
Скопје
13ᴼ /
13ᴼ



Белоруската тенисерка Арина Сабаленка ќе се повлече од турнирот во Мајами, пренесува „Tennis365“. Дваесет и петгодишната Белорусинка е отстранета од официјалниот распоред на тренинзите, а објавите за нејзиното учество на социјалните мрежи се избришани. Претходно се дозна дека нејзиниот интимен партнер, Константин Колцов, почина на 18 март во Мајами, каде што допатува за да ја поддржи својата девојка. Поранешниот белоруски хокеар Колцов беше во ...
Селекторот на француската фудбалска репрезентација Дидие Дешам ја коментираше победата над Чиле (3:2) синоќа во пријателски натпревар одигран во Марсеј. – Нема да скокам горе-долу од радост вечерва, но да се победи овој натпревар по лошиот почеток (пораз од Германија) е добро. Реагиравме правилно. Ова донекаде се должи на нивоата на физичка подготвеност и нивоата на енергија кои не се оптимални. Не треба да ги потценуваме ваквите натпревари, но ...
Ако оваа репрезентативна пауза донесе нешто добро, тоа е потврда дека младиот Ендрик е навистина идна суперѕвезда. И Бразил и светскиот фудбал. Англија и Бразил играа на Вембли во саботата. Бразилците славеа, а Ендрик го постигна единствениот гол. Тој ден имаше 17 години и 246 дена и со тоа стана најмладиот стрелец на Вембли. Секогаш скржави со пофалби за оние кои не се нивни, англиските медиуми во сабота и недела пишуваа пофалби за младиот ...
Фудбалерот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд може да ја продолжи кариерата во Барселона, пишува „Мундо Депортиво“. Каталонците продолжуваат да се интересираат за 23-годишниот Норвежанец. Барса има намера да ги реши финансиските проблеми до 2025 година, што ќе му овозможи на клубот да потроши значителни средства за купување на Халанд. Од друга страна, заминувањето на напаѓачот од Манчестер сити може да му помогне и на англискиот клуб да избегне ...
Грузија, Украина и Полска се последните репрезентации кои се пласираа на Европското првенство кое од 14 јуни до 14 јули ќе се игра во Германија, синоќа низ баражот на Лигата на нации на УЕФА. Натпреварите, вкупно 51 од нив, ќе се играат во десет градови, а термините се во 15, 18 и 21 часот. Има шест групи, а од секоја група во осминафиналето се пласираат по две репрезентации и вкупно четири од шест третопласирани селекции. Италијанскиот тим ќе ...
Според извештаите од Италија, Оливие Жиру ја завршил работата на нов ангажман на крајот од сезоната. Тој од лето ќе стане нов фудбалер на ФК Лос Анџелес, ќе игра во МЛС лигата и ќе потпише договор на 18 месеци. ЛАФЦ е клуб кој постои само девет години, но кој веќе беше шампион на МЛС лигата и во своите редови има неколку сериозни фудбалери меѓу кои секако најпознат е Уго Лорис. Сезоната во МЛС е усогласена со календарската година, за разлика од ...
Винисиус повторно е во центарот на вниманието по натпреварот меѓу Шпанија и Бразил. Луд натпревар во вторникот вечерта одиграа Шпанија и Бразил на Сантијаго Бернабеу. Се беше во тоа реми со шест гола, а по мечот во центарот на вниманието е Винисиус, кој на овој меч одигра 71 минута и со капитенската лента на раката. Ден пред натпреварот, Винисиус се расплака на прес-конференцијата кога го прашаа за расизмот. А тоа секако може да го разбере ...
Адвокатите на поранешниот фудбалер на Севилја и на Барселона, Дани Алвеш, платија кауција од еден милион евра. Фудбалерот е пуштен со кауција во очекување на жалбата по 14 месеци минати во притвор, објави „Marca“. 📹 Así ha sido la salida de Dani Alves de prisión, después de haber reunido un millón de euros para pagar su fianza 🎧Ahora, el futbolista esperará en libertad la revisión de su condena por agresión sexual 📱@COPE_Catalunya ...
Поранешниот белоруски хокеар, Константин Колцов почина ноќеска во Мајами, на 42-годишна возраст. Колцов кој беше актуелен тренер на тимот Салават отиде во САД да ги гледа натпреварите на неговата девојка, тенисерката Арина Сабаленка. – Со длабока тага ве известуваме дека почина тренерот на Салават Јулаев, Константин Колцов. Беше силна и весела личност, беше сакан и почитуван од играчите, колегите и навивачите. Константин Евгениевич засекогаш се ...
Тренерот на ЦСКА Москва, Емил Рајковиќ, го пофали сонародникот и македонски репрезентативец Ненад Димитријевиќ кој го предводеше УНИКС до триумф во вчерашното дерби во ВТБ-лигата. ЦСКА загуби со 78:84 и го претрпе четвртиот пораз во низа од тимот од Казан. – Честитки до УНИКС и особено до Димитријевиќ, кој беше незапирлив денеска. Користевме различни типови на одбрана, различно браневме пик-ен-рол, се обидувавме да удвоиме, но секој пат тој ...
По ремито 1:1 против Молдација, македонската фудбалска репрезентација не успеа да победи ниту во вториот пријателски меч во Анталија. Попладнево избраниците на селекторот Благоја Милевски загуби од Црна Гора со 1:0. Селекторот на Црна Гора настапи со сосема различен тим во однос на оној кој играше против Белорусија, каде само Јоветиќ се најде во екипата. Македонија имаше иницијатива на теренот, но попусто кога не успеа да постигне гол. Колку ...
Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус веќе подолго време е мета на расисти и вербални напади поради неговата боја на кожа. На прес-конференција Винисиус, за жал, повеќе одговараше на прашања за расизам отколку за фудбал, а во еден момент емоциите го совладаа. Vinicius Jr cries after racism question in press conference 💔 pic.twitter.com/M4FHW5td4f — GOAL (@goal) March 25, 2024 -Многу е тажно што тоа се случува секој ден, секој натпревар. Ме ...
Винисиус Јуниор, Родриго и Џуд Белингем се веќе тука, а на лето доаѓаат Килијан Мбапе и Ендрик, па повеќе од јасно е дека Реал Мадрид има напад во следната деценија. Бразилецот Ендрик е на насловните страници откако постигна гол на Вембли во победата од 1-0 против Англија. Тој го замени Родриго и со 17 години и 246 дена стана најмладиот стрелец на најголемиот стадион во Англија, а воедно и најмладиот по Роналдо и неговиот прв гол за Бразил во ...
Челниците на Ал Хилал од Саудиска Арабија подготвија нова, многу подарежлива понуда за првотимецот на Барселона, Рафиња, кого сакаат да го видат во својот клуб. Пред неколку дена светските медиуми објавија дека Саудијците се подготвени да платат 80 милиони за неговите услуги, а сега пристигнува информација дека таа понуда ја „засилиле“ за уште 20 милиони и на Каталонците им нудат 100 милиони евра за овој одличен фудбалер. Дополнително на сето ...
Новиот селектор на Црна Гора, Роберт Просинечки, имаше успешно деби откако во првиот контролен натпревар оствари победа против Белорусија со 2:0. Новиот предизвик е закажан за утре, 25 март со почеток во 18 часот, а ривал ќе биде селекцијата на Македонија. Натпреварот се игра во Анталија. На прес-конференцијата пред мечот тој изјави дека во тимот ќе остане само Јоветиќ, а остатокот од тимот ќе биде сменет затоа што сака сите играчи да имаат ...
Роберт Левандовски добил примамлива понуда од клуб од Саудиска Арабија, но не сака да ја напушти Барселона, објави „Мундо Депортиво“. Дотичниот клуб на полскиот играч му понудил годишна плата од 100 милиони евра. Напаѓачот влегува во клубот на фудбалери кои не се алчни за пари, откако нема намера да ја прифати високата понуда. Левандовски сака да остане во Барселона и следната сезона. Минатата кампања, тој постигна 33 гола во 46 натпревари и ...
Натпреварот меѓу Минесота Тимберволвс и Портланд Треил Блејзерс започна со неочекувана ситуација. Главната ѕвезда на Минесота, Ентони Едвардс, не успеа да се појави на време за стартот на играта. Познато е дека Едвардс преферира да изведува својата рутина за загревање во самостојност пред соблекувалната, и причината за неговото закаснување била загубата на прецизна перцепција за времето. Иако стигна на теренот пред првото судиско фрлање, беше ...
Голманот на македонската фудбалска репрезентација пред утрешниот дуел со селекцијата на Црна Гора, кој е од пријателски карактер ги сподели очекувањата: „Сметам дека Црна Гора е поквалитетна репрезентација од Молдавија. За мене посебен натпревар затоа што токму против Црна Гора дебитирав во дресот на македонската репрезентација во победата од 3:1 во Скопје. Ќе биде потешко отколку со Молдавија. Треба да ни биде концентрацијата на највисоко ниво ...
Кансело отворено зборуваше за своето искуство во Манчестер Сити, обвинувајќи го менаџерот Пеп Гвардиола дека шири лаги за него и инсистираше на тоа дека тој не бил фер третиран во клубот. -Гвардиола лажеше за мене. Никогаш не сум бил лош соиграч. Прашајте ги Аке и Рик Луис. Немам комплекс на инфериорност. Тоа е само мислење на тренерот. Манчестер Сити не беше фер кон мене. Бев важен играч таму неколку години, секогаш давав максимум на теренот и ...
Данил Медведев во два напнати сета го победи Холгер Руне, и избори пласман во полуфиналето на Мастерсот во Индијан Велс. На почетокот на вториот сет Руне направи валкан потег кој го освои поенот откако ја испрати топката директно во телото на Медведев во мрежата. Русинот чекаше извинување, но Руне само се сврте, па Медведев ги стави прстите на очите и покажа кон Данецот. Данил е познат како некој кој често влегува во конфликти, а Руне не е ...
Дефанзивецот Хари Мегваер смета дека Англија има играчи кои можат да покажат квалитет во големите моменти и дека тимот е подготвен да го освои Европското првенство во Германија. Англија, која нема подигнато голем трофеј од Светското првенство во 1966 година, стигна до финалето на Евро 2020, каде што загуби од Италија на пенали. -Чувствувам дека како тим сме подготвени да го освоиме Евро 2024. Ако сакате да го освоите Европското првенство, ...
Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски на прес-конференција во пресрет на утрешниот натпревар со Црна Гора ги сподели своите очекувања за контролниот меч на стадионот „Мардан“ во Анталија. -Не очекува исклучително квалитетен противник, со исклучително квалитетни фудбалери кои настапуваат во силни европски тимови. Мораме да го подигнеме нашето ниво, посебно во завршната фаза на реализација. Ќе има промени во составот. Тоа е ...
Македонија одиграа нерешено 1-1 на пријателскиот меч против селекцијата на Молдавија во турскиот град Анталија. Кога сите помислија дека на одмор ќе се замине со почетниот резултат, Македонија поведе. Барди биеше од далечина, ударот по земја само го одби молдавскиот голман, а Миовски натрча и го матира Раилеан (1-0). И кога мислевме дека се имаме во свои раце неверојатен погодок со „ножички“ постигна Виталиј Дамаскан кој израмни на 1-1. На ...
Францускиот фудбалер Килијан Мбапе на прес-конференција пред натпреварот со Германија изјави дека до почетокот на Европското првенство ќе знае каде ќе игра следната сезона. Мбапе (25) пристигна во ПСЖ во 2017 година од Монако. За клубот од Париз оваа сезона одигра 31 натпревар во сите натпреварувања и постигна 32 гола. Мбапе има договор со Пари Сен Жермен до крајот на сезоната и повеќе пати одбиваше да ја продолжи соработката со клубот од Париз, ...
Поранешниот бразилски фудбалски репрезентативец Робињо е уапсен во Бразил, каде ќе треба да одлежи деветгодишна затворска казна за силување. Како што јави денеска Би-би-си, Робињо бил уапсен во неговиот дом во Сантос. Високиот суд во Бразил оваа недела пресуди дека 40-годишниот поранешен играч на Реал Мадрид, Манчестер Сити и Милан мора да отслужи затворска казна откако во Италија беше осуден на девет години за учество во сексуален напад во ...
Поранешниот бразилски фудбалски репрезентативец Робињо е уапсен во Бразил, каде ќе треба да одлежи деветгодишна затворска казна за силување. Како што јави денеска Би-би-си, Робињо бил уапсен во неговиот дом во Сантос. TANGKAP 🇧🇷 Robinho resmi ditangkap kepolisian Brasil pasca persidangan kasus rudapaksa di Italia putuskan hukuman penjara 9 tahun. Eks Milan, Real Madrid dan ManCity akan ditahan dalam situasi rezim sel isolasi dalam penjagaan ...
Репрезентацијата на Македонија до 21 година забележа минимална победа над селекцијата на Гибралтар во натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство кое 2025 година ќе се одржи во Словачка. Младите фудбалери ја остварија втората победа во овие квалификации. Во првото коло од квалификацискиот циклус, славевме победа над Шведска, на гостински терен со 1:0. Македонија доминираше, имаше иницијатива и посед на топка, ...
Капитенот, Енис Барди на прес-конференција во тимската база во Анталија ги сподели своите очекувања спроти утрешниот контролен натпревар против Молдавија на стадионот „Мардан“. „Мислам дека сите доаѓаме со коректна минутажа на овој собир. Гледам дека повеќето фудбалери играат доста и се редовни во своите клубови. Мислам дека натпреварувачката форма е на наша страна. Само да сме сконцентрирани, да покажаме желба и да се подготвиме за тоа што не ...
Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски на прес-конференција во тимската база во Анталија ги споделија своите очекувања спроти утрешниот контролен натпревар против Молдавија на стадионот „Мардан“. „Секако дека можам да изразам задоволство од тоа што го видов овие три дена. За жал, Исник Алими, Ердон Даци и Стефан Ашковски нема да бидат дел од тимот на овие два натпревари. Останатите се подготвени да се стават во функција на ...
Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром синоќа го победи градскиот ривал ТФТ Моцарт со 95:69 во 11. коло од регионалната АБА 2 лига. По оваа победа МЗТ Скопје се искачи на второто место на табелата и на две кола пред крајот на регуларниот дел од сезоната и теоретски обезбедија пласман во плејофот. Марко Баковиќ со 22 поени и осум скока беше најдобар во победничкиот тим. Кај ТФТ најефикасен беше Верц со 14 поени. Третиот македонски ...