Барселона нема да може да смета на Јамин Ламал за утрешниот меч на гости кај Њукасл во рамките од првото коло во Лига на шампиони. Ламал уште се жали на повреда на препоните и тао заработена додека беше на репрезентативна задача во дресот на шпанската репрезентација. Младиот 18-годишен Јамал се врати повреден по репрезентативните обврски и не играше за Барселона на дуелот против Валенсија. И без Јамал, Барселона победи ...

Легендарниот НБА центар Шекил О’Нил беше запрашан да опише како би изгледал негова евентуална средба со Никола Јокиќ на кошаркарскиот терен. О’Нил кој се памти како еден од најдоминантните центри во историјата на лигата нема дилеми дека тој би излегол како победник во евентуален двобој со Јокиќ. „Во плејоф веројатно би имал 40 поени, 14 скокови и три блокади. Знаете, Јокиќ е поинаков тип на играч. Веројатно и јас не би можел да го чувам, но ќе ...

Грчкиот гигант Олимпијакос не успеа на свој терен да го победи Пафос, во меч од првото коло во Лига на шампиони. Олимпијакос беше голем фаворит, но кипарскиот првак кој прв пат игра во лигашката фаза во елитното натпреварување успеа да се одбрани и одигра 0:0. Освоениот бод на Пафос има дополнителна тежина ако се знае дека гостите од 25 минута играа со фудбалер помалку. Бруно прво доби жолт картон во 15 минута, а 10 минути подоцна и втор пат ...

Екипата на Слога Виница сезонава е дел од Втора фудбалска лига на Македонија, но во стартните четири кола не може да се пофали со добри резултати. Слога освои само три бода (една победа и три порази), па е на 12-тото место на табелата од 16 екипи. Како и голем дел од клубовите во Македонија, така и во Слога Виница секогаш е добродојдена помош од надворешни субјекти. Денеска, од Слога Виница, на нивниот официјален фејсбук профил се пофалија дека ...

Политичките тензии околу учеството на Израел на меѓународни спортски натпревари се проширија и на Светското првенство во фудбал во 2026 година. Портпаролот на Социјалистичката партија во Шпанскиот конгрес, Патси Лопез, изјави дека Шпанија би можела да размисли за повлекување од Светското првенство доколку Израел се квалификува за финалето. „Тоа е она што го правиме сега, ќе го разгледаме подоцна“, рече Лопез како одговор на прашањето дали ...

Реал Мадрид изминатото лето беше заинтересиран за стоперот на Арсенал, Вилијам Салиба. Сепак, трансферот не се реализира, но далеку од тоа дека желбата на Кралевите да го доведат на „Сантијаго Бернабеу“ и понатаму не е присутна. На целата оваа приказна околу Салиба сега се приклучи и актуелниот европски шампион, Пари Сен Жермен. Како што пренесуваат англиските медиуми, двата клуба се заинтересирани за 24-годишниот дефанзивец и би можеле да ...

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, смета дека Граѓаните не се меѓу фаворитите за трофејот во Лигата на шампионите оваа сезона, но нагласи дека сака да ужива во сегашната ситуација. Каталонецот беше категоричен дека не дава приоритет на ниту едно натпреварување, ниту на Премиер лигата, ниту на ЛШ, туку е целосно фокусиран на претстојниот меч. „Очигледно не сме меѓу фаворитите за трофејот, затоа сакаме едноставно да уживаме во моментот. ...

Уште во првиот ден од новата сезона во Лига на шампиони се одигра еден од мечевите што ќе се паметат. Јувентус и Борусија Дортмунд ремизираа 4:4, а покрај осумте погодоци, мечот го одбележа и бизарната караница меѓу неколку играчи на Милионерите кога требаше да се изведе пеналот во финишот на средбата. Имено, тоа беше 83-та минута од натпреварот кога на Борусија ѝ беше досуден пенал и настана караница за тоа кој треба да го шутира пеналот. ...

Дефанзивецот на Интер, Дензел Дамфрис, смета дека составот на Нераѕурите има квалитет да ја освои Лигата на шампионите оваа сезона. Сепак, Холанѓанецот нагласи дека е прерано да се каже дали тимот може да го надмине минатогодишниот успех и пласманот во финалето. Интер вечерва ја започнува својата европска кампања во сезоната 2025/26 со гостување кај Ајакс во Холандија. Расположението во таборот на Интер не е на највисоко ниво поради двата ...

Стоперот на Реал Мадрид, Дин Хаусен, е суспендиран на еден натпревар и нема да може да им помогне на соиграчите во следното коло од Ла Лига против Еспањол. Иако се шпекулираше дека Реал Мадрид со поднесена жалба до Ла Лига ќе успее да го „поништи“ неговиот црвен картон, тоа не се случи. Хаусен доби суспензија од еден меч, поради што ќе го пропушти следниот дуел против Еспањол. Покрај него, надвор од редовите за овој натпревар ќе бидат и одамна ...

Струга Трим Лум и Шкендија остануваат непоразени, но нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига по денешното возбудливо реми (1-1) меѓу конкурентите за највисок пласман на Градскиот стадион во Струга. Фабрис Тамба ја доведе Шкендија во водство во 53-тата минута, но израмни Марјан Радески од пенал во 79-та минута. Во 90-тата минута Христијан Малески постигна погодок за стружани, но по ВАР проверката не беше признат поради офсајд ...

Рубен Аморим има време до следната репрезентативна пауза, која е на почетокот на октомври, за конечно да ги испорача очекуваните резултати во Манчестер јунајтед. Во спротивно, би можело да добие отказ, пишуваат британските медиуми. И покрај лошите резултати, позицијата на тренерот на Манчестер јунајтед не беше сериозно загрозена бидејќи има силна поддршка од Џим Ретклиф, најголемиот поединечен акционер на клубот и прв човек на фудбалските ...

Затегнатите односи меѓу Шпанија и Израел може да се пренесат и на фудбалскиот терен. Шпанската влада ја разгледува можноста националниот тим да го бојкотира Светското првенство во фудбал 2026 доколку Израел обезбеди пласман на Мундијалот. Ова го изјави Пачи Лопес, портпаролот на социјалистичката група во Конгресот на пратеници. Тој нагласи дека Шпанија ќе ја процени ситуацијата навремено, но дека позицијата на земјата е јасна. „Ќе ја оцениме ...

Роберт Просинечки заминува од селекторската позиција на фудбалската репрезентација на Црна Гора, а веќе е познато и кој би можелo да ја преземе оваа функција. Просинечки беше назначен за селектор во февруари минатата година. Сепак, поради слабите резултати во последниот период, неговото заминување беше очекувано, а денеска тоа и официјално се случи, јавува „Спортклуб“. Според истиот извор, наследник на популарниот „Роби“ ќе биде легендата на ...

Првакот на Казахстан, Каират од Алмати, утре ќе го има своето деби во Лигата на шампионите, на гостински терен против Спортинг Лисабон, а пристигнувањето на Казахстанците во Лисабон го собори рекордот за најдолго патување во историјата на 71-годишното постоење на европското елитно натпреварување наречено Куп на европски шампиони, подоцна Лига на шампиони. Тимот на Каират прелета 7.200 километри со авион низ шест временски зони. Никој не поминал ...

Едно од нештата што привлекува најголемо внимание откако Чаби Алонсо дојде за тренер на Реал Мадрид е бројот на црвени картони што ги има тимот. Без разлика дали станува збор за судиски грешки или не (црвениот картон на Хаусен против Реал Сосиедад беше окарактеризиран како грешка од судиската организација), факт е дека Реал Мадрид има четири црвени картони од Светското клупско првенство наваму. Алонсо само на 11 официјални меча го водел ...

Македонската кошаркарска федерација го одреди 28-ми септември како датум за одигрување на Суперкупот „Драган Василов-Цевка“, како отворање на сезоната во македонската клупска кошарка. Мечевите ќе се играат во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје. Програмата ќе стартува од 17 часот, женскиот Суперкуп дуел на шампионот Баскет Кам 2011 од Македонска Каменица, и Вардар, кој го освои Купот на Македонија минатата сезона. Од 19.30 часот ќе почне битка за ...

Во „Куќа на фудбалот“ денеска со извлекување беа одредени паровите за осминафиналето од Купот на Македонија. Актуелниот бранител на трофејот, скопски Вардар, за противник го доби тимот на Новаци, а мечот ќе се игра во Скопје. Тетовска Шкендија ќе се соочи со Тиквеш, а Македонија Ѓорче Петров со ланскиот финалист, Струга Трим Лум. Локално дерби ќе се одигра на стадионот „Младост“ во Струмица, Беласица за противник го доби Детонит Плачковица од ...

ПСЖ го освои првиот трофеј од Лигата на шампионите кога најмалку се очекуваше од нив. На избраниците на Луис Енрике им успеа она во што не успеаја кога во составот имаа ѕвезди од типот на Лионел Меси и Нејмар. „Светците“ сега како бранители на трофејот го започнуваат новото издание на Лигата на шампионите со домашен меч против Аталанта, на кој несомнено дека се фаворити, а Луис Енрике не ги крие амбициите и вели дека започнува походот на вториот ...

Реал Мадрид објави дека десниот бек Трент Александер-Арнолд има мускулна повреда на тетивата на левата нога, а претпоставките се дека Англичанецот ќе паузира околу два месеци. Трент се повреди после само три минути игра на синоќешниот меч на Реал со Марсеј од Лигата на шампионите. Делува сигурно дека Трент нема да игра на првото Ел Класико против Барселона на 26-ти отктомври, а неизвесно е дали ќе закрепне навреме за дуелот со Ливерпул од ЛШ на ...

Квоти од 11.0 до 24.0 се нудат во денешниот Бет билдер на Sport Life, а има десет различни комбинации. Во понудата се билдери со двоцифрени квоти за шест различни натпреври кои се играат вечерва во Лигата на шампионите. Најбогатиот билдер со квота 24 е за Баерн – Челзи, а за добивка потребно е да победат Баварците, да има барем четири гола, Хари Кејн да биде стрелец на првиот гол и Кол Палмер да има гол или асистенција. Сите Билдери може да ги ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
82%
1025
weather icon

Белград

13ᴼ / 12ᴼ
3.6
89%
1024
weather icon

Загреб

13ᴼ / 11ᴼ
1.03
91%
1026
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
87%
1024
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
2.63
84%
1023
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
98%
1027
weather icon

Атина

16ᴼ / 13ᴼ
1.54
83%
1022
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
87%
1023
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
87%
1023
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
2.57
90%
1020
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 11ᴼ
2.57
87%
1023
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
2.57
94%
1022
Currency

61.615

Currency

53.2868

Currency

70.8752

Currency

34.9583

Currency

37.9963

Currency

66.054

Currency

7.47042

Currency

0.65603

Currency

0.34816

Currency

0.52599

Currency

1.27329

Currency

0.59964